59. Ал-Хашр
1Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах, Тој е Силниот и Мудриот
2Тој при првото прогонство од домовите нивни ги протера тие следбеници на Книгата кои не веруваа. Вие не мислевте дека ќе отидат, а тие мислеа дека нивните тврдини од Аллаховата казна ќе ги одбранат, но Аллаховата казна им дојде оттаму од каде што не се надеваа и Тој во срцата нивни влеа страв; со сопствените раце и со рацете на верниците своите домови ги рушеа. Затоа земете од тоа поука, о, вие кои гледате
3А Аллах да не пропишеше веќе прогонство за нив, Тој ќе ги казнеше уште на овој свет! А ним на оној свет им припаѓа казна во Огнот
4затоа што на Аллах и на Пратеникот Негов им се спротивставуваа; а тој што на Аллах ќе Му се спротивстави, Аллах навистина жестоко ќе го казни
5Тоа што исековте некои палми или ги оставивте исправено да стојат – тоа со Аллахова дозвола го сторивте, и за Тој да ги понижи непослушните грешници
6А вие не ги теравте ниту коњите ниту камилите впрегнати заради тоа што Аллах од нив, како плен, го подарил на Пратеникот Свој, туку Аллах им ја препушта власта на пратениците Свои над тие над коишто сака Тој; Аллах може сè
7Пленот од жителите на селата и на градовите кои Аллах му ги дарува на Пратеникот Свој им припаѓа: на Аллах и на Пратеникот Негов, и на неговите ближни, и на сирачињата, и на сиромашните и на патниците-намерници, за да не преоѓа само од раце во рацете на вашите богаташи; тоа што Пратеникот ќе ви го даде - земете го, а тоа што ќе ви го забрани - оставете го; и плашете се од Аллах бидејќи Аллах навистина жестоко казнува
8И на сиромашните мухаџири кои од својот роден крај се протерани и од имотот свој лишени, кои сакаат Аллаховата милост и наклоност да ја стекнат, и на Аллах и на Пратеникот Негов им помагаат – тоа се навистина вистински верници
9И на тие што пред нив Медина ја населија и верувањето го прифатија; тие ги сакаат оние коишто им се доселуваат и во градите свои никаква тешкотија не чувствуваат, и сакаат повеќе за нив отколку за себе, иако и на нив самите им е потребно. А тие што ќе се сочуваат од лакомоста и скржавоста, тие сигурно ќе успеат
10Тие што доаѓаат по нив, велат: „Господару наш, прости ни нам и на браќата наши кои во верата не претекнаа и не допуштај во срцата наши да има ниту малку злоба кон верниците; Господару наш, Ти си, навистина, добар и Милостив!“
11Зарем не гледаш како лицемерите им говорат на своите пријатели, на следбениците на Книгата кои не веруваат: „Ако бидете протерани, ние сигурно со вас ќе појдеме и кога ќе се однесува на вас, никогаш никому нема да му се покориме; а ако бидете нападнати, сигурно на помош ќе ви дојдеме.“ – а Аллах е сведок дека тие навистина се лажливци
12Кога би биле протерани, тие не би тргнале со нив; кога би биле нападнати, тие не би им дошле на помош; и кога би им дошле на помош, сигурно би избегале и тие без помош би останале
13Тие повеќе се плашат од вас отколку од Аллах, затоа што тие се неразумни луѓе
14Само во утврдените градови или зад ѕидините, тие против вас смеат заедно да се борат. Нивното непријателство е жестоко меѓу нив. Ти мислиш дека тие се сложни, меѓутоа срцата нивни се разединети, затоа што тие се луѓе кои немаат ум
15Слични се на тие што неодамна тука сета погубност на постапките свои ја искусија – нив ги чека неподносливо страдање
16Слични се на шејтанот кога ќе му каже на човекот: „Биди неверник!“ – па кога тој ќе стане неверник, тој тогаш ќе рече: „Јас се одрекувам од тебе, и навистина се плашам од Аллах, Господарот на световите!“
17Двајцата на крај ги чека огнот, во кој вечно ќе престојуваат, а тоа ќе биде казна за сите злосторници
18О, верници, плашете се од Аллах, и секој човек нека гледа што подготвил за утре и плашете се од Аллах, бидејќи Тој добро знае што правите
19И не бидете како тие што заборавија на Аллах, па Тој направи самите себеси да се заборават; тоа се вистински непослушни грешници
20Не се еднакви жителите на џехеннемот и жителите на џеннетот; жителите на џеннетот ќе го постигнат тоа што го сакаат
21Ако го објавиме овој Куран на некој рид, ти би видел како е полн со стравопочит и како би се распаднал од страв пред Аллах. Такви примери им наведуваме на луѓето за да размислат
22Тој е Аллах, нема друг бог освен Него, Тој е познавач на невидливиот и на видливиот свет, Тој е Семилосен, Милостив
23Тој е Аллах, нема друг бог освен Него, Владетелот, Светиот, Тој што е без недостатоци, Тој што го обезбедува секого, Тој што бдее над сите, Силниот, Возвишениот, Гордиот. Возвишен и Чист е Аллах од тоа што Му го припишуваат
24Тој е Аллах, Создателот, Тој што создава од ништо, Тој што му дава облик на сè, Тој има најубави имиња. Него Го слави и Го велича сè што е на небесата и на Земјата, Тој е Силниот и Мудриот
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath