Исламот
назад

53. Ен-Неџм

1Се колнам во ѕвездата кога заоѓа

2вашиот другар од Вистинскиот пат не скршна и не заталка

3Тој не зборува по своја волја

4Тоа е само Објавата која што му се доставува

5Го учи еден223 со огромна моќ

6силен, кој се појави во ликот свој

7на највисокиот хоризонт

8потоа се приближи и се наведна

9блиску за два лака, или поблиску

10и го објави на Неговиот роб тоа што му го објави

11Срцето не го негираше тоа што го виде

12па зошто се расправате со него за тоа што го видел

13Тој и по вторпат го виде

14кај Сидретул Мунтеха

15каде што е џеннетското престојувалиште

16Кога Сидр го прекриваше тоа што го прекриваше

17погледот не му скршна, ниту пречекори

18ги виде највеличествените знаменитости на својот Господар

19Што велите за Лат и Узат

20и за Менат, третата најмалку ценета

21Зарем за вас се синовите, а за Него ќерките

22Тоа тогаш би била неправедна поделба

23Тоа се само имиња кои вие и предците ваши им ги дадовте, Аллах за нив никаков доказ не пратил; тие се поведуваат само по претпоставки и по тоа по што душите им копнеат, а од Господарот нивен веќе им дојде Упатство

24И зарем човекот да добие сè што ќе посака

25Па на Аллах Му припаѓаат и овој и оној свет

26А колку мелеци има на небесите чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сè додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен

27Тие што не веруваат во оној свет ги нарекуваат мелеците со женски имиња

28а за тоа ништо не знаат, само претпоставки следат, а претпоставката на вистината нималку не ѝ користи

29Затоа ти остави го тој што го одбегнува Куранот и кој само животот на овој свет го сака

30Тоа е врвот на нивното знаење – Господарот твој добро ги знае тие што скршнаа од Неговиот пат и Тој добро ги знае тие што се на Вистинскиот пат

31Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата – за, според тоа што го правеле, да ги казни тие што прават зло, а со најубава награда да ги награди тие што прават добро

32тие што ги избегнуваат големите гревови иразвратот, анапослушните Тој ќе им прости бидејќи Господарот твој, навистина, многу простува, - Тој добро знае сè за вас, откога ве создаде од земја и откога бевте ембриони во утробите на мајките ваши; затоа не фалете се со безгрешноста своја – Тој добро го знае тој што се чува од гревови

33Кажи Ми ти Мене за тој што ја одбегнува вистината

34и малку дава па потоа сосема престанува да дава

35зарем тој го има знаењето за гајбот, па гледа

36Зарем тој не е известен за тоа што се наоѓа во листовите на Муса

37и на Ибрахим – кој потполно ги исполнуваше обврските

38дека ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи

39и дека на човекот му припаѓа само тоа што тој сам ќе го стори

40и дека трудот негов сигурно ќе се види

41и дека според него во потполност награден или казнет ќе биде

42и дека кај Господарот твој повторно ќе се врати

43и дека Тој на смеење и на плачење наведува

44и дека Тој усмртува и оживува

45и дека Тој создава пар, машко и женско

46од капка семе кога се исфрла

47и дека Тој повторно ќе ги оживее

48и дека Тој дава богатство и моќ да стекнуваат

49и дека е Тој Господарот на Сириус

50и дека Тој древниот народ Ад го уништи

51и Семуд, и дека никого не поштеди

52и народот на Нух, претходно, кој беше свиреп и изопачен

53и урнатите населби Тој ги преврте

54и ги снајде тоа што ги снајде

55па, во која благодат од Господарот твој сè уште се сомневаш

56Ова е опомена како и претходните опомени

57Крајот на светот се приближува

58освен Аллах никој не може да го открие, ниту да го отстрани

59Па зарем за овој говор сте зачудени

60и се смеете, а не плачете

61со гордо кренати глави

62Подобро поклонете се на сеџда пред Аллах и Него обожувајте Го

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath