69. Ал-Хака
1Часот неизбежен
2што е Часот неизбежен
3И дали ти знаеш што е Часот неизбежен
4Семуд и Ад Крајот на светот го негираа
5па Семуд е уништен со гласот страотен
6а Ад е уништен со ветер леден, силен
7Тој кому власта над нив, седум ноќи и осум дена последователни му ја препушти, па во нив, луѓе исполегнати како шупливи палмини стебла виде
8и дали виде некој од нив да остана
9А дојдоа фараонот, и тие пред него, и поради одвратните постапки на (жителите на) превртените населби
10и му беа непослушни на Пратеникот на Господарот свој, па Тој со жестока казна ги казни
11Ние, кога водата преплави сè, во бродот ве носевме
12за поука да ви го направиме и тоа од заборав да го сочува увото што помни
13А кога еднаш во рогот ќе се дувне
14па Земјата и небото ќе се понесат и од еден удар ќе се здробат
15тој ден Крајот на светот ќе се случи
16и небото ќе распука – тогаш лабаво ќе биде
17И мелеците на неговите краеви ќе стојат, а Аршот на Господарот твој, тој ден, над нив осуммина ќе го држат
18Тој ден ќе бидете изложени, и ниту една ваша тајна нема скриена да остане
19Тој на кого книгата негова во десната рака негова ќе му се даде, ќе рече: „Еве ви, читајте ја книгата моја
20јас цврсто верував дека сметката моја ќе ја полагам.“
21И тој во животот ќе биде задоволен
22во џеннетот висок
23чиишто плодови на дофат на рака ќе бидат
24„Јадете и пијте радосни, за тоа што во деновите минати го заработивте!“
25Атој накогоќемусе даде книгата волевата рака негова ќерече: „Камосреќа книгата моја да не ми е ни дадена
26и да не ни дознаев за пресметката своја
27Камо среќа смртта да ме докрајчеше
28богатството мое не ми е од корист
29силата моја ја нема веќе!“
30„Зграпчете го и во окови оковајте го
31потоа во оган пржете го
32а потоа во синџири седумдесет лакти долги врзете го
33навистина тој во Големиот Аллах не веруваше
34и да се нахрани гладниот не поттикнуваше
35затоа тој денес овде близок пријател нема
36ниту друга храна освен помии
37кои само неверниците ќе ги јадат.“
38А Јас се колнам во тоа што го гледате
39и во тоа што не го гледате
40Куранот навистина е говор објавен на благородниот Пратеник
41а не е говор на никаков поет – колку малку вие верувате
42и не се зборови на никаков гатач – колку малку вие размислувате
43Тој е Објава од Господарот на световите
44А да изнесуваше тој какви било зборови против Нас
45Ние со десницата би го зграпчиле
46а потоа главната вена би му ја пресекле
47и никој меѓу вас не би можел од тоа да го одбрани
48Навистина Куранот е поука за богобојазливите
49а Ние сигурно знаеме дека некои од вас нема во него да веруваат
50И тој навистина ќе биде причина за пропаст на неверниците
51а тој навистина е неприкосновена вистина
52Затоа ти слави го името на Господарот свој, Величествениот
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath