Исламот
назад

9. Ет-Тавба

1Известување од Аллах и од Неговиот Пратеник за многубошците со кои сте склучиле договори

2„Патувајте по светот уште четири месеци, но знајте дека на Аллах нема да Му избегате, и дека Аллах ќе ги посрамоти неверниците!“

3И проглас од Аллах и од Неговиот Пратеник до луѓето на денот на Големиот аџилак: „Аллах и Неговиот Пратеник немаат ништо со многубошците!“ Па ако се покаете, тоа е подобро за вас, а ако се завртите, знајте дека нема да Му избегате на Аллах! А неверниците израдувај ги со неподнослива казна

4Со многубошците со кои имате склучено договори кои тие во ништо не ги нарушиле, ниту некого против вас помогнале, исполнете ги договорите до договорениот рок. Аллах навистина ги сака богобојазните

5Кога ќе поминат светите месеци, тогаш убивајте ги многубошците каде и да ги најдете, заробувајте ги, опсадете ги и на секој премин дочекувајте ги! Па ако се покајат и почнат намазот (молитвата) да го извршуваат и зекат да даваат, оставете ги на мира, бидејќи Аллах навистина простува и Милостив е

6Ако некој од многубошците те замоли за заштита, ти заштити го за да ги чуе Аллаховите зборови, а потоа испрати го на безбедно место за него, затоа што тие припаѓаат на народот кој не знае

7КакомногубошцитеможатдаимаатдоговорсоАллахисоПратеникот Негов?! Можат да имаат само тие сокои склучивте договор кај Светиот Храм, сè додека тие се придржуваат до договорот, придржувајте се и вие, бидејќи Аллах навистина ги сака богобојазните

8Како, кога тие, доколку би ве победиле, не би почитувале ни сродство ни договор кога сте вие во прашање?! Тие со устите свои ви се умилкуваат, но срцата им се спротивставуваат, повеќето од нив се неверници

9Тие Аллаховите зборови за евтина цена ги продаваат, па од патот Негов одвраќаат; навистина лошо постапуваат

10Ни сродство ни договор, кога е верникот во прашање, не почитуваат, и сите граници на злото ги пречекоруваат

11Но, ако се покајат и почнат намазот (молитвата) да го извршуваат и зекат да даваат, браќа ви се по вера. А Ние доказите им ги објаснуваме на луѓето кои знаат

12А ако ги прекршат заклетвите свои, по склучувањето на договорот со нив, и ако верата ваша ја навредуваат, тогаш борете се против водачите набезверието за да престанат, аза нив навистина непостојат заклетви

13Зарем нема да се борите против луѓето кои заклетвите свои ги прекршија и настојуваа да го протераат Пратеникот и први ве нападнаа? Зарем се плашите од нив? Побитно е од Аллах да се плашите, ако сте верници

14Борете се против нив! Аллах со рацете ваши ќе ги казни и ќе ги понижи, а вас против нив ќе ве помогне, и градите на верниците ќе ги залечи

15и од срцата нивни грижата ќе ја отстрани. А Аллах на кого сака ќе му прости. Аллах знае сè и Мудар е

16Зарем мислите дека ќе бидете оставени, а Аллах да не укаже на тие меѓу вас кои се борат и кои, освен Аллах и Пратеникот Негов и верниците, никого за близок пријател не земаат? А Аллах добро го знае тоа што го правите

17Многубошците не се достојни Аллаховите џамии да ги одржуваат, кога, дека се неверници, самите признаваат. Делата нивни ќе се поништат и во Огнот вечно ќе останат

18Аллаховите џамии ги одржуваат тие кои во Аллах и во оној свет веруваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои од никого, освен од Аллах, не се плашат; тие се, со надеж, на Вистинскиот пат

19Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува и кој на Аллаховиот пат се бори? Тие не се еднакви пред Аллах. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на тие што самите си прават неправда

20Поголема чест кај Аллах имаат тие кои веруваат, и кои се иселуваат, и кои се борат на Аллаховиот пат заложувајќи ги имотите свои и животите свои; тие ќе го постигнат тоа што го сакаат

21Господарот нивен им испраќа радосни вести дека милостив и благонаклонет ќе им биде и дека во џеннетските градини ќе ги внесе, во кои непрекинато ќе уживаат

22вечно и засекогаш во нив ќе останат. Навистина, кај Аллах наградата е голема

23О, верници, не пријателувајте ни со татковците ваши ни со браќата ваши, ако повеќе го сакаат неверувањето од верувањето. Кој од вас со нив ќе пријателува, тој навистина кон себеси направил грев

24Кажи: „Ако татковците ваши, и синовите ваши, и браќата ваши, и сопругите ваши, и родот ваш, и имотите ваши кои сте ги стекнале, и трговската роба за која стравувате дека нема да се продаде, и куќите ваши во кои пријатно се чувствувате, ви се помили од Аллах и од Неговиот Пратеник, и од борбата на Неговиот пат, тогаш почекајте додека Аллах Својата одлука не ја донесе. А Аллах на грешниците нема да им укаже на Вистинскиот пат!“

25Аллах на многу боишта ви помогна, а и тој ден на Хунејн кога мноштвото ваше ве занесе, но тоа не ви беше од никаква корист, туку земјата, колку и да беше пространа, тесна ви стана, па се дадовте во бегство

26Потоа Аллах на Пратеникот Свој и на верниците спокојството Свое им го спушти, и војски кои вие не ги видовте испрати, и тие што не веруваа на маки ги стави, и тоа беше казна за неверниците

27Аллах, потоа, накогосакаше му прости, а Аллах простува и Милостив е

28О. верници, многубошците се нечисти119, и нека не доаѓаат повеќе на аџилак во Светиот Храм по овогодишниот аџилак. А ако се плашите од сиромаштија, па Аллах, ако сака, од изобилството Свое, богати ќе ве направи. Аллах навистина знае сè и Мудар е

29Борете се против тие на кои им е дадена Книгата, а кои не веруваат ниту во Аллах ниту во оној свет, не го сметаат за забрането тоа што Аллах и Неговиот Пратеник го забрануваат и не ја исповедаат вистинската вера, сè додека не дадат главарина послушно и понизно

30Евреите велат: „Узејр120 е Божји син.“, а христијаните велат: „Исус е Божји син.“ Тоа се зборовите нивни, од устите нивни, ги имитираат зборовите на неверниците претходни - Аллах да ги убие! Каде се одметнуваат

31Тие, покрај Аллах, за божества ги сметаат свештениците свои, и монасите свои и Месих, синот Мерјемин, а наредено им е само еден Бог да обожуваат - нема друг бог освен Него. Тој е многу високо над тие кои Нему за рамни Му ги припишуваат

32Тие сакаат со устите свои да го згаснат Аллаховото светло, а Аллах сака да го направи видливо светлото Свое, дури и да не им е по волја на неверниците

33Тој го прати Пратеникот Свој со упатството и вистинската вера, за да ја издигне над сите вери, дури и да не им е по волја на многубошците

34О, верници, многу свештеници и монаси, навистина, на недозволен начин туѓите имоти ги трошат и од Аллаховиот пат одвраќаат. На тие кои златото и среброто го збираат и на Аллаховиот пат не го трошат, најави им болно страдание

35На Денот кога тоа (златото и среброто) во огнот џехенемски ќе се усвити, па со него челата нивни и слабините нивни и грбовите нивни ќе се жигосаат: „Ова е тоа што за себе го натрупувавте; искусете ја тогаш казната за тоа што го збиравте!“

36Бројот на месеците кај Аллах е дванаесет, според Аллаховата Книга, од денот кога ги создаде небесата и Земјата, а четири се свети; тоа е вистинската вера! Во нив не грешете! А борете се против многубошците, како што сите тие се борат против вас; и знајте дека Аллах е на страната на тие што се плашат од Аллах и се чуваат од гревовите

37Со преместување на светите месеци само се зголемува неверувањето, со што неверниците се доведуваат во заблуда; една година го прогласуваат како обичен, а другата година го прогласуваат за свет, за да го исполнат бројот на месеците кои Аллах ги направил свети.121 Нивните лоши постапки им се претставени како добри. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на тие што не сакаат да веруваат

38О, верници, зошто некои се колебаа кога ви беше речено: „Тргнете во борба на Аллаховиот пат!“ - како да сте за земја приковани?122 Зарем ви е помил животот на овој свет од оној свет? А уживањето на овој свет спрема оној свет не е ништо

39Ако не одите во бој, Тој на неподносливи маки ќе ве стави и со друг народ ќе ве замени, а вие нема ни малку да Му наштетите. А Аллах може сè

40Ако вие не му помогнете, па Аллах му помогна тогаш кога тие што не веруваа го присилија да си оди, кога со него беше само другарот123 негов, кога тие двајца беавопештерата124 икогатој муречена другарот свој: „Не грижи се, Аллах е со нас!“ па Аллах го спушти спокојството Свое на него и му помогна со војската која вие не ја видовте и стори зборот на неверниците да биде долен, а Аллаховата Реч, таа е - горна. Аллах е Силен и Мудар

41Тргнувајте во бој, било слаби или силни, и борете се на Аллаховиот пат заложувајќи ги имотите свои и животите свои! Тоа ви е, да знаете, подобро

42Да се работеше за плен на дофат на раката и за не толку далечен поход, лицемерите ќе те следеа, но патот им изгледаше далек. И тие ќе се колнеа во Аллах: „Да можевме, навистина со вас ќе тргневме.“, и така се упропастија самите себе, а Аллах знае дека тие се лажливци

43Нека ти прости Аллах што дозволи да изостанат, додека не се увери кои од нив ја зборуваат вистината, а кои лажат

44Тие што веруваат во Аллах и во оној свет нема да бараат дозвола од тебе да не се борат заложувајќи ги имотите свои и животите свои. А Аллах добро ги знае тие што се побожни

45Од тебе ќе бараат дозвола само тие што не веруваат во Аллах и во оној свет и чии срца се колебаат, па се сомневаат и неодлучни се

46Да имаа намера да појдат, сигурно за тоа ќе го подготвеа тоа што е потребно, но на Аллах не му беше по волја да одат, па ги задржа, и им беше речено: „Седете со тие што седат!“

47Да појдеа со вас, само раздорот меѓу вас ќе го зголемеа и брзо меѓу вас безредие ќе вметнеа, а меѓу вас има и такви кои со задоволство ги слушаат. А Аллах ги знае неправедниците

48Тие и претходно безредие посакуваа и замки ти смислуваа, сè додека, наспроти нив, вистината победи и Аллаховата вера завладеа

49Има и такви кои велат: „Дозволи ми и не доведувај ме во искушение!“ Ете, токму во искушение паднаа! А неверниците сигурно нема да му избегнат на џехеннемот

50Ако те снајде добрина, тоа ги огорчува; а кога ќе те погоди несреќа, велат: „Ние и претходно бевме претпазливи.“, и заминуваат весели

51Кажи: „Ќе ни се случи само тоа што Аллах ќе ни го одреди, Тој е нашиот Господар.“ И верниците само на Аллах нека се надеваат

52Кажи: „Очекувате ли за нас нешто друго освен едно од двете добра? А ние очекуваме Аллах, самиот или преку рацете наши, да ве казни. Па исчекувајте, и ние со вас ќе чекаме.“

53Кажи: „Трошеле милум или силум, од вас нема да се прими, бидејќи вие сте лош народ.“

54Прилозите нивни нема да бидат примени затоа што во Аллах и во Неговиот Пратеник не веруваат, бидејќи мрзеливо намазот (молитвата) го извршуваат и што без волја даваат

55Нека не те одушевуваат имотите нивни, а ни децата нивни! Аллах сака со нив да ги казни на овој свет и душите да им излезат додека се неверници

56Тие се колнат во Аллах дека навистина се ваши, а тие не се со вас, туку се плашлив народ

57Кога би нашле некое засолниште или некоја пештера или пак некаква јама, тие натаму со трчање би поитале

58Има и такви што ти приговараат поради распределбата на зекатот. Ако од него им се даде, задоволни се, а ако не им се даде, веднаш се разгневуваат

59А би требало да се задоволат со тоа што ќе им го даде Аллах и Пратеникот Негов и да кажат: „Доволен ни е Аллах, Аллах ќе ни даде од изобилството Свое, а и Пратеникот Негов, ние само кон Аллах копнееме.“

60Зекатот им припаѓа само на сиромашните ина тие што имаат потреба, и на тие што го собираат, и на тие чиишто срца треба да се придобијат, и за откуп од ропство, и на презадолжените, и за цели на Аллаховиот пат и за патникот. Аллах така одредил! А Аллах сè знае и Мудар е

61Има и такви што го навредуваат Веровесникот, велејќи: „Тој верува што и да чуе!“ Кажи: „Тој го слуша тоа што е добро, верува во Аллах и им верува на верниците, и претставува милост за тие од вас кои веруваат.“ А тие што го навредуваат Аллаховиот Пратеник ги чека неиздржливо страдање

62Ви се колнат во Аллах дека ќе ве задоволат, а поважно им е Аллах и Неговиот Пратеник да ги задоволат, ако се верници

63Зарем тие не знаат дека тој што им се спротивставува на Аллах и на Пратеникот Негов го чека огнот џехеннемски, во кој вечно ќе остане? Тоа е големо понижување

64Лицемерите се плашат да не им се објави на верниците поглавје кое би им го открило тоа што е во срцата на лицемерите. Кажи: „Само вие потсмевајте се, Аллах навистина на виделина ќе го изнесе тоа од што се плашите.“

65А ако ги запрашаш, тие сигурно ќе кажат: „Ние само разговаравме исе забавувавме.“ Кажи: „Зарем не Му се потсмевавте на Аллах, и на зборовите Негови, и на Пратеникот Негов?“

66Не извинувајте се! Јасно е дека сте неверници, а тврдевте дека сте верници. Ако на некого од вас му простиме, другите ќе ги казниме затоа што се виновници

67Лицемерите и лицемерките слични се едни со други: Бараат да се прават лоши дела, а од добрите одвраќаат, и рацете им се стиснати, Го забораваат Аллах, па и Тој нив ги заборави. Лицемерите се навистина вистински неверници

68На лицемерите и лицемерките и на неверниците Аллах им го вети џехеннемскиот оган, вечно во него ќе останат, доволен ќе им биде тој! Аллах ги проколна, и нив ги чека постојано страдање

69Вие сте како и тие пред вас! Тие посилни од вас беа и повеќе богатство и деца имаа, и сладок живот живееја, а и вие сладок живот живеете исто како што тие пред вас живееја, и вие се впуштате во лошотилаци како што и тие се впуштаа. Тоа се тие чии дела ќе бидат поништени и на овој и на оној свет, и тие се губитници

70Зарем не допре до нив веста за тие пред нив: за народот Нухов и за Ад, и за Семуд, и за народот Ибрахимов, и за жителите на Медјен, и за тие чии населби се превртени? Пратениците нивни јасни докази им носеа и Аллах не им стори никаква неправда, туку тие самите себеси си ја нанесоа

71А верниците и верничките се пријатели едни со други: Бараат да се прават добри дела, а од лошите одвраќаат, и намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат, и им се покоруваат на Аллах и на Пратеникот Негов. Тоа се тие на кои Аллах сигурно ќе им се смилува. Аллах е навистина Силен и Мудар

72Аллах им ветува на верниците и верничките џеннетски градини низ кои реки ќе течат, во кои вечно ќе престојуваат, и прекрасни дворци во градините на Адн. А Аллаховото задоволство е поголемо од сето тоа: тоа, навистина, голем успех ќе биде

73О, Веровеснику, бори се против неверниците и лицемерите и биди строг кон нив! Џехеннемот ќе биде нивно живеалиште, а тоа е грозно престојувалиште

74Лицемерите се колнат во Аллах дека не зборувале, а сигурно говореа невернички зборови и покажуваа дека се неверници, откако исламот јавно го примија, и сакаа да го сторат тоа во што не успеаја. А приговараат само затоа што Аллах, од изобилството Свое, и Пратеникот Негов, ги направија богати. Па ако се покајат, ќе им биде добро; а ако главите ги свртат, Аллах и на овој и на оној свет на маки неподносливи ќе ги стави, а на Земјата ниту заштитник ниту помагач нема да имаат

75Има и такви што се обврзаа кон Аллах: „Ако од изобилството Свое ни даде, навистина ќе даваме зекат и милостина, и ќе бидеме, навистина добри!“

76А кога Тој им даде од изобилството Свое, тие за тоа скржави станаа и грбот го завртија, а тие и онака главите ги вртат

77И Тој им надоврза лицемерство на тоа во срцата нивни сè до денот кога пред Него ќе застанат, затоа што не се придржуваат кон тоа што на Аллах Му го ветија и затоа што постојано лажат

78Зарем тие не знаат дека Аллах го знае тоа што тие во себе го кријат и тоа што си го шепотат и дека Аллах е зналец на сè што е скриено

79Тие што верниците ги озборуваат затоа што зекат и садака даваат, а им се исмејуваат и на тие што со мака ги даваат, Аллах ќе ги казни за исмејувањето нивно, и нив ги чека неподносливо страдање

80Молел ти прошка за нив или не молел, дури и седумдесет пати да молиш, Аллах нема да им прости затоа што во Аллах и Неговиот Пратеник не веруваат. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на грешниците

81Тие што заостанаа зад Аллаховиот Пратеник се веселеа во куќите свои – мака им беше да се борат на Аллаховиот пат заложувајќи ги имотите свои и животите свои, и меѓусебно си велеа: „Не тргнувајте во бој на жештинава!“ Кажи: „Џехеннемскиот оган е уште пожежок!“ – кога тие само би знаеле

82Тие малку ќе се смеат, а долго ќе плачат, ќе биде тоа казна за тоа што го заработиле

83И ако Аллах повторно те врати на некои од нив, па те замолат да им дозволиш да појдат со тебе во бој, ти кажи им: „Никогаш со мене во бој нема да одите и никогаш со мене против непријателот нема да се борите! Бевте задоволни што изостанавте првиот пат, затоа останете со тие што и така не одат во бој.“

84И за никој од нив, кога ќе умре, немој да се молиш, ниту на погребот негов да присуствуваш, бидејќи тие во Аллах и во Неговиот Пратеник не веруваат и како неверници умираат

85Нека не те восхитуваат богатствата нивни и децата нивни! Аллах сака со нив да ги намачи на овој свет и душите да им излезат додека се неверници

86А кога е објавено поглавјето во Аллах да верувате и заедно со Пратеникот Негов да се борите, најбогатите од нив побараа одобрување од тебе и рекоа: „Остави нè да бидеме со тие што не одат во бој!“

87Се задоволуваат да бидат со тие што не одат во бој, срцата нивни се запечатени, па тие не сфаќаат

88Но, Пратеникот и тие што со него веруваат се борат заложувајќи ги имотите свои и животите свои. На нив ќе им припадне секое добро и тие тоа што го сакаат ќе го остварат

89Аллах им подготви џеннетски градини, низ кои реки ќе течат, во кои вечно ќе престојуваат. Тоа е голем успех

90Доаѓаа и некои бедуини кои се извинуваа и бараа дозвола да не одат, и така изостанаа тие што го лажеа Аллах и Неговиот Пратеник; а тешко страдање ќе ги погоди тие меѓу нив кои не веруваа

91Нема да им биде земено за грев на немоќните и на болните, и на тие што не можат да најдат средства за борба, само ако се искрени кон Аллах и кон Неговиот Пратеник. Нема причина нешто да им се приговара на тие што прават добри дела – а Аллах простува и Милостив е

92ниту на тие на кои им рече кога ти дојдоа да им дадеш животни за јавање: „Не можам да најдам за вас животни за јавање“, па се вратија со насолзени очи, тажни што не можат да ги купат

93А има причина да им се приговара на тие што од тебе бараат дозвола да изостанат, а богати се. Се задоволуваат да останат со тие што не одат во бој. Аллах нивните срца ги запечати, па тие не знаат

94Кога меѓу нив ќе се вратат, тие ќе ви се правдаат. Кажи: „Не правдајте се, бидејќи ние не ви веруваме, затоа што Аллах за вас нè извести. Аллах и Неговиот Пратеник ќе видат како ќе постапувате, потоа, вие ќе бидете повторно вратени кај Тој на Кого Муепознат иневидливиот и видливиот свет, па Тој ќе ве извести за Тоа што го правевте.“

95Кога меѓу нив ќе се вратите, ќе ви се колнат во Аллах, само за да се тргнете од нив, па тргнете се од нив бидејќи тие се нечисти и престојувалиштето нивно ќе биде џехеннемот како казна за тоа што го правеа

96Тие ви се колнат за да бидете задоволни од нив. Ако бидете задоволни од нив, Аллах сигурно не е задоволен со народот грешен

97Бедуините сенајголеми неверници инајлоши лицемери, иразбирливо е што не ги познаваат прописите кои Аллах му ги објавува на Својот Пратеник. А Аллах сè знае и Мудар е

98Има бедуини кои тоа што го даваат го сметаат за наметнато и едвај чекаат несреќа да ве стигне – нив нека ги погоди несреќа! А Аллах сè слуша и сè знае

99А има и бедуини кои веруваат во Аллах и во оној свет и кои сметаат дека тоа што го даваат е пат за да се приближат до Аллах и за да ги заслужат молитвите од Пратеникот за нив. Тоа им е, навистина, добро дело! Аллах, сигурно, со милоста Своја ќе ги облее, бидејќи Аллах простува и Милостив е

100Аллах езадоволен од првите муслимани, мухаџирите125 и енсариите126, и од сите тие кои ги следат правејќи добри дела. А и тие се задоволни од Него: Тој за нив подготви џеннетски градини низ кои реки ќе течат и тие вечно и за секогаш во нив ќе живеат. Тоа е голем успех

101Меѓу бедуините околу вас има лицемери, а има и меѓу жителите на Медина, кои во лицемерието се упорни – ти не ги познаваш, но Ние ги познаваме. Нив на двојни маки ќе ги ставиме, а потоа на големо страдање ќе бидат вратени

102А има и други кои гревовите свои ги признаа и кои добрите дела со други, кои се лоши, ги измешаа, на нив, може да биде, Аллах да им прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е

103Земи од добрата нивни зекат, со него да ги исчистиш и благословени да ги направиш, и помоли се за нив, молитвата твоја сигурно ќе ги смири. А Аллах сè слуша и сè знае

104Зарем тие не знаат дека само Аллах го прима покајанието од робовите Свои и дека само Тој ги прифаќа зекатот и милостината, и дека само Аллах е Тој што простува и дека Тој е Милостив

105Икажи:„Трудетесе!Аллахтрудотвашќеговиди,аиПратеникотНегов и верниците, и вие ќе бидете вратени кај Тој што го знае невидливиот и видливиот свет, па ќе ве извести за тоа што го правевте.“

106Има и други што се во неизвесност дали Аллах ќе ги казни или ќе им прости. А Аллах знае сè и Мудар е

107А тие што изградија џамија само за да нанесат штета, и неверувањето да го зајакнат, и раздор меѓу верниците внесат, подготвувајќи ја за тој што против Аллах и Неговиот Пратеник уште порано се бореше, сигурно ќе се колнат: „Ние го сакавме само најдоброто!“, а Аллах е сведок дека тие се вистински лажливци

108Ти во неа немој никогаш да се молиш! Џамија чиишто темели, уште од првиот ден, се поставени поради страв од Аллах, навистина повеќе заслужува во неа да се молиш.127 Во неа се луѓето кои сакаат често да се мијат, а Аллах ги сака тие што многу се чистат

109Дали е подобар тој што темелот на градбата своја го поставил поради страв од Аллах и поради Неговото задоволствo, или тој што темелот на зградата своја го поставил на работ на поткопаниот брег кој се навалил заедно со него во огнот џехеннемски да се сруши? А Аллах нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот кој самиот себеси неправда си прави

110Градбата којашто тие ја изградија постојано ќе внесува немир во срцата нивни, сè додека срцата не им пукнат! А Аллах знае сè и Мудар е

111Аллах од верниците ги купи животите нивни и имотите нивни во замена за џеннетот кој ќе им го даде. Тие на Аллаховиот пат ќе се борат, убивајќи и гинејќи! Тој тоа навистина им го ветил во Тевратот и во Инџилот и во Куранот. А кој од Аллах подоследно го исполнува ветувањето свое? Затоа радувајте се на спогодбата своја која со Него ја договоривте, и тоа е голем успех

112Тие се каат, и Него Го обожуваат, и Нему Му заблагодаруваат, и постат, и руку и сеџда извршуваат, и бараат да се прават добри дела, а од лошите одвраќаат и кон Аллаховите прописи се придржуваат. А верниците израдувај ги

113На Веровесникот и на верниците не им е дозволено да молат прошка за многубошците, дури и да им се најблизок род, кога им е јасно дека тие ќе бидат жители на џехеннемот

114А тоа што Ибрахим бараше прошка за својот татко, беше само заради ветувањето кое му го даде. А штом му стана јасно дека тој е Аллахов непријател, тој се откажа од него129. Ибрахим, навистина, многу Го молеше Аллах и беше благ

115Аллах нема да стори да заталка народот кој на Вистинскиот пат го упатил, пред да му го објасни тоа од што треба да се чува. Аллах, навистина, сè добро знае

116Аллахова е власта на небесата и на Земјата, Тој живот и смрт дава, ивие, освен Аллах, немате ниту заштитник ниту помагач

117Аллах му прости на Веровесникот, и на мухаџирите и на енсариите, кои во тешкиот час го следеа, во времето кога срцата на некои од нив за малку не се поколебаа: Тој потоа и на нив им прости, бидејќи Тој кон нив е Благ и Милостив

118А на тие троjца коишто изостанаа, и тоа дури кога земјата, колку и да беше пространа, тесна им стана, и кога им се стисна во душите нивни, кога увидоа дека нема прибежиште од Аллах туку само кај Него. Тој потоа и на нив им прости за и во иднина да се каат, бидејќи Аллах, навистина, го прима покајанието и Милостив е

119О, верници, плашете се од Аллах и бидете со искрените

120Не требаше жителите на Медина, ниту бедуините во нејзина близина, зад Аллаховиот Пратеник да изостанат и на својот живот да му дадат предност над неговиот живот, бидејќи нив нема да ги снајде ниту жед, ниту замор, ниту глад на Аллаховиот пат, ниту пак ќе стапат на некое место кое ќе ги налути неверниците, ниту некаква добивка над непријателите ќе остварат, а сето тоа да не им биде запишано како добро дело- Аллах навистина нема да допушти да пропадне наградата за тие што прават добрини

121и нема да дадат ниту еден прилог, ниту мал ниту голем, ниту некаква долина ќе преминат, а тоа да не им биде запишано, за да ги награди Аллах за тоа добро што го правеа

122Не треба сите верници да одат во бој! По неколкумина од нив од секоја заедница Нека се потрудат да се упатат во верските науки и нека го опоменуваат својот народ кога ќе се вратат, за да се плашат од Аллах

123О, верници, борете се против неверниците кои се во ваша близина и нека ја почувствуваат строгоста ваша! И знајте дека Аллах е на странатa на богобојазните

124А кога ќе биде објавенo некое поглавје, има такви што велат: „Кому од вас ова им го зголеми верувањето?“ Што се однесува до верниците, ним им го зголеми верувањето и тие се радуваат

125А што се однесува до тие чиишто срца се болни, тоа неверство им го додаде на неверството кое веќе го имаат, и тие умираат како неверници

126Зарем тие не гледаат дека секоја година еднаш или двапати воискушение паѓаат, и пак, ниту се каат ниту се опаметуваат

127А кога ќе биде објавено некое поглавје, само се загледуваат: „Дали некој ве гледа?“ – и потоа се оддалечуваат. Аллах срцата нивни ги скршна, затоа што се од луѓето што не сакаат да разберат

128Ви дојде Пратеник, еден од вас, тешко му е што на маки ќе паднете, едвај чека по Вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив

129А ако тие главите ги свртат, ти кажи: „Мене ми е доволен Аллах, нема бог освен Него; само на Него се потпирам, Тој е Господар на Аршот величествен!“

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath