Исламот
назад

20. Таа-Хаа

1Та-ха

2Не го објавуваме Куранот за да се мачиш

3туку за да му биде поука на тој што се плаши

4го објавува Создателот на Земјата и на небесата високи

5Семилосниот, Кој над Аршот се возвиши

6Негово е тоа што е на небесата и на Земјата, и тоа што е меѓу нив, и тоа што е под земјата

7Ако ти гласно се молиш, па Тој знае што е тајно и што е најскриено

8Аллах, нема друг бог освен Него, ги има најубавите имиња

9А дали ти дојде веста за Муса

10кога го здогледа огнот, па на семејството свое му рече: „Вие останете тука, јас видов оган, можеби некаков пламен ќе ви донесам или покрај огнот ќе пронајдам некого што патот ќе ми го покаже?“

11А кога дојде до него, некој го повика: „О, Муса

12Навистина, Јас Сум твојот Господар! Затоа, соблечи ги обувките свои, ти си во благословената долина Тува

13И те одбрав тебе. Затоа слушај го тоа што ќе ти се објавува

14Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го

15Часот на оживување сигурно ќе дојде, го кријам од секого, кога секој човек според својот труд ќе биде награден или казнет

16И поради тоа нека не те одвраќа од верувањето во него тој што не верува во него и кој ја следи својата страст, па да бидеш изгубен

17„А што тие е тоа во десната рака, о, Муса?“

18„Ова е мојот стап,“ - одговори тој - „на кој се потпирам и со кој на овците свои лисја им симнувам, а ми служи и за други потреби.“

19„Фрли го, о, Муса!“ - рече Тој

20И тој го фрли, кога тој (стапот) - змија која брзо се движи

21„Земи ја и не плаши се!“ - рече Тој - „Ние ќе ја вратиме во тоа што беше претходно.“

22„И вовлечи ја раката под пазувите свои, раката ќе ти се појави бела, но не болна; и ете, друг доказ

23за да ти покажеме некое од Нашите чуда

24Оди кај фараонот, бидејќи во злото секоја мерка ја премина

25Рече: „Господару мој, распространи ги градите мои

26и олесни ми ја задачата моја

27одврзи го јазолот од јазикот мој

28за да го разберат говорот мој

29и подари ми го за помошник од семејството мое

30Харун, братот мој

31засили ме со него

32и направи го содружник во задачата моја

33за многу да Те фалиме

34и за многу да Те спомнуваме

35Ти, навистина, знаеш за нас.“

36Удоволено ѝ е на молбата твоја, о Муса, - рече Тој

37а ти ја укажавме милоста Своја уште еднаш

38кога твојата мајка ја вдахнавме со тоа што само со вдахновение се стекнува

39„Стави го во сандак и пушти го в река, реката на брегот ќе го исфрли, па и Мојот и неговиот непријател ќе го прифати.“ И врз тебе ја разлеав љубовта Моја и да растеш под окото Мое

40Кога сестра ти отиде и рече: „Сакате ли јас да ви ја покажам таа што за него ќесе грижи?“ Ние намајка ти те вративме за да серадуваиповеќе да не тагува. А ти уби еден човек, па Ние од грижата те ослободивме и со разни неволји те искушавме, па те спасивме. И ти со години остана меѓу жителите на Медјен, потоа, о, Муса, во одредено време дојде

41и Јас за Себе те избрав

42Одете ти и твојот брат, со доказите Мои, и нека не ви ослабне сеќавањето на Мене

43Одете кај фараонот, тој навистина се возгордеа

44па со благи зборови говорете му, за да размисли или за да се заплаши

45„Господару наш,“ - рекоа тие - „се плашиме да не нè стави веднаш на маки или секоја мерка на злото да не ја премине.“

46Не плашете се! - рече Тој - Јас Сум со вас, Јас сè слушам и гледам

47Одете кај него и кажете: „Ние сме Пратеници од Господарот твој, пушти ги синовите Израилови да одат со нас и немој да ги мачиш! Ти донесовме доказ од Господарот твој, нека живее во мир тој што Вистинскиот пат го следи

48Нам ни се објавува дека казната сигурно ќе го стигне оној којшто нема да поверува и главата ќе ја сврти.“

49„Па кој е Господарот ваш, о, Муса?“ - запраша фараонот

50„Господарот наш е Тој што му даде облик на сè, а потоа го упати.“

51„А што е со дамнешните народи?“ - запраша тој

52„Знаењето за нив е кај Господарот мој, во Книгата!“ - рече Муса. „На Господарот мој ништо не Му е скриено и Тој не заборава.“

53Тој што за вас Земјата постела ја направи и низ неа патишта направи, и Тој од небото спушта дожд, па Ние даваме со нејзина помош во парови да никнуваат разновидни растенија

54Јадете и пасете го добитокот ваш! Тоа се докази за тие што имаат памет

55Од земјата ве создаваме и во неа ве враќаме и од неа по вторпат ќе ве изведеме

56Ние на фараонот сите докази му ги покажавме, но тој сепак негираше и одби да поверува

57„Зарем дојде сопомошна својата магија одземјата наша да нè изнесеш, о, Муса?“ - запраша (фараонот)

58„И ние тебе магија слична на оваа, навистина, ќе ти подготвиме! Закажи ни средба до која и ние и ти ќе се придржуваме, така како што ни одговара и нам и тебе!“

59„Средбата нека биде на денот на вашиот празник,“ - рече Муса - „и народот од изутрина нека се собере.“

60И Фараонот отиде, ги собра маѓепсниците свои и потоа дојде

61„Тешко вам!“ - рече Муса. „Не изнесувајте лаги за Аллах, па Тој со казната да ве уништи, а сигурно нема да успее тој што изнесува лаги.“

62И тие, шепотејќи тивко, започнаа за својата работа помеѓу себе да расправаат

63„Овие двајца се маѓепсници!“ - им рекоа едните на другите. „Сакаат со магиите свои од земјата ваша да ве изведат и да ја уништат вашата преубава вера

64затоа лукавството свое паметно подгответе го, а потоа застанете во ред. Кој ќе победи денес, сигурно ќе го постигне тоа што го сака.“

65„О, Муса,“ - рекоа тие - „сакаш ли ти, или ние да фрламе?“

66„Фрлете вие!“ - рече тој, и одеднаш му се пристори дека јажињата нивни и стаповите нивни, поради магијата нивна, се движат

67И Муса во себе почувствува страв

68„Не плаши се!“ - рековме Ние. „Ти навистина ќе победиш

69Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само магија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди“

70И маѓепсниците се поклонија со лицата до земја, велејќи: „Ние веруваме во Господарот на Харун и на Муса!“

71„Вие му поверувавте,“ - викна фараонот - „пред јас да ви допуштам! Тој е вашиот учител, тој ве научи на магија и јас сигурно ќе ви ги исечам вкрстено рацетеваши инозетеваши, ипостеблатанапалмите ќе ве распнам, и сигурно ќе знаете кој е пострашен и поистраен во мачењето од нас.“

72„Ние нема да те ставиме тебе над јасните докази кои ни дојдоа и над Тој што нè создаде,“ - одговорија тие - „па прави што сакаш, тоа можеш да го правиш само во животот на овој свет

73Ние веруваме во нашиот Господар за гревовите наши да ни ги прости и магиите на коишто ти нè принуди. А Аллах е подобар и трајно наградува!“

74Тој што пред Господарот свој како злосторник ќе дојде, го чека џехеннем; во него нема ни да умре ни да живее

75а тие што пред Него како верници ќе дојдат, кои правеле добри дела, нив високи степени ги чекаат

76еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив тие вечно ќе останат, и тоа ќе биде награда за тие што од гревовите ќе се исчистат

77И Ние му објавивме на Муса: „Изведи ги ноќе робовите Мои и со нив по сувиот пат низ морето пројде, не стравувајќи дека тоа ќе те стигне и не плашејќи се дека ќе се удавиш

78А фараонот по нив со војските свои тргна, па ги поклопи од морето тоа што ги поклопи

79И фараонот народот свој во заблуда го доведе, а на Вистинскиот пат не го изведе

80О, синови Израилови, Ние од непријателот ваш ве спасивме, и вам од десната страна на Тур место за средба ви одредивме и мана и потполошки ви праќавме

81Јадете ги вкусните јадења со кои ве снабдивме и немојте со тоа да се возгордејувате за да не ве снајде гневот Мој; а кого ќе го снајде гневот Мој – настрадал

82Јас сигурно ќе му простам на тој што ќе се покае и ќе поверува, и добри дела ќе прави, и кој потоа на Вистинскиот пат ќе истрае

83„А зошто пред народот свој побрза, о, Муса?“

84„Еве, одат по мене,“ - одговори тој - „а побрзав кон Тебе, Господару мој, за да бидеш задоволен.“

85„Ние народот твој, по твоето заминување, воискушение гоставивме,“ - рече Тој - „и нив ги заведе Самирија.“

86И Муса му се врати на народот свој, гневен и тажен. „О, народе мој,“ - рече- „зарем Господарот ваш не даде убаво ветување? Зарем времето ви се одолжи или сакате да ве стигне гневот на Господарот ваш, па затоа не се држевте до ветувањето кое ми го дадовте?!“

87„Ние не го прекршивме своеволно ветувањето кое го дадовме.“ - одговорија. „Бевме натоварени со тешкотии, со народниот накит, па тоа го испофрлавме.“ А истото тоа го направи и Самирија

88па излеа теле кое даваше глас како да мука, и потоа тие рекоа: „Ова е вашиот бог и Мусаовиот бог, кого тој (Муса) го заборави.“

89Зарем тие не видоа дека тоа ни со зборови не им одговара, и дека од нив не може никаква неволја да оттргне ниту може каква било корист да им придобие

90А ним Харун уште претходно им зборуваше: „О, народе мој, вие со него сте само на искушение ставени. Ваш Господар е Семилосниот, затоа следете ме мене и слушајте ја наредбата моја!“

91„Ние ќе го обожуваме сè додека не ни се врати Муса“ - рекоа тие

92„О, Харуне!“ - повика Муса. „Што те спречи, кога виде дека заталкаа

93по мене да не дојдеш? Зошто наредбата моја не ја послуша?“

94„О, сине на мојата мајка“ - рече Харун - „не фаќај ме за мојата брада и коса! Јас се плашев ти да не кажеш: ,Меѓу синовите Израилови раскол посеа и не постапи така како што ти кажав.‘“

95„А што сакаше ти, о Самирија?“ - запраша Муса

96„Јас го видов тоа што тие не го видоа,“ - одговори тој - „па грст земја од трагата на Гласникот168 зедов и фрлив, и ете, така тоа ми ја разубави мојата душа.“

97„Е, тогаш, губи се!“ - рече Муса. „Целиот свој живот ќе велиш: ,Нема допирање!‘169 - а те чека уште и одредениот Час кој нема да те одмине. Погледни го само овој твој ,бог‘ на кого во обожувањето приврзан му беше: ние сигурно ќе го запалиме и по морето правта ќе му ја растуриме

98Вашиот боге Аллах, друг богосвен Него нема! Тој со знаењето опфаќа сè.“

99И така, ете, ти кажуваме некои вести за тоа што веќе поминало и ти дадовме Опомена170 од Нас

100Кој од неа ќе се сврти, на Судниот ден навистина тежок терет ќе понесе

101вечно така ќе остане, а на Судниот ден товарот морничав ќе им биде

102На Денот кога во рогот ќе се дувне, тој Ден злосторниците модри ќе ги собереме

103и еден со друг тивко ќе зборуваат: „Не останавте повеќе од десет дена.“

104Ние добро знаеме за што тие ќе зборуваат, кога најпроникливиот од нив ќе рече: „Останавте само еден ден.“

105А те прашуваат за планините, па ти кажи: „Господарот мој во прав ќе ги стори и ќе ги расее

106а местата на кои беа, рамни ледини ќе ги остави

107ни вдлабнатини ни височинки на Земјата нема да видиш

108Тој ден тие на гласникот ќе му се одѕвијат, од кого отстапување нема и пред Семилосниот гласовите ќе стивнат и ти ќе чуеш само шепот

109Тој ден ќе биде од корист само заземањето на тој на кого Семилосниот ќе му дозволи и со чиишто зборови е задоволен

110Тој знае што правеле и што ги чека, а тие со знаењето не можат Него да Го опфатат

111Лицата ќе Му се покорат на Живиот и Вечниот, тој што здруженици Му припишувал, секаква надеж ќе изгуби

112а тој што правел добри дела, а бил верник, нема да се плаши од неправда, ни од скратување на наградата

113И, ете, така Ние Куранот на арапски јазик го објавуваме и во него заканите ги повторуваме за тие гревовите да ги избегнуваат или на послушност да ги поттикне

114Нека е возвишен Аллах, Владетелот Вистински! И не брзај со рецитирањето на Куранот пред да ти се заврши објавувањето негово, и кажи: „Господару мој, Ти знаењето мое зголеми го!“

115А Адем уште претходно го обврзавме, па тој заборави и не најдовме кај него одлучност

116А кога на мелеците им рековме: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ - сите се поклонија на сеџда, само Иблис не сакаше

117„О, Адеме!“ - рековме. „Овој е навистина непријател твој и на твојата жена, затоа немој никако да дозволиш тој да ве изведе од џеннетот, па потоа да се мачиш

118Во него нема да огладниш, ниту гол да бидеш

119во него нема ниту да ожедниш, ниту жештина да почувствуваш

120А шејтанот почна да му бае и да му зборува: „О, Адеме, сакаш ли да ти го покажам дрвото на бесмртноста и царството кое нема да исчезне?“

121И тие двајцата171 каснаа од него и им се укажаа срамните места нивни, па почнаа по нив лисје џеннетско да ставаат. Така Адем не го послуша Господарот свој и заталка од патот

122Потоа Господарот негов избран го направи, па му прости и на Вистинскиот пат го упати

123„Излегувајте од него сите,“ - рече Тој - „едни на други непријатели ќе бидете! Од Мене упатство ќе ви доаѓа, и тој што ќе го следи Моето Упатство нема да заталка и нема несреќен да биде

124А тој што ќе се заврти од Опомената Моја, тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме.“

125„Господару мој,“ - ќе рече - „зошто слеп ме оживеа кога имав вид?“

126„Еве зошто.“ - ќе рече Тој. „Доказите наши ти доаѓаа, но ти ги забораваше, па и ти денес исто така ќе бидеш заборавен.“

127И така Ние ќе ги казниме сите тие кои на страстите премногу им се оддаваат и во доказите на Господарот свој не веруваат. А страдањето на оној свет, навистина, ќе биде пострашно и вечно

128Зарем на нив не им е познато колку народи пред нив уништивме, на тие по чии живеалишта тие одат! Тоа се, навистина, докази за паметните луѓе

129И да не се претходно изговорените зборови од Господарот твој, казната веќе ќе им беше неминовна

130Затоа истрпи ги нивните зборови и Господарот свој слави Го, заблагодарувајќи Му, пред излегувањето на Сонцето и пред заоѓањето негово, и слави Го во ноќните часови, и на крајот од денот, за да бидеш задоволен

131И никако не гледај долго во убавините на овој свет кој Ние како уживање на разните видови неверници им ги пружаме, за со тоа на искушение да ги ставиме, но снабдувањето на Господарот твој е подобро и вечно

132Нареди му на семејството свое да го извршува намазот (молитвата) и истрај во тоа! Ние не бараме од тебе снабдување, Ние тебе те снабдуваме! А само тие кои од Аллах ќе стравуваат и кои од гревовите ќе се чуваат ги чека убава завршница

133Тие172 велат: „Зошто не ни донесе некакво чудо од Господарот свој?“ А зарем не им доаѓа објаснување за тоа што го има во листовите173 дамнешни

134А да ги уништевме пред него174 со некаква казна, сигурно ќе кажеа: „Господару наш, зошто не ни испрати Пратеник за зборовите Твои да ги следевме пред уништени и засрамени да станеме.“

135Кажи: „Секој очекува, па чекајте и вие, а сигурно ќе дознаете кои беа следбениците на Исправниот пат175 и кој бил упатен.“

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath