Исламот
назад

5. Ал-Маида

1О, верници, исполнувајте ги обврските! Ви се дозволува добитокот, со исклучок на тој за којшто ќе ви биде соопштено. Не ви е дозволено да ловите додека ги извршувате обредите на аџилакот! Навистина, Аллах пропишува што Тој сака

2О, верници, не ги омаловажувајте Аллаховите обреди на аџилакот, ниту светиот месец, ни курбаните, особено тие со оглав обележани, ниту луѓето кои тргнале кон Светиот Храм сакајќи награда и наклоност од Господарот свој. А кога обредите на аџилакот ќе ги извршите, тогаш смеете да ловите. И омразата што ја имате кон одредени луѓе, затоа што ви го оневозможија пристапот кон Светиот Храм,97 никако нека не ве наведе да ги нападнете! Едни на други помагајте си во добродетелството и во богобојазноста, а не соучествувајте во гревот и непријателството; и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува

3Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и што при пад е загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклале пред да умре, и што на жртвениците е жртвувано98, и ви се забранува гатање со стрелички.99 Тоа е порок! Денес неверниците изгубија секаква надеж дека вие од својата вера ќе отпаднете, затоа не плашете се од нив, туку плашете се од Мене. Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера. А на тој што ќе биде принуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости и Милостив ќе биде

4Те прашуваат што им се дозволува. Кажи: „Ви се дозволува убавата храна и тоа што ќе ви го уловат животните кои на лов сте ги подучиле, така како што Аллах вас ве научил. Јадете го тоа што тие ќе ви го уловат и споменете Го Аллаховото име при тоа, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах, навистина, брзо ги сведува сметките!“

5Од сега ви се дозволува сета убава храна; и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив; и чедните вернички ви се дозволени, и чедните ќерки на тие на кои им е дадена Книгата пред вас, кога нивните венчални дарови ќе им ги дадете со намера со нив да се ожените, а не со нив да блудничите и за љубовници да ги земате. А тој што ќе отпадне од вистинската вера – залудни ќе му бидат делата негови и тој, на оној свет, ќе биде губитник

6О, верници, кога ќе сакате намазот (молитвата) да го извршите, лицата свои и рацете свои до зад лактите измијте ги – а дел од главите свои допрете ги – и нозете свои до зад зглобовите, а ако сте џунуб, тогаш искапете се; а ако сте болни или на пат или ако сте извршиле физиолошка потреба или ако со сопругите сте се состанувале, а не можете да најдете вода, тогаш со рацете свои чиста земја допрете и со нив допрете ги лицата свои и рацете свои. Аллах не сака да ви причинува потешкотии, туку сака чисти да ве направи и благодaтта Своја да ви ја надополни, за да бидете благодарни

7И сетете се на Аллаховата милост со која ве опсипа и на заветот со кој ве обврза,100 кога рековте: „Слушаме и се покоруваме!“ И плашете се од Аллах, бидејќи Аллах ги знае мислите сечии

8О, верници, должностите кон Аллах извршувајте ги и праведно сведочете! Омразата која кон некои луѓе ја имате нека не ве натера неправедни да бидете! Праведни бидете, тоа е најблиску до богобојазноста, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро знае што правите

9На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе чинат, Аллах им ветува прошка и награда голема

10А тие што нема да веруваат и доказите Наши ќе ги негираат, ќе бидат жители на џехеннемот

11О, верници, сететесена Аллаховата благодaт конвас вомоментот кога некои луѓе сакаа да посегнат по вас, а Тој ги задржа рацете нивни.101 И плашете се од Аллах, а верниците нека се надеваат само на Аллах

12Аллах го прифати заветот на синовите Израилови – а меѓу нив поставивме дванаесет старешини – и Аллах рече: „Јас сум со вас! Ако молитвата ја извршувате и милостина давате, и ако во Пратениците Мои верувате, и ако им помагате и ако драговолно заем на Аллах Му давате, сигурно ќе преминам преку лошите постапки ваши и ќе ве воведам во џеннетските градини низ кои ќе течат реки. А тој меѓу вас кој ниту после ова нема да верува, од Вистинскиот пат скршнал!“

13Но, бидејќи заветот свој го прекршија, Ние ги проколнавме и срцата нивни крути ги сторивме. Тие, зборовите од местото на кое што беа ги отстрануваа, а добар дел од тоа со што беа опоменувани го изоставија. И ти кај нив, освен кај малкумина од нив, непрекинато на ерес ќе наидуваш, но прости им и не карај ги! Аллах, навистина, ги сака добродетелите

14Ние заветот го прифативме и од тие што велат: „Ние сме христијани!“ – но и тие, голем дел од тоа со што беа опоменувани го изоставија, затоа меѓу нив вметнавме непријателство и омраза сè до Судниот ден; а Аллах сигурно ќе ги извести за тоа што го правеа

15О, следбеници на Книгата, ви дојде Пратеник Наш да ви укаже на многу нешта кои вие од Книгата ги криете, а преку многу и ќе помине! А од Аллах ви доаѓа светлина и Книга јасна

16со која Аллах ги упатува на патиштата на спасението тие што настојуваат да го стекнат задоволството Негово и ги изведува, според волјата Своја, одтемнината на светлина и им укажува на Вистинскиот пат

17Неверници се тие што велат: „Бог е Месих, синот Мерјемин!“ Кажи: „Кој може да Го спречи Аллах, ако сака, да го уништи Месих, синот Мерјемин, и мајката негова, и сите што се на Земјата? Аллахова е власта и на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив! Тој создава што сака и Аллах може сè

18И евреите и христијаните велат: „Ние сме деца Божји и миленици Негови.“ Кажи: „Па тогаш зошто Тој ве казнува поради гревовите ваши?“ А не е така! Вие сте како и останатите луѓе кои Тој ги создава: кому сака Тој ќе му прости, а кого сака Тој ќе го казни. Аллахова е власта на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, и Нему сите ќе Му се вратат

19О, следбеници на Книгата, ви дојде Пратеникот Наш – откако некое време е прекинато испраќањето Пратеници – да ви објасни, за да не кажете: „Не ни дојде ниту тој што носи радосни вести, ниту тој што опоменува!“ Па ете, ви дојде тој што носи радосни вести и што опоменува! А Аллах може сè

20А кога Муса му рече на народот свој: „О, народе мој, сетете се на Аллаховата благодaт кон вас, кога некои од вас веровесници ги направи, а многумина од вас владетели, и ви го даде тоа што на ниту еден народ не му го дал

21О, народе мој, влезете во Светата земја, која Аллах ви ја додели, и не повлекувајте се назад, па да се вратите загубени!“

22Тие рекоа: „О, Муса! Во неа има немилосрден народ и ние во неа нема да влеземе сè додека тие од неа не излезат; па, ако тие излезат од неа, тогаш ние сигурно ќе влеземе.“

23Двајца мажи, коиод Аллах сеплашеаинакои Тој им ја подари милоста Своја, рекоа: „Навалете им на портата, па кога низ неа ќе поминете, сигурно ќе бидете победници; ана Аллах надевајте се, акостеверници!“

24„О, Муса,“ – рекоа тие - „сè додека се тие во неа, ние нема во неа да влеземе! Отидете ти и Господарот твој па борете сe, ние овде ќе останеме!“

25„Господару мој,“ – рече Муса - „јас освен на себеси, имам моќ само над братот свој; затоа пресуди ни нам и на народот грешен!“

26„Четириесет години тие по земјата ќе талкаат,“ – рече Тој - „бидејќи Светата земја забранета ќе им биде, а ти нетагувај понародот грешен!“

27И раскажи им за двајцата Адемови синови, така како што беше, кога тие двајцата жртва принесоа, па кога од едниот беше примена, а од другиот не, па рече: „Сигурно ќе те убијам!“ „Аллах прима само од богобојазните!“ – рече првиот

28„И кога би ја пружил ти раката кон мене за да ме убиеш, јас не би ја пружил својата кон тебе за да те убијам, бидејќи јас се плашам од Аллах, Господарот на световите

29Јас сакам ти да го понесеш и мојот и твојот грев и да бидеш жител на Огнот. А тој е казна за сите насилници“

30И страста негова го наведе да го убие братот свој, па го уби и стана еден од изгубените

31Тогаш Аллах испрати гавран да копа по земјата за да му покаже како да го закопа мртвото тело на својот брат. „Тешко мене!“ – рече тој -„зарем и јас не можам, како овој гавран, да го закопам мртвото тело на својот брат?!“ И се покаја

32Заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови: ако некој убие некој кој неубил никого, или некој штоне прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал! Нашите Пратеници јасни докази им носеа, но многумина од нив, и покрај тоа, на Земјата сите граници на злото ги преминуваа

33Казната за тие кои против Аллах и Пратеникот Негов војуваат и кои неред на Земјата чинат102 е: да бидат убиени, или распнати, или вкрстено рацете и нозете да им се отсечат или од земјата да се прогонат! Тоа им е понижување на овој свет, а на оној свет ги чека големо страдање

34но не и за тие што ќе се покајат пред да паднат во ваши раце! И знајте дека Аллах простува и дека е Милостив

35О, верници, плашете сè од Аллах и барајте го тоа што кон Него ќе ве приближи и борете сe на патот Негов за да го постигнете тоа што го сакате

36Кога сè што е на Земјата би било во посед на неверниците, и уште толку, и би сакале да се откупат од страдањата на оној свет, не би им се уважило. Нив ги чека неиздржлива мака

37Ќе посакаат тие да излезат од огнот, но излез нема да имаат, за нив ќе има непрекинато страдање

38На крадецот и на крадачката отсечете им ги рацете нивни, тоа нека им биде казна за тоа што го сториле и опомена од Аллах! А Аллах е Силниот и Мудриот

39А тој што по своето недело ќе се покае и ќе се поправи, Аллах сигурно ќе му прости. Аллах, навистина, простува и Милостив е

40Ти сигурно знаеш дека само Аллах има власт на небесата и на Земјата. Тој казнува кого сака, а простува кому сака. Аллах може сè

41О, Пратенику, нека не те загрижува тоа што брзо го покажуваат неверувањето тие кои со устите свои велат „веруваме“, а со срцето не веруваат, и евреите кои измислиците многу ги слушаат и кои туѓите зборови радо ги прифаќаат, а кај тебе не доаѓаат, кои смислата на зборовите од местата нивни ги извртуваат и велат: „Ако вака ви се пресуди, тогаш прифатете, а ако не ви се пресуди, тогаш не прифаќајте!“ А кого Аллах сака во заблуда да го остави, ти наспроти Аллах не можеш никако да му помогнеш. Тоа се тие чиишто срца Аллах не сака да ги исчисти; нив на овој свет ги чека понижување, а на оној свет големо страдање

42Тие многу лаги слушаат и тоа што е забрането радо го јадат; па ако ти дојдат, ти или пресуди им или тргни се од нив; ако се тргнеш од нив, тие не можат ни малку да ти наштетат. А ако им судиш, пресуди им праведно бидејќи Аллах ги сака праведните

43А од каде тоа тие да ти бараат да им судиш кога го имаат Тевратот, во кој има Аллахови прописи? Тие ни по пресудата твоја не би биле задоволни бидејќи не се никакви верници

44Ние го објавивме Тевратот, кој содржи упатство и светлина. Според него на евреите им судеа веровесниците, кои Му беа послушни на Аллах и честити луѓе, и учени, од кои е барано да ја чуваат Аллаховата Книга, и тие над неа бдееја. Затоа, кога ќе судите, не плашете се од луѓето, туку плашете се од Мене, и не заменувајте ги зборовите Мои за нешто што малку вреди! А тие што не судат според тоа што Аллах го објавил, тие се вистински неверници

45Ние во него им пропишавме: глава за глава, и око за око, и нос за нос, и уво за уво, и заб за заб, а и раните треба да се возвратат. А тој што ќе се откаже од одмаздата, тоа ќе му биде искупување од гревовите. Тие што не судат според тоа што Аллах го објавил се вистински насилници

46После нив, го испративме Иса, синот Мерјемин, кој го признаваше Тевратот,преднегообјавен,анемумугодадовмеИнџилот,вокојимаше упатство и светлина, и да го потврди Тевратот, пред него објавен, во кој исто така имаше упатство и поука за тие кои од Аллах се плашеа

47и на следбениците на Инџилот им наредивме да судат според тоа што Аллах го објавил во него. Тие што не судеа според тоа што Аллах го објавил се вистински грешници

48А тебе ти објавуваме Книга, со Вистината, да ги потврди книгите пред неа објавени и над нив да бдее. И ти суди им според тоа што го објавува Аллах и не следи ги желбите нивни, и не отстапувај од Вистината која ти доаѓа; на сите вас закон и правец ви пропишавме! А да сакаше Аллах, ќе ве направеше следбеници на една вера, но, Тој сака да ве искуша во тоа што ви го пропишува, затоа натпреварувајте се кој повеќе добрини ќе прави; кај Аллах сите ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа за што не се согласувавте

49И суди им според тоа што Аллах го објавува и не следи ги желбите нивни, и чувај се од нив да не те одвратат од нешто што Аллах ти го објавува! Аако ти свртат грб, тогаш знај дека Аллах сака, поради некои гревови нивни, да ги казни. А многумина од луѓето се, навистина, грешници

50Зарем тие да бараат како во паганско време да им се суди? А кој е подобар судија од Аллах на народ кој цврсто верува

51О, верници, не земајте ги за заштитници евреите и христијаните! Тие се заштитници на самите себеси! А нивен е и тој меѓу вас кој за заштитници ќе ги прифати; Аллах, навистина, нема да им укаже на Вистинскиот пат на луѓето кои сами на себе неправда си чинат

52Затоа ти ги гледаш тие чии срца се болни како брзаат да склопат пријателство со нив, велејќи: „Се плашиме некаква неволја да не нè снајде.“ А Аллах сигурно победа или нешто друго од Себе ќе даде, па тие ќе се каат поради тоа што во душите свои го криеја

53а тие што веруваат ќе речат: „Зарем тоа се тие што се колнеа во Аллах, со својата најтешка заклетва дека навистина се со вас?“ Делата нивни ќе бидат поништени, и тие ќе настрадаат

54О, верници, ако некој од вас од верата своја отпадне, - па Аллах сигурно наместо нив ќе доведе луѓе кои Тој ги сака и кои Него Го сакаат, понизни кон верниците, а горди кон неверниците; тие на Аллаховиот пат ќе се борат и од ничиј прекор нема да се плашат! Тоа е Аллаховиот дар, кој Тој го дава кому сака, а Аллах е неизмерно добар и знае сè

55Ваши заштитници се само Аллах и Пратеникот Негов и верниците кои понизно намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат

56Тој што за заштитник ќе Го земе Аллах и Пратеникот Негов и верниците – па, Аллаховата страна, секако, ќе победи

57О, верници, не пријателувајте со тие кои верата ваша за потсмев и забава ја земаат, било да се тие на кои им е дадена Книгата пред вас, или да се идолопоклоници, - и од Аллах плашете се ако сте верници

58И кога повикувате на намаз (молитва), и тоа за потсмев и забава го земаат, затоа што тоа се луѓе кои не сфаќаат

59Кажи: „О, следбеници на Книгата, зарем нас да нè осудувате поради тоа што веруваме во Аллах и во тоа што ни се објавува, и во тоа што е објавено претходно, а повеќето сте грешници?“

60Кажи: „Сакате ли да ви кажам кои се полоши од таквите и кои Аллах уште потешко ќе ги казни? Тие кои Аллах ги проколнал и на кои се разгневил и во мајмуни и свињи ги претворил, тие кои на тагутот му робувале – нив ги чека најлошото место, бидејќи тие најдалеку од Вистинскиот пат заталкале.“

61А кога ви доаѓаат, велат: „Веруваме!“, но тие доаѓаат како неверници, и како такви и си одат, а Аллах добро го знае тоа што тие го кријат

62Гледаш многумина од нив како кон гревови и насилство се стремат и како тоа што е забрането го јадат; лошо ли е тоа како тие постапуваат

63Треба рабините и учените луѓе од лажниот говор и од забранетата храна да ги одвраќаат; лошо ли е тоа како тие постапуваат

64Евреите велат: „Аллаховата рака е стисната!“ Стиснати да се рацете нивни и проклети да се поради тоа што го велат! Не, двете Негови раце се отворени, Тој дава колку што сака! А тоа што ти го објавува Господарот твој ќе ја зголеми заблудата иневерувањето кај многумина од нив. Ние вметнавме меѓу нив непријателство и омраза сè до Крајот на светот. Кога и да се обидат да го потпалат огнот на војната, Аллах го гасне. Тие настојуваат на Земјата пакост да прават, а Аллах не ги сака пакосниците

65А следбениците на Книгата да веруваат и од гревови да се чуваат, Ние би поминале преку лошите постапки нивни и сигурно би ги внеле во џеннетските градини на уживањето

66Да се придржуваат до Тевратот и Инџилот и до тоа што им го објавува Господарот нивен, би имале што да јадат, и од тоа што е над нив и од тоа што е под нозете нивни. Има и умерени меѓу нив, но лошо е тоа што повеќето од нив го прават

67О, Пратенику, кажувај го тоа што ти се објавува од Господарот твој! Ако не го сториш тоа, тогаш не си ја доставил Објавата Негова, а Аллах од луѓето ќе те штити. Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот кој не сака да верува

68Кажи: „О, следбеници на Книгата, вие немате никаква вера доколку не се придржувате до Тевратот, Инџилот и до тоа што ви го објавува Господарот ваш!“ А тоа што ти го објавува Господарот твој на повеќето од нив ќе им ја зголеми непокорноста и неверувањето, но, ти не очајувај поради народот кој не сака да верува

69Тие што веруваа, па тие што беа евреи, и Сабијци, и христијани – тие што во Аллах и во оној свет веруваа и правеа добри дела - од ништо нема да се плашат и за ништо нема да тагуваат

70Ние од синовите Израилови завет зедовме и Пратеници им праќавме. Кога и да им донесеше некој Пратеник нешто што не им годеше на душите нивни, некои од нив за лаги ги клеветеа, а другите ги убиваа

71Мислеа дека нема да бидат ставени на маки, па беа и слепи и глуви, и тогаш кога Аллах го прими покајанието нивно, многумина од нив повторно беа и слепи и глуви; а Аллах добро го гледа тоа што тие го прават

72Неверници се тие што велат: „Бог е Месих, синот Мерјемин!“ А Месих говореше: „О, синови Израилови, обожувајте Го само Аллах, и мојот и вашиот Господар!“ Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне

73Неверници се тие што велат: „Бог е дел од тројството!“ А само еден еБог! И доколку тие не се откажат од тоа што го велат, неиздржливо страдање, навистина, ќе го стигне секој од нив кој неверник ќе остане

74Зошто тие не се покајат кај Аллах и не замолат прошка од Него? А Аллах простува и Милостив е

75Месих, синот Мерјемин, е само Пратеник, и пред него доаѓаа и заминуваа Пратеници, а мајката негова беше вистинољубива; и двајцата јадеа храна. Погледни како Ние изнесуваме јасни докази и потоа погледни ги нив како се одметнуваат

76Кажи: „Како можете, освен Аллах, да обожувате некого кој не е во состојба ни да ви наштети ни да ви биде од корист, а Аллах е Тој што сè слуша и знае?“

77Кажи: „О, следбеници на Книгата, не застранувајте во верувањето свое, спротивно на вистината, и не следете ги страстите на луѓето кои уште одамна заталкале, и многумина во заблуда одвеле, и самите од Вистинскиот пат скршнале!“

78Со јазикот на Давуд и на Иса, синот Мерјемин, проколнати се тие од синовите Израилови кои не веруваа, затоа што се бунтуваа и границите на злото секогаш ги поминуваа

79едни со други не се одвраќаа од грешните постапки кои ги правеа. Лошо е, навистина, тоа како постапуваа

80Ти гледаш како многумина од нив пријателуваат со многубошците. Лошо е тоа што самите себеси си го подготвуваат: Аллах на нив да се разгневи и во страдание вечно да останат

81А да веруваат во Аллах и во Веровесникот и во тоа што нему му се објавува, тие со нив не би пријателувале, но, многумина од нив се грешници

82Ти сигурно ќе видиш дека на верниците најлути непријатели им се евреите и многубошците; исекако ќе видиш дека наверниците најблиски пријатели им се тие штовелат: „Ние сме христијани!“, затоаштомеѓу нив има свештеници и монаси, и затоа што тие не се вообразени

83Кога го слушаат тоа што му се објавува на Пратеникот, гледаш како им течат солзи од очите бидејќи знаат дека тоа е Вистина, па велат: „Господару наш, ние веруваме, па запиши нè и нас меѓу тие што посведочиле

84Зошто да не веруваме во Аллах и во Вистината која ни доаѓа, кога едвај чекаме и нас Господарот наш да нè вброи меѓу добрите луѓе.“

85Како награда поради тоа што го велат, Аллах ќе им даде џеннетски градини, низ кои реки течат, во кои вечно ќе престојуваат; а тоа ќе биде награда за сите што прават добри дела

86А тие што нема да веруваат и доказите Наши ќе ги негираат, жители на џехеннемот ќе бидат

87О, верници, не ускратувајте си ги убавите нешта кои Аллах ви ги дозволил, само не преминувајте мерка, бидејќи Аллах не ги сака тие што претеруваат

88И јадете го тоа што ви го дава Аллах, што е дозволено и убаво; и плашете се од Аллах во Кого верувате

89Аллах нема да ве казни ако ненамерно се заколнете, но ќе ве казни ако намерно се заколнете. Откуп за прекршената заклетва е: да нахраните десет сиромаси со обична храна со која ги храните своите семејства, или да ги облечете, или роб од ропство да ослободите. А тој што нема да може, нека пости три дена. Така за заклетвите ваши откупувајте се кога ќе се заколнете; а за заклетвите ваши грижете се! Ете, така Аллах ви ги објаснува прописите Свои, за да бидете благодарни

90О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате

91Шејтанот сака со помош на виното и коцката меѓу вас да внесе непријателство и омраза, и да ве одврати од сеќавање на Аллах и од извршување на намазот (молитвата). Па, ќе престанете ли

92И бидете Мупослушни на Аллах и бидете мупослушни на Пратеникот и бидете внимателни! А ако главите ги свртите, тогаш знајте дека Пратеникот Наш е должен само јасно да обзнани

93Тие што веруваат и добри дела прават немаат никаков грев во тоа што го изеле и испиле пред забраната кога се чуваат од тоа што им е забрането и кога веруваат и добри дела прават, а потоа пак се плашат од Аллах и веруваат и од гревовите се чуваат и добрини прават. А Аллах ги сака тие што на другите добрина им прават

94О, верници, Аллах ќе ве доведува во искушение со дивечот кој ќе биде на дофат на рацете ваши и копјата ваши, за Аллах да укаже на тој што од Него се плаши кога никој не го гледа. А тој што и после тоа насилство ќе стори, го чека болно страдание

95О, верници, не убивајте го дивечот додека сте во ихрами104! Тој што намерно ќе убие, казната му е едно домашно животно, чија вредност ќе ја проценат двајца ваши праведни луѓе, како курбан да заколе покрај Каба, или да се искупи така што ќе нахрани сиромашни или ќе пости, за да ја осети погубноста на постапката своја. А Аллах веќе го простил тоа што било. Тој што повторно ќе го стори тоа, Аллах ќе го казни! Аллах е Силен и Строг

96Вам ви се допушта во морето да ловите и уловот да го јадете, со него вие и патниците да се користите, а ви се забранува на копно да ловите додека обредите на аџилакот ги извршувате. И плашете се од Аллах, пред Кого ќе се соберете

97Аллах ја направил Каба, Светиот Храм, да биде препород за луѓето, а така и светиот месец и курбаните, особено тие со оглав означени, за да знаете дека на Аллах Му е познато тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, дека Аллах, навистина, знае сè

98Знајте дека Аллах строго казнува, но и дека простува и дека е Милостив

99На Пратеникот должност му е единствено да објави, а Аллах го знае и тоа што јавно го правите и тоа што го криете

100Кажи: „Не е исто тоа што е забрането и тоа што е дозволено, иако те изненадува мноштвото од забранетото. Затоа плашете се од Аллах, о, вие кои сте обдарени со разум, за да го постигнете тоа што го сакате

101О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни; а ако прашате за тоа додека Куранот се објавува, ќе ви се објасни; тоа претходното Аллах веќе ви го прости. А Аллах простува и Благ е

102Некои луѓе прашаа за тоа пред вас, па потоа во тоа не поверуваа

103Аллах не пропишал да се сечат ушите од камилата која донела на свет пет младенчиња, ниту да се ослободи во име на некој идол, ниту да се жртвуваат овци кои петпати донеле на свет близначиња или пак камилата која петпати донела на свет машко105; тоа тие што не веруваат за Аллах кажуваат лаги и мноштвото од нив немаат памет

104А кога ќе им се каже: „Пристапете кон тоа што ви го објавува Аллах и кон Пратеникот!“, тие одговараат: „Доволно ни е тоа што од предците наши сме го запомниле.“ Зарем и ако предците нивни ништо не знаеjа и ако на Вистинскиот пат не беа

105О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал! Кај Аллах сите ќе се вратите и Тој ќе ве извести за тоа што сте го правеле

106О, верници, кога ќе ви се приближи смртта, при диктирање на тестаментот нека ви посведочат двајца праведни роднини ваши или некои други двајца, кои не се ваши, - ако сте на пат, а се појават знаци на смртта. А ако се посомневате, задржете ги по извршениот намаз (молитва) и нека се заколнат во Аллах: „Ние заклетвата за ниедна цена нема да ја продадеме, дури и да се работи за некој роднина и сведочењето кое Аллах го пропишал нема да го ускратиме, бидејќи тогаш, навистина, би биле грешници!“

107А ако се открие дека тие двајца згрешиле, тогаш нив ќе ги заменат други двајца од тие на кои штетата им е нанесена, и нека се заколнат во Аллах: „Нашите заклетви се поверодостојни од заклетвите нивни, ние не се заколнавме лажно, бидејќи тогаш, навистина, би биле неправедни!“

108Тоа е најблиску до тоа дека ќе го извршат сведочењето свое така како што треба, и да не се плашат дека нивните заклетви со други заклетви ќе бидат побиени. И плашете се од Аллах и слушајте! А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на луѓето кои се големи грешници

109На Денот кога Аллах ќе ги собере Пратениците и ќе ги запраша: „Како ви се одѕвaa?“ – тие ќе речат: „Ние не знаеме, бидејќи Ти ги знаеш сите тајни.“

110Кога Аллах ќе каже: „О, Иса, сине Мерјемин, сети се на благодaтта Моја кон тебе и кон мајката твоја: кога со Џибрил те помогнав, па со луѓето уште од колевка и како зрел маж разговараше; и кога на писменост и на мудрост, и на Тевратот и на Инџилот те научив; и кога со волјата Моја од глина направи нешто како птица и во неа вдахна, и кога таа со волјата Моја стана птица; и кога со волјата Моја од раѓање слеп и лепрозен исцелуваше; и кога со волјата Моја мртвите ги креваше; и кога од тебе синовите Израилови ги одбив, кога јасни докази им донесе, па тие меѓу нив кои не веруваа – викнаа: ,Ова не е ништо друго туку вистинска магија!‘“

111И кога на учениците им наредив: „Верувајте во Мене и во Пратеникот Мој!“, тие одговорија; „Веруваме, а Ти биди сведок дека ние сме муслимани.“

112А кога учениците рекоа: „О, Иса, сине Мерјемин, може ли Господарот твој трпеза од небо да ни спушти?“ – тој рече: „Плашете се од Аллах ако сте верници!“

113„Ние сакаме“ – рекоа тие - „од неа да јадеме и нашите срца да бидат смирени и да се увериме дека вистината ни ја зборуваше, и за неа да бидеме сведоци.“

114Иса, синот Мерјемин, рече: „О, Аллаху, Господару наш, спушти ни од неботрпеза да ни биде празник, ина првите однас инаподоцнежните, и чудо Твое, и снабди нè, а Ти си најдобриот Снабдувач!“

115„Јас ќе ви ја спуштам,“ – рече Аллах - „но тие од вас кои и потоа нема да веруваат ќе ги казнам со казна каква никого на светот нема да казнам!“

116А кога Аллах ќе рече: „О, Иса, сине Мерјемин, ти ли им говореше на луѓето: ,Прифатете ме мене и мајката моја како две божества покрај Бог?‘“ – тој ќе рече: „Чист си Ти од тоа! Мене не ми доликува да зборувам за тоа што немам право. Ако тоа јас сум го говорел, Ти тоа веќе го знаеш; Ти знаеш што знам јас, а јас не знам што знаеш Ти; Само Ти, Единиот, знаеш сè што е скриено

117Јас им го велев само тоа што Ти им го нареди: ,Обожувајте Го Бога, и мојот и вашиот Господар!‘ И јас бдеев над нив додека бев меѓу нив, а кога Ти душата ми ја зеде, само Ти ги наѕрнуваше; Ти бдееш над сè

118Ако ги казниш, робови се Твои, а ако им простиш, Силен и Мудар си Ти!“

119Аллах ќе рече: „Ова е Денот во кој на искрените искреноста нивна ќе им биде од корист; ним ќе им припаднат џеннетските градини низ кои реки течат; вечно и довека во нив ќе останат. Аллах ќе биде задоволен со нив, а и тие со Него. Тоа голем успех ќе биде!“

120Аллахова е власта на небесата и на Земјата и над тоа што е на нив; Тој може сè

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath