48. Ал-Фатх
1Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа
2за Аллах да ти ги прости претходните и подоцнежните гревови, благодатта Своја кон тебе потполна да ја направи, на Вистинскиот пат да те упати
3и Аллах со моќна помош да ти помогне
4Тој влева смиреност во срцата на верниците за верувањето свое уште повеќе да го зголемат, а војските на небесата и на Земјата се Аллахови; Аллах сè знае и Мудар е
5за да ги воведе верниците и верничките во џеннетските градини низ кои реки течат, во кои вечно ќе престојуваат, и за да ги прекрие нивните лоши дела – а тоа кај Аллах е голем успех
6и за да ги казни лицемерите и лицемерките, и многубошците и многубошките, коишто за Аллах зло мислат – злото нека нив ги снајде! Аллах на нив се налути и ги проколна и им го подготви џехеннемот, а тој е грозно престојувалиште
7Аллахови се војските на небесата и на Земјата; Аллах е Силниот и Мудриот
8Ние те праќаме тебе како сведок и како носител на радосни вести и како опоменувач
9во Аллах и во Пратеникот Негов да верувате, и верата Негова да ја помогнете, да Го почитувате, и наутро и навечер да Го славите и да Го величате
10Тие што тебе ти се заколнаа на верност – Му се заколнаа, навистина, на верност на самиот Аллах – Аллаховата рака е над рацете нивни! Тој што ќе ја прекрши заклетвата, на своја штета ја крши, а кој ќе го исполни тоазаштосеобврзал кај Аллах, Тој ќему даде големанаграда
11Бедуините коишто изостанаа ќе ти зборуваат: „Нè задржаа стадата наши и семејствата наши, па замоли прошка за нас!“ Тие со јазиците свои го зборуваат тоа што не е во срцата нивни. Кажи: „Па кој може да ја промени Аллаховата одлука ако Тој сака да ви наштети, или ако сака некакво добро да ви направи?“ Напротив! Аллах добро го знае тоа што го правите
12Вие мислевте дека Пратеникот иверниците нема никогаш да се врататкај своите семејства; вашите срца беа задоволни поради тоа и вие на најлошото помислувавте, вие сте расипан народ
13Тој што не верува во Аллах и во Пратеникот Негов – па, Ние за неверниците распламтен оган подготвивме
14Аллахова е власта на небесата и на Земјата, Тој простува кому сака, а казнува кого сака – Аллах многу простува и Милостив е
15Тие што изостанаа, кога ќе појдете пленот да го земете, сигурно ќе кажат: „Пуштете нè и нас да ве следиме!“ Тие сакаат да го изменат Аллаховиот говор. Кажи: „Вие нема да нè следите, тоа уште претходно Аллах го кажа!“, а тие ќе кажат: „Не етака, туку вие нам ни завидувате.“ А не е ни тоа, туку тие малку разбираат
16Кажи им на бедуините кои изостанаа: „Ќе бидете повикани да се борите против народ со жестока сила, сè додека не примат ислам. Па ако послушате, Аллах убава награда ќе ви даде, а ако одбегнете, како и досега што одбегнувавте, ќе ве казни со болна казна.“
17Не е грешен ниту слепиот, ниту сакатиот, ниту болниот! Тој што Му се покорува на Аллах и на Пратеникот Негов, Тој во џеннетските градини низ кои реки течат ќе ги воведе, а тој што грбот ќе го сврти, со болна казна ќе го казни
18Аллах е задоволен со тие верници кои под дрвото ти се заколнаа на верност. Тој знаеше што е во срцата нивни, па спушти спокој врз нив, и ќе ги награди со блиска победа
19и со богат плен што ќе го земат, а Аллах е Силниот и Мудриот
20Аллах ви ветува броен плен што ќе го земете, а со ова побрза и рацете на луѓето од вас ги задржа – за тоа да биде знак за верниците и за да ве упати на Вистинскиот пат
21и другиот, што не бевте во состојба да го земете, – Аллах ви го даде, бидејќи Аллах може сè
22А да ја почнеа неверниците борбата со вас, сигурно во бегство ќе се дадеа и потоа ни заштитник ни помошник немаше да најдат
23Според Аллаховиот закон кој важи отсекогаш, а ти нема да видиш дека Аллаховиот закон се менува
24Тој ги задржа рацете нивни од вас и вашите од нив среде Мека, и тоа откако ви пружи можност да ги победите, а Аллах добро го гледа тоа што го правите
25Тие се тие штоневеруваат и ви забрануваат да пристапите во Светиот Храм, и курбаните кои ги водите со себе до местата свои да стигнат. И да немаше мажи верници и жени вернички, кои вие не ги познавате, па не знаејќи, да ги убиевте, и поради тоа срам да не би доживеале – Ние би ви ги препуштиле. А не ги препуштивме за Аллах во милоста Своја да го воведе тој што сака. А тие да беа одвоени, навистина со тешка казна ќе ги казневме тие меѓу нив што не веруваа
26Кога неверниците ги полнеа своите срца со жар, со паганска жар, Аллах ја спушти смиреноста Своја на Пратеникот Свој и на верниците, и ги обврза на Зборот на богобојазливоста – а тие и се најзаслужни и најдостојни за тоа – а Аллах знае сè
27Аллах ќегооствари сонотна Пратеникот Свој дека сигурно ќевлезете безбедни во Светиот Храм – ако сака Аллах – некои со избричени глави а некои со потскратена коса, без страв. Тој го знаеше тоа што вие не го знаевте и затоа, пред тоа, неодамнешната победа ви ја даде
28Тој го прати Пратеникот Свој со Упатството и со Вистинската вера за да ја издигне над сите вери. А Аллах е доволен Сведок
29Мухаммед е Аллахов Пратеник, а неговите следбеници се строги кон неверниците, а сомилосни меѓу себе; ги гледаш како чинат руку и сеџда сакајќи ја Аллаховата награда и задоволство – на лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло. Така се опишани во Тевратот. А во Инџилот - тие се како растение кое никулецот свој го исфрла, па потоа го зацврстува, а тој се исправа на своето стебло, предизвикувајќи воодушевување кај сејачот – за Тој со верниците да ги разгневи неверниците. А на тие што веруваат и што прават добри дела, Аллах им ветува прошка и награда голема
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath