42. Еш-Шура
1Ха-мим
2Ајн-син-каф
3Ете, така Аллах, Силниот и Мудриот, ти објавува тебе, како и на тие пред тебе
4Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Тој е Севишниот, Величествениот
5Небесата само што не се распаднале едни над други! А мелеците Го величаат и Го слават Господарот свој и молат прошка за тие што се на Земјата. – Аллах, навистина, е Тој Кој простува и Кој е Милостив
6Аллах внимава на тие кои, покрај Него, други заштитници земаат, а ти не си задолжен за нив
7Ете, така Ние ти го објавуваме тебе Куранот, на арапски јазик, за да ја опоменуваш Мајката на градовите (Мека) и тие околу неа, и да ги предупредиш за Денот кога ќе се соберат – во кој нема никаков сомнеж. Едните ќе одат во џеннетот, а другите во џехеннемот
8А да сака Аллах, би ги направил вистински верници, но, Тој во милоста Своја воведува кого сака, а неверниците немаат ниту заштитник, ниту помошник
9Зарем тие други, а не Него, за заштитници да земаат?! А Аллах е Единиот заштитник! Тој ќе ги оживее мртвите, само Тој е способен за сè
10Во штои да несесогласувате, пресудата затоае кај Аллах! Тоа ви е, ете, Аллах, Господарот мој – на Него се потпирам и Нему Му се обраќам
11Создателот на небесата и на Земјата! Тој како парови ве создава – а создава парови и од животните – за така да ве размножува. Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа
12Кај Него се клучевите од небесата и од Земјата, Тој кому сака му дава снабдување во изобилство, а и ускратува; Тој навистина знае сè
13Тој ви го пропишува во верата истото тоа што му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса: „Вистинската вера исповедајте ја и во тоанесераздвојувајте!“ Тешко им ена многубошците да сеодѕвијат на твојот повик. Аллах за Својата вера одбира кого Тој сака и го упатува во неа тој што искрено ќе Му се обрати
14А тие се раздвоија поради меѓусебната злоба токму тогаш кога им дојде знаењето. И да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. А тие на коишто, после нив, Книгата им се остава во наследство, многу се сомневаат во неа
15Затоа ти повикувај и биди истраен кон тоа, така како што ти се наредува, а не се поведувај по нивните страсти, и кажи: „Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах, и наредено ми е праведно да ви судам; Аллах е и наш и ваш Господар, нам нашите, а вам вашите дела; нема препирање меѓу нас и вас; Аллах сите ќе нè собере и Нему сите ќе Му се вратат.“
16А тие што се расправаат за Аллах откако Му се одѕвија, нивните докази се ништожни кај нивниот Господар; над нив е гневот и ги чека тешко страдање
17Аллах е Тој што Книгата со Вистина и праведност ја објави! А што знаеш ти – можеби Крајот на светот е блиску
18Го избрзуваат тие штоневеруваат вонего, аоние коиверуваат, поради него стравуваат и знаат дека е вистина. Ете, навистина се во далечна заблуда тие што расправаат за Крајот на светот
19Аллах е добар кон робовите Свои; Тој дава снабдување кому сака и Тој е Моќниот и Силниот
20Кој ќе го сака посевот на оној свет, неговиот посев ќе го зголемиме! А кој ќе го сака посевот од овој свет, ќе му го дадеме, но на другиот свет тој нема никаков удел
21Зарем тие да имаат ортаци кои им пропишуваат да веруваат тоа што Аллах не им гонаредил? И да нее Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. – А насилниците, навистина, ги чека неподносливо страдање
22Ќе ги видиш насилниците како треперат од страв поради тоа што го правеа, и казната ќе ги стигне; а тие што веруваа и правеа добри дела ќе бидат во прекрасните џеннетски градини, сè што ќе посакаат кај Господарот свој ќе имаат; тоа ќе биде голема придобивка
23На овој начин Аллах им испраќа радосни вести на робовите Свои, на оние коиверуваат и прават добри дела. Кажи: „За ованебарам никаква награда од вас, освен роднинско внимание.“ А кој ќе стори добро, Ние за тоа ќе му го зголемиме доброто, бидејќи Аллах, навистина, многу простува и благодарен е
24Зарем тие да велат: „Тој измислува лаги за Аллах!“ А Аллах, ако сака, срцето твое ќе го запечати. Аллах ја поништува невистината и ја потврдува вистината со зборовите Свои; Тој добро ги знае мислите сечии
25Тој е Тој што ги прима покајанијата од робовите Свои и ги простува лошите дела и знае што правите
26Тој им се одѕива на тие што веруваат и прават добри дела, и од добрината Своја им дава и повеќе, а неверниците ги чека жестоко страдање
27Кога Аллах сите Свои робови изобилно би ги снабдил, тие би станале насилници на Земјата, но Тој дава со мерка, толку колку што сака, бидејќи Тој добро ги познава и ги гледа Своите робови
28Тоа е Тој што го спушта дождот кога тие ќе загубат секаква надеж и ја распростира милоста Своја; Тој е вистинскиот заштитник и единиот достоен за благодарност
29И од доказите Негови е создавањето на небесата и на Земјата и на живите суштества кои ги расеа по нив; Тој е способен сите да ги собере кога ќе сака
30А несреќата која ќе ве снајде е поради гревовите кои сте ги направиле, а Тој многу од нив ги простува
31И вие нема да можете да Му избегате на Земјата, и освен Аллах немате ни заштитник, ни помошник
32И од доказите Негови се бродовите кои личат на планини кои пловат по морето
33Ако сака, Тој го смирува ветрот и тие остануваат неподвижни на површината негова – тоасепоуки засекого кој естрплив иблагодарен
34или ќе ги потопи поради гревовите што ги заработиле – а Тој многу од нив ги простува
35за да се уверат тие што ги негираат доказите Наши дека од казната Наша не можат да избегаат
36Сè што ви е дадено е само уживање во животот на овој свет, а тоа што е кај Аллах е подобро и потрајно за тие што веруваат и што на Господарот свој се потпираат
37и за тие што ги избегнуваат големите гревови и развратот и кои, кога некој ќе ги налути, простуваат
38и за тие што на Господарот свој Му се одѕиваат, и кои намаз извршуваат, и кои за работите свои се договараат, а дел од тоа со што сме ги снабдиле го даваат
39и за тие што им пружаат отпор на угнетувачите
40А казната за злото е слично зло, а тој што ќе прости и ќе се поправи Аллах ќе го награди; Тој навистина не ги сака тие што чинат неправда
41А тој што ќе возврати со иста мерка откако му е сторена неправда, па таквите не можат да бидат казнети
42а ќе бидат казнети тие што ги угнетуваат луѓето и тие што без никаква основа редот на Земјата го нарушуваат; нив ги чека болно страдање
43А кој ќе се стрпи и ќе прости - тоа навистина спаѓа во вистинските постапки
44А кого Аллах ќе го остави во заблуда, за него помошник освен Него нема да има. И ти ќе видиш како ќе повикаат насилниците кога ќе го доживеат страдањето: „Постои ли некаков начин да се вратиме?“
45И ќе видиш како понижени и истоштени се изложуваат на огнот, а тие под око го гледаат. Тие кои верувале, ќе речат: „Вистински страдалници се тие коишто на Судниот ден и себеси и децата свои ќе ги упропастат!“ А зарем насилниците нема да бидат во непрекидно страдање
46За нив нема да има помагачи да им помогнат, освен Аллах!; А кого Аллах ќе го скршне кон заблуда, тој патот на спасението нема ни да го има
47Одѕвијте Му се на Господарот свој пред да дојде Денот кој Аллах нема да го сопре. Тој Ден прибежиште нема да имате и нема да можете да негирате
48А ако главите ги свртат – па, Ние тебе не те пративме да бидеш нивен чувар, ти си должен само да известиш. Кога на човекот ќе му дадеме да ја почувствува милоста Наша, тој ѝ се радува, а кога ќе го снајде некаква несреќа поради тоа што ги сториле рацете нивни, тогаш човекот благодатите не ги признава
49Аллахова е власта на небесата и на Земјата. Тој создава сè што сака! Тој подарува женски деца кому сака, а кому сака - машки
50или им дава и машки и женски, а кого сака го остава без пород; Тој навистина сè знае и сè може
51На ниту еден човек не му е дадено Аллах да му се обраќа, освен преку вдахновение, или зад превез, или да прати пратеник кој, со Негова дозвола, го објавува тоа што Тој го сака! – Тој навистина е Возвишен и Мудар
52Ние на таков начин и тебе ти го објавуваме тоа што ти се објавува. Ти не знаеше што е Книга, ниту што е верување, но Ние ја направивме светла помош на која ги упатуваме од робовите Наши тие што сакаме. А ти, навистина, упатуваш на Вистинскиот пат
53на Аллаховиот пат, Кому Му припаѓа сè што е на небесата и сè што е на Земјата. И ете, кај Аллах сè ќе се врати
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath