Исламот
назад

45. Ал-Џатија

1Ха-мим

2Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Мудриот

3На небесата и на Земјата, навистина, постојат докази за тие што веруваат

4и создавањето ваше и на живите суштества кои ги распространи - се докази за луѓето кои се цврсто убедени

5и смената на ноќта и денот, и снабдувањето (дождот) кое Аллах од небото го спушта за со негова помош земјата, по мртвилото нејзино, да ја оживее и промената на ветровите – се докази за луѓето што сфаќаат

6Тоа се Аллаховите докази кои ти ги наведуваме како вистина, па во што, ако не во Аллаховите зборови и во Неговите докази, тие ќе веруваат

7Тешко му на секој лажливец, голем грешник

8Тој ги слуша Аллаховите зборови кога му се кажуваат, па потоа истрајува во неверувањето, вообразен како да не ги ни чул. Нему навести му страдање неиздржливо

9А кога ќе дознае за некои Наши зборови, тој им се потсмева. Таквите понижувачко страдање ги чека

10Пред нив е џехеннемот, и од никаква корист нема да им биде тоа што го стекнале, ниту тие што покрај Аллах за заштитници ги прифатија, нив ги чека голема казна

11Овој Куран е Упатство, а тие што не веруваат во доказите на Господарот свој ги чека неподносливо страдање

12Аллах е Тој што ви го потчини морето за бродовите, според одредението Негово, по него да пловат, за да можете да ги барате благодатите Негови и за да бидете благодарни

13И ви го потчини тоа што е на небесата и на Земјата, сè е од Него. Тоа се, навистина, знаци за луѓето што размислуваат

14Кажи им на верниците да им простат на тие кои не се надеваат на Аллаховите благодати за да ги награди луѓето за тоа што го работеле

15Тој што чини добро – за себе го чини, а тој што прави зло – го прави против себе, а на крајот сите кај Господарот свој ќе се вратите

16На синовите Израилови Книга и власт и веровесништво им дадовме, и со убава храна ги снабдивме, и над сите народи ги одликувавме

17и јасни докази за верата им дадовме, а тие се подвоија токму тогаш кога дојдоа до сознанието, и тоа поради непријателство и меѓусебна завист. Господарот твој на Судниот ден сигурно ќе им пресуди за тоа за што не се согласуваа

18А потоа тебе ти одредивме во верата по правецот одреден да одиш, затоа следи го и не поведувај се по страстите на тие што не знаат

19бидејќи тие воопшто не можат да те одбранат од Аллаховата казна! Злосторниците едни со други се штитат, а Аллах ги штити тие што се плашат од Него и што се чуваат од гревови

20Овој Куран е јасен Патоказ за луѓето, и упатство и милост за тие што веруваат цврсто

21Дали тие што прават зли дела мислат дека со нив ќе постапиме исто како и со тие што веруваат и што прават добри дела, дека во овој живот и по смртта ќе бидат исти? Колку лошо расудуваат

22А Аллах небесата и Земјата со Вистината ги создаде и поради тоа за секој човек да биде награден или казнет според тоа што го заработил, и на нив нема да им се направи неправда

23Што мислиш за тој што својата страст за свое божество ја зел, тој кого Аллах, иако тој бил свесен, во заблуда го скршнал, и слухот негов и срцето негово ги запечатил, а пред очите негови перде му ставил? Кој, ако не Аллах, на Вистинскиот пат ќе го упати? Зошто не ја примате опомената

24Тие велат: „Постои само животот наш земски, живееме и умираме, единствено времето нè уништува.“ А тие за тоа ништо не знаат, тие само претставуваат

25Акога Нашите јасни зборови им се кажуваат, друг доказ немаат, освен што велат: „Предците наши вратете ги во живот, ако е вистина тоа што го зборувате.“

26Кажи: „Аллах ви дава живот, потоа ќе стори да изумрете, а потоа на Судниот ден ќе ве собере, во тоа нема никаков сомнеж, но повеќето луѓе не знаат.“

27Аллахова е власта на небесата и на Земјата! А на денот кога ќе настапи Часот на проживувањето, тој ден тие што ја следеле лагата ќе бидат изгубени

28И ќе ги видиш сите уммети220 како клечат на колена; секој уммет ќе биде повикан според Книгата своја: „Денес ќе бидете наградени или казнети според тоа како сте постапувале

29Оваа Наша Книга само вистината ќе ја каже за вас, бидејќи наредивме да се запише сè што сте правеле.“

30Тие што веруваа и што правеа добри дела, Господарот нивен во милоста своја ќе ги воведе. Тоа ќе биде очигледен успех

31А на тие што не веруваа: „Зарем ајетите Мои не ви се кажувани, а вие се вообразивте и станавте злосторнички народ?“

32Кога ви се говореше: „Аллаховото ветување навистина е вистина! И во Часот на проживувањето нема ни малку сомнеж.“ – вие говоревте: „Ние не знаеме штое Часот на проживувањето, ние само замислуваме, ние не сме убедени“

33и ќе им се покажат нивните гнасни дела и од сите страни ќе ги опколи тоа на што се потсмеваа

34иќесерече: „Денес Ние вас ќевезаборавиме како што вие заборавивте дека овој ваш Ден ќе го доживеете, огнот престојувалиште ќе ви биде и никој нема да може да ви помогне

35затоаштона Аллаховите зборови сепотсмевавте изатоашто животот на Земјата ве измами.“ Од тој Ден никој од џехеннемот нема да ги извлече, ниту од нив ќе се бара на Аллах да му угодат

36Па, на Аллах Му припаѓа благодарноста, Господарот на небесата и Господарот на Земјата, Господарот на сите светови

37Нему Му припаѓа величественоста на небесата и на Земјата, Тој е Силниот и Мудриот

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath