55. Ар-Рахман
1Семилосниот
2подучува со Куран
3го создава човекот
4го учи да изговара
5Сонцето и Месечината по утврдени патеки пловат
6и ѕвездите и дрвјата се покоруваат
7а небото го крена. И постави Мерка - правда
8за да не ги преминувате границите на правдата
9и правилно мерете и на кантарот не кратете
10А Земјата за созданијата ја рашири
11на неа има овошја и палми со плод во чашки
12и жито со плевел и листови на стеблата
13па, која благодат од Господарот свој ја негирате
14Тој, човекот од исушена глина, како што е грнчаријата, го создаде
15а џинните од пламен оган
16па, која благодат од Господарот свој ја негирате
17Господарот на двата истоци и двата запади
18па, која благодат од Господарот свој ја негирате
19Пушти две мориња да се допираат
20меѓу нив има преграда и тие не се мешаат
21па, која благодат од Господарот свој ја негирате
22Од нив се вади бисер и мерџан
23па, која благодат од Господарот свој ја негирате
24Негови се и бродовите кои како ридови високо по морето се издигнуваат
25па, која благодат од Господарот свој ја негирате
26Сè што е на неа (Земјата) минливо е
27останува само Лицето на Господарот твој, Величествено и Благородно
28па, која благодат од Господарот свој ја негирате
29Нему Му се молат тие што се на небесата и на Земјата; секој миг Тој се занимава со нешто
30па, која благодат од Господарот свој ја негирате
31Ќе се позанимаваме со вас, о луѓе и џинни
32па, која благодат од Господарот свој ја негирате
33О, групи од џинни и луѓе, ако можете низ слоевите на небесите и на Земјата да продрете, продрете, ќе можете да продрете само со голема моќ
34па, која благодат од Господарот свој ја негирате
35Врз вас огнен пламен и густ чад ќе ви се испрати, и вие нема да можете да се одбраните
36па, која благодат од Господарот свој ја негирате
37А кога небото ќе се раздвои и како растопено масло румено ќе стане
38па, која благодат од Господарот свој ја негирате
39Тој Ден луѓето и џинните за своите гревови нема да бидат прашани
40па, која благодат од Господарот свој ја негирате
41а злосторниците по белезите свои ќе бидат препознаени, па за косите и за нозете ќе бидат зграпчени
42па, која благодат од Господарот свој ја негирате
43„Еве, тоа е џехеннемот кој злосторниците го негираа!“
44и меѓу оган и зовриена вода тие ќе кружат
45па, која благодат од Господарот свој ја негирате
46А за тој што од стоењето пред Господарот свој се плашел, ќе му припаднат два предели (во џеннетот)
47па, која благодет од Господарот свој ја негирате
48полни со стебла разгранети
49па, која благодат од Господарот свој ја негирате
50во кои ќе има два извора кои ќе течат
51па, која благодат од Господарот свој ја негирате
52во нив од секое овошје по два вида ќе има
53па, која благодат од Господарот свој ја негирате
54Потпрени врз постели чиишто постави од кадифе ќе бидат, а плодовите во двата предела на дофат на рацете ќе стојат
55па, која благодат од Господарот свој ја негирате
56Во нив ќе бидат тие што гледаат пред себе, тие што, пред нив, ни човек ни џинн не ги допрел
57па, која благодат од Господарот свој ја негирате
58како тие да се скапоцен камен и мерџан
59па, која благодат од Господарот свој ја негирате
60Зарем наградата задобрина може да биде нешто друго освен добрина
61па, која благодат од Господарот свој ја негирате
62Освен тие два, ќе има уште два други незначителни предели
63па, која благодат од Господарот свој ја негирате
64темнозелени
65па, која благодат од Господарот свој ја негирате
66со два извора што прскаат
67па, која благодат од Господарот свој ја негирате
68Во нив ќе има овошје и палми и шипинки
69па, која благодат од Господарот свој ја негирате
70Во нив ќе има убавици со прекрасни карактери
71па, која благодат од Господарот свој ја негирате
72Хурии во шатори скриени
73па, која благодат од Господарот свој ја негирате
74кои, пред нив, ни човек, ни џинн не ги допрел
75па, која благодат од Господарот свој ја негирате
76Тие ќе бидат потпрени на зелени перници, прекриени со волшебни и прекрасни килими
77па, која благодат од Господарот свој ја негирате
78Нека е Возвишено името на Господарот твој, Величествениот и Благородниот
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath