Исламот
назад

56. Ал-Вакија

1Кога Случувањето ќе се случи

2случувањето негово никој нема да го негира

3некои ќе ги понижи, а некои ќе ги возвиши

4кога Земјата силно ќе се стресе

5и планините во парчиња ќе се здробат

6и ќе станат прашина расфрлена

7вас ќе ве има три вида

8тие оддесно – кои се тие оддесно

9И тие одлево – кои се тие одлево

10И тие првите – секогаш први

11Тие ќе Му бидат блиски на Аллах

12во џеннетските градини на насладувањето

13Ќе има многу од првите

14а малку од последните

15на диваните извезени

16едни кон други на нив потпрени ќе бидат

17ќе ги служат вечно млади момчиња

18со чаши и ибрици и со пехар полн со пијалак од изворите проточни

19од кој глава нема да ги боли и поради кој умот нема да го загубат

20и со овошје коешто самите ќе го одбираат

21и со птичје месо какво што ќе посакаат

22Со нив ќе бидат и хуриите со крупни очи

23слични на бисер во школките скриен

24како награда за тоа што го правеле

25Во нив нема да слушаат празни беседи и грешен говор

26туку само зборовите: „Селам, селам!“

27А тие оддесно – што е со тие оддесно

28Ќе бидат меѓу лотосовите дрвја без боцки

29и меѓу дрвјата на багремот со плодови нанижени

30и под сенката пространа

31покрај водата проточна

32и среде овошјето разновидно

33коешто секогаш ќе го има и коешто нема забрането да биде

34и на постелите високо кренати

35Со новото создавање ние ќе создадеме хурии

36и ќе ги направиме девици

37мили на мажите нивни и со исти години

38за тие оддесно

39Ќе ги има многу од првите

40а многу и од подоцнежните

41А тие одлево – што е со тие одлево

42Тие ќе бидат во оган вжарен и во вода зовриена

43и во сенката на чадот темен

44каде нема да има свежина ни каква било удобност

45Тие пред тоа со раскошен живот живееја

46и упорно тешки гревови чинеа

47и велеа: „Зарем кога ќе умреме и кога земја и коски ќе станеме – зарем навистина ќе бидеме оживеани

48зарем и нашите древни предци?“

49Кажи: „И древните и подоцнежните

50во одредено време, еден одреден ден ќе бидат собрани

51и тогаш вие, о заблудени, кои го негиравте проживувањето

52сигурно од дрвото Зеккум ќе јадете

53и со него стомаците ќе ги полните

54а потоа на тоа зовриена вода ќе пиете

55како камили кои не можат жедта да ја изгаснат

56тоа на оној свет ќе биде гостењето нивно

57Ние ве создадовме – па зошто не поверувате?“

58Кажете Ми вие Мене: дали на семето кое го уфрлате

59вие облик му давате или Ние тоа го правиме

60Ние одредуваме кога кој од вас ќе умре, и никој не може да Нè спречи

61ликовите ваши да ги измениме и одново во ликови кои вие нема да ги познаете да ве создадеме

62Познато ви е како првиот патстесоздадени, пазоштонесе вразумите

63Кажете Ми вие Мене: што станува со тоа што ќе го посадите

64Дали вие му давате сила да никнува, или Ние тоа го правиме

65Ако сакаме можеме во суво растение да го претвориме, па би се вчудоневиделе

66„Ние навистина сме оштетени

67дури сме и лишени од сè!“

68Кажете Ми вие Мене: водата што ја пиете

69дали вие или Ние од облаците ја спуштаме

70Ако сакаме можеме да ја направиме солена – па зошто не сте благодарни

71Кажете Ми вие Мене: огнот што го палите

72дали дрвото за него вие или Ние го создаваме

73Ние правиме тој да потсетува и да биде корисен за патниците кои престојуваат

74затоа слави го и величај го името на Господарот свој, Величествениот

75И се колнам во местата на постепеното спуштање на Куранот

76а тоа, да знаете, е голема заклетва

77Тоа е, навистина, благородниот Куран

78во грижливо чуваната Книга

79Смеат да го допрат само тие што се чисти

80Тој е Објава од Господарот на световите

81па како овој говор го омаловажувате

82и наместо благодарност што ви е подарено снабдувањето, вие во него не верувате

83А зошто вие, кога душата до гркланот ќе достигне

84и кога вие тогаш ќе гледате

85а Ние Сме му поблиски од вас, но вие не гледате

86зошто тогаш, ако сметката не сакате да ја полагате

87не ја повратите, ако вистината ја зборувате

88И ако биде еден од тие што Му се блиски на Аллах

89удобност и убаво снабдување и џеннетски благодати за него

90А ако биде еден од тие што се десно

91па, селам до тебе од тие што се десно

92А ако биде еден од тие што негираа и во заблуда останаа

93па со зовриена вода ќе биде нагостен

94и во огнот ќе биде пржен

95Навистина сето ова е чиста вистина

96Па слави го и величај го името на Господарот свој, Величествениот

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath