70. Ал-Маариџ
1Некој запраша за казната којашто ќе им се случи
2на неверниците – никој не може да го спречи
3Аллах, Господарот на возвишеноста и степените, тоа да не го стори
4Кон Него се качуваат мелеците и Џибрил во денот кој трае педесет илјади години
5Ти стрпи се со пријатна трпеливост
6Тие мислат дека нема да се случи
7а Ние знаеме дека сигурно ќе се случи
8оној Ден кога небото ќе биде како талог од масло
9а планините како искубана волна
10кога пријателот нема пријателот свој ништо да го праша
11иако едни со други ќе се видат. Злосторникот едвај би дочекал од страдањето на тој Ден да се искупи со синовите свои
12и со жената своја, и со братот свој
13и со семејството свое што го штитеше
14и со сите останати на Земјата – само за да се избави
15Никогаш! Тој (пеколот), само распламтен ќе биде
16кој рацете и нозете ќе ги корне
17ќе го повикува тој што главата ја вртел и избегнувал
18и натрупувал и сокривал
19Човекот, навистина, е создаден лаком
20кога ќе го снајде неволја – очаен е
21а кога ќе го снајде благосостојба – себичен е
22освен клањачите
23коишто во своите намази се истрајни
24и тие во чиишто имоти ќе има одреден дел
25за тој што проси и за тој што не проси
26и тие што во Судниот ден ќе веруваат
27и тие што од казната на Господарот свој ќе стравуваат
28а од казната на Господарот свој никој не е сигурен
29и тие што своите срамни места ќе ги чуваат
30освен од жените свои или од оние што се во нивна сопственост – тие, навистина, прекор не заслужуваат
31а тие што бараат вон тоа, тие паѓаат во грев
32и тие што доверените аманети ќе ги чуваат и обврските свои ќе ги исполнуваат
33и тие што сведочењата свои ќе ги извршуваат
34и тие што намазите свои ревносно ќе ги извршуваат
35тие во џеннетските градини ќе бидат почестени
36Што им е на тие околу тебе коишто не веруваат па брзаат
37оддесно и одлево, во групи
38Како секој од нив тежнее во џеннетот на уживањето да влезе
39Никогаш! Ние ги создаваме, од тоа што тие го знаат
40И Јас се колнам во Господарот на истоците и западите дека можеме
41соподобри од нив да ги замениме и никој вотоанеможе да Нè спречи
42Затоа остави ги нека се задлабочуваат во безделништвото и нека се забавуваат додека Денот кој им се ветува не го дочекаат
43Денот во кој забрзано, како да брзаат кон идолите, од гробовите ќе излегуваат
44со спуштени погледи и потиштени од понижување. Тоа ќе биде оној Ден којшто им беше ветуван
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath