41. Фусилат
1Ха-мим
2Објава од Милостивиот, Семилосниот
3Книга чии ајети се детално изложени, Куран на арапски јазик за луѓето кои знаат
4радовесник и предупредувач – и пак повеќето од нив главите ги вртат, не сакаат ниту да чујат
5„Срцата наши“ – говорат тие – „се под прекривките, далеку од тоа кон што ти нè повикуваш, а ушите наши се глуви за тоа, а помеѓу нас и тебе има преграда, па ти работи, и ние ќе работиме.“
6Кажи: „Јас сум само човек како и вие, мене само ми се објавува дека вашиот Бог е само еден Бог, затоа само кон Него искрено управете Му се и од Него прошка барајте! А тешко на тие што Нему рамни Му припишуваат
7кои зекат не даваат и кои во оној свет не веруваат
8Тие што веруваат и што прават добри дела, навистина, ги чека награда непрекидна.“
9Кажи: „Зарем вие навистина не сакате да верувате во Тој што ја создаде Земјата во два временски периода – и уште други за рамни Му припишувате? Тоа е Господарот на световите!“
10Тој низ неа неподвижни планини создаде и благословена ја направи и производите нејзини на неа ги одреди, сето тоа во четири временски периоди – ова е објаснување за тие што прашуваат
11потоа кон небеските висини се насочи додека небото сè уште беше маглина, па нему и на Земјата им рече: „Појавете се, милум или силум!“ – „Се појавуваме со задоволство!“ – одговорија
12па во два временски периода, како седум небеса ги создаде, и одреди што ќе се наоѓа во секое небо. А најблиското небо со сјајни ѕвезди го украсивме и Ние над нив бдееме. Тоа е одредба на Силниот и Сезнајниот
13А ако главите ги свртат, ти кажи: „Ве опоменувам со таква молња каква што ги погоди Ад и Семуд!“
14Кога од сите страни Пратениците нивни им доаѓаа: „Не обожувајте никого освен Аллах!“ – а тие одговараа: „Да сакаше Господарот наш, Тој мелеци ќе ни пратеше! Ние не веруваме во тоа што е пратено по вас.“
15(Народот) Ад без никаква основа на Земјата се вообрази: „Кој е посилен од нас?“ – говореа. А зарем не знаеја дека Аллах, Кој ги создаде, е посилен од нив? – а и доказите Наши ги негираа
16И Ние против нив испративме, во последователните денови, леден ветер, за да им дадеме уште на овој свет да почуствуваат срамно страдање – страдањето на оној свет ќе биде, навистина, уште посрамно – и никој нема на помош да им дојде
17А и на (народот) Семуд на Вистинскиот пат му укажавме, но ним им беше помило слепилото од упатството, па го стигна срамно страдање од молња, според тоа што го заслужи
18а тие што веруваа и што се плашеа од Аллах, Ние ги спасивме
19А на денот кога Аллаховите непријатели ќе бидат протерани во Огнот – тие први ќе бидат задржани, за останатите да ги стигнат
20и кога ќе дојдат до него, ушите нивни, и очите нивни и кожите нивни ќе сведочат против нив за тоа што го правеле
21„Зошто сведочите против нас?“ – тие ќе ги прашаат своите кожи. – „Аллах, Кој му даде способност за говор на секое суштество, нè обдари со дарот за говор и нас.“ - ќе одговорат. – „Тој првиот пат ве создаде и Нему, еве, Му се вративте
22Вие несе криевте за да не сведочат ушите ваши иочите ваши икожите ваши против вас, туку затоа што мислевте дека Аллах нема да дознае за многу нешта што сте ги правеле
23И тоа ваше уверување, кое за Господарот свој го имавте, ве упропасти, па станавте губитници.“
24Па и ако трпат, нивното престојувалиште ќе биде огнот; а ако бараат наклоност од Аллах, на нивната молба нема да им се удоволи
25Ние им одредивме лоши другари кои како убаво им го прикажуваа тоа што го сторија и тоа што ќе го сторат, и на нив им се овистини тоа што е кажано за народите, џинните и луѓето кои пред нив беа и исчезнаа – навистина настрадаа
26Тие што не веруваат велат: „Не слушајте го овој Куран, туку правете врева за да го надвикате!“
27Затоа Ние сигурно ќе дадеме неверниците да искусат неподносливо страдање, и ќе ги казниме со најголема казна за делата кои ги направија
28Тоа е казната за Аллаховите непријатели, оган во кој ќе им биде вечната куќа, како наплата што доказите Наши постојано ги негираа
29И неверниците ќе кажат: „Господару наш, покажи ни ги џинните и луѓето, тие кои нè заведоа, под нозете наши да ги ставиме, нека бидат најдолни.“
30На тие што велат: „Наш Господар е Аллах“, па потоа останат истрајни, им се симнуваат мелеци: „Не плашете се и не тагувајте, и радувајте се на џеннетот кој ви е ветен
31Ние сме заштитници ваши во животот на овој свет, а и на оној; во него ќе имате сè што душите ваши ќе посакаат, и што и да побарате – ќе имате
32ќе бидете почестени од Простувачот, Милостивиот.“
33А кој говори поубаво од тој што повикува кон Аллах, кој прави добри дела и кој вели: „Јас сум, навистина, муслиман!“
34Доброто и злото не се исто! На злото возврати му со добро, па непријателот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане
35Тоа можат да гопостигнат само стрпливите; тоаможат да гопостигнат само многу доблесните
36А кога шејтанот ќе се обиде на зли мисли да те наведе, ти побарај заштита кај Аллах, бидејќи Тој, навистина, сè слуша и сè знае
37Меѓу доказите Негови се ноќта и денот, и Сонцето и Месечината. Не паѓајте со лицето на тло ниту на Сонцето ниту на Месечината, туку паѓајте со лицето на тло пред Аллах, Кој ги создаде, ако сакате само Него да Го обожувате
38А ако тие се возгордеат – па, тие што се кај Господарот твој Го слават и величаат и ноќе и дење, и не се досадуваат
39А од доказите Негови е и тоа што гледаш сува земја, а кога на неа ќе спуштиме дожд, таа се придвижува и процветува. Тој што ѝ дава живот ќе ги оживее сигурно и мртвите, бидејќи Тој е способен за сè
40Тие што зборовите Наши ги извртуваат, навистина, нема од Нас да се сокријат. Па дали е подобар тој што во огнот ќе биде фрлен или тој што на Судниот ден ќе дојде сигурен? Правете што сакате, Тој, навистина, ве гледа што правите
41Навистина, тие што не веруваат во Опомената, откако им дојде, ќе бидат казнети! А тој (Куранот) навистина е возвишена книга
42лагатанеможе да ѝ пријде одкоја било страна, таа е Објава од Мудриот и за благодарност достојниот
43Тебе нема да ти се каже ништо што веќе не им беше кажано на Пратениците пред тебе. Господарот твој навистина простува, но и болно казнува
44А да го објавивме Куранот на туѓ јазик, тие сигурно ќе кажеа: „Би требало ајетите да бидат разбирливи! Зарем јазикот да е туѓ, а тој на когомусеобјавува е Арап?“ – Кажи: „Тој еупатство илек заверниците. А тие што не сакаат да веруваат – и глуви и слепи се! Како да биваат повикувани од далечни места
45И на Муса му дадовме Книга, па поради неа се раздвоија. А да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, со нив веќе ќе беше завршено. Тие многу се сомневаат во Куранот
46Кој прави добро, во своја корист го чини, а кој прави лошо, на своја штета го прави. – А Господарот твој не е неправеден кон робовите Свои
47Само Тој знае кога ќе настапи Крајот на светот. А ниту плодовите не излегуваат од своите цветни чашки и ниту една жена не забременува и не раѓа, а Тој тоа да не го знае. А на Денот кога Тој ќе ги праша: „Каде се тие што Ми ги припишувавте за рамни?“ – тие ќе одговорат: „Ти јавуваме дека никој од нас тоа не го тврди.“
48И нема да бидат тука тие на кои претходно им се молеа и ќе се уверат дека нема да можат никаде да избегаат
49На човекот не му досадува да бара богатство, а кога ќе го снајде сиромаштво, тогаш паѓа во очај и губи надеж
50Кога ќе го опсипеме со милоста Наша, по несреќата која го снашла, тој вели: „Ова го заслужив и јас не мислам дека Часот суден ќе дојде. А ако бидам вратен кај Господарот свој, кај Него ме чека џеннет.“ А Ние сигурно ќе ги известиме тие што не веруваа за тоа што го правеа и навистина ќе им дадеме да искусат тешко страдање
51Кога на човек милоста Наша ќе му ја дариме, станува неблагодарен и се вообразува, а кога ќе го допре неволја, тогаш долго се моли
52Кажи: „Што мислите, ако Куранотеод Аллах, а вие вонего несакате да верувате – кој е тогаш во поголема заблуда од тој што е противречно далеку од вистината?“
53Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина. А зарем не е доволно тоа што Господарот твој е Сведок за сè
54Тие се сомневаат дека пред Господарот свој ќе застанат, а Тој со знаењето Свое опфаќа сè
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath