7. Ал-Араф
1Елиф-лам-мим-сад
2Ова е Книга која ти се објавува и во градите немој да имаш никаква тешкотија поради неа, со неа да опоменуваш, и на верниците да им биде поука
3Следете го тоа што ви се објавува од вашиот Господар и не земајте, покрај Него, некој друг како заштитник! А колку малку примате поука
4Колку само градови Ние разоривме! И казната Наша им доаѓаше и ноќе и дење кога би прилегнувале
5а кога Нашата казна би ги затекнала, плачот нивен се сведуваше само на зборовите: „Навистина бевме насилници!“
6И сигурно ќе ги прашаме тие на кои им испраќавме Пратеници, а ќе ги прашаме и Пратениците
7и ќе им изложиме сè што знаеме веродостојно за нив, бидејќи Ние не бевме отсутни
8Мерењето тој ден ќе биде праведно: тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе постигнат што сакаат
9а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие, затоа што доказите Наши не ги признаваа, ќе страдаат
10Ние на Земјата ве сместивме и на неа сè што ви е потребно за живот ви дадовме. А вие премалку заблагодарувате
11Ние Адем го создадовме и потоа облик му дадовме, а потоа на мелеците им рековме: „Поклонете му се на сеџда!“ - и тие му се поклонија на сеџда, освен Иблис; тој не беше од тие што сторија сеџда
12„Што те наведе да не му се поклониш со сеџда кога ти наредив?“ – праша Тој. „Јас сум подобар од него; мене од оган ме создаде, а него од глина.“ – одговори тој
13„Е тогаш излегувај од џеннетот!“ – рече Тој - „Не ти прилега во него да си вообразен; излегувај, ти си од презрените!“
14„Дај ми време до денот на нивното оживување!“ - замоли тој
15„Ти се дава време!“ – рече Тој
16„Е, затоа што одреди, па во заблуда паднав,“ – рече - „се колнам дека на Твојот Вистински пат ќе ги пресретнувам
17па ќе им приоѓам и пред нив, и зад нив, и оддесно и одлево, и Ти ќе востановиш дека мнозинството од нив нема да биде благодарно!“
18„Излегувај од него, покуден и понижен!“ – рече Тој. „Со тебе и со сите тие што ќе те следат ќе го наполнам џехенемот!“
19„О, Адеме, ти и жената твоја во џеннетот живејте и од каде што сакате јадете, само на ова дрво не му се приближувајте, за кон себеси да не згрешите!“
20И шејтанот почна да им дошепнува за да им ги разоткрие срамните места нивни, кои им беа скриени, и рече: „Господарот ваш ви го забранува ова дрво само за да не станете мелеци или за да не бидете бесмртни!“
21и им се колнеше: „Јас сум ви, навистина, искрен советник!“
22И со измама ги заведе. А кога тие од дрвото вкусија, срамните места нивни им се покажаа и тие на себе џеннетско лисје да ставаат почнаа. „Зарем тоа дрво не ви го забранив?!“ – ги повика Господарот нивен - „и ви реков: ‚Шејтанот ви е, навистина, отворен непријател. ‘“
23„Господару наш,“ - рекоа тие - „самите себеси насилство си сторивме, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно ќе бидеме изгубени.“
24„Излегувајте!“ – рече Тој - „Меѓусебно непријатели ќе бидете! На Земјата ќе престојувате и до одредено време ќе уживате
25На неа ќе живеете, на неа ќе умирате и од неа оживеани ќе бидете“. – рече Тој
26О, синови Адемови, ви дадовме облека која ќе ги покрива срамните места ваши, а и раскошни костуми, но облеката на богобојазноста е најдобрата. Тоа се некои Аллахови докази за тие да се опаметат
27О, синови Адемови, нека не ве заведе шејтанот никако, како што ги изведе родителите ваши од џеннетот, соблекувајќи ја од нив облеката нивна за да им ги покаже срамните места нивни! Тој ве гледа, тој и војските негови, од каде што вие нив не ги гледате. Ние шејтаните ги направивме заштитници на тие што не веруваат
28А кога ќе сторат некое лошо дело, велат: „Ги затекнавме предците наши дека тоа го прават, а и Аллах тоа ни го заповедал“. Кажи: „Аллах не заповедува да се прават лоши дела! Зошто за Аллах го зборувате тоа што не го знаете?“
29Кажи: „Господарот мој наредува праведност! И обраќајте Му се само Нему кога го извршувате намазот (молитвата), и молете Му се искрено исповедајќи Му ја верата! Како што првиот пат ве создаде, на истиот начин повторно ќе ве оживее
30Тој, на едните на Вистинскиот пат им укажува, а другите, со право, во заблуда ги остава, бидејќи тие, наместо Аллах, шејтаните за заштитници ги земаат и мислат дека прават добрина
31О, синови Адемови, облечетесеубавокогасакате намазот (молитвата) да го извршите! И јадете и пијте, но не претерувајте! Тој не ги сака тие што претеруваат
32Кажи: „Кој ги забрани Аллаховите украси, кои Тој за робовите Свои ги создаде, и вкусната храна?“ Кажи: „Тие се за верниците на овој свет, а и на оној свет се само за нив“. Ете, така Ние подробно ги изложуваме доказите на луѓето кои знаат
33Кажи: „Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!“
34Секој народ има свој крај, и кога ќе дојде неговиот крај, нема да може ниту за миг да го одложи ниту да го забрза
35О, синови Адемови, кога меѓу вас самите ќе ви доаѓаат Пратеници кои прописите Мои ќе ви ги објаснуваат - тогаш тие што ќе се плашат од Аллах и што ќе прават добри дела од ништо нема да се плашат ниту за што било ќе тагуваат
36а тие што доказите Наши ќе ги негираат, и од нив горделиво ќе се свртуваат, ќе бидат жители во Огнот, во него вечно ќе останат
37Има ли, тогаш, понеправеден од тој што за Аллах говори лаги и не ги признава Неговите зборови? Таквите ќе го добијат сето тоа што им е запишано. Но, кога мелеците Наши ќе дојдат душите да им ги земат, ќе запрашаат: „А каде се тие кои, наместо Аллах, ги повикувавте?“ - „Ни се изгубија“. – ќе одговорат, и самите против себе ќе посведочат дека биле неверници
38Влегувајте во џехеннемот со народите, со џинните и луѓето кои пред вас постоеја и исчезнаа!“ – ќе рече Тој. И кога и да влезе некој нов народ, ќе го проколнува оној по кој во неверувањето се повел. А кога во него сите ќе се соберат, тогаш обичните луѓе ќе им кажат за предводниците свои: „Господару наш, овие во заблуда нè одведоа, затоа дај им двојна казна во Огнот!“ - „За сите ќе биде двојна!“ – ќе рече Тој - „Но вие не знаете“
39А предводниците ќе му речат на обичниот народ: „Па вие немате никаква предност пред нас! Затоа искусете ја казната за тоа што го правевте“
40За тие што доказите Наши ќе ги негираат и кон нив со арогантност ќе се однесуваат, портите небески нема да се отворат, и попрво камила низ иглен отвор ќе помине, отколку што тие во џеннетот ќе влезат. Ете, така Ние ќе ги казниме грешниците
41Во џехеннемот постелите и прекривките од оган ќе им бидат. Ете, така Ние ќе ги казниме неверниците
42А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела – Ние никого не задолжуваме над неговите можности – ќе бидат жители на џеннетот, во него вечно ќе останат
43Од нивните гради злобноста ќе ја отстраниме; пред нив реки ќе течат, и тие ќе велат: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој на Вистинскиот пат нè упати; ние не би биле на Вистинскиот пат, да не нè упатеше Аллах, Пратениците на Господарот наш, навистина, вистината ја носеа.“- и на нив ќе им се повика: „Тој џеннет во наследство го добивте за тоа што го правевте!“
44И жителите на џеннетот ќе ги довикуваат жителите на огнот: „Ние видовме дека е вистинито тоа што Господарот наш ни го вети, дали и вие видовте дека е вистинито тоа со што Господарот ваш ви го вети?“ - „Да!“ – ќе одговорат. А тогаш еден гласник меѓу нив ќе викне:„Аллаховото проклетство нека остане врз насилниците
45кои од Аллаховиот пат одвраќаа и настојуваа да го искриват, и кои во оној свет не веруваа!“
46Помеѓу нив ќе има бедем, а на врвовите ќе бидат луѓе кои секого по белегот негов ќе го познаат. И тие ќе им викнат на жителите на џеннетот: „Мир со вас!“ – додека сè уште не влегле во него, а едвај ќе чекаат
47А кога погледите ќе им се свртат кон жителите на Огнот, ќе извикаат: „Господару наш, не давај ни да бидеме со неправедните луѓе!“
48Тие што ќе бидат по врвовите на бедемот ќе ги повикаат луѓето кои по белезите нивни ќе ги познаат и ќе им кажат: „Не ви користеше вашата бројност и тоа што арогантно се однесувавте?“
49Зарем ова не се тие за кои се колневте дека Аллаховата милост нема да ги стигне? Влезете во џеннетот, никаков страв за вас нема да има и за ништо вие нема да тагувате
50И жителите на Огнот ќе ги повикуваат жителите на џеннетот: „Пролејте на нас вода или нешто од тоа со што Аллах ве обдарил!“ – а тие ќе кажат: „Аллах тие две работи на неверниците им ги забрани!“
51Тие накоиверата нивна им беше игра изабава икои животот на Земјата ги измами, сега Ние нив ќе ги заборавиме, како што забораваа дека на овој Ден пред Нас ќе стојат, и затоа што доказите Наши ги негираа
52А Ние на нив Книга им објавуваме, којашто ја објаснивме како што Ние знаеме, да биде патоказ и милост на луѓето кои ќе веруваат
53Чекаат ли тие да се остварат заканите нејзини? Тој ден кога ќе се остварат, ќе кажат тие што претходно заборавиле: „Пратениците од Господарот наш Вистината ја носеа! Камо да имаме некаков заговорник, па да се заземе за нас или да ни биде дозволено да се вратиме, па да постапуваме поинаку од тоа како што претходно постапувавме!“ Но, тие самите се упропастија, а нема да ги има ни тие што ги измислуваа
54Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот112 се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите
55Молете Му се понизно и во себе на Господарот свој, Тој, навистина, не ги сака тие што претеруваат
56И не правете неред на Земјата, кога на неа редот е веќе воспоставен, а молете Му се со страв и со надеж; милоста на Аллах е навистина блиску до тие што прават добри дела
57Тој е Тој што ги праќа ветровите како радосна вест на милоста Своја; а кога тие ќе ги понесат тешките облаци, Ние кон мртвиот предел ги потеруваме, па на него дожд спуштаме и правиме со негова помош да израснат разновидни плодови; исто така и мртвите ќе ги оживееме, опаметете се
58Во плодните предели растат растенија со волјата на Господарот нивен, а во неплодните дури со мака. Ете така Ние, на разни начини, им ги повторуваме доказите на луѓето кои забораваат
59Ние го испративме Нух на народот негов, па тој им говореше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Јас навистина стравувам за вас од страданието на Големиот ден!“
60А главешините на народот негов одговараа: „Ние сметаме дека ти си во вистинска заблуда.“
61„О, народе мој,“ – говореше тој - „не сум јас во никаква заблуда, туку сум Пратеник од Господарот на световите
62посланија од Господарот свој ви доставувам и секое добро ви посакувам; а јас од Аллах го знам тоа што вие не го знаете.“
63Зарем ви е чудно што поуката од Господарот ваш ви доаѓа преку човек, еден од вас, да ве опоменува за да се тргнете од гревовите и за да бидете помилувани
64Но, тие залажен го сметаа, пасамо него и тие штобеасонего во бродот ги спасивме, а тие кои во доказите Наши не веруваа ги потопивме! Навистина, тие беа вистински слепци
65А на народот Ад им го испративме нивниот брат Худ113. „О, народе мој,“ - говореше тој - „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате, зарем не се плашите?“
66Главешините на народот негов, кои не веруваа, одговараа: „Ние сметаме дека ти си навистина во лудило и ние мислиме дека ти си навистина лажливец.“
67„О, народе мој,“ - говореше тој - „јас не сум луд, туку сум Пратеник од Господарот на световите
68посланија од Господарот свој ви доставувам, и јас сум ви искрен советник
69Зарем ви е чудно што поуката од Господарот ваш ви доаѓа преку човек, еден од вас, за да ве опоменува? Сетете се дека Тој наследници на народот Нухов ве направи и ве создаде крупни по раст. И затоа секогаш нека ви се на ум Аллаховите благодати, за да го постигнете тоа што ќе го посакате.“
70„Зарем ни дојде заради тоа само Аллах да Го обожуваме, а тие кои ги обожуваа нашите предци да ги напуштиме?“ – говореа тие. „Стори нека нè снајде тоа со што ни се закануваш, ако е вистина тоа што го зборуваш!“
71„Веќе ве снајде казна и гнев од Господарот ваш!“ - говореше тој. „Зарем со мене да се препирате за некакви имиња кои вие и вашите предци ги измисливте, а за кои Аллах никаков доказ не објавил? Затоа чекајте, и јас со вас ќе чекам!“
72И Ние од милоста Наша, него и тие што беа со него ги спасивме, а до последен ги истребивме тие кои доказите Наши не ги признаваа и кои не веруваа
73А на Семуд им го испративме нивниот брат Салих114. „О, народе мој,“ – говореше тој - „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Еве ви знак од Господарот ваш: оваа Аллахова камила за вас е знак. Пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не злоставувајте ја, па неиздржливо страдање да ве стигне
74И сетете се дека со Негова волја станавте наследници на Ад и дека Тој на Земјата венасели; ворамниците нејзини палати градите, аво брдата куќи клесате. И нека ви се секогаш на ум Аллаховите благодати, и не правете зло по Земјата, правејќи неред!“
75А главешините на народот негов, тие што се вообразија, ги запрашаа угнетените, тие меѓу нив кои веруваа: „Верувате ли вие дека Салих е пратен од Господарот свој?“ - „Ние, навистина, веруваме во сè што е по него објавено.“ – одговорија тие
76„А ние, навистина, не веруваме во тоа во што вие верувате.“ – рекоа вообразените
77И тие ја заклаа камилата, изаповедта од Господарот свој не ја послушаа и рекоа: „О, Салих, стори да нè снајде тоа со што се закануваш, ако си Пратеник!“
78И страшен потрес ги снајде и тие во земјата своја осамнаа мртви, неподвижни
79А тој веќе ги напушти и рече: „О, народе мој, ви го пренесов посланието од Господарот свој и ве опоменував, но вие не ги сакате тие што опоменуваат.“
80И Лут – кога му рече на народот свој: „Зошто правите разврат каков никој пред вас на светот не го чинел
81Вие со страст им приоѓате на машките, наместо на женските. Вие сте народ кој сите граници на злото ги преминува!“
82А одговорот на народот негов гласеше: „Истерајте ги од градот ваш, тие се чисти луѓе!“
83И Ние него и семејството негово го спасивме, освен сопругата негова; таа остана со тие кои казната ја искусија
84И на нив спуштивме дожд, па погледни како завршија развратниците
85А на Медјен – нивниот брат Шуајб115. „О, народе мој,“ - говореше тој - „само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Ви доаѓа јасен доказ од Господарот ваш, затоа правилно на литарот и на кантарот мерете и на луѓето работите нивни не кратете им ги, и редот на Земјата не нарушувајте го кога е веќе на неа воспоставен! Тоа е подобро за вас, ако верувате
86И не поставувајте заседи на патот, заканувајќи се и одвраќајќи ги од Аллаховиот пат тие што веруваат во Него, сакајќи го лошиот пат. И сетете се дека бевте малкумина и дека Тој ве умножи, а погледнете како завршија тие што правеа неред
87Иакоедните одвас веруваат вотоаштоеиспратено помене, а другите не веруваат, па причекајте додека Аллах не ни пресуди, бидејќи Тој е најдобриот судија!“
88Главешините на народот негов, тие што беа вообразени, рекоа: „Или безусловно верата наша ќе ја прифатите, или ние, о, Шуајбе, ќе ве истераме од градот наш, и тебе и тие што веруваат со тебе!“ - „Зарем и против нашата волја?“ – рече тој
89„Кога би ја прифатиле верата ваша откако Аллах нè спаси од неа, тогаш, за Аллах би изнеле лага. Ние не треба во неа да се враќаме, тоа не го сака Аллах, Господарот наш. Господарот наш со Своето знаење опфаќа сè; на Аллах се потпираме! Господару наш, Ти пресуди ни нам и на народот наш, Ти си најправедниот судија!“
90А главешините на народот негов, неверниците, рекоа: „Ако појдете со Шуајб, сигурно ќе бидете изгубени.“
91И ги снајде потоа страшен потрес и тие осамнаа во земјата своја, мртви, неподвижни
92Тие што го сметаа Шуајб за лажливец – како никогаш во неа да не ни биле; тие што го сметаа Шуајб за лажливец, тие настрадаа
93А тој ги напушти и рече: „О, народе мој, ви ги пренесов посланијата од Господарот свој, и ве советував, па зошто да тагувам за народ невернички?!“
94И Ние ниеден веровесник во некој град не сме пратиле, а жителите негови со болест и со сиромаштија да не ги казниме за да се покајат
95А потоа казната со благосостојба би ја замениле сè додека не би се намножиле и рекле: „И нашите предци ги погодувале и жалости и радости!“ – и тогаш, без да претчувствуваат, неочекувано би ги казниле
96А да веруваа жителите на населбите и од гревови да се чуваа, Ние би им праќале благослови и од небо и од земја, но, тие негираа, па ги казнувавме за тоа што го заработуваа
97А зарем жителите на населбите се сигурни дека Нашата казна нема да ги снајде во ноќта додека спијат
98Или, зарем жителите на населбите се сигурни дека Нашата казна нема да ги снајде дење, додека се забавуваат
99ЗаремтиеможатдабидатсигурниодАллаховатаказна?ОдАллаховата казна не се плаши само народот кому му претстои пропаст
100Зарем не им е јасно на тие што ја наследуваат земјата на претходните жители нејзини дека и нив, ако сакаме, поради гревовите нивни ќе ги казниме и срцата нивни ќе ги запечатиме, па нема да можат да слушнат
101Ние за тие населби ти кажуваме некои од нивните случувања. Пратениците нивни јасни докази им носеа, но тие не сакаа да поверуваат затоа што ниту претходно не веруваа. Ете така Аллах ги запечати срцата на неверниците
102а Ние знаевме дека мнозинството од нив до заветот нема да се придржуваат, и знаевме дека повеќето, навистина, ќе бидат грешници
103Потоа, по нив, го пративме Муса со доказите Наши кај фараонот и кај главешините негови, но тие не поверуваа во нив, па погледни како завршија тие што правеа безредија
104И Муса рече: „О, фараоне, јас сум Пратеник од Господарот на световите
105Должност ми е само вистината да ја кажам за Аллах. Ви донесов јасен доказ од Господарот ваш, затоа пушти ги синовите Израилови да одат со мене!“
106„Ако си донел некаков доказ“ – рече - „покажи го, ако ја зборуваш вистината.“
107И тој го фрли својот стап – кога тој, вистинско змииште
108и ја извади раката своја – таа за присутните стана бела
109Главешините на народот фараонов викнаа: „Овој, навистина, е вешт волшебник
110тој сака да ве изведе од земјата ваша, па што предлагате?“
111„Задржи го него и братот негов,“ - рекоа - „а прати ги во градовите тие што ќе собираат
112пред тебе сите вешти волшебници ќе ги донесат.“
113И кај фараонот волшебниците дојдоа. „Дали, навистина, награда ќе добиеме ако бидеме победници?“ – запрашаа
114„Да,“ - рече - „и ќе ми бидете, навистина, блиски.“
115„О, Муса,“ - рекоа - „сакаш ли ти, или ние ќе фрлиме?“
116„Фрлете вие.“ – рече тој. И кога фрлија тие, очите на луѓето им ги маѓепсаа и многу ги преплашија, и големо волшепство приредија
117И Ние му наредивме на Муса: „Фрли го стапот свој!“ – и тој одеднаш го проголта сето тоа со кое тие измамата ја изведоа
118И така вистината изби на виделина и се покажа дека беше лажно тоа што тие го приредија
119и тука тие беа победени и останаа понижени
120а маѓепсниците се поклонија на сеџда
121„Ние веруваме во Господарот на световите!“ – викнаа
122„Господарот на Муса и на Харун!“
123„Зарем да му поверувате пред јас да ви дозволам?!“ – викна фараонот. - „Ова е, навистина, измама која во градот ја смисливте за од него жителите негови да ги изведете. Ќе запомните вие
124Ќе ви ги исечам вкрстено рацетеваши инозетеваши, сигурно, апотоа сите ќе ве распнам!“
125А тие рекоа: „Ние, навистина, на нашиот Господар ќе Му се вратиме
126Ти ни забележуваш само затоа што поверувавме во доказите на Господарот наш кога ни дојдоа. Господару наш, дај ни сила да издржиме и направи да умреме како предани верници!“
127А главешините од народот фараонов рекоа: „Зарем ќе го оставиш Муса и народот негов во земјата неред да прави и тебе и божествата твои да ги напушти?“ – Тој рече: „Ќе ги убиваме машките деца нивни, а женските живи ќе им ги оставаме; ние, навистина, владееме со нив.“
128Муса му рече на народот свој: „Молете Го Аллах да ви помогне и бидете трпеливи, Земјата е Аллахова, Тој ја дава во наследство кому Тој сака од робовите Свои, а убав ќе биде исходот за тие што ќе се плашат од Аллах.“
129„Злоставувани сме“ – рекоа тие - „пред да ни дојдеш, а и откако ни дојде!“ А Муса рече: „Господарот ваш ќе го уништи непријателот ваш, а вас наследници на Земјата ќе ве направи, за да види како ќе постапите.“
130И Ние го казнивме народот фараонов со глад и неродни години, за да се опаметат
131И кога им беше добро, тие велеа: „Ова го заслуживме.“, а кога ќе ги снајдеше некаква неволја, тие на Муса и на верниците таа неволја ќе им ја препишеа. Но, не! Нивната неволја беше од Аллах, само што повеќето од нив не знаеја
132И велеа: „Каков доказ и да ни донесеш, и со него да не маѓепсаш, ние нема да ти веруваме!“
133Затоа Ние на нив им испративме и поплави, и скакулци, и вошки, и жаби, и крв – сè јасни знаци, но тие се вообразуваа, тие злосторнички народ беа
134И кога би ги снашла неволја, би говореле: „О Муса, моли се за нас, на Господарот свој, така како што Тој ти наредил; ако нè ослободиш од неволјата, ние, навистина ќе веруваме и со тебе сигурно синовите Израилови ќе ги пратиме.“
135И откако од неволјата ќе ги ослободевме – до времето до кога им беше одредено да ја издржуваат – тие наеднаш, ветувањето свое го прекршуваа
136Затоа Ние ги казнивме и во морето ги потопивме, бидејќи знаците Наши ги негираа и кон нив рамнодушни беа
137а на угнетениот народ му ги дадовме во наследство источните изападните краеви наземјата кои ги благословивме, иубавотоветување на Господарот твој кон синовите Израилови беше исполнето затоа што трпеа, а со земја го срамнивме тоа што фараонот и народот негов го изградија и тоа што го кренаа
138И Ние синовите Израилови преку морето ги пренесовме, па тие наидоа на народ кој се клањаше на идолите свои. „О, Муса,“ – рекоа тие - „направи ни и ти нам божество како што и тие имаат божества!“ - „Вие сте, навистина, народ кој нема памет!“ – рече тој
139„Навистина ќе биде поништено тоа што го исповедаат и бескорисно ќе им биде тоа што го прават
140Тој рече: „Зарем покрај Аллах да ви барам друго божество, а Тој над останатиот свет ве издигна?“
141И бидејќи Ние од фараоновите луѓе ве спасивме, кои неизмерно ве измачуваа, вашите машки деца ги убиваа, а женските во живот ги оставаа; тоа беше тешко искушение од Господарот ваш
142Ние одредивме часот на средба со Муса да биде кога ќе се наполнат триесет ноќи, и ги дополнивме со уште десет, па времето кое го одреди Господарот негов се исполни за четириесет ноќи. А Муса му беше рекол на братот свој Харун: „Застапувај ме во народот мој, и воспоставувај ред и не следи ги патиштата на пакосниците!“
143И кога Муса Ни дојде во одреденото време, и кога Господарот негов му проговори, тој рече: „Господару мој, укажи ми се да Те видам!“ „Не можеш да Ме видиш,“ – рече - „но погледни во планината, па ако таа остане на своето место, ќе Ме видиш!“ И кога Господарот негов на таа планина ѝ се откри, Тој со земја ја срамни, а Муса падна во несвест. Штом се освести, рече: „Возвишен и чист си Ти! Ти се покајувам, јас сум првиот верник!“
144„О, Муса,“ - рече Тој - „Јас тебе те одликував над останатиот свет со пратеништвото Свое и говорот Свој. Тоа што Ти го давам земи го и благодарен биди!“
145И Ние на плочите му напишавме поука за сите, и објаснување за сешто. „Прими ги со одлучност, а на народот свој нареди му да се придржува до најубавото во нив!“ А ќе ви ја покажам и земјата на грешниците
146Ќе ги одвратам оддоказите Мои тие коина Земјата без никаква основа се арогантни. И каков било доказ да видат, тие нема да веруваат; и ако го видат Вистинскиот пат - нема да го прифатат, а ако го видат погрешниот пат - како пат ќе го прифатат. Тоа е затоа што доказите Наши ги негираат и затоа што се рамнодушни кон нив
147А на тие што ги негираат доказите Наши и средбата на оној свет, делата ќе им бидат поништени. Зарем ќе бидат поинаку казнети од тоа што го правеа
148И народот на Муса, по неговото заминување, од накитот свој направи кип на теле кое рикаше. Зарем не видоа дека тоа не им зборува и дека по Вистинскиот пат не ги води? Тие го прифатија и станаа злосторници
149И бидејќи потоа горко се покајаа и увидоа дека се во заблуда, тие рекоа: „Ако Господарот наш не ни се смилува и ако не ни прости, навистина, ќе бидеме изгубени!“
150А кога Муса гневен и натажен кај народот свој се врати, повика: „Како ли толку лошо по моето заминување постапувавте! Ја забрзавте ли наредбата од Господарот свој?“ – и ги фрли плочите, и својот брат за коса го фати и почна да го влече кон себе. „О, сине на мојата мајка,“ - рече Харун - „народот не ми беше послушен и за малку не ме уби; немој да ми се осветуваат непријателите и не вбројувај ме мене во неправедниот народ.“
151„Господару мој,“ - замоли Муса - „прости ми мене и на братот мој и стори да бидеме под закрилата на Твојата милост, Ти си од милостивите, Најмилостивиот!“
152Тие што го прифатија телето ќе ги стигне гневот од Господарот нивен и понижување уште на овој свет; така Ние ги казнуваме тие што смислуваат лаги
153А тие што прават лоши дела, а потоа ќе се покајат и верници ќе станат, Господарот Твој, потоа, сигурно ќе им прости и Милостив ќе биде
154А кога на Муса гневот му мина, тој ги зеде плочите на кои беше испишано упатството за Вистинскиот пат и милоста за тие што од Господарот свој се плашат
155И Муса одбра од својот народ седумдесет луѓе за во одредено време да застанат пред Нас. А кога ги снајде потрес, тој рече: „Господару мој, да сакаше, можеше и мене и нив да нè уништиш уште претходно. Зарем да нè уништиш поради тоа што го сторија безумниците наши? Тоа е само искушение Твое со кое Ти во заблуда оставаш кого сакаш, а кому сакаш, на Вистинскиот пат му укажуваш; Ти си нашиот Господар, па прости ни и смилувај ни се! А Ти си најдобриот Простувач
156И досуди ни добро на овој свет и на оној свет – ние, навистина, Тебе Ти се враќаме!“ „Со казната Своја Јас казнувам кого сакам,“ – рече Тој – „а милоста Моја опфаќа сè; ќе ја дадам на тие кои од гревовите ќе се чуваат и зекат ќе даваат, и на тие кои во доказите Наши ќе веруваат
157на тие кои ќе го следат Пратеникот, веровесник, кој нема да знае ни да чита, ниту да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да прават добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаа ќе ги ослободи. Затоа, тие кои во него ќе веруваат, кои ќе го поддржуваат и ќе го помагаат и светлото по него пратено ќе го следат – ќе го постигнат тоа што ќе го сакаат!“
158Кажи: „О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник, Неговата власт е и на небесата и на Земјата; нема друг бог освен Него, Тој дава живот и смрт, и затоа верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, веровесникот, кој не знае да чита и да пишува, кој верува во Аллах и во зборовите Негови; следете го него, за да бидете упатени
159Во народот на Муса има луѓе кои упатуваат кон вистината и кои според неа праведно судат
160И Ние на дванаесет племиња ги поделивме, и на Муса му објавивме, кога народот негов вода му побара: „Удри со стапот свој по карпата!“ – и од неа дванаесет извори протекоа, секое племе го знаеше изворот од кој ќе пие. И Ние од облаците ладовина им правевме и мана и потполошки им дававме: „Јадете од убавите работи со кои ве снабдуваме!“ Тие не Ни сторија неправда Нам, туку самите кон себе беа неправедни
161А кога им беше речено: „Влезете во овој град и јадете колку што сакате; влезете низ портата со поклонение и кажете: ,Прошка!‘, па ќе ви ги простиме гревовите ваши, а на тие што прават добри дела ќе им дадеме и повеќе од тоа.“
162Тогаш неправедните го заменија со друг Зборот кој им беше даден, па Ние нанеправедните казна однебото им спуштивме, затоашто грешеа
163И прашај ги за градот кој се наоѓаше покрај морето кога прописите за саботата ги кршеа; кога рибите, пред очите нивни им доаѓаа додека саботата ја празнуваа, а кога не празнуваа, тие не им доаѓаа. Ете, така во искушение ги воведувавме затоа што постојано грешеа
164А кога некои од нив рекоа: „Зошто опоменувате народ кој Аллах ќе го уништи или со тешки маки ќе го измачи?“ – тие одговорија: „За да се оправдаме пред Господарот ваш и за тие да се оттргнат од гревовите.“
165И кога го заборавија тоа со што беа опоменувани, Ние ги избавивме тие што одвраќаа од лошите дела, а со тешка казна ги казнивме насилниците, затоа што постојано беа во грев
166И бидејќи тие дрско одбија да го остават тоа што им се забрануваше, Ние им рековме: „Станете мајмуни презрени!“
167И Господарот твој обзнани дека сè до Крајот на светот власта над нив ќему ја препушта на некој кој на најлош начин ќе ги угнетува. Господарот твој, навистина, бргу казнува, а Тој и простува и Милостив е
168И Ние како народи по Земјата ги расподеливме: ги има добри, а и од тие што не се; и во добро и во зло ги проверувавме, за да се опаметат
169И после нив останаа поколенија кои Книгата ја наследија и кои ги собираа тронките одовој минлив свет, ивелеа: „Ќе ни биде простено!“ А доколку повторно би им паднало во раце такво нешто, повторно тоа би го правеле. Зарем од нив не е земен завет во Книгата дека за Аллах само вистината ќе ја зборуваат, а тие го читаат тоа што е во неа? Оној свет е подобар за тие што се чуваат од гревовите; па зарем нема да се опаметите
170А тие кои кон Книгата цврсто се придржуваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат – па, Ние, навистина, нема да допуштиме да им пропадне наградата на тие што прават добри дела
171А кога над нив издигнавме планина, се чинеше како облак, тие беа уверени дека над нив ќе падне. „Прифатете го одлучно тоа што ви го дадовме, и нека ви е на ум тоа што е во него, за да бидете побожни!“
172И кога Господарот твој од ‘рбетите на Адемовите синови го изведе потомството нивно и побара од нив да посведочат против себе: „Зарем Јас не сум Господарот ваш?“ – тие одговараа: „Си, ние сведочиме!“ – и поради тоа на Судниот Ден да не кажете: „Ние за ова ништо не знаевме!“
173Или да не кажете: „Нашите предци пред нас, други на Аллах Му здружуваа, а ние сме поколение по нив. Зарем ќе нè казниш за тоа што лажливците го правеа?“
174И ете така Ние опширно ги изнесуваме доказите, за тие да дојдат при себе
175И кажи им ја веста за тој кому доказите Наши му ги дадовме, а кој од нив се оддалечи, па шејтанот го стигна и тој заталка
176А да сакавме, можевме со нив да го воздигнеме, но тој на овој свет му се приклони и по својата страст тргна. Неговиот случај е случајот на песот: ако го избркаш, тој со испружен јазик бревта, а ако го оставиш, тој пак бревта. Такви се луѓето кои доказите Наши ги сметаат за лажни; затоа, кажувај ги настаните за тие да размислат
177Лош пример се луѓето кои не ги признаваат Нашите докази, тие самите себеси си прават насилство
178На кого Аллах ќе му укаже на Вистинскиот пат - ќе биде на Вистинскиот пат, а кого ќе остави во заблуда - тој ќе биде изгубен
179Ние создадовме многу џинни и луѓе за во џехеннемот; тие срца имаат - но со нив не сфаќаат, тие очи имаат – но со нив не гледаат, тие уши имаат – но со нив не слушаат; тие се како добитокот, дури и полоши - тие навистина се немарни
180На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња - како ќе прават, така ќе бидат казнети
181А меѓу тие што ги создаваме има луѓе коишто другите ги упатуваат кон вистината и кои спрема неа праведно судат
182А тие што Нашите зборови ќе ги негираат, Ние малку по малку, а да не ни знаат, во пропаст ќе ги водиме
183И ќе им давам време; итрината Моја е навистина жестока
184Па зошто тие не размислат дека Пратеникот што им е пратен на нив не е луд; тој само отворено опоменува
185И зошто тие не размислат за царството на небесата и на Земјата и за сето тоа што Тој го создал, и дека можеби, крајот нивен им се приближил? Па во кои зборови, освен во Куранот, ќе веруваат
186Кого Аллах во заблуда ќе остави, никој не може на Вистинскиот пат да го упати! Тој ќе ги остави во неверството свое да талкаат
187Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе се случи?“ Кажи: „Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.“ Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа? Кажи: „Тоа само Аллах го знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“
188Кажи: „Јас неможам ни насамиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах. А да го познавам невидливото, ќе стекнев многу добра, а злото ќе беше далеку од мене; јас само ги донесувам опомените и радосните вести на луѓето кои веруваат
189Тој е Оној што од еден човек ве создава, а од него сопругата негова ја создаде за покрај неа да се смири. И кога тој имаше однос со неа, таа лесно бреме занесе и го носеше; а кога тоа ѝ отежна, тие двајца Го замолија Аллах, Господарот свој: „Ако ни подариш здрав потомок, ќе ти бидеме, навистина, благодарни!“
190И кога Тој здрав потомок им подари, и двајцата изедначија други со Него во тоа што Тој им го дава, а Аллах е многу високо над тие кои Му ги здружуваат
191Зарем да Му ги здружуваат тие коишто не можат ништо да создадат, а и самите се создадени
192и коишто не можат да им помогнат, ниту можат да си помогнат на себеси
193А ако ги замолите на Вистинскиот пат да ве упатат, нема да ви се одѕвијат; исто е дали ги повикувате или молчите
194Тие на кои, покрај Аллах, им се молите, навистина се робови како и вие. Па молете ги и нека ви се одѕвијат ако ја зборувате вистина
195Имаат ли тие нозе со нив да одат или раце со нив да фаќаат, имаат ли тие очи со нив да гледаат или уши со нив да чујат? Кажи: „Повикајте ги божествата ваши, па против мене каква сакате итрина смислете и не одолговлекувајте
196мој заштитник е Аллах, Кој Книгата ја објавува и Тој за добрите се грижи.“
197А тие на кои вие, покрај Него, им се молите, не можат ни на вас, а ни на себеси да си помогнат
198А кога ќе замолите да ве упатат на Вистинскиот пат, тие не слушаат, ги гледаш како да те гледаат, но тие не можат да видат
199Ти простувај! Барај да се прават добри дела, а од незналците стој понастрана
200А ако шејтанот настојува да те натера на зло, ти побарај прибежиште кај Аллах, Тој навистина сè слуша и знае
201Тие штосеплашатод Аллах, штомшејтанот ќе ги допре, сепотсетуваат и одеднаш доаѓаат при себе
202додека пријателите на шејтанот самите шејтани ги поддржуваат во заблудата и тие никако не престануваат
203Кога нема да им донесеш ниту еден знак, тие велат: „Зошто сам не го измисли?“- Кажи: „Јас го следам само тоа што Господарот мој ми го објавува. Ова се јасни докази од Господарот ваш и упатство и милост за луѓето што веруваат
204А кога Куранот се рецитира, вие слушајте и молчете за да бидете помилувани“
205И спомнувај Го Господарот свој наутро и навечер во себе, понизно и со стравопочит и не кревајќи го силно гласот, и не биди немарен
206на тие што Му се блиски на Господарот твој навистина не им е тешко да Го обожуваат; само Него Го фалат и само пред Него со лицето на тло извршуваат сеџда
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath