Исламот
назад

4. Ан-Ниса

1О, луѓе плашете се од Господарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца многу мажи и жени расеа! Плашете се од Аллах, со Чие име едни со други се замолувате и роднинските врски чувајте ги! Аллах, навистина, бдее над вас

2И на сирачињата имотите нивни дајте им ги, лошото како добро не подметнувајте им го и имотите нивни со имотите ваши не трошете ги, бидејќи тоа, навистина, е голем престап

3Ако се плашите дека нема да бидете праведни кон сирачките, тогаш женете се со жените што ви се дозволени, со по две, со по три, и со по четири! А ако се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш само со една, или со тие што се во ваша сопственост! Така најлесно ќе се сочувате од неправдата

4И со драго срце, на сопругите венчалните дарови дајте им ги; па ако тие по своја волја ви подарат нешто од тоа, во тоа со пријатност и угодност уживајте

5И на малоумните не им го давајте имотот кој Аллах ви го доверил на управување, туку со него хранете ги и облекувајте ги, и убави зборови зборувајте им

6И проверувајте ги сирачињата сè додека не стасаат за брак, а ако се уверите дека се зрели, тогаш, врачете им ги имотите нивни! И не трошете ги расипнички и во брзање, додека не пораснат! Кој е богат нека се воздржи, а кој е сиромашен нека троши толку колку што е неопходно. А кога ќе им ги врачувате имотите нивни, сторете го тоа во присуство на сведоци, бидејќи доста е тоа што ќе полагате сметка пред Аллах

7На мажите им припаѓа дел од тоа што го оставиле родителите и роднините, и на жените им припаѓа дел од тоа што го оставиле родителите и роднините. Било да е многу или малку, делот е пропишан

8А ако при распределбата присуствуваат роднини, сираци и сиромашни, снабдете ги од тоа и убав збор кажете им

9И нека се плашат, како кога самите зад себе би оставиле нејаки деца за кои стравуваат, а од Аллах нека се плашат и нека ја зборуваат само вистината

10Навистина, тие што неправедно ги трошат имотите на сираците, во своите стомаци ставаат оган и тие во огнот ќе горат

11Аллах во врска со вашите деца ви налага на машкото да му припадне колку и на две женски деца.84 А ако има повеќе од две женски, на нив им припаѓаат две третини одтоаштогооставил, аакоесамо една, нејзе ѝ припаѓа половина. А на родителите, на секој посебно му припаѓа шестина од тоа што го оставил, ако има дете. А ако нема дете, а го наследат само родителите, тогаш на неговата мајка ѝ припаѓа третина. А ако има браќа, тогаш на неговата мајка ѝ припаѓа шестина откако ќе се изврши пораката која ја оставил или откако ќе се подмири долгот. Вие не знаете кој ви е поблизок според користа, родителите ваши или синовите ваши. Тоа е Аллахова заповед! А Аллах, навистина, сè знае и Мудар е

12А вам ви припаѓа половина од тоа што ќе го остават сопругите ваши, ако немаат дете; а ако имаат дете, тогаш ви припаѓа четвртина од тоа што го оставиле откако ќе се изврши пораката која ја оставиле или откако ќе се подмири долгот. А ним им припаѓа четвртина од тоа што вие ќе го оставите, ако немате дете; а ако имате дете, ним им припаѓа осмина од тоа што сте го оставиле откако ќе се изврши пораката која ќе ја оставите или откако ќе се подмири долгот. А ако мажот или жената немаат ни родители ни дете, а имаат брат или сестра, тогаш секој од нив двајца ќе добие шестина; а ако бидат повеќе, тогаш заеднички ќе учествуваат во третината откако ќе се изврши пораката која е оставена или откако ќе се подмири долгот, не оштетувајќи никого со тоа. Тоа е порака од Аллах! А Аллах сè знае и Благ е

13Тоа се Аллаховите прописи, тој што им се покорува на Аллах и на Неговиот Пратеникот, Тој ќе го воведе во џеннетските градини, под кои реки течат и во кои вечно ќе остане. Тоа е голем успех

14А тој што нема да им биде покорен на Аллах и на Неговиот Пратеник, и што преку границите Негови ќе преминува, Тој ќе го фрли во Огнот во кој вечно ќе остане. Нему му припаѓа срамна казна

15Кога некоја од сопругите ваши ќе стори прељуба, побарајте против нив тоа да го посведочат четворица од вас, па ако посведочат, држете ги во куќите сè додека смртта не ги стигне или додека Аллах не им најде некој пат

16А ако, пак, двајцата тоа го направат, тогаш, прекорете ги, а ако се покајат и ако се поправат, тогаш, оставете ги на мира, бидејќи Аллах, навистина, ги прима покајанијата и Милостив е

17Аллах го прима покајанието само од тие што кога ќе сторат некое лошо дело од незнаење, а веднаш потоа ќе се покајат. На нив Аллах ќе им прости, а Аллах сè добро знае и Мудар е

18Залудно им е покајанието на тие коишто прават лоши дела сè додека не им се приближи смртта, па тогаш велат: „Сега навистина се каам!“, ниту пак за тие што ќе умрат како неверници. На нив болна казна им подготвивме

19О, верници, забрането ви е сопругите да ги наследувате (како предмети) без нивна желба и да им причинувате тешкотии со намера од нештата што им ги дарувавте за себе да си присвоите освен доколку сторат јасен грев. Со нив убаво живејте! А ако почувствувате непожелност кон нив, можно е да не сакате нешто во коешто Аллах дал големо добро

20Ако сакате едната сопруга да ја замeните со друга, и на едната од нив сте ѝ дале богати дарови, неземајте ништо одтоа. Зарем тоасоклевета да го земете и да направите очигледен грев

21Како би можеле тоа да ѝ го одземете, кога еден со друг сте биле интимни и кога тие од вас цврста обврска зеле

22И не женете се со жените со кои се женеле вашите татковци после тоа што било; тоа би бил разврат, гнасен и лош пат

23Ви се забрануваат: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, исестрите на татковците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките од браќата ваши и од сестрите ваши, и помајките ваши што ве доеле, и сестрите ваши по млеко, и мајките на жените ваши, и паштерките ваши коисеподвашазакрила оджените ваши сокоисте имале брачни односи, - но ако со нив не сте имале брачни односи, тогаш не правите грев! - и жените на вашите родени синови, и две сестри одеднаш да ожените, освен тоашто било претходно! Аллах навистина простува и Милостив е

24И мажените жени, освен тие што ќе ги заробите, што ви е Аллахов пропис! А останатите ви се дозволени, ако сакате венчални дарови да им дадете и со нив да се ожените, а не да правите блуд! А на сопругите ваши, сокоисте имале брачни односи, дадете им ги нивните венчални дарови како што е пропишано. И не правите грев ако за одреден венчален дар, со нив се нагодите. Аллах, навистина, сè знае и Мудар е

25А тој меѓу вас кој не е доволно богат да се ожени со слободна верничка – ете му ги тие во ваша сопственост, робинките ваши, вернички - а Аллах најдобро знае какво е верувањето ваше - едни од други сте. И женете се со нив со согласност на сопственикот нивен, и дајте им ги венчалните дарови како што е вообичаено, ако се чедни, а ако не се прељубнички, ниту тајни љубовнички. А ако тие како мажени сторат блуд, нека бидат казнети со половична казна пропишана за слободните жени. Тоа е за тој од вас што се плаши од блуд, а подобро ви е да се воздржите, бидејќи Аллах простува и Милостив е

26Аллах сака да ви објасни и да ве упати на патиштата по кои одеа тие пред вас и да ви прости. А Аллах сè добро знае и Мудар е

27Аллах сака да ви прости, а тие кои по страстите свои се водат сакаат далеку од Вистинскиот пат да скршнете

28Аллах сака да ви олесни, а човекот е создаден како слабо суштество

29О, верници, едни од други на недозволен начин имотите не присвојувајте ги, освен со трговија и со взаемна согласност, и самите себеси не се убивајте! Аллах е навистина Милостив кон вас

30Тој што тоа неправично и насилно ќе го стори, Ние во Огнот ќе го фрлиме, бидејќи тоа за Аллах е лесно

31Ако ги избегнувате големите гревови кои ви се забранети, Ние ќе ги покриеме вашите лоши дела и ќе ве воведеме во прекрасно место

32И не го посакувајте тоа со што Аллах некои од вас ги одликувал над останатите: на мажите им припаѓа награда за тоа што ќе го сторат, а на жените награда за тоа што тие ќе го сторат. И молете Го Аллах за Неговото изобилство! Аллах, навистина, сè добро знае

33За сè сме одредиле наследници засетотоаштоќегооставатродителите и роднините. На тие со кои сте врзани со договор, дајте им го нивниот дел! Аллах е навистина сведок на сè

34Мажите се надредени над жените затоа што Аллах ги одликувал едните над другите и затоа што тие ги трошат имотите свои. Поради тоа честитите жени се послушни и за време на отсуството на сопругот го чуваат тоа што Аллах одредил да се чува. Тие за чијашто непослушност се плашите, посоветувајте ги, а потоа напуштете ги постелите нивни, па и удрете ги! Ако ви станат послушни, против нив ништо не правете! Аллах е навистина Возвишен и Голем

35А ако се плашите од раздор помеѓу нив двајца, тогаш испратете еден посредник од неговото, а еден посредник од нејзиното семејство. Ако тие сакаат помирување, Аллах ќе ги смири, бидејќи Аллах знае сè и е известен за сè

36И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите праветеимдобро,инароднините,инасирачињата,инасиромашните, и на блискиот сосед и на далечниот сосед, и на пријателот, и на патникот, и на тој што е во ваша сопственост! Аллах, навистина, не ги сака горделивите и фалбаџиите

37Тоа се тие коисе скржави и им заповедаат на другите да бидат скржави и кои го кријат тоа што Аллах од изобилството Свое им го дарил, а Ние на неверниците им подготвивме срамна казна

38И тие што ги трошат имотите свои за да се покажат пред луѓето, а во Аллах во оној свет не веруваат! А на кого шејтанот му е пријател, тој му е лош пријател

39А што ќе им биде ако во Аллах и во Судниот ден веруваат и ако од тоа што Аллах им го дал даваат, кога Аллах за нив знае сè

40Аллах нема ни тронка неправда да стори. Тој доброто дело ќе го умножи и уште од Себе голема награда ќе даде

41А што ќе биде, кога од секој народ ќе доведеме сведок, а тебе ќе те доведеме како сведок против овие народи

42На тој ден тие што не веруваа и што против Пратеникот се креваа, ќе посакаат земјата над нив да е порамнета, а од Аллах нема да можат ниту еден збор да сокријат

43О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате, ниту кога сте џунуб86, освен ако сте на поминување87, сè додека не се искапете. А ако сте болни, или сте на пат, или после извршена физиолошка потреба, или ако сте биле во допир со жените88, а не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги.89 Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува

44Зарем не гледаш како тие на кои им е даден дел од Книгата ја купуваат заблудата и сакаат и вие од Вистинскиот пат да скршнете

45Аллах најдобро ги познава вашите непријатели; Аллах е доволен Заштитник и Аллах е доволен Помагач

46Од евреите има такви кои ја извртуваат смислата на зборовите велејќи: „Слушаме, но не се покоруваме!“ и „Слушај, да не те чуеме!“ и„Раина“, превртувајќи со јазиците свои и хулејќи ја верата! А да кажат: „Слушаме и се покоруваме!“ и „Слушај!“ и „Погледни нè!“ – за нив би било подобро и поисправно! Но, поради неверувањето нивно Аллах ги проколна и малку кој од нив веруваат

47О, вие накои ви е дадена Книгата, поверувајте вооваштогообјавуваме потврдувајќи го тоа што веќе го имате, пред да ги избришеме цртите на лицето и пред да ги вратиме назад, или пред да ги проколнеме како што ги проколнавме тие кои не ја почитуваа саботата. А Аллаховата заповед мора да се изврши

48Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа кому Тој сака! А тој што на Аллах Му припишува здруженик, тој прави клевета и голем грев

49Зарем не ги гледаш тие кои се сметаат себеси за чисти од гревови? Меѓутоа, Аллах чисти од гревови кого сака и никому нема, ни колку една тронка, неправда да му се направи

50Погледни како измислуваат лага за Аллах! А тоа за Аллах е доволно како јасен грев

51Зарем не гледаш како оние на кои им е даден еден дел од Книгата во киповите и во тагутот веруваат, а за незнабошците велат: „Тие се на поисправниот пат од верниците“

52Нив Аллах ги проколнал, а на тој кого Аллах го проколнал нема да му најдеш никој кој би му помогнал

53Кога тие би имале каков било удел во власта, на луѓето ништо не би им дале

54или би им завидувале на луѓето на кои Аллах од изобилието Свое им дарил. А Ние на Ибрахимовите потомци Книга и мудрост им дадовме, и голема власт им подаривме

55Па имаше од тие што веруваа, а имаше и такви што од тоа одвраќаа! А џехеннемот им е доволен како оган вжарен

56Тие што не веруваат во Доказите Наши Ние, сигурно, во оган ќе ги фрлиме, па кога кожите ќе им се испечат, ќе им ги замениме со други кожи, за да ја осетат вистинската казна! А Аллах е Силниот и Мудриот

57А тие што веруваат и што прават добри дела, Ние ќе ги воведеме во џеннетските градини под кои реки течат. Таму вечно ќе останат и во нив чисти жени ќе имаат, и во дебела ладовина ќе ги внесеме

58Аллах ви наредува доверливите работи да им ги давате на тие што се достојни за нив, а кога на луѓето им судите - праведно да судите. Аллаховиот совет навистина е прекрасен и Аллах навистина сè слуша и сè гледа

59О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави

60Зарем не ги гледаш тие што тврдат дека веруваат во тоа што ти се објавува тебе и во тоа што е објавено пред тебе, како сакаат пред тагутот да им се суди, иако им е наредено да не веруваат во него? А шејтанот сака само во голема заблуда да ги наведе

61И кога ќе им се каже: „Прифатете го тоа што Аллах ви го објавува и прифатете го Пратеникот!“ - ги гледаш лицемерите како од тебе сосема се свртуваат

62А што ли ќе биде кога ќе ги погоди некаква неволја поради делата на рацете нивни, па ќе ти дојдат колнејќи се во Аллах: „Ние само сакавме да сториме добрина и среќа.“

63Аллах добро знае што има во срцата нивни, затоа ти не осврнувај се на нивните зборови и советувај ги, и кажи им го тоа што ќе ги трогне

64А Ние ниту еден Пратеник неиспративме, освен за да мусепокорувате со Аллаховото одобрение. А да ти дојдат когасамите себеси насилство ќе си сторат и да Го замолат Аллах да им прости, па и Пратеникот да замоли за нив, ќе видат дека Аллах, навистина, го прима покајанието и дека е Милостив

65И се колнам во Господарот твој, тие нема да бидат верници сè додека во меѓусебните спорови за судија тебе не те прифатат, а потоа во душите свои ни малку тешкотија да не почувствуваат за тоа што си го одредил и додека сосема не се покорат

66А да им пропишавме Ние: „Самите себеси убивајте се!“ или „Иселете се од родните места!“, малкумина од нив би го сториле тоа! А кога би постапиле така како што им се советува, би им било подобро и би биле поцврсти во верата

67И тогаш Ние, сигурно, голема награда би им дале

68и на Вистинскиот пат би ги упатиле

69Тие што им се покорни на Аллах и на Пратеникот, ќе бидат во друштвото на веровесниците, праведниците, шехидите и добрите луѓе, на кои Аллах Својата милост им ја дарил. А тоа е прекрасно друштво

70Таа благодат е од Аллах, а доволно е тоа што Аллах сè знае

71О, верници, бидете внимателни и во борба одете во групи или сите одеднаш

72Меѓу вас има и такви кои сигурно ќе се колебаат, и кои, ако ве погоди некаква неволја, ќе кажат: „Аллах милоста Своја ми ја укажал што не бев со нив!“

73А ако ви се случи добро од Аллах, тој сигурно, како меѓу вас и него да немало никакво пријателство, ќе рече: „Камо среќа да бев со нив, голем плен ќе добиев!“

74Па затоа на Аллаховиот пат нека се борат верниците против тие што животот на овој свет го купуваат за оној свет, бидејќи кој ќе се бори на Аллаховиот пат, па макар да загине или победи, Ние сигурно со голема награда ќе го наградиме

75Што ви е, зошто не се борите на Аллаховиот пат за немоќните, мажите, жените и децата кои велат: „Господару наш, избави нè од овој град чиишто жители се насилници, одреди ни од Тебе заштитник и дај ни од Тебе помагач!“

76Верниците се борат на Аллаховиот пат, а неверниците на патот на тагутот. Затоа борете се против шејтановите штитеници, бидејќи шејтановото лукавство е навистина слабо

77Зарем не ги виде тие на коишто им беше речено: „Подалеку од борба, туку намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте!“ А кога им се пропиша борба,90 одеднаш некои од нив се уплашија од луѓето, како што се плашат од Аллах, или уште повеќе, и рекоа: „Господару наш, зошто ни пропиша борба? Барем да ни го одложеше тоа на одредено време!“ Кажи: „Уживањето на овој свет е кратко, а оној свет е подобар за богобојазните!“ А никому од вас нема неправда да му се стори

78Каде и да сте, смртта ќе ве стигне, па дури да сте и во кулите високи! Ако ги снајде нешто добро, тие велат: „Ова е од Аллах!“, а ако ги снајде нешто лошо, велат: „Ова е од тебе!“ Кажи: „Сè е од Аллах!“ Па што им е на овие луѓе?! Како да не разбираат што им се зборува

79Доброто кое ќе ти се случи е од Аллах, а лошото кое ќе те снајде е од тебе! Ние те испративме како пратеник на сите луѓе, а Аллах е доволен сведок

80Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах; а кој главата ќе ја сврти, па Ние не те пративме да им бидеш чувар

81Лицемерите велат: „Се покоруваме!“, а кога ќе се тргнат од тебе, тогаш некои од нив во ноќта смислуваат нешто спротивно на тоа што ти го зборуваш! Аллах го запишува тоа што тие ноќе го смислуваат. Ти сврти се од нив и надевај се на Аллах, бидејќи Аллах е доволен како Заштитник

82А зошто тие не го проучуваат Куранот? Бидејќи, да е од некој друг, а не од Аллах, тие во него би нашле многу противречности

83Кога ќе им дојде нешто што се однесува до безбедноста или стравот, тие тоа го разгласуваат. А да го препуштат тоа на Пратеникот или на претпоставените свои, тоа сигурно од нив би го дознале тие што тоа го испитуваат. А да не е Аллаховата добрина кон вас и милоста Негова, вие сигурно, освен малкумина, шејтанот би го следеле

84Затоа бори се на Аллаховиот пат, не задолжувајќи никого освен себеси, а верниците поттикнувај ги! Можеби Аллах ќе ја сопре силата на неверниците, бидејќи Аллах е посилен и казните Негови се построги

85Кој ќе се залага за добро, и тој ќе има удел во тоа, а кој ќе се зазема за зло, и тој ќе има удел во тоа. А Аллах бдее над сè

86Когасопоздрав ќе бидете поздравени, сопоубав однего отпоздравете, или поздравот возвратете го, бидејќи Аллах навистина сè пресметува

87Аллах, освен Кого друг бог нема, сигурно ќе ве собере на Судниот ден, во тоа воопшто нема сомнеж! А чиј говор е повистинит од Аллаховиот

88Зошто се раздвојувате кога се во прашање лицемерите кои Аллах ги врати во неверство поради тоа што самите го заслужиле! Зарем сакате на Вистинскиот пат да ги упатите тие кои Аллах во заблуда ги оставил? А кого Аллах во заблуда ќе го остави, ти никогаш нема на Вистинскиот пат да го упатиш

89Тие би сакале и вие да не верувате како што тие не веруваат, па да бидете еднакви. Затоа не прифаќајте ги како пријатели додека не се иселат заради Аллах! А ако го свртат грбот, тогаш фаќајте ги и убивајте ги каде и да ги најдете, и ниту еден од нив како пријател и помагач не прифаќајте

90Освен тие штоќесезасолнат кај некое племесокое вие имате договор, или тие што ќе дојдат кај вас, бидејќи им е тешко да се борат против вас и против родот свој. А да сака Аллах, би ги свртел против вас, па тие би се бореле против вас! Ако тие ве остават на мира и не се борат против вас, туку ви понудат мир, тогаш Аллах не ви дава пат против нив

91Вие ќе наидувате и на тие кои сакаат да бидат безбедни и од вас и од народот свој, па кога и да бидат повикани во идолопоклонство, тие се враќаат во претходната состојба! Ако тие не се тргнат од вас и не ви понудат мир и ако не престанат да војуваат против вас, тогаш фаќајте ги и убивајте ги каде и да ги стигнете. Ние против нив ќе ви дадеме јасен доказ

92Верник не може да убие верник освен само по грешка, а кој убие верник по грешка, тој мора да ослободи од ропство еден роб верник, и да предаде крвнина на неговото семејство, освен ако тие му ја простат. Ако тој припаѓа на народ кој е ваш непријател, а верник е, тој мора да ослободи еден роб верник! А ако припаѓа на народ со кој сте во сојуз, мора да даде крвнина на неговото семејство и да ослободи од ропство еден роб верник. Доколку не најде, мора да пости два месеца еден по друг, покајувајќи Му се на Аллах! А Аллах сè знае и Мудар е

93Тој што намерно ќе убие верник, казната му е џехеннемот во кој вечно ќе остане! Аллах врз него гневот Свој ќе го спушти и ќе го проколне и голема казна ќе му подготви

94О, верници, кога ќе појдете во борба на Аллаховиот пат, сè добро проверете и на тој што ќе ве поздрави со селам91 не велете: „Ти не си верник!“ – копнеејќи по минливите добра на овој свет, бидејќи кај Аллах има добра во изобилство! И вие бевте такви претходно, па Аллах ви ја подари Својата милост! Затоа, сè добро проверете, зашто Аллах е навистина известен за тоа што го правите

95Верниците кои не се борат, освен тие што се неспособни за борба, не се еднакви со тие кои на Аллаховиот пат се борат со имотите свои и со животите свои! Тие што се борат вложувајќи ги имотите свои и животите свои Аллах ги одликувал за степен над тие што не се борат, и Аллах на сите им ветува убава награда! Аллах ги одликувал борците над тие што не се борат со голема награда

96Од Него се степените, прошката и милоста, зашто Аллах простува и Милостив е

97Кога мелеците ќе им ги земаат душите на грешниците, ќе прашаат: „Што се случило со вас?“ „Бевме немоќни на Земјата!“ – ќе одговорат. „Зарем Аллаховата Земја не е пространа и зарем не можевте некаде да се иселите?“ – ќе им кажат тие. Затоа нивното престојувалиште ќе биде џехеннемот, а тој е ужасно живеалиште

98Освен за немоќните мажи, жени и деца, кои не можат да се снајдат и не можат да пронајдат излез

99За нив има надеж Аллах да им прости, бидејќи Аллах ги прекрива гревовите и простува

100Тој што ќе се исели на Аллаховиот пат, ќе најде многу места и изобилства на Земјата. А тој што ќе го напушти својот роден крај поради Аллах и Пратеникот Негов, па го стигне смртта, ќе добие награда од Аллах! Аллах многу простува и Милостив е

101Немате грев ако намазот (молитвата) го скратите кога сте на пат, и кога се плашите дека неверниците некакво зло ќе ви сторат, бидејќи неверниците ви се навистина отворени непријатели

102Кога ти ќе бидеш меѓу нив и со нив намаз (молитва) ќе извршуваш, една група нека клања со тебе и своето оружје нека го земе: и додека бидат на сеџда, другите нека бидат зад вас, а потоа нека дојде другата група која не клањала и со тебе нека клањаат, но нека го држат оружјето свое инека бидат внимателни! Неверниците едвај чекаат вие да го занемарите оружјето и орудието ваше, па на вас сите одеднаш да навалат! А ако ви смета дождот или пак ако бидете болни, не правите грев ако го положите оружјето свое, со тоа што ќе бидете внимателни! Аллах на неверниците срамно страдање им подготвил

103А кога намазот (молитвата) ќе го завршите, Аллах спомнувајте Го, и стоејќи и седејќи и лежејќи. А кога ќе бидете безбедни, намазот во потполност извршувајте го, бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат

104Немојте да се истоштувате трагајќи по непријателот: ако вие трпите болка, и тие трпат болка како вас, а вие уште од Аллах се надевате на тоа на што тие не се надеваат! А Аллах сè знае и Мудар е

105Ние тебе ти ја објавуваме Книгата со Вистината, за на луѓето да им судиш така како што Аллах ти покажува и не биди бранител на измамниците

106и замоли прошка од Аллах, бидејќи Аллах, навистина, простува и Милостив е

107И не заземај се за тие кои самите себеси се издаваат, бидејќи Аллах, навистина, не го сака тој што е предавник и грешник

108Тие се кријат од луѓето, но не можат да се скријат од Аллах, а Тој е со нив кога во ноќта смислуваат зборови со кои Тој не е задоволен! Аллах навистина го опфаќа сето тоа што тие го прават

109Ете, вие се заземате за нив во животот на овој свет, а кој ќе се зазема за нив пред Аллах на Судниот ден, или кој ќе им биде застапник

110А кој ќе стори некакво зло или кон себе ќе згреши, па потоа ќе Го замоли Аллах да му прости – ќе види дека Аллах простува и дека е Милостив

111Тој што ќе стори грев, на своја штета го сторил, бидејќи Аллах сè знае и Мудар е

112А кој некаков престап или грев ќе стори, а потоа на недолжен човек го префрли, на себеси си натоварил клетва и очигледен грев

113Данее Аллаховата добрина и Неговата милост спрема тебе, една група од нив би настојувала да те заведе, но тие само себеси се заведуваат, тебе не можат ни малку да ти наштетат! Тебе Аллах ти објавува Книга и мудрост и те учи за тоа што не си го знаел, бидејќи Аллаховата добрина кон тебе е голема

114Нема добро во многуте нивни тајни разговори, освен кога бараат милостина да се дава или добри дела да се прават или пак мир меѓу луѓето да се воспостави. А кој тоа го прави со желба Аллаховото задоволство да го стекне, Ние голема награда ќе му дадеме

115Тој што ќе му се спротивстави на Пратеникот откако јасно ќе му се покаже Вистинскиот пат, и го следи патот кој не е патот на верниците, ќе го пуштиме да прави што наумил, и во џехеннемот ќе го фрлиме, а тоа е ужасно живеалиште

116Аллах, навистина, нема да прости некој да Му се здружува, а кому сака ќе прости сè освен тоа. А далеку заталкал тој што на Аллах Му припишува здруженик

117Тие, покрај Аллах, на женски кипови им се клањаат, а не му се клањаат на никој друг туку на шејтанот – бунтовникот

118Аллах го проколна, атој рече: „Јас сигурно ќе преземам засебеодреден број од Твоите робови

119И сигурно ќе ги наведувам во заблуда, и сигурно со лажни надежи ќе ги примамувам, и сигурно ќе им заповедам да ги кратат ушите на добитокот, и ќе им наредам Аллаховите созданија да ги менуваат!“ А кој ќе го прифати шејтанот, наместо Аллах, за заштитник, тој навистина ќе пропадне

120Тој им ветува и со лажни надежи ги мами! А тоа што шејтанот им го ветува е само измама

121Нивно престојувалиште ќе биде џехеннемот и тие нема да најдат спас од него

122Тие што веруваат и прават добри дела ќе ги воведеме во џеннетски градини, под кои реки течат, и во кои вечно ќе останат! Аллаховото ветување е вистинито, а чии зборови се повистинити од Аллаховите

123Тоа нема да биде ни според вашите желби ниту според желбите на следбениците на Книгата; тој што ќе прави зло ќе биде казнет за тоа и нема да најде, освен Аллах, ни заштитник ни помошник

124а тој што прави добро, било да е маж или жена, а верник е, ќе влезе во џеннетот и нема да му се направи неправда

125Кој има подобра вера од тој што Му го предал своето лице на Аллах, а добродетел е и ја следи верата на Ибрахим чинејќи, уште, и добри дела, и кој ја следи верата Ибрахимова, верата чиста? А Аллах го зеде Ибрахим за пријател

126Аллахово е сè што е на небесата и тоа што е на Земјата. А Аллах опфаќа сè

127Тие од тебе бараат прописи за жените. Кажи: „Аллах ќе ви ги објасни прописите за нив и за тоа што ви се чита во Книгата за сирачките, на кои им го ускратувате тоа што им е пропишано,93 а не сакате со нив да се ожените, и за немоќните деца, и за тоа дека со сирачињата треба праведно да постапувате. А Аллах сигурно знае за доброто што ќе го сторите!“

128Ако некоја жена се плаши од суровоста и занемарувањето од мажот, тогаш тие нема да се огрешат доколку меѓусебно се договорат; а договорот е најдобар. А душите на луѓето се склони кон алчност! И ако вие убаво постапувате и од Аллах се плашите – па, Аллах добро го знае тоа што го правите

129Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа. Но не допуштајте си себеси таква наклонетост кон некоја, па некоја да оставите како да е без сопруг, а неразведена. А ако вие се поправите и се плашите од Аллах, па, Аллах, навистина, простува и Милостив е

130А ако тие двајца сепак се разведат, Аллах, од изобилството Свое, независни ќе ги стори. Аллах е неизмерно Добар и Мудар

131Аллахово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата. Ние, на тие на кои им е дадена Книгата пред вас, а и на вас, ви заповедавме да се плашите од Аллах! А ако нема да верувате, па, навистина, Аллахово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, Аллах не е зависен од никого и Тој е Достојниот за благодарност

132Аллахово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Аллах е доволен како Господар

133Ако Тој сака вас ќе ве искорени, о, луѓе, а други ќе донесе. Тој е способен тоа да го стори

134Тој што сака награда на овој свет, па, кај Аллах е наградата и за овој и за оној свет, а Аллах сè слуша и сè гледа

135О, верници, секогаш бидете праведни, сведочете поради Аллах, па дури и против вас самите или против родителите и роднините! Било да е тој за кого сведочите богат или сиромашен, па Аллахово е да се грижи за нив! Затоа, не следете ги страстите, за да не бидете неправедни! А ако лажно сведочите или сведочењето го избегнувате, па, Аллах, навистина, знае што правите

136О, верници, верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, и во Книгата која Тој на Својот Пратеник му ја објавува иво Книгите кои претходно ги објавил. А тој што нема да верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови, и во оној свет, тој далеку заталкал

137На тие што биле верници, а потоа станале неверници, па повторно станале верници и потоа пак станале неверници, и неверувањето го зголемиле, Аллах навистина нема да им прости и на Вистинскиот пат нема да ги изведе

138Навести им болно страдање на лицемерите

139кои пријателуваат со неверниците, а не со верниците! Зарем кај нив бараат моќ, а сета моќ Му припаѓа само на Аллах

140Тој во Книгата веќе ви објави: „Кога ќе чуете дека Аллаховите зборови ги негираат и дека им се исмејуваат, не седете со тие што тоа го чинат додека не почнат друг разговор, инаку, ќе бидете како нив!“ Аллах, сигурно, во џехеннемот заедно ќе ги здружи лицемерите и неверниците

141тие кои исчекуваат што ќе биде со вас. Па ако Аллах ви подари победа, тие ќе речат: „Зарем не бевме со вас?“, а ако среќата ги послужи неверниците, тогаш на нив им велат: „Зарем не можевме да ве победиме и зарем не ве одбранивме од верниците?“ На Судниот ден Аллах на сите ќе ви пресуди! А Аллах нема да им даде прилика на неверниците да ги уништат верниците

142Лицемерите настојуваат да го измамат Аллах, а Тој ќе ги надмудри. Кога стануваат намазот (молитвата) да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот, а Аллах само малку Го спомнуваат

143се колебаат кому да се приклонат, дали на овие или на оние. А кого Аллах во заблуда ќе го остави, тој нема да најде пат кон упатството

144О, верници, не пријателувајте со неверниците наместо со верниците! Зарем сакате да Му пружите на Аллах очигледен доказ против себе

145Лицемерите на самото дно на џехеннемот ќе бидат и ти нема да им најдеш помагач

146Освен тие кои ќе се покајат и ќе се поправат и кои цврсто Аллах ќе Го прифатат и верата своја во Аллах искрено ќе ја исполат. Тие ќе бидат со верниците, а Аллах на верниците, сигурно, голема награда ќе им даде

147Зошто Аллах би ве казнувал ако сте благодарни и ако верувате? Аллах е Тој што со благодати возвраќа и е Сезнаен

148Аллах не сака за злото гласно да се зборува, тоа му е дозволено само на тој што му е сторена неправда. А Аллах сè слуша и сè знае

149Сeедно дали вие доброто дело ќе го направите јавно или ќе го скриете, или неправдата ќе ја простите - па и Аллах многу простува и може сè

150Тие што не веруваат во Аллах и во Пратениците Негови и сакаат помеѓу Аллах и Пратениците Негови разлика во верувањето да направат, велат: „Во некои веруваме, а во некои не веруваме“, и сакаат помеѓу тие две некаков пат да изнајдат

151тие навистина се вистински неверници; а Ние на неверниците им подготвивме срамно страдање

152А тие што во Аллах и во пратениците Негови веруваат и ниту еден од нив не издвојуваат, Тој, сигурно, ќе ги награди. А Аллах простува и Милостив е

153Следбениците на Книгата бараат од тебе од небото да им спуштиш Книга. Па, од Муса бараа и повеќе од тоа, кога рекоа: „Покажи ни Го Аллах!“ Затоа, поради неправдата нивна, молња ги зашемети. Потоа, кога им беа покажани очигледни докази, телето за божество го прифатија, но и тоа го простивме, а на Муса очигледен доказ му дадовме

154инаднивпланинакренавме,порадизаветоткојгодадоа,иимрековме: „На портата со наведнати глави влезете!“ - и уште им рековме: „И за саботата не грешете!“ – и од нив цврсто ветување зедовме

155Но затоа што заветот го прекршија и затоа што во Аллаховите докази не поверуваа, што без причина веровесниците ги убиваа и што говореа: „Нашите срца се во обвивка!“ Аллах, поради нивното неверување, срцата им ги запечати, па само мал број од нив веруваат

156И поради неверувањето нивно и поради изнесување тешки клевети врз Мерјем

157И поради зборовите нивни: „Ние го убивме Месих, Иса, синот Мерјемин, Аллаховиот Пратеник.“ А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причини! Тие што не се согласуваа во мислењата за него, тие за тоа само се сомневаа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија

158туку Аллах го воздигна кон Себе! А Аллах е Силен и Мудар

159И нема ниту еден следбеник на Книгата кој нема да поверува во него како што треба, пред неговата (Исаовата) смрт, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи

160И поради тешкото насилство на евреите, Ние некои убави јадења кои им беа дозволени им ги забранивме, и поради тоа што многумина од Аллаховиот пат одвраќаа

161И затоа што земаа камата, а им беше забранета, и затоа што туѓите имоти на недозволен начин ги трошеа. А за неверниците меѓу нив, Ние болна казна подготвивме

162Но тие меѓу нив кои се сосема упатени во науката, а верници се, веруваат во тоа што ти се објавува тебе и во тоа што е објавено пред тебе, особено тие што намазот (молитвата) го извршуваат и тие што зекат даваат и во Аллах и во оној свет веруваат, на нив сигурно голема награда ќе им дадеме

163Ние ти објавуваме тебе како што му објавувавме на Нух и на веровесниците по него, а му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на внуците, и на Иса, и на Ејјуб94, и на Јунус95, и на Харун, и на Сулејман, а на Давуд му го дадовме Зебурот

164и пративме Пратеници за кои претходно ти кажувавме и Пратеници за кои не ти кажавме. А Аллах, сигурно, разговараше со Муса

165Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после Пратеникот, никакво оправдување пред Аллах да немаат. А Аллах е Силен и Мудар

166Аллах сведочи дека е вистина тоа што ти го објавува, го објавува со Своето знаење, а и мелеците сведочат. А Аллах е доволен како сведок

167Тие коишто неверуваат икои другите од Аллаховиот пат ги одвраќаат, далеку заталкале

168На тие кои не веруваат и кои чинат неправда, Аллах, навистина, нема да им прости и нема да ги упати на патот

169освен патот кон џехеннемот, во кој вечно и засекогаш ќе останат! Тоа на Аллах Му е лесно

170О, луѓе, Пратеникот веќе ви ја донесе Вистината од Господарот ваш; затоа верувајте – подобро е за вас! А ако не верувате, па Аллахово е тоа што е на небесата и на Земјата, и Аллах сè знае и Мудар е

171О, следбеници на Книгата, не застранувајте во своето верување и за Аллах зборувајте ја само вистината! Месих, Иса, синот Мерјемин, е само Аллахов Пратеник, создаден е со Зборот Негов кој на Мерјем ѝ го достави, и живот му даде; затоа верувајте во Аллах и во Неговите Пратеници и не велете: „Тројца се!“ Престанете, подобро е за вас! Аллах е само еден Бог, славен нека е Тој, зарем Тој да има дете?! Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Аллах е доволен заштитник

172На Месих нема да му биде одбивно да признае дека е Аллахов роб, а ниту на мелеците, Нему најблиските. А тие на кои им е одбивно Нему да Му робуваат, и тие коишто ќе бидат вообразени, Аллах сите пред Себе ќе ги собере

173Верниците кои правеле добри дела Тој според заслугата ќе ги награди, и уште, од изобилството Свое, повеќе ќе им даде; а тие коишто биле одбивни и вообразени – на неподносливи маки ќе ги стави и тие нема да најдат, освен Аллах, ни заштитник ни помагач

174О, луѓе, Доказот од Господарот ваш веќе ви стигна и Ние ви ја објавивме Јасната Светлина

175Тие што во Аллах ќе веруваат и цврсто до Него ќе се придржуваат, Тој сигурно во Својата милост и благодат ќе ги воведе, и на Вистинскиот пат кон Себе ќе ги упати

176Тие од тебе бараат толкување. Кажи: „Аллах ќе ви го каже прописот за келала: ако некој умре, а нема дете, но има сестра, нејзе ѝ припаѓа половина од неговото наследство, а тој ќе ја наследи неа ако таа нема дете; а ако се две сестри, на нив им припаѓаат две третини од неговото наследство. А ако се браќа и сестри, тогаш на машкото му припаѓа колку на две женски.“ Тоа Аллах ви го објаснува за да не заталкате. А Аллах знае сè

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath