Исламот
назад

22. Ал-Хаџ

1О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот на светот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување

2На Денот кога ќе го видите вие, секоја доилка тоа што го дои ќе го заборави, а секоја трудница својот плод ќе го изгуби и ти ќе ги видиш луѓето пијани, а тие нема да бидат пијани, туку Аллаховта казна ќе биде жестока

3Има луѓе кои без никакво знаење се препираат за Аллах и кои го следат секој непокорен шејтан

4За него е веќе одредено дека секој што за заштитник ќе го земе, на погрешниот пат ќе го заведе и во страдањето огнено ќе го однесе

5О, луѓе! Ако се сомневате во проживувањето – па Ние ве создаваме од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка крв,183 потоа од парче месо, обликувано и необликувано, за да ви објасниме! А во матките задржуваме што сакаме, до рокот одреден, потоа правиме како доенчиња да се раѓате и потоа до потполна развиеност да израснете; едни од вас умираат, а други длабока старост доживуваат, за, откако знаел, да не знае ништо.184 И ти види ја земјата како е замрена, но кога дожд ќе спуштиме на неа, таа потреперува и набабрува, и од неа никнуваат секакви прекрасни растенија

6Тоа езатоашто Тој, Аллах, е Вистина изатоашто Тој е кадарен мртвите да ги оживее и затоа што Тој може сè

7и затоа што Часот на проживувањето, во тоа нема сомнеж, ќе дојде и затоа што Аллах ќе ги оживее тие во гробовите

8Има луѓе кои за Аллах се препираат без никакво знаење и без никакво упатство и без Книга која дава светлина

9одејќи горделиво за од Аллаховиот Пат да одвраќаат, нив на овој свет ги чека понижување, а на оној свет ќе им дадеме да го искусат страдањето во Огнот

10Ете, тоа е поради делата на рацете твои, затоа што Аллах не е неправеден кон робовите Свои

11Меѓу луѓето има такви кои Го обожуваат Аллах колебливо, на работ: ако го снајде добро, се смирува, а ако го снајде искушение, му се враќа на своето неверување, па така го губи и оној свет. Тоа е навистина очигледна загуба

12Тој, покрај Аллах, го моли тој што од него не може никаква штета да отстрани, ниту може од каква било корист да му биде; тоа е навистина голема заблуда

13го моли тој што попрво ќе му наштети отколку што од корист ќе му биде; таквиот е навистина лош заштитник и злобен другар

14Тие што веруваат и што прават добри дела, Аллах навистина ќе ги внесе во џеннетските градини, низ кои реки ќе течат. Аллах го прави тоа што го сака

15Тој што мисли дека Аллах нема да му помогне на Пратеникот ни на овој ни на оној свет, нека го растегне јажето до таванот и нека се обеси, па нека види дали неговиот план ќе го отстрани тоа поради коешто тој се лути

16И така, ете, Ние во вид на јасни ајети го објавуваме, а Аллах на тој што Тој сака на Вистинскиот пат ќе му укаже

17Аллах на Судниот ден навистина ќе ги одвои верниците од евреите, Сабејците, христијаните, огнопоклониците и многубошците. Аллах е навистина известен за сè

18Зарем не гледаш дека на Аллах на сеџда Му се поклонуваат и тие на небесата и тие на Земјата, а и Сонцето, и Месечината, и ѕвездите, и планините, и дрвјата, и животните, и многу луѓе, а многумина и казната ја заслужуваат. А кого Аллах ќе го понижи, никој не може почитуван да го направи; Аллах тоа што сака го прави

19Овие два спротивставени табори се спорат околу Господарот свој; на тие што нема да веруваат ќе им бидат скроени костуми од Оган, а зовриена вода на главите нивни ќе им биде истурана

20од неа ќе се истопи тоа што е во стомаците нивни, и кожата

21а со железни стапови ќе бидат мавани

22кога и да посакаат поради тешката мака од неа да излезат, во неа ќе бидат вратени: „Доживејте го страдањето во ужасниот Оган!“

23А тие што веруваат и што прават добри дела – Аллах сигурно ќе ги внесе во џеннетските градини, низ кои реки ќе течат, во неа со алки од злато и со бисер ќе се украсуваат, а алиштата свилени ќе им бидат

24И упатени се да говорат убави зборови и упатени се на Патот на Тој што е достоен за благодарност

25На неверниците и на тие што одвраќаат од Аллаховиот Пат и од Светиот Храм – а Ние го наменивме за сите луѓе, како за жителите така и за посетителите – и на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат

26И кога на Ибрахим за прибежиште му го покажавме местото каде што е Каба, му рековме: „Не припишувај Ни здруженици, и исчисти ја Мојата Каба за тие што ќе ја обиколуваат186, кои ќе стојат187 и кои руку и сеџда ќе извршуваат

27И повикај ги луѓето на аџилак!“ – и ќе ти доаѓаат пешки и на секоја истоштена камила кои доаѓаат од далечен пат

28За да бидат сведоци накориста своја иза да го спомнуваат Аллаховото име во познатите денови затоа што ги снабдил со домашни животни. Јадете го месото нивно, а нахранете го и скромниот сиромав

29Потоа, нечистотијата од себе нека ја отстранат, своите завети нека ги исполнат и околу древната Каба нека обиколуваат

30Така е тоа! А кој ги почитува Аллаховите светости, тоа му е добро кај Господарот негов – а дозволен ви е добитокот, освен тој за кој ви е кажано – па чувајте се од валканоста на киповите и чувајте се од лажниот говор

31Изјавувајќи Му ја на Аллах чистата преданост, а не припишувајќи Му здруженик! А тој што ќе смета дека на Аллах Му има рамен, ќе биде како тој што паднал од небо и кого птиците го разграбале, или како тој што ветерот во далечен предел го однел

32Така е тоа! Па кој ги почитува Аллаховите прописи, тоа е знак за богобојазност на срцето

33Вие имате корист од нив до одреден рок, а потоа нивното место е крај древната Каба

34На секоја претходна верничка група189 ѝ го пропишавме колењето на курбанот за да го спомнуваат Аллаховото име при колењето на добитокот кој Тој им го дава. Вашиот Бог е еден Бог, затоа само Нему искрено предајте Му се! А со радосна вест израдувај ги понизните

35чиишто срца, кога Аллах ќе се спомне, страв ги обзема, и тие кои трпеливо ги поднесуваат неволјите кои им се случуваат, и тие кои намазот (молитвата) го извршуваат и кои даваат од тоа што Ние им го даваме

36А камилите ви ги направивме едни од Аллаховите обреди нааџилакот и вие од нив имате добро, затоа спомнувајте го Аллаховото име кога ќе бидат подготвени за колење, стоејќи со една врзана нога, а кога ќе паднат на земјата, јадете ги, а нахранете го и тој што не проси, а и тој што проси. Така ви ги потчинивме, за да бидете благодарни

37До Аллах нема да допре месото нивно и крвта нивна, но ќе Му стигнат искрено направените ваши добри дела. Така ви ги потчини за да Го величате Аллах затоа што ве упати. И израдувај ги тие што прават добри дела

38Аллах навистина ги штити верниците, Аллах сигурно не сака ниту еден предавник, неблагодарник

39Им се дозволува одбрана на тие што од други ќе бидат нападнати, бидејќи им се врши насилство – а Аллах е навистина кадарен да им помогне

40На тие кои ни криви ни должни од домовите свои се протерани, само затоа што говореа: „Наш Господар е Аллах!“ А да не сузбие Аллах некои луѓесо други, дотемел би биле изрушени манастирите, црквите, синагогите, а и џамиите, во кои многу се спомнува Аллаховото име. А Аллах сигурно ќе ги помогне тие кои Него Го помагаат – та Аллах е навистина Моќен и Силен

41Тие кои, ако им дадеме власт на земјата, намаз (молитва) ќе извршуваат и зекат ќе даваат и кои ќе бараат да се прават добри дела, а ќе одвраќаат од лошите – а на крајот сè Му се враќа на Аллах

42А тоа што тие те сметаат за лажен, па и пред нив народот на Нух, и Ад, и Семуд ги сметаа Пратениците за лажни

43И народот на Ибрахим и народот на Лут

44и жителите на Медјен; азалажен е сметан и Муса, и Јас наневерниците време им давав, потоа ги казнував, и каква беше казната Моја

45И колку населби уништивме, чиишто жители насилни беа, и тие опустеа, само рушевини останаа! И колку бунари има запуштени и колку високи палати има празни

46Па зошто тие по светот не патуваат, па срцата нивни да го сфатат тоа што треба да се сфати, и ушите нивни да го чујат тоа што треба да го чујат; но очите не се слепи, туку срцето во градите

47Тие бараат од тебе казната што побрзо да ги стигне, а Аллах нема да го изневери ветувањето Свое, а само еден ден кај Господарот твој трае колку илјада години според вашето сметање

48И колку населби имаше чиишто жители беа неправедни, на коишто Јас казната им ја одложував, за, на крајот, да казнам! А сè кон Мене се враќа

49Кажи: „О, луѓе, јас сум само опоменувач јасен!“

50Тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела, ги чека прошка и благородно снабдување

51а тие што ќе се трудат доказите Наши да ги негираат, одвраќајќи од нив, ќе бидат жители на џехеннемот

52Пред тебе, Ние ниту еден Пратеник и Веровесник не пративме, а шејтанот, кога тој тоа ќе го кажуваше, во кажувањето негово нешто да невметнеше. Аллах ќеготргнеше тоаштошејтанот ќеговметнеше, а потоа зборовите Свои ќе ги зацврстеше - Аллах знае сè и Мудар е

53за, тоаштошејтанот говметна, да гонаправи искушение за тие чиишто срца се болни и за тие чиишто (срца) се свирепи – а насилниците се навистина во неслога и во далечна заблуда

54иза тие штосеобдарени со знаење да спознаат дека Кураноте Вистина од Господарот твој, па во него да поверуваат и нивните срца му бидат потчинети. А Аллах верниците на Вистинскиот пат ќе ги изведе

55А неверниците нема да престанат да се сомневаат во него, сè додека одненадеж смртта не им дојде или додека не го почувствуваат страдањето на Денот по кој нема да следи ноќ

56Тој ден власта ќе ја има само Аллах, Тој ќе им суди. А верниците и тие што правеле добри дела, ќе бидат во џенетските градини на уживањата

57а неверниците и тие кои ајетите Наши ги негираа, тие срамно страдање ќе имаат

58Аллах убаво ќе ги снабди тие што својот роден крај го напуштија за да се борат на Аллаховиот пат, па потоа загинаа или умреа – бидејќи Аллах е најдобриот Снабдител

59Тој во местото од кое тие задоволни ќе бидат, навистина, ќе ги внесе! А Аллах знае сè и Благ е

60Ете така! А тој што со иста мерка ќе возврати за направеното зло, и на кого повторно му е направена неправда, Аллах сигурно ќе му помогне. Аллах е Тој што гревовите ги поништува и Простувачот

61Ете така! А Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта, и Аллах е Тој што сè слуша и сè гледа

62Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а тие на кои, покрај Аллах, им се молат се лага, и затоа што е Аллах Возвишен и Голем

63Зарем не гледаш дека Аллах од небото спушта дожд од којшто земјата позеленува? Аллах е навистина добар и Сезнаен

64Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата. Аллах не е зависен од никого и само Тој е достоен за благодарност

65Зарем не гледаш дека Аллах сè што е на Земјата вам ви го подреди, па и бродовите кои, со одредбата Негова, по морето пловат? Тој го држи тоа што е на небото да не падне на Земјата, освен ако Тој тоа го дозволи. Аллах е навистина Благ и Милостив кон луѓето

66Тој ви дава живот и потоа ќе ви го одземе и потоа пак ќе ве оживее, човекот е навистина неблагодарен

67На секој претходен уммет му пропишавме верозакон според кој требаше да се однесува, и не дозволувај, никако, со тебе да се расправаат во врска со тоа. Ти повикувај кон својот Господар, бидејќи ти си, навистина, на Вистинскиот пат

68Ако тие со тебе се препираат, кажи: „Аллах добро го знае тоа што вие го правите!“

69Аллах на Судниот ден ќе ви пресуди за тоа за што не се согласувате

70Зарем не знаеш дека на Аллах Му е познато сè што е на небото и на Земјата? Сето тоа е во Книгата, тоа, навистина, на Аллах му е лесно

71Многубошците, покрај Аллах, ги обожуваат тие за коишто Тој не им испратил никаков доказ, и самите за нив ништо не знаат. А на насилниците им нема помагач

72А кога Нашите јасни ајети им се кажуваат, ти забележуваш големо негодување на лицата на тие што не веруваат, кои за малку да не ги нападнат тие кои Нашите зборови им ги кажуваат. Кажи: „Сакате да ви кажам што ќе ви биде поомразено од тоа? – Огнот кој Аллах на неверниците им го ветиле, а тоа грозно живеалиште ќе биде.“

73О, луѓе, еве еден пример, па послушајте го: Тие што, покрај Аллах, ги молите, не можат никако ни мушичка да создадат, па дури и поради неа да се соберат. А ако мушичката нешто би им зела, тие тоа не би можеле од неа да го вратат, слаб е тој што бара и тоа што се бара

74Тие не Го познаваат Аллах како што треба, а Аллах е навистина Моќен и Силен

75Аллах одбира Пратеници меѓу мелеците и луѓето – Аллах сè слуша и сè гледа

76Тој знае што направиле и што ќе направат. А сè се враќа кај Аллах

77О, верници, руку и сеџда извршувајте и Гсподарот свој обожувајте Го, и добри дела правете за да го постигнете тоа што го сакате

78И борете се, поради Аллах, така како што треба да се борите! Тој вас ве избра и во верата ништо тешко не ви пропиша, во верата на вашиот предок Ибрахим. Аллах одамна муслимани ве нарекол, и во овој Куран, за Пратеникот да биде сведок против вас, и за вие да бидете сведоци против останатите луѓе. Затоа, намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте и до Аллах цврсто држете се. Тој е вашиот Господар, па прекрасен ли Господар и прекрасен ли Помагач

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath