52. Ат-Тур
1Се колнам во (планината) Тур
2и во Книгата во редови напишана
3на кожа развиена
4и во Храмот со поклоници полн
5и во сводот издигнат
6и во морето со оган наполнето
7казната на Господарот твој сигурно ќе се случи
8Никој нема да може да ја отстрани
9на Денот кога небото силно ќе се разбранува
10а планините од местото ќе се помрднат
11Тешко им на тој Ден на тие што негираа
12кои во лаги се впуштаа, забавувајќе се
13На Денот кога во џехеннемскиот оган грубо ќе бидат турнати
14„Ова е огнот кој го негиравте
15па, магија ли е ова, или вие не гледате
16Пржете се во него, исто ви е - трпеле или не трпеле – тоа ви е казна за тоа што го правевте.“
17А богобојазните навистина ќе бидат во џеннетските градини и во благодатите
18и ќе уживаат во тоа што Господарот нивен им го дал – нив Господарот нивен од страдањето во огнот ќе ги сочува
19„Јадете и пијте и нека ви е пријатно, тоа е за тоа што го правевте!“
20Ќе бидат потпрени на наредените дивани, а ќе ги венчаме со крупнооки хурии
21Тие што веруваа и по кои децата нивни во верувањето се поведоа, ќе им ги приклучиме и децата нивни, а делата нивни нема ниту малку да ги намалиме – секој човек е одговорен за тоа што сам го направил
22И уште ќе ги даруваме и со овошје и со месо какво ќе сакаат
23едни на други, во него, полни чаши ќе додаваат – поради нив нема да има празни муабети и побуди кон грев
24а ќе ги служи нивна послуга налик на скриен бисер
25и ќе се обраќаат едни кон други и едни со други ќе се прашуваат
26„Порано меѓу своите семејства стравувавме“ – ќе речат
27„па Аллах милост ни дари и од страдањето во огнот нè сочува
28Ние во довите Го молевме, Тој навистина е Доброчинител и Милостив.“
29Затоа ти опоменувај, бидејќи ти, со милоста на Господарот свој, не си ни пророк ни луд
30Зарем тие да велат: „Тој е поет, ќе почекаме да го тргнат случувањата на времето.“
31„Па чекајте“ – кажи ти – „и јас заедно со вас ќе чекам!“
32Дали оваумовите нивни им гонаредуваат или тие се тврдоглав народ
33Зарем тие да велат: „Го измислува!“ – Не, туку тие несакаат да веруваат
34Затоа нека состават тие говор сличен на Куранот, ако ја зборуваат вистината
35Дали тие без Создател сесоздадени или тие самите себеси сесоздадоа
36Дали тие небесата и Земјата ја создадоа?! Не, туку тие не се убедени
37Дали се кај нив ризниците на Господарот твој, или дали тие владеат
38Зар тие имаат скали, па на нив прислушкуваат? Тој, меѓу нив, кој тврди дека нешто слушнал нека донесе јасен доказ
39Зарем за Него да се ќерките, а за вас да се синовите
40Дали ти бараш надоместок од нив, па се оптоварени со долг
41Или, кај нив да не е знаењето за гајбот, па тие препишуваат
42Зарем тие сакаат замки?! Па во замка ќе се фатат токму тие што не веруваат
43Зарем тие друг бог освен Аллах да имаат? Возвишен и Чист е Аллах од тоа што тие рамен Му припишуваат
44И кога би виделе дека парче небо паѓа, би рекле: „Натрупани облаци!“
45Затоа пушти ги додека не се соочат со Денот во кој ќе изумрат
46со Денот кога стапиците нивни нема ни малку да им користат и кога никој нема да им помогне
47А за сите насилници ќе има и друга казна пред оваа, но повеќето од нив не знаат
48А ти трпеливо чекај ја пресудата од Господарот свој, зашто ти си пред Нашите очи; и величај Го и заблагодарувај Му на Господарот свој кога стануваш (од спиење)
49и ноќе величај Го и кога ѕвездите се губат
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath