50. Кааф
1Каф! Се колнам во славниот Куран
2тие се чудат што им дошол еден од нив да ги опоменува, па, неверниците велат: „Тоа е чудно нешто
3Зарем кога ќе изумреме и земја ќе станеме? Тоа е незамисливо враќање!“
4Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сè чува
5Меѓутоа, тие ја негираат Вистината која им доаѓа и тие се колебливи во збунета состојба
6Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема неред
7А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат
8за да размисли и за да се опомене секој роб кој на Господарот свој Му се обраќа
9Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее
10и високи палми во кои плодовите се натрупани едни над други
11како храна за робовите и Ние со неа ги оживуваме мртвите предели; такво ќе биде и оживувањето
12Пред нив негираше народот на Нух, и жителите на Ресс и Семуд
13и Ад, и народот фараонов, и народот на Лут
14и жителите на Ејка инародот на Тубба; сите тие пратениците залажни ги сметаа и казната Моја ја заслужија
15Па зарем при првото создавање станавме немоќни? Не, но тие во повторното создавање се сомневаат
16Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена
17Кога двајца ќе се сретнат и ќе седнат едниот од десната, а другиот од левата страна
18тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее
19Смртните маки навистина ќе дојдат – тоа е нешто од што не можеш да избегаш
20и во рогот ќе се дувне - тоа е Денот ветен со кој се заканува
21и секој ќе дојде, а со него водич и сведок
22„Ти не внимаваше за ова, па ти го тргнавме пердето твое, денес видот ти е остар.“
23А другарот негов ќе каже: „Ова што е кај мене, подготвено е.“
24„Фрлете го, вие двајца, во џехеннемот секој неблагодарен, инаетчија
25кој не дозволуваше да се чинат добри дела и кој беше насилник и сомничавец
26кој покрај Аллах во друг бог веруваше – затоа фрлете го во жестоко страдање!“
27А другарот негов ќе каже: „Господару наш, јас не го заведов со сила, самиот беше во голема заблуда.“
28„Не препирајте се пред Мене!“ – ќе рече Тој – „уште одамна ви се заканив
29Мојот Збор не се менува и Јас кон робовите Мои не сум неправеден.“
30На Денот кога ќе го прашаме џехеннемот: „Дали се наполни?“ – тој ќе одговори: „Има ли уште?“
31А џеннетот ќе биде приближен кон богобојазливите, ниту од еден нема далеку да биде
32„Ова е тоа што ви е ветено, на секој што се каеше и што се чуваше
33кој од Семилосниот се плашеше, иако не Го видел, и кој ќе дојде со верно, посветено срце
34Влезете во него, со селам, спасени. Ова е Денот на вечноста!“
35Во него ќе имаат сè што ќе посакаат, а кај Нас има и повеќе
36Аколку народи пред овие уништивме, коишто беапомоќни од нив, па по светот засолниште бараа – од пропаста има ли спас
37Во тоа, навистина, има поука за тој што има разум, или што слуша, а присебен е
38Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор
39Затоа стрпливо поднесувај го тоа што тие го велат и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред сонцето да излезе и пред да зајде
40и слави Го и величај Го ноќе и по извршувањето на намазот
41И слушај! Денот кога гласникот ќе повика од место блиско
42Денот кога тие навистина ќе чујат глас – тоа ќе биде Денот на оживувањето
43Ние навистина даваме живот и даваме смрт, и кај Нас сè ќе се врати
44А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување
45Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не можеш да ги присилиш, туку со Куранот потсети го тој што се плаши од Мојата закана
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath