Исламот
назад

68. Ал-Калам

1Нун. Се колнам во перото и во тоа што тие (мелеците) го пишуваат

2ти не си, со милоста на Господарот свој, луд

3ти сигурно награда непрекидна ќе добиеш

4бидејќи ти навистина имаш најдобар карактер

5и ти ќе видиш, а и тие ќе видат

6кој од вас е заведен

7Господарот твој добро го знае тој што од Неговиот пат скршнал и Тој добро ги знае тие што се на Вистинскиот пат

8Затоа не им се покорувај на лажливците

9тие едвај би дочекале ти да попуштиш, па и тие би попуштиле

10и не слушај никаков презрен кривоклетник

11клеветник, тој што пренесува туѓи зборови

12скржавец, насилник, голем грешник

13суров и, освен тоа, во туѓо племе натрапник

14само затоа што е богат и што има многу синови

15кој, кога ајетите Наши му се кажуваат, вели: „Тоа се само приказни на народите древни!“

16Ние на носот ќе му втиснеме белег

17Ние во искушение ги ставивме, како што ги ставивме во искушение сопствениците на една градина кога се заколнаа дека сигурно рано изутрина ќе ја оберат

18а не рекоа: „Ако даде Аллах!“

19И додека тие спиеја, неа, од Господарот твој, ја зафати несреќа

20и таа осамна опустошена

21А в зори тие едни со други се довикуваа

22„Поранете во градината своја ако мислите да ја оберете!“

23И тие тргнаа, тивко разговарајќи

24„Ниту еден сиромав нека не ви влезе никако денес!“

25И тие поранија уверени дека ќе можат тоа да го спроведат

26а кога ја здогледаа, повикаа: „Ние заталкавме

27но не, лишени сме од сè!“

28Подобриот меѓу нив рече: „Нели ви говорев дека треба да Го славимеАллах?!“

29„Славен и Возвишен нека е Господарот наш!“, рекоа, „ние, навистина, бевме неправедни!“

30И тогаш почнаа едни со други да се прекоруваат

31„Тешко нам!“ – говореа – „ние навистина бевме алчни;“

32„Господарот наш може подобра од неа да ни замени, само од Господарот наш ние се надеваме на надомест!“

33Ете таква беше казната, а на оној свет, нека знаат, казната е уште поголема

34За оние кои ќе се плашат од Аллах ќе има, навистина џеннети на уживање кај Господарот нивен

35зарем муслиманите со злосторниците ќе ги изедначиме

36Што ви е, како расудувате

37Зарем имате Книга, па во неа читате

38дека ќе го имате тоа што ќе го одберете

39Или, зарем имате од Нас заклетви кои до Судниот ден ќе важат дека тоа што вие ќе го одредите ќе го имате

40Прашај ги кој од нив е гарант за тоа

41Или, имаат ли тие соучесници? Па нека ги донесат соучесниците свои, доколку ја говорат вистината

42На Денот кога Потколеницата ќе се открие и кога ќе бидат повикани со лицето на тлото да паднат, па нема да можат

43со своите спуштени погледи, ќе ги поклопи понижувањето! А беа повикани со лицето на тло да паѓаат додека беа здрави

44Затоа остави ме Мене и тие штоовој Говор гонегираат, Ние постепено, од каде што не се надеваат (на страдањето) ќе ги приближуваме

45и време ќе им даваме, бидејќи казната Моја е цврста

46Зарем ти бараш награда од нив, па се оптоварени со данок

47Или кај нив е знаењето за гајбот, па препишуваат

48Ти трпеливо чекај ја пресудата на Господарот свој и не биди како оној што беше во рибата, кога извика, а беше огорчен

49и да не го стигнеше Аллаховата милост, на пусто место ќе беше исфрлен и прекор ќе заслужеше

50но, Господарот негов го избра и го направи еден од оние што се добри

51Неверниците скоро да те кутнат со погледите свои кога Опомената ја слушаат, велејќи: „Тој навистина е луд!“

52А Куранот е само опомена за целиот свет

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath