36. Јасин
1Ја-син
2Се колнам во Мудриот Куран
3ти си, навистина, Пратеник
4на Вистинскиот пат
5по Објава на Силниот и Семилосниот
6за да го опоменуваш народот чиишто предци не биле опоменувани, па е рамнодушен
7За повеќето од нив се овистини Зборот – па тие нема да веруваат
8Ние сторивме да бидат како тие на чиишто вратови ставивме синџири сè до подбрадокот – па тие се со глави поткренати
9и како тие пред кои и зад кои преграда им ставивме и на очите преграда им ставивме – па тие не гледаат
10и ним им есеедно дали ти ги опоменуваш или не, тие нема да веруваат
11Твојата опомена ќе му користи само на тој што го следи Куранот и што се плаши од Семилосниот, иако не Го гледа; него израдувај го со прошка и со благородна награда
12Ние, навистина, ќе ги оживееме мртвите и Ние го запишавме тоа што го сторија и делата кои зад себе ги оставија;207 Ние сето тоа во јасната Книга го набројавме
13Наведи им ги како поука жителите на еден град, кога им дојдоа Пратениците
14кога Ние им пративме двајца, но тие не им поверуваа, и ги засиливме со трет, па рекоа: „Ние сме ви пратени вам!“
15„Вие сте луѓе како и ние.“ – одговорија тие – „Семилосниот не објави ништо, вие зборувате невистина!“
16„Господарот наш знае дека, навистина, сме ви пратени вам,“ – рекоа тие
17„и должни сме само јасно да известиме.“
18Тие рекоа: „Ние насетуваме дека ни носите несреќа; аконе престанете, ќе ве каменуваме и сигурно ќе ве стигне болно страдање од нас.“
19„Причината за вашата несреќа е со вас!“ – рекоа тие. „Зарем затоа што сте предупредени? Та вие сте народ кој секоја граница на злото ја преминува.“
20И од крајот на градот, итајќи дојде еден човек и рече: „О, народе мој, следи ги пратениците
21следете ги тие кои од вас не бараат никаква награда, а се на Вистинскиот пат
22Зошто да не Го обожувам Тој што ме создал, а Нему ќе Му се вратите
23Зошто да прифтам други богови покрај Него? Ако Семилосниот сака да ме снајде некое зло, нивното посредување нема да ми биде од никаква корист и тие нема да можат да ме спасат
24а јас тогаш би бил во вистинска заблуда
25јас верувам во Господарот ваш, слушнете ме!“
26И ќе се рече: „Влези во џеннетот!“ – а тој ќе рече: „Камо среќа мојот народ да знае
27зошто Господарот мој ми прости и ме направи почествуван!“
28И против народот негов, по него, Ние не испративме војска од небото, ниту некогаш сме го сториле тоа
29само би се слушнал еден ужасен крик, и тие сите одеднаш би испоумирале
30О, колку се кутри луѓето! Ниту еден Пратеник не им дојде, а да не му се исмејуваа
31Како ли тие не знаат колку народи пред нив уништивме од кои никој не им се вратил
32а сите тие ќе бидат заедно пред Нас доведени
33Доказ им е мртвата земја: Ние живот ѝ даваме и од неа никнува житото кое тие го јадат
34Ние на неа создаваме градини, палменици и лозја, и правиме од неа да извираат извори
35за тие да ги јадат плодовите нивни и од тоа што рацете нивни ќе го обработат, па зошто не сакаат да бидат благодарни
36Нека е Славен и Возвишен Тој што во сè создава пар: во тоа што никнува од земјата, во нив самите, и во тоа што тие не го знаат
37И ноќта им е доказ: Ние ја тргаме дневната светлина и тие остануваат во мрак
38И Сонцето се движи до својата одредена граница, тоа е одредба на Силниот и Сезнајниот
39И на Месечината ѝ одредивме положби, и таа секогаш повторно се враќа како стар свиткан палмин прат
40Ниту Сонцето може Месечината да ја стигне, ниту ноќта денот да го престигне, сите тие во вселената пловат
41Доказ им е и тоа што потомците нивни во преполните бродови ги превезуваме
42и што за нив, и слични на нив, ги создаваме тие на коишто се возат
43И ако сакаме, Ние ќе ги потопиме, и спас нема да им има, нема да се извлечат
44освен ако не им се смилуваме, за до рокот одреден да уживаат
45А кога ќе им се каже: „Плашете се од тоа што се случило пред вас и од тоа што ве чека за да бидете помилувани...“
46Ине им дојде ниту еден доказ од Господарот нивен накој тие грб нему свртеа
47А кога ќе им се каже: „Давајте од тоа што Аллах ви го дава.“ - тогаш неверниците им говорат на верниците: „Зарем да го храниме тој што Аллах, да сакаше, можеше да го нахрани? Вие навистина сте во вистинска заблуда!“
48И велат: „Кога веќе еднаш ќе дојде тоа ветување, ако вистината ја говорите?“
49А не чекаат ништо друго туку страшен глас кој ќе ги обземе додека се препираат едни со други
50па нема да можат ништо да порачаат, ниту на чедата свои да се вратат
51И ќе се дувне во рогот, па тие од гробовите кон Господарот свој ќе поитаат
52зборувајќи: „Тешко нам! Кој од нашите гробови нè оживеа?“ – „Ете, се остварува ветувањето на Семилосниот, Пратениците вистината ја зборуваа!“
53Ќе биде тоа само еден глас и тие сите пред Нас ќе се најдат
54Денес нема никому неправда да му се стори и вие, според тоа што го правевте, наградени ќе бидете
55Жителите на џеннетот тој ден ќе уживаат во благодатите, весели и радосни
56тие и сопругите нивни ќе бидат во ладовина на украсени дивани потпрени
57во него ќе имаат овошје и тоа што ќе сакаат
58„Селам на вас“ – ќе бидат зборовите на Милостивиот Господар
59„а вие, о, грешници, одвојте се денес!“
60О синови Адемови, зарем не ви наредив: „Не го обожувајте шејтанот, тој ви е отворен непријател
61туку обожувајте Ме Мене; тоа е Вистинскиот пат
62Тој многумина од вас одведе во заблуда, како немавте памет
63Ова е џехеннемот кој ви беше ветуван
64пржете се сега во него затоа што не верувавте!“
65Денес устите ќе им ги запечатиме, нивните раце ќе Ни говорат, а нозете нивни, за тоа што го правеле, ќе сведочат
66Да сакавме, можевме од погледот нивен да ги лишиме, па кога на пат би тргнале, како би гледале
67А да сакавме, можевме наместото каде што згрешија да ги претвориме во нешто, па не би можеле никаде да отидат ниту да се вратат
68На тој кому долг живот ќе му дадеме, Ние изгледот на полошо му го менуваме. Зарем тие не разбираат
69Ние Пратеникот не го учевме поезија, тоа не му прилега. Ова е само поука – Куран јасен
70да го опоменува тој што е жив, се обестини казната спрема неверниците
71Како тие не гледаат дека Ние сами, од тоа што рацете Наши го направиле, за нив добитокот го создаваме за тие со него како сопственици да располагаат
72И дека им дадовме со него да се служат – на некои јаваат, а со некои се хранат
73и друга корист од него имаат, и млеко, па зошто не се благодарни
74Туку, покрај Аллах, други богови прифаќаат со надеж дека тие на помош ќе им бидат
75меѓутоа тие, нема да може да им помогнат, а тие ним им се послушна војска
76И нека не те растажуваат зборовите нивни; Ние, навистина, го знаеме и тоа што го кријат и тоа што го покажуваат
77Како човекот не гледа дека Ние од капка семе го создаваме, и пак е отворен противник
78и Нам Ни наведува пример, а заборава како е создаден, и вели: „Кој ќе ги оживее коските кога прав ќе се сторат?“
79Кажи: „Ќе ги оживее Тој што првиот пат ги создал; Тој добро знае сè што создал
80Тој што од зелените дрвја оган ви создава и вие со него потпалувате.“
81Зарем Тој што ги создаде небесата и Земјата не е способен да создаде на нив слични? Да, способен е, Тој создава сè и Тој е Сезнајниот
82и навистина Неговата наредба, кога сака нешто е само за тоа да каже: „Биди“ – и тоа бива
83Па нека е славен Тој во Чијашто рака е власта над сè, Нему ќе Му се вратите
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath