Исламот
назад

79. Ен-Нази'ат

1Се колнам во тие238 што (душите ги) корнат грубо

2и во тие што (душите ги) вадат благо

3и во тие што пловат брзо

4па душите во одредиштата итајќи ги носат

5и ги средуваат работите (со Аллахова дозвола)

6На Денот кога Земјата (со звукот на рогот) ќе се затресе

7по кој ќе се чуе следниот

8срцата тој ден ќе бидат исплашени

9а погледите нивни спуштени

10Ќе прашуваат: „Зарем навистина ќе бидеме вратени во првобитната состојба

11Зарем и кога изгниени коски ќе станеме?“

12И уште велат: „Е, тогаш ние би биле изгубени!“

13Тоа ќе биде само еден повик

14а тие веќе на површината на Земјата ќе бидат

15Дали до тебе допре веста за Муса

16кога Господарот негов го повика во светата долина Тува

17„Оди кај фараонот, затоа што голем насилник станал

18и кажи му: ,Дали сакаш да се очистиш

19кон Господарот твој да те упатам, па да се плашиш од Него?‘“

20И тогаш најголемото чудо му го покажа

21но тој го негираше и не го послуша

22туку се сврте и си замина брзајќи

23се собра и извика

24„Јас сум господарот ваш најголем!“ – рече тој

25и Аллах на овој и на оној свет го казни

26Тоа е поука за тој што од Аллах ќе се плаши

27А што е потешко: вас или небото да го создаде? Тој го создаде

28сводот негов високо го крена и го усоврши

29ноќите негови мрачни, а деновите светли ги направи

30Потоа Земјата ја распростре

31од неа вода и пасишта изведе

32и планините неподвижни ги направи

33за уживање ваше и за стоката ваша

34А кога ќе дојде најголемата неволја

35Денот кога човек ќе се сеќава на тоа што го правел

36и кога џехеннемот на секој што гледа ќе му се покаже

37тогаш на тој што претерал

38и животот на овој свет повеќе го сакал

39џехеннемот сигурно ќе му стане престојувалиште

40А на тој што стравувал од стоењето пред Господарот свој и душата од страстите ја воздржал

41џеннетот сигурно живеалиште ќе му биде

42Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе се случи?“

43Ти не знаеш, па како да зборуваш за него

44само Господарот твој знае за него

45Твојата опомена ќе му користи само на тој што ќе се плаши од него

46а ним, кога ќе го доживеат тој Ден, ќе им се пристори дека останале само една вечер или само едно утро нејзино

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath