47. Мухамед
1Аллах ќе ги поништи делата на тие што не веруваат и од патот Негов што одвраќаат
2А на тие што веруваат и што прават добри дела и што веруваат во тоа што му се објавува на Мухаммед – а тоа е Вистината од нивниот Господар – Тој преку нивните лоши постапки ќе мине и состојбите нивни ќе ги подобри
3затоа што неверниците ја следат невистината, а верниците ја следат Вистината од својот Господар. Така Аллах на луѓето им ги наведува нивните примери
4Когасоневерниците воборба ќесе сретнете, по вратовите удрете ги сè додека не ги ослабнете, и тогаш врзете ги, а потоа, или великодушно ослободете ги од заробеништво или барајте откупнина, сè додека не престане борбата. Така направете! Дасака Аллах, Тој сам ќе ги совлада, но Тој сака да ве искуша едните со помош на другите. Тој нема да ги поништи делата на тие што ќе загинат на Аллаховиот пат
5и Тој, сигурно, ќе ги упати и состојбите нивни ќе ги подобри
6и во џеннетот ќе ги воведе, со којшто веќе ги запознал
7О, верници, ако Го помогнете Аллах, и Тој вам ќе ви помогне и чекорите ваши ќе ги зацврсти
8А тие што не веруваат – пропаст за нив! Тој нема делата нивни да ги прифати
9затоа што не го сакаат тоа што Аллах го објавува, и Тој делата нивни ќе ги поништи
10Зошто тие неотидат по светот да видат каков беше крајот наоние пред нив? Нив Аллах ги истреби, а тоа ги чека и останатите неверници
11затоа што Аллах е заштитник на тие што веруваат и затоа што неверниците заштитник немаат
12Тие што веруваат и што прават добри дела Аллах ќе ги воведе во џеннетските градини низ кои реки ќе течат, а тие што не веруваат – што се насладуваат и ждерат како што ждерат животните – нивно престојувалиште ќе биде Огнот
13А колку градови уништивме, многу помоќни од твојот град кој те протера, и немаше никој да им помогне
14Зарем тој што има јасна претстава за Господарот свој е како тој на којшто неговите лоши дела му се чинат убави и кој по страстите свои се поведува
15Примерот за џеннетот, кој им е ветен на тие што се плашат од Аллах е: во него се реките од вода проточна и реки од млеко со непроменлив вкус, и реки од вино, пријатно за тие што ќе пијат, и реки од процеден мед, и има разновидно овошје и прошка од Господарот нивен – зарем тоа е исто со страдањето кое ги чека тие што во Огнот вечно ќе престојуваат, кои со зовриена вода ќе се појат, која цревата ќе им ги кине
16Има такви што доаѓаат да те слушаат, а штом ќе се оддалечат од тебе, ги прашуваат тие на коишто им е дадено знаење: „Што рече тој пред малку?“ Тоа се тие чиишто срца Аллах ги запечатил икоипострастите свои се водат
17А тие што се на Вистинскиот пат Тој Упатството и ќе им го зголеми и ќе им ја зацврсти нивната богобојазливост
18Зарем тие чекаат Крајот на светот ненадејно да им дојде, а веќе дошле предзнаците негови? А што ќе им користи нивната опомена кога тој ќе им дојде
19Знај дека нема друг бог освен Аллах! Барај прошка за своите гревови и за верниците и за верничките! Аллах знае каде се движите и каде престојувате
20А тие што веруваат велат: „Зошто не се објави едно поглавје?“ А кога ќе се објави јасно поглавје и во него ќе се спомне борбата, ќе можеш да ги видиш тие во чиишто срца има болест како те гледаат со поглед како пред смрт онесвестен! А подобра би им била
21послушноста и разумниот говор! А кога за борбата ќе биде одлучено, подобро ќе им биде да се искрени кон Аллах
22Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле
23Тоа се тие коишто Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил
24Како тие не размислат за Куранот, или на срцата имаат катанци
25Навистина на тие што отпаднале од верата своја откако Упатството им беше јасно, шејтанот на грев ги наведуваше и лажна надеж им влеваше
26Тоа е затоа што им велеа на тие кои не го сакаат тоа што Аллах го објавува: „Ние во некои работи ќе ви се покоруваме.“ - а Аллах добро ги знае нивните тајни
27А како ќе им биде дурикогамелеците душите ќе им ги земаат удирајќи ги по лицата и по грбовите нивни
28Така ќе биде затоа што го следеа тоа коешто го предизвикува Аллаховиот гнев, а тоа од коешто Тој е задоволен го презираа; Тој делата нивни ќе ги поништи
29Зарем тие со болни срца мислат дека Аллах нема да ги изнесе злобите нивни на виделина
30А да сакаме, Ние навистина би ти ги покажале, а ти по белезите нивни сигурно би ги познал. Но, ти ќе ги познаеш по начинот на нивниот говор, а Аллах ги знае постапките ваши
31Ние ќе ве проверуваме сè додека не укажеме на борците и постојаните меѓу вас, а и вестите за вас ги проверуваме
32Тие што не веруваат и што одвраќаат од Аллаховиот пат, и што му се спротивставуваат на Пратеникот, откако им е пратено јасно Упатство, воопшто нема да му наштетат на Аллах и Тој делата нивни ќе им ги поништи
33О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте Му се на Пратеникот, и не поништувајте ги делата свои
34На тие што не веруваат и од Аллаховиот пат што одвраќаат, па потоа како неверници умираат, Аллах навистина нема да им прости
35И не се истоштувајте и не нудете примирје кога сте посилни, бидејќи Аллах е со вас, Тој нема да ве лиши од наградата за делата ваши
36Животот на овој свет е само игра и забава! А ако верувате и ако гревовите ги избегнувате, Тој ќе ве награди и имотите ваши од вас нема да ги бара
37Кога би ги барал од вас и кога би бил упорен кон вас, би станале скржави, и тоа би ја покажало вашата злобност
38Вие, ете, се повикувате дека трошите на Аллаховиот пат, но некои од вас се скржави, а кој е скржав на своја штета е скржав, бидејќи Аллах е богат, а вие сте сиромашни. Аакоглавите ги свртите, Тој со друг народ ќе ве замени, кој тогаш нема да биде какви што сте вие
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath