Исламот
назад

44. Ад-Духан

1Ха-мим

2Се колнам во Книгата јасна

3Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме

4во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа

5по Наша заповед! Ние, навистина, испраќавме Пратеници

6како милост од твојот Господар – Тој, навистина, сè слуша и сè знае

7Господарот на небесата и на Земјата, и на тоа што е помеѓу нив – ако цврсто сте уверени

8друг бог освен Него нема; Тој дава живот и смрт – Господарот ваш и Господарот на вашите дамнешни предци

9Но, тие се сомневаат и се забавуваат

10Затоа почекај го денот кога на небото видлив чад ќе се појави

11кој луѓето ќе ги прекрие: „Ова е неиздржливо страдање

12Господару наш, отстрани го страдањето од нас, ние сигурно ќе веруваме!“

13А како тие поуката ќе ја примат, авеќе им дојде вистинскиот Пратеник

14од кого тие главите ги вртат и говорат: „Подучен – умно растроен!“

15Ние страдањето малку помалку ќе го отстраниме и вие сигурно во неверството ќе се вратите

16но тој Ден кога со сета сила ќе ги зграпчиме, навистина ќе ги казниме

17А Ние и пред нив фараоновиот народ во искушение го ставивме, и им дојде благородниот Пратеник

18„Предајте ми ги мене Аллаховите робови! Јас навистина сум ви доверлив Пратеник

19и не воздигнувајте се над Аллах, јас ви носам очигледен доказ

20и јас Му се обраќам на својот и на вашиот Господар, да не ме каменувате

21а ако не ми верувате, тогаш оставете ме на мира!“

22И тој го повика на помош Господарот свој: „Ова навистина е злосторнички народ!“

23Изведи ги ноќе робовите Мои, по вас потера ќе тргне

24и остави го морето нека мирува, тие се војска која навистина ќе биде потопена.“

25И колку градини и извори оставија

26и ниви засеани и живеалишта прекрасни

27и благодети во коишто уживаа

28Тоа така се случи, и Ние тоа на други во наследство им го оставивме

29ниту небото ниту Земјата не ги оплакуваше, и не беа поштедени

30А синовите Израилови од понижувачкото страдање ги спасивме

31од фараонот – тој навистина беше горделив, еден од тие коишто во злото секаква мерка премина

32и знаејќи какви се, меѓу современиците ги одбравме

33и некои докази полни со очигледно искушение им дадовме

34А овие, навистина, велат

35„Постои само нашата прва смрт, ние нема да бидеме проживеани

36предците наши донесете ни ги, ако е вистина тоа што го велите!“

37Дали се подобри тие218 или народот на Тубба и оние пред него? – нив ги уништивме бидејќи беа злосторници

38Ние не ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив поради забава (без цел)

39Ние ги создадовме со вистинита цел, но повеќето од нив не знаат

40Навистина Денот суден на сите нив рок одреден ќе им биде

41Денот кога пријателот нема нималку од корист на пријателот да му биде, ниту ќе бидат помогнати

42освен тие на кои Аллах ќе им се смилува, бидејќи – Тој е, навистина, Силниот и Милостивиот

43А дрвото Зеккум навистина е

44храна за грешниците

45како растопена лава во стомакот ќе врие

46како што водата зовриена врие

47„Зграпчете го и среде огнот одвлечете го

48а потоа, на главата полевајте му вода што врие!“

49„Пробај, та ти си, навистина, „моќниот“ и „почитуваниот“

50ова е навистина тоа во што се сомневавте!“

51А тие што се плашеа од Аллах, тие на сигурно место ќе бидат

52среде градини и извори

53во свила и кадифе облечени и едни кон други свртени

54Ете, така ќе биде и Ние со хурии со крупни очи ќе ги жениме

55Во нив ќе можат безбедни, кој вид на овошје и да сакаат, да бараат

56во нив, по првата смрт, смртта веќе нема да ја вкусат и Тој од страдањето во огнот ќе ги сочува

57тоа благодет од Господарот твој ќе биде; тоа навистина успех голем ќе биде

58А Куранот го направивме лесен, на твојот јазик, за тие да примат поука

59па затоа чекај, и тие ќе чекаат

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath