Исламот
назад

8. Ал-Анфал

1Те прашуваат за пленот. Кажи: „Пленот им припаѓа на Аллах и на Пратеникот“. Затоа плашете се од Аллах и израмнете ги меѓусебните несогласувања, и покорувајте им се на Аллах и на Неговиот Пратеник, ако сте вистински верници

2Вистински верници се само тие чиишто срца со страв се исполнуваат кога Аллах се спомнува, а кога зборовите Негови им се кажуваат, верувањето им го зголемуваат и само на Господарот свој се потпираат

3тие што намазот (молитвата) го извршуваат и дел од тоа што Ние им го даваме го даваат

4Тие се навистина вистински верници! Нив почести и прошка и благородно изобилство кај Господарот нивен ги чекаат

5Така беше и тогаш кога Господарот твој со право од домот твој те изведе, а што на една група верници никако по волја не им беше

6Се расправаа со тебе за борбата, иако очигледно им беше дека ќе победат, на некои од нив им изгледаше како пред свои очи во смрт да се гонат

7И кога Аллах ви вети дека ваша ќе биде една од двете групи, а вие повеќе сакавте да ви падне в раце таа што не е вооружена, Аллах сакаше со зборовите Свои вистината да ја зацврсне и неверниците во корен да ги истреби

8вистината да ја зацврсне, а невистината да ја уништи, макар тоа не им било по волја на злосторниците

9И кога од Господарот свој помош побаравте, Тој ви се одѕва: „Ќе ви пратам на помош илјада мелеци кои едни по други ќе доаѓаат.“

10Аллах тоагостори за да ве израдува исотоа срцата ваши да се смират; а победата е само од Аллах. Аллах е навистина Силен и Мудар

11Кога Тој направи сонот, како спокојство од Него, да ве обземе и од небото дожд ви спушти за со него да ве исчисти, и од вас шејтановото вознемирување да го отстрани, и срцата ваши силни да ги направи и со него чекорите да ви ги зацврсти

12Кога Господарот твој им вдахна на мелеците: „Јас сум со вас, пазацврстете ги тие што веруваат! Во срцата на неверниците Јас страв ќе влеам, па вие по вратовите удрете ги и по прстите удрете ги!“

13Затоа што им се спротивставуваа на Аллах и на Пратеникот Негов; а тој штоќе им се спротивстави на Аллах ина Пратеникот Негов, Аллах навистина страшно ќе го казни

14Тоа ви е казната, па искусете ја, а неверниците ги чека страдање во огнот

15О, верници, кога со неверниците во борба ќе се судрите, а тие се многубројни, не вртете им грб

16тој што тогаш ќе им сврти грб, освен тој што ќе се повлече со намера пак да се бори или пак на друга чета да ѝ пристапи, ќе се врати натоварен со Аллаховиот грев; живеалиштето негово ќе биде џехеннемот, а тоа е ужасно престојувалиште

17Вие не ги убивавте нив, туку Аллах; и ти не фрли кога фрлаше, туку Аллах фрли, за да ги искуша верниците со убаво искушение. Аллах, навистина, сè слуша и сè знае

18Така беше тоа, а навистина Аллах е Тој што ги ослабнува интригите на неверниците

19Ако се молевте да победите, па ете, ви дојде „победата“! А подобро би ви било да се откажете! И ако повторно се вратите, Ние повторно ќе се вратиме и ни малку нема да ви користи таборот ваш, колку и да е многуброен, бидејќи Аллах е на страната на верниците

20О, верници, покорувајте им се на Аллах и на Неговиот Пратеник, и не напуштајте го, та вие слушате што говори тој

21и не бидете како тие што велат: „Слушаме!“ - а не слушаат

22Најлоши суштества кај Аллах се тие кои се глуви и неми, кои не сакаат да сфаќаат

23Да знае Аллах дека од нив може да има некакво добро, би направил да слушаат, а и да сторел да слушаат, тие повторно би се свртеле, бидејќи тие и така главите ги вртат

24О, верници, одѕвијте им се на Аллах и на Пратеникот кога од вас ќе побара да го сторите тоа што ве оживува; и знајте дека Аллах се вплеткува помеѓу човекот и срцето негово, и дека сите пред Него ќе се соберете

25И чувајте се од искушенијата кои нема да ги погоди само тие меѓу вас кои правеа насилство, и знајте дека Аллах страшно казнува

26И сетете се кога бевте малкумина, кога на Земјата бевте угнетени, се плашевте луѓето да не ве фатат, па Тој засолниште ви даде и со Својата помош ви помогна и со убаво снабдување ве снабди, за да бидете благодарни

27О, верници, Аллах и Пратеникот не лажете ги и свесно со аманетите не поигрувајте си

28и да знаете дека богатството ваше и децата ваши се само искушение и дека само кај Аллах наградата е голема

29О, верници, ако се плашите од Аллах, Тој ќе ви подари способност за разделување на вистината од невистината и преку лошите постапки ваши ќе премине и ќе ви прости. А Аллаховата добрина е неизмерна

30И кога неверниците замките ги поставуваа за да те фрлат во темница или за да те убијат или за да те прогонат; тие поставуваа замки, па и Аллах им поставуваше замки на нив, бидејќи Аллах тоа најдобро го умее

31Кога зборовите наши им се кажуваат, велат: „Веќе чуено! Да сакаме, и ние ќе кажеме нешто такво; тоа се само измислици на народите древни“

32А кога рекоа: „Боже, ако ова навистина е вистина од Тебе, Ти прати врз нас камења од небото во вид на дожд или прати ни некое неподносливо страдание!“

33Аллах не ги казни бидејќи ти беше меѓу нив; и Аллах нема да ги казни сè додека некои од нив сè уште молат да им се прости

34А заслужуваат Аллах да ги казни кога им забрануваат пристап на другите во Светиот Храм, а тие не се негови чувари. Чувари негови треба да бидат само тие што се богобојазни, но мноштвото од нив не знае

35Молитвата нивна покрај Каба се сведува само на свиркање и ракоплескање; затоа, искусете ја казната бидејќи не верувате

36Тие што не веруваат ги трошат имотите свои за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Тие сигурно ќе ги потрошат, потоа заради тоа ќе жалат и на крајот победени ќе бидат. А тие што нема да веруваат, во џехеннемот ќе бидат ставени

37за добрите од лошите Аллах да ги одвои, и лошите едни над други за да ги наталожи, и потоа сите во еден куп да ги збие и во џехеннемот да ги фрли! Тие навистина ќе бидат изгубени

38Кажи им на тие што не веруваат: ако престанат, ќе им биде простено тоа што било претходно; но ако не престанат, па се знае што се случи со древните народи

39И борете се против нив сè додека многубоштвото не исчезне и сè додека Аллаховата вера не остане. А ако престанат, Аллах добро гледа што прават тие

40а ако ги свртат грбовите свои, знајте дека Аллах е ваш заштитник, а Тој е прекрасен заштитник и Тој е прекрасен помагач

41И знајте дека од сè што ќе заплените за време на борба една петтина им припаѓа на Аллах и на Пратеникот, и на роднините негови, и на сирачињата, ина сиромашните, инапатниците, аковерувате во Аллах и во тоа што го објавивме на робот Наш на денот на одвојувањето на вистината од невистината, на денот кога се судрија двете војски, а Аллах може сè

42кога вие бевте во поблиската долина, а тие во поодалечената долина, а караванот подолуодвас. И да седоговаравте, немаше да седоговорите за времето на борбата, но таа се случи за Аллах да даде да се исполни тоа што мораше да се случи, неверникот да остане неверник по очигледниот доказ и верникот да остане верник по очигледниот доказ, а Аллах навистина сè слуша и сè знае

43Кога Аллах во сон ти покажа дека нив ги има малку; а да ти покажеше дека се многу вие моралот ќе го изгубевте и за бојот ќе се расправавте, но Аллах ви го покажа спасот. Тој добро ги знае мислите сечии

44А кога се судривте, Тој во очите ваши ви ги прикажа во мал број, а и вас во очите нивни исто така во мал број, за Аллах да даде да се исполни тоа што мораше да се случи, а сè се враќа кон Аллах

45О, верници, кога ќе се судрите со каква било чета, бидете смели и непрестајно Аллах спомнувајте Го, за да го постигнете тоа што го сакате

46и покорувајте им се на Аллах и на Пратеникот Негов и не расправајте се за да не потклекнете и без борбениот дух да останете; и бидете издржливи, бидејќи Аллах е навистина на страна на издржливите

47И не бидете како тие кои за да му се покажат на светот, наметливо од градот свој излегоа за од Аллаховиот пат да одвраќаат. А Аллах добро знае што прават тие

48И кога шејтанот како убави им ги претстави нивните постапки и им рече: „Никој неможеденес да вепобеди и јас сумвашиот заштитник!“, тогаш тој, кога се судрија двете противнички групи, се повлече назад, и рече: „Јас немам ништо со вас, јас го гледам тоа што вие не можете да го видите, и јас се плашам од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува!“

49кога лицемерите и тие чиишто срца се болни велеа: „Нив ги заведе верата нивна!“ А тој што на Аллах ќе се потпре, па Аллах е навистина Силен и Мудар

50А да видеше само кога мелеците на неверниците душата им ја земаа и по лицата нивни и одназад ги удираа: „Вкусете го страданието во огнот!“

51Тоа е за тоа што го подготвивте со рацете свои, бидејќи Аллах не е неправеден спрема робовите Свои

52Така беше и со фараоновите луѓе и со тие пред нив: во Аллаховите докази не веруваа, па Аллах, поради гревовите нивни ги казни. Аллах, навистина, е моќен и страшно казнува

53Тоа е затоа што Аллах нема да го лиши од благосостојба народот на кого Тој веќе им ја подарил, сè додека тој (народот) самиот не се промени. А Аллах сè слуша и сè знае

54Така беше и со фараоновите луѓе и со тие пред нив: доказите на Господарот свој не ги признаваа, па Ние, поради гревовите нивни, ги уништивме, а фараоновите луѓе ги потопивме, сите тие беа неверници

55Најлоши суштества кај Аллах се тие што негираат, тие што не сакаат да веруваат

56тие со коишто ти склопуваш договори, па тие секој пат, не плашејќи се од Аллах, го кршат договорот свој

57Ако во борбата се судриш со нив, казни ги така што поради нив да се разбегаат тие што се зад нив, за да се опаметат

58Штом забележиш предавство кај некое племе, и ти нему исто така откажи му го договорот. Аллах сигурно не ги сака предавниците

59И нека не мислат тие што не веруваат дека ќе се спасат; тие навистина нема да можат да избегаат

60И против нив подгответе колку што можете сила и коњи за бој, за со тоа да ги заплашите Аллаховите и ваши непријатели, и другите освен нив – вие не ги познавате, Аллах ги знае. Сè што ќе потрошите на Аллаховиот пат, ќе ви биде надоместено, нема да ви сестори неправда

61Ако тие бидат склони кон мир, биди и ти склон и потпри се на Аллах, бидејќи Тој, навистина, сè слуша и сè знае

62А ако сакаат да те измамат, па, тебе навистина ти е доволен само Аллах; Тој те поддржува со Својата помош и со верниците

63и Тој ги соедини срцата нивни. Да го потрошеше сето тоа што постои на Земјата, ти немаше да ги соединиш срцата нивни, но Аллах ги соедини. Тој е навистина Силен и Мудар

64О, Веровеснику, Аллах ти е доволен тебе и на верниците кои те следат

65О, Веровеснику, бодри ги верниците на борба! Ако бидете дваесетмина издржливи, ќе победите двестемина; а ако бидете сто, ќе победите илјада од тие што не веруваат, затоа што тие се луѓе кои не сфаќаат

66Сега Аллах ви дава олеснување; Тој знае дека сте уморни: ако бидете сто издржливи, ќе победите двестемина; ако бидете илјада, ќе победите, со Аллахова волја, две илјади. А Аллах е со тие што се издржливи

67На ниту еден веровесник не му е дозволено да задржува заробеници сè додека не извојува победа на Земјата; вие ги сакате минливите добра на овој свет, а Аллах го сака оној свет. Аллах е Силен и Мудар

68Да не е поранешната Аллахова одредба, ќе ве снајдеше големо страдање поради тоа што го зедовте

69Сега јадете од тоа што го запленивте, како допуштено и убаво, и плашете се од Аллах. Аллах навистина простува и Милостив е

70О, Веровеснику, кажи им на заробениците кои се наоѓаат во рацете ваши: „Ако Аллах знае дека во срцата ваши има какво било добро, ќе ви даде подобро од тоа што ви е земено и ќе ви прости.“ А Аллах простува и Милостив е

71А ако сакаат да те измамат, па тие и порано Аллах го мамеа, и затоа Тој ти овозможи да ги победиш. А Аллах знае сè и Мудар е

72Тие што веруваат, и се иселуваат, и во борбата на Аллаховиот пат ги заложуваат имотите свои и животите свои, и тие што даваат прибежиште и помагаат, тие меѓусебно се заштитници. А на тие коишто веруваат, а кои не се иселија, вие не можете, сè додека не се иселат, да им бидете заштитници. Ааковезамолат да им помогнете во верата, должни сте на помош да им излезете, освен против народот со кој имате склучен договор за ненапаѓање. А Аллах добро го гледа тоа што го правите

73Неверниците меѓусебно се заштитници. Ако не постапите така, ќе настане збрка на Земјата и голем неред

74Тие што веруваат и што ќе се иселат, и ќе се борат на Аллаховиот пат, и тие што даваат засолниште и помагаат - тие се, навистина, вистински верници. Нив ги чека прошка и благородно изобилство

75А тие што подоцна ќе станат верници, па ќе се иселат и во борбата заедно со вас ќе учествуваат - тие се ваши. А роднините, според Аллаховата Книга, меѓусебно се поважни. Аллах, навистина знае сè

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath