Исламот
назад

38. Саад

1Сад! Се колнам во Куранот кој содржи опомена

2навистина се арогантни и инаетливи тие што не сакаат да веруваат

3Колку народи пред нив Ние уништивме. И тие за помош плачејќи молеа, но за нив беше доцна

4Тие се чудат што еден од нив им дошол за да ги предупредува, и неверниците велат: „Тој е маѓепсник, лажливец

5Зарем тој боговите да ги сведе само на еден Бог? Тоа е, навистина, нешто многу чудно!“

6И угледните меѓу нив тргнаа: „Одете и истрајте со божествата свои! Навистина, тоа е нешто што се сака

7За ова не сме слушнале во верата на предците наши, ова не е ништо друго освен наместена лага

8зошто меѓу нас токму нему да му биде пратена Опомената?!“ Но, тие во Опомената Моја се сомневаат затоа што казната Моја не ја искусиле

9Зарем кај нив се ризниците на милоста на Господарот твој, Силниот и Дарежливиот

10Зарем тие имаат власт над небесата и над Земјата и над тоа што е меѓу нив? – тогаш, нека се искачат со скали по патеките небесни

11Тие претставуваат незначителна сојузничка војска која таму ќе биде поразена

12И уште пред нив ги сметаа за лажни своите Пратеници - народот на Нух, и Ад, и фараонот, сопственикот на градбите огромни

13и Семудинародот на Лути жителите на Ејка; тие против Пратениците правеа завери

14Сите тие за лага ги клеветеа Пратениците и казната моја ја заслужија

15А и овие не чекаат, освен еден звук на рогот кој нема да биде потребно да се повтори

16и велат: „Господару наш, побрзај и казни нè, пред Денот во кој делата ќе се пресметуваат!“

17Ти стрпи се за тоа што го говорат и сети се на робот Наш Давуд, цврстиот во верата, кој секогаш на Аллах Му се обраќаше

18Ние планините ги потчинивме заедно со него да Го слават и да Го величаат Аллах пред Сонцето да зајде и откако ќе изгрее

19а и птиците собрани – сите тие Нему му се обраќаат

20И го зацврстивме царството негово и му дадовме веровесништво и мудрост исправно да суди и да расудува

21А дали до тебе допре веста за парничарите кога преку ѕидот на михработ преминаа

22кога кај Давуд упаднаа, па тој од нив се исплаши. „Не плаши се“ – рекоа – „ние сме двајца парничари, еден кон друг згрешивме, па според правдата пресуди ни; не биди пристрасен, и на Вистинскиот пат упати нè

23Овој мој пријател има деведесет и девет овци, а јас само една, и тој ми рече: ,Дај ми ја мене!‘ – и во препирката ме победи.“

24„Навистина ти сторил неправда! – рече Давуд – „со тоа што барал овцата твоја да ја додаде на овците свои; многумина ортаци си прават неправда едни на други, а единствено тие што веруваат и што прават добри дела не го прават тоа, и таквите се малку“. И Давуд се увери дека Ние токму него на искушение го ставивме, па за прошка од Господарот свој замоли, падна со лицето на тло и се покаја

25И Ние тоа му го простивме, и тој Ни е навистина близок и прекрасно престојувалиште го чека

26О, Давуде, Ние за намесник на Земјата те поставивме, затоа суди им на луѓето праведно и не поведувај се според страста за да не те одведе од Аллаховиот пат; тие што скршнуваат од Аллаховиот пат ги чека болно страдање на оној свет затоа што забораваа на Денот на пресметката

27Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив залудно; така мислат неверниците, па тешко на неверниците кога ќе бидат во Огнот

28Зарем со тие што веруваат и што прават добро ќе постапиме исто како и со тие што прават неред на Земјата, или, зарем со тие што се чуваат од гревовите ќе постапиме исто како и со грешниците

29Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука

30Ние на Давуд му го подаривме Сулејман; тој беше прекрасен роб и многу се каеше

31Кога една вечер пред него беа изведени брзи коњи кои на три нозе стоеја, а со четвртата едвај земјата ја допираа

32тој рече: „Наместо да мислам на Господарот свој, јас покажувам љубов кон богатството!“ – и тие му се изгубија од видот

33„Вратете ми ги!“ – и тој почна да ги гали по нозете и по вратовите

34Ние Сулејман во искушение го доведовме и неговото болно тело на престолот го задржавме, но потоа оздраве

35„Господару мој“ – рече –„прости ми и подари ми власт каква никој, освен мене, нема да има! Ти Си навистина Тој што богато дарува!“

36И Ние му ги потчинивме: ветрот – кој според заповедта негова благо дуваше таму каде што тој сакаше

37и шејтаните, сите градители и нуркачи

38и други во окови оковани

39„Ова е Нашиот дар, па ти дарувај или задржи - поради тоа нема да одговараш!“

40Тој Ни е навистина близок и го чека прекрасно престојувалиште

41И сети се на робот Наш Ејјуб кога на Господарот свој Му залипа: „Шејтанот ме допре со несреќи и со страдање!“

42„Удри со ногата по земја – ете ти ладна вода за капење и пиење

43и Ние од милоста Наша семејство му даривме и уште толку покрај нив, да биде поука за тие што имаат ум

44„И земи со раката своја сноп и со него удри, само заклетвата не ја прекршувај!“ Ние знаевме дека тој е издржлив; прекрасен роб беше тој и многу се каеше

45И сети се на робовите Наши Ибрахим и Исхак и Јакуб, сите во верата цврсти и проникливи

46Ние ги обдаривме со една посебна доблест: секогаш да им е на ум оној свет

47и тие, навистина, кај Нас се од одбраните добри луѓе

48И сети се на Исмаил и на Елјеса и на Илјас и на Зулкифл, сите тие беа од најдобрите луѓе

49Ова еубав спомен! А тие штоод гревови ќесечуваат ги чека прекрасно престојувалиште

50еденски градини, чиишто капии за нив ќе бидат отворени

51во кои ќе бидат потпрени и разновидно овошје и пијалак ќе бараат

52Покрај нив ќе бидат хуриите, со исти години, кои пред себе ќе гледаат

53„Тоа е она што ви се ветува за Денот на пресметката

54тоа, навистина, снабдување Наше ќе биде, кое никогаш нема да престане!“

55Ете така! А тие што ќе бидат дрско бесни, ги чека најлошото престојувалиште

56џехеннемот, во кој ќе горат, а одвратна постела е тоа

57Ете така! Па нека ја искусат водата зовриена и ледена

58и други слични на овие маки, повеќекратни

59„Оваа толпа заедно со вас, стискајќи се, во џехеннемот ќе влезе!“ – „Да не им биде пространо! Тие навистина ќе горат во Огнот!“

60„Вам да не ви биде пространо!“ – ќе речат тие – „вие ова ни го подготвивте, а грозно ли е ова живеалиште!“

61„Господару наш!“ – ќе речат – „удвои им го страдањето во огнот на тие што ова ни го приредија!“

62И ќе речат: „Зошто не ги гледаме луѓето коишто меѓу злобните ги вбројувавме

63и коишто ги исмејувавме? Да не ни се изгубија од вид?“

64Вистина е, сигурно, дека жителите на џехеннемот меѓу себе ќе се расправаат

65Кажи: „Јас сум само опоменувач; нема бог освен Аллах, Единиот и Моќниот

66Господарот на небесата и на Земјата и тоа што е меѓу нив, Силниот, Простувачот.“

67Кажи: „Ова е голема вест

68а вие од неа главите ги вртите

69Јас ништо не знаев за Високиот Собир213 кога се препираа

70мене ми се објавува само да сум јасен опоменувач.“

71И кога Господарот твој на мелеците им рече: „Ќе го создадам човекот од глина

72па кога совршен облик ќе му дадам и кога живот во него ќе вдахнам од Својот дух, вие на сеџда паднете му!“

73Мелеците, сите до последен, заедно на сеџда се поклонија

74освен Иблис; тој се вообрази и неверник стана

75„О, Иблис!“ – рече Тој – „Што те наведе да не му направиш сеџда на оној кого Јас со Своите две раце214 го создадов? Се вообрази или мислиш дека си возвишен?“

76„Подобар сум од него“ – рече тој – „мене ме создаде од оган, а него од глина.“

77„Е, излегувај тогаш од џеннетот!“ – рече Тој – „Проклет да си

78Моето проклетство до Судниот ден ќе те следи!“

79„Господару мој!“ – речетој – „Дај ми време до Денот кога тие оживеани ќе бидат!“

80„Ти давам“ – рече Тој

81„до денот веќе одреден.“

82„Па се колнам во достоинството Твое – рече – „сигурно сите ќе ги наведам да застранат

83освен, меѓу нив, Твоите искрени робови!“

84„Во вистината се колнам и вистината ја зборувам“ – рече Аллах

85„сигурно џехеннемот ќе го наполнам со сите, со тебе и со тие кои што ќе се поведат по тебе!“

86Кажи: „Јас не барам од вас за ова (Куранот) никаква награда и јас не се преправам, го пренесувам само тоа што ми се наредува

87Куранот е, навистина, Опомена за целиот свет

88И вие наскоро ќе ја дознаете неговата порака!“

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath