75. Ал-Кијама
1Се колнам во Денот во којшто Крајот на светот ќе настапи
2и се колнам во душата која себеси се кори
3Зарем човекот мисли дека нема никогаш да ги собереме коските негови
4Напротив, Ние можеме повторно да ги создадеме и врвовите на неговите прсти
5Но, човекот додека е жив сака да греши
6па прашува: „Кога Крајот на светот ќе биде?“
7Кога погледот од страв ќе се вкочани
8и Месечината ќе се затемни
9и Сонцето и Месечината ќе се спојат па сјајот ќе го изгубат
10тој ден човекот ќе повика: „Каде да се бега?“
11Никаде! Засолниште нема
12Тој ден е враќањето кон твојот Господар
13тој ден човекот за тоа што го подготвил и за тоа што го пропуштил ќе биде известен
14самиот човек против себеси ќе сведочи
15макар и оправданијата свои да ги изнесува
16Не изговарај го Куранот со јазикот свој за што побргу да го запомниш
17Ние сме должни да го собереме за ти да го читаш
18А кога го читаме, ти следи го читањето негово
19а потоа, Ние сме должни да го објасниме
20Навистина, вие овој минлив свет го сакате
21а за оној другиот не се грижите
22Тој Ден некои лица блескави ќе бидат
23во Господарот свој ќе гледаат
24Тој ден некои лица темни ќе бидат
25ќе знаат дека ќе ги снајде голема несреќа
26Внимавај, кога душата ќе дојде в грло
27и ќе се викне: „Кој ќе го излечи?“
28и тој ќе се увери дека тоа е Часот на разделбата
29и ногата до нога ќе се свитка
30Тој ден кон Господарот твој приведувањето ќе биде
31„Не веруваше и не клањаше
32туку негираше и грбот го вртеше
33а потоа кај своите горделиво заминуваше.“
34Тешко тебе! Тешко тебе
35И уште еднаш: Тешко тебе! Тешко тебе
36Зарем човекот мисли дека без одговорност оставен ќе биде
37Зарем не беше капка семе која се вметнува
38потоа грутка на којашто тогаш Тој размер ѝ одреди и складен лик ѝ направи
39и од него тогаш пар, маж и жена, создаде
40и зарем Тој не е во можност мртвите да ги оживее
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath