Исламот
назад

76. Ал-Инсан

1Зарем не му дојде на човекот еден дел од времето во којшто не беше вреден за спомен

2Ние човекот од семена смеса го создаваме за на искушение да го ставиме, и правиме тој да слуша и гледа

3Ние на Вистинскиот пат му укажуваме, а негово е дали благодарен или неблагодарен ќе биде

4Ние заневерниците окови и синџири иоганраспламтен подготвивме

5Добротворите од пехар ќе пијат со камфор зачинет пијалак

6од изворот од кој само Аллаховите робови ќе пијат, и кои каде што сакаат без мака ќе се движат

7Тие заветот го исполнија и се плашеа од Денот чијашто кобност ќе биде присутна насекаде

8и даваа храна, иако и самите ја посакуваа, на сиромашниот, на сирачето и на заробеникот

9„Ние само заради Аллаховото лице ве храниме, од вас ни признание ни благодарност не бараме

10Ние од Господарот Наш се плашиме, оној Ден кога лицата темни и намуртени ќе бидат.“

11И нив Аллах од стравот на тој Ден ќе ги сочува и блаженство и радост ќе им дари

12и со џеннет и свила за тоа што го трпеа ќе ги награди

13потпрени на диваните, тие во него ни жед ни студ нема да почувствуваат

14ладовината негова во близина ќе им биде, а плодовите негови на дофат на рацете ќе им стојат

15Ќе ги служат од сребрени садови и чаши проѕирни

16проѕирни, од сребро, чијашто величина според желбите нивни ќе ја одредат

17Во него од чаша пијалак зачинет со ѓумбир ќе се пие

18од извор во џеннетот, кој Селсебил се вика

19Ќе ги служи вечно млада послуга – да ги видиш, би помислил дека се бисери истурени

20И каде и да погледнеш, ќе видиш удобност и царство пространо

21Тие ќе носат облеки од тенка зелена свила, и од тешка свила, накитени со белезици од сребро, и ќе им даде Господарот нивни да пијат чист пијалак

22„Тоа ви е наградата; вашиот труд е достоен за благодарност!“

23Одвреме-навреме Ние ти го објавуваме Куранот

24затоа издржи до одлуката на Господарот твој, и не слушај го ниту грешникот ниту неверникот нивен

25И спомнувај го името на Господарот свој и наутро и навечер

26и во еден дел од ноќта заради Него молитвата извршувај ја, и ноќе слави Го долго

27А таквите животот на овој свет навистина го сакаат, а ништо не ги интересира за Денот мачен што ги чека

28Ние ги создаваме и зглобовите им ги поврзуваме, а ако посакаме, ќе ги замениме со на нив слични

29Ова е поука, па кој сака ќе се држи до патот кој кон Господарот негов води

30а вие ќе го сакате само тоа што Аллах го сака – Аллах навистина сè знае и Мудар е

31Тој кого сака внесува во милоста Своја, а на неверниците им подготви болно страдание

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath