43. Аз-Зухруф
1Ха-мим
2Се колнам во Книгата јасна
3Ние ја објавуваме како Куран на арапски јазик, за да разберете
4а тој во Главната Книга, кај Нас, е ценет и совршен
5Зарем да се откажеме Опомената да ви ја соопштуваме затоа што секоја граница на злото ја поминувате
6А колку веровесници Ние им испративме на претходните народи
7и ниту еден веровесник не им дојде, а да не му се исмеваа
8Затоа ги уништувавме тие што беа помоќни од овие, а им е спомнат примерот за претходните народи
9Па ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата, тие сигурно ќе речат: „Ги создаде Силниот и Сезнајниот!“
10Тој што Земјата колевка ви ја направи и по неа патишта ви создаде, за да се упатувате
11Тој што од небото водата со мерка ја спушта, со чија помош во живот ги враќаме мртвите предели – така и вие од гробовите ќе бидете оживеани
12Тој штосоздава секаков вид насуштества вопарови и ви дава бродови и животни за на нив да патувате
13на палубите и на грбовите нивни да се сместите и, потоа, кога ќе се исправите на нив, да се сетите на благодатите од Господарот свој и да кажете: „Славен и Возвишен нека е Тој што ова ни го потчини, ние не би можеле тоа сами да го постигнеме
14и ние кај Господарот свој сигурно ќе се вратиме!“
15А тие Му припишуваат Нему дел од робовите Негови. Човекот, навистина, е очигледен неблагодарник
16Зарем од тие коишто Тој ги создава за Себе да земе ќерки, а вас да ве дарува со синови
17А кога некој од нив бива известен за тоа што на Семилосниот слично Му припишува (дека добил ќерка), лицето му се замрачува и тој се полни со гнев
18Зарем тие (ќерките) коишто растат во украси и коишто во расправа се беспомошни, Му ги припишувате на Аллах
19Тие ги сметаат мелеците, кои се робови на Семилосниот, за жени. Зарем тие присуствувале при создавањето нивно? – Нивните тврдења ќе бидат запишани и тие ќе одговараат
20Тие велат: „А да сакаше Семилосниот, ние нив немаше да ги обожуваме“. Тие за тоа ништо не знаат, тие само лажат
21Зарем Ние предходно им дадовме Книга, па се придржуваат кон неа
22Тиедуриивелат:„Ниегизатекнавмепредцитенашикакојаисповедаат верата и следејќи ги стапките нивни ние сме на Вистинскиот пат.“
23Исто така, пред тебе, Ние ниту во еден град не испративме Опоменувач, а тие коишто живееја сораскошен живот да незборуваа: „Ги затекнавме предците наши како ја исповедаат верата и ние стапките нивни ги следиме.“
24„Зарем и тогаш“ – ќе велеше тој – „кога јас ви носам подобра (вера) од таа којашто од предците ваши сте ја запамтиле?“ А тие ќе одговараа: „Ние не веруваме во тоа што е пратено по вас!“
25И Ние ги казнувавме, па види како завршија тие кои пратениците ги клеветеа за лага
26А кога Ибрахим му рече на таткото свој и на народот свој: „Јас се одрекувам од тие коишто вие ги обожувате
27јас Го обожувам само Тој што ме создаде, бидејќи Тој, навистина, на Вистинскиот пат ќе ме упати.“
28Тој ги направи зборовите на тевхидот (монотеизмот) трајни за потомството свое, за да се враќаат (кон тие зборови)
29А Јас дури и им допуштив на овие, а и на предците нивни, да уживаат сè додека не им дојде Вистината и очигледниот Пратеник
30А кога Вистината им дојде, рекоа: „Ова е магија, и ние во неа никако не веруваме!“
31И уште рекоа: „Зошто не му е објавен овој Куран на некој угледен човек од овие два града?“
32Зарем тие да расподелуваат милоста на Господарот твој? Ние им даваме сè што им е потребно за животот на овој свет и Ние едните над другите ги издигнуваме за неколку степени, за едните да ги служат другите. – А милоста на Господарот твој е подобра од тоа што тие го натрупуваат
33А да немаше сите луѓе да станат неверници, Ние на тие што не веруваат во Семилосниот покривите на куќите од сребро ќе им ги направевме, а и скалите по кои се качуваат
34и вратите на куќите нивни и диваните на коишто се потпираат
35и украси од злато би им дале, бидејќи сето тоа е уживање во животот на овој свет, а оној свет кај Господарот твој ќе биде за тие што ќе ги извршуваат Неговите наредби, а ќе се чуваат од Неговите забрани
36Тој што ќе сврти грб на Опомената на Семилосниот, Ние шејтанот ќе му го натовариме, па тој неразделен другар ќе му стане
37тие луѓето од Вистинскиот пат ќе ги одвраќаат, а луѓето ќе мислат дека се на Вистинскиот пат
38И кога некој од нив ќе дојде пред Нас, ќе рече: „Камо среќа меѓу мене и тебе да имаше раздалеченост колку што има меѓу истокот и западот! Колку злобен другар си бил ти!“
39Тој ден нема да ви е од корист што во маката заедно ќе бидете, кога правевте неправда
40Зар ти да направиш глувите да слушаат и да ги упатиш слепите и тие што се во очигледна заблуда
41Ако ти ја земевме душата, нив сигурно ќе ги казневме
42или, да сакавме да ти го покажеме тоа што им го ветивме - па Ние можеме нив со секаква казна да ги казниме
43Затоа држи се до тоа што ти се објавува, бидејќи ти навистина си на Вистинскиот пат
44Куранот навистина е чест и за тебе и за твојот народ; вие (за него) ќе одговарате
45Погледни воодредбите објавени на Пратениците Наши, кои пред тебе ги праќавме, дали наредивме, покрај Семилосниот, да се обожуваат други божества
46Уште одамна Ние го пративме Муса со доказите Наши кај фараонот и кај главатарите негови, и тој рече: „Јас сум, навистина, Пратеник од Господарот на световите!“
47И бидејќи им ги донесе доказите Наши, тие, одеднаш, почнаа да ги исмејуваат
48И Ние доказите им ги покажувавме, сè еден поголем од друг! И со казна ги опфаќавме, за да се повратат (на Вистинскиот пат)
49Тие велеа: „О, ти маѓепснику! Замоли Го Господарот свој, во наше име, врз основа наветувањето што ти го дал, и ние сигурно по Вистинскиот пат ќе појдеме!“
50А штом од неволјата ќе ги ослободевме, за миг ветувањето го прекршуваа
51И фараонот му се обрати на народот свој: „О, народе мој,“ – рече тој – „зарем не ми припаѓа мене царството во Египет и овие реки кои под мене течат – сфаќате ли
52И зарем јас не сум подобар од овој бедник кој едвај умее да говори
53Зошто не му се ставени белезици од злато или зошто заедно со него не дошле мелеци?“
54И тој го заведе народот свој, па му се покорија; тие навистина беа грешен народ
55А кога го предизвикаа Нашиот гнев, Ние ги казнивме и сите ги потопивме
56и ги направивме пример и поука за подоцнежните народи
57А кога на народот твој како пример им беше наведен синот Мерјемин, тие одеднаш поради тоа кренаа врева
58и рекоа: „Дали се подобри нашите кипови или тој?“ А ти го наведоа како пример само за да предизвикаат кавга, бидејќи тие се кавгаџиски народ
59Тој беше само роб кого Ние со пратеништво го почестивме и како пример за поука на синовите Израилови го направивме
60А да сакаме, Ние ќе направиме наместо вас, мелеците на Земјата да ве наследат
61навистина тој (Иса) е предзнак за Крајот на светот, затоа никако не се сомневајте во него и следете го упатството Мое! Ова е Вистинскиот пат
62и шејтанот нека не ве одвраќа никако, та тој, навистина, ви е отворен непријател
63А кога Иса очигледни докази донесе, рече: „Ви носам мудрост и доаѓам да ви го објаснам тоа за што не се согласувате. Затоа, плашете се од Аллах и мене покорувајте ми се
64Аллах емој иваш Господар, па Него обожувајте Го! Ова е Вистинскиот пат!“
65Но сектите од нивните редови помеѓу себе се подвоија. Па тешко им на насилниците од казната на Денот на болката
66Чекаат ли тие нешто друго освен тоа Крајот на светот да им дојде ненадејно, а тие да не ни осетат
67Тој Ден, тие коишто си беа пријатели, непријатели ќе станат, освен тие кои се плашеа од Аллах и кои се чуваа од гревовите
68„О, робови Мои, денес за вас стравот нема да постои, ниту пак ќе тагувате“
69тие штоверуваа во ајетите Наши икоишто беамуслимани (послушни) – ќе им биде речено
70„Влезете во џеннетот, вие и сопружниците ваши, радосни!“
71Тие ќе бидат служени од садови и чаши од злато, во него ќе има сè што душите ќе посакаат и сè со што очите се насладуваат, и во него вечно ќе престојувате
72„Ете, тоа е џеннетот кој ви е подарен како награда за тоа што гоправевте
73во него разновидни овошја ќе имате од кои ќе јадете.“
74Навистина злосторниците вечно ќе останат во страданието џехеннемско
75тоа нема да им се ублажи и никаква надеж за спас нема да имаат, тие во него очајни ќе бидат
76Не бевме Ние неправедни кон нив, тие самите на себеси неправда си нанесоа
77Тие ќе довикуваат: „О, (мелеку) Малик! Господарот твој нека пресуди да умреме!“ – а тој ќе рече: „Вие тука вечно ќе останете!“
78Ние ви ја праќаме Вистината, но повеќето од вас ја презираат вистината
79Ако тие подготвуваат замки, и Ние замки ќе им поставиме
80Зарем тие мислат дека Ние не слушаме што разговараат насамо и како меѓусебно се договараат? Ние слушаме, а мелеците наши пратени, кои се со нив, запишуваат
81Кажи: „Кога Семилосниот би имал дете, јас и тогаш прв би Го обожувал!“
82Нека е Славен и Возвишен Господарот на небесата и на Земјата, и Господарот на Аршот, од тоа како тие Го опишуваат
83Па ти остави ги нека се впуштаат во заблуда и нека се забавуваат додека не го доживеат Денот кој им се заканува
84Тој е Тој штое Бог инанеботоина Земјата. Тој е Мудриот и Сезнајниот
85И нека е возвишен Тој чијашто власт е на небесата и на Земјата, и помеѓу нив, единствено Тој знае кога ќе биде Крајот на светот и Нему сите ќе Му се вратите
86Тие на коишто тие, освен Нему, им се молат – нема да можат за други да се заземаат; ќе можат само тие кои ја признаваат Вистината, тие кои знаат
87А ако ги запрашаш кој ги создаде нив, сигурно ќе речат: „Аллах!“ Па тогаш каде се одметнуваат
88А Пратеникот ги кажа зборовите свои: „Господару мој, ова навистина се луѓе кои не сакаат да веруваат!“
89Ти сврти се од нив и кажи: „Останете во мир!“ – та тие наскоро ќе дознаат
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath