3. Ал-и-Имран
1Елиф-лам-мим
2Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател
3ТојтијаобјавуваКнигатасоВистината,којагипотврдувапретходните, а и Тевратот68 и Инџилот69 ги објавил
4претходно, како патоказ за луѓето, а го објавил и Фурканот70. На тие што не веруваат во Аллаховите ајети им припаѓа тешка казна; а Аллах е силен и жестоко казнува
5На Аллах, навистина, ништо не Му е скриено, ниту на Земјата ниту на небото
6Тој во матките ве обликува како што Тој сака; нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот
7Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: „Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!“ А само разумните сфаќаат
8„Господару наш, не скршнувај ги срцата наши откако веќе си нè упатил, и подари ни ја Својата милост! Ти си, навистина, обилниот Дарувач
9Господару наш, Ти ќе ги собереш сите луѓе на Денот во кој нема никаков сомнеж“. Аллах, навистина, не го прекршува Своето ветување
10На тие што не веруваат нема ништо да им користат богатствата нивни, ни децата нивни кај Аллах, и тие ќе бидат гориво за Огнот
11Како што тоа веќе се фараоновите луѓе и тие пред нив кои ги сметаа доказите Наши за лажни, па заради гревовите нивни Аллах ги уништи. А Аллах жестоко казнува
12Кажи им на тие штоневеруваат: „Ќе бидете победени ивоџехеннемот ќе бидете собрани, а тоа е грозно престојувалиште!“
13Имавте знак во двете групи кои се судрија71: едната која се бореше на Аллаховиот пат, и другата, неверничка, на која ѝ се причинуваше дека пред себе има двапати повеќе противници. А Аллах со Својата помош поддржува кого Тој сака! Тоа е, навистина, поука за тие што гледаат далеку
14На луѓето им е разубавен копнежот кон страстите, жените, синовите, куповите од злато и сребро, расните коњи, добитокот и посевите. Тоа се насладувањата од овосветскиот живот; а најубавото место за враќање е кај Аллах
15Кажи: „Сакате ли да ви кажам што е подобро од тоа? Тие што ќе бидат богобојазни кај Господарот свој ќе имаат џеннетски градини под кои реки течат, во кои вечно ќе престојуваат, и сопруги чисти и задоволство од Аллах!“ А Аллах добро ги гледа робовите Свои
16Тие што велат: „Господару наш, ние навистина веруваме, па прости ни ги гревовите наши и сочувај нè од страдањето во Огнот!“
17Трпеливи, и искрени, и на Аллах послушни, и кои од имотот даваат и кои во последните часови од ноќта за прошка молат“
18Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците (ангелите) иучените, постапувајќи праведно. Нема друг богосвен Него, Силниот и Мудриот
19За Аллах единствено исламот е вистинска вера. А тие на кои им е дадена Книгата се раздвоија во моментот кога им дојде знаењето и тоа од меѓусебна завист. А Аллах брзо ќе се пресмета со тие што не веруваат во Аллаховите зборови
20Ако тие се препираат со тебе, кажи: „Јас само на Аллах Му се покорувам, аи тие штоме следат.“ И кажи им на тие накои им е дадена Книгата и на неписмените: „Дали сте го примиле исламот?“ Ако го примат исламот, тогаш тие се на Вистинскиот пат, а ако одбијат, твое е единствено да повикуваш! А Аллах добро ги гледа робовите Свои
21На тие што не веруваат во Аллаховите знаци и кои неоправдано ги убиваа веровесниците, а ги убиваат и тие што бараат праведно да се постапува кон луѓето, навести им болна казна
22Тоа се тие чиишто дела се безвредни и на овој и на оној свет, и на кои никој нема на помош да им пријде
23Зарем не ги гледаш тие на кои им е даден дел од Книгата, кога биваат повикувани да им се суди според Аллаховата Книга, како некои од нив тоа го одбиваат, зашто тие и онака одбегнувајќи се вртат
24Тоа е затоа што велат: „Огнот нема ни да нè допре повеќе од неколку дена“, а во нивното верување ги залажуваат лагите што самите ги измислуваа
25А што ќе биде кога ќе ги собереме тој Ден за кој нема никаков сомнеж и кога секој ќе го добие тоа што го заслужил? А на нив нема да им биде сторена неправда
26Кажи: „О, Аллаху мој, Поседувателу на власта! Ти власта кому сакаш му ја даваш, а ја одземаш од кого сакаш! Ти возвишуваш кого сакаш, а понижуваш кого сакаш! Во Твојата рака е доброто! Ти си навистина Семоќен
27Ти ја воведуваш ноќта во денот и го воведуваш денот во ноќта. Живото го изведуваш од мртвото и мртвото го изведуваш од живото! Ти снабдуваш кого сакаш, без никаква сметка!“
28Верниците нека не ги земаат за пријатели неверниците, кога веќе има верници; а тој што тоа ќе го стори, нема ништо со Аллах! Освен доколку со тоа се штитат од нив! Аллах ве предупредува на Себе и кај Аллах сè се враќа
29Кажи: „Го криеле вие тоа што е во градите ваши или го покажувале, Аллах тоа го знае. Тој знае сè што е на небесата и што е на Земјата!“ Аллах е моќен над сè
30Тој ден кога секој човек пред себе ќе го најде доброто дело што го сторил и лошото дело кое го сторил, ќе посака помеѓу нив и него да има голема раздалеченост. А Аллах ве предупредува на Себе и Аллах е благ кон робовите Свои
31Кажи: „Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости!“ А Аллах простува и Милостив е
32Кажи: „Покорувајте им се на Аллах и на Пратеникот!“ А ако тие главите ги свртат, па Аллах, навистина, не ги сака неверниците
33Навистина Аллах ги одбрал Адем и Нух72, и семејството на Ибрахим, и семејството на Имран73 над световите
34Сите потомци еден од друг! А Аллах сè слуша и сè знае
35Сопругата на Имран рече: „Господару мој, ова што е во стомакот мој го заветувам само во Твоја служба, па прими го тоа од мене, бидејќи Ти навистина сè слушаш и сè знаеш!“
36А откако роди, таа рече: „Господару мој, јас родив женско!“ - а Аллах најдобро знае што роди таа - „а женското не е како машко; и ја нареков Мерјем. Неа и породот нејзин го ставам под Твоја заштита од проклетиот шејтан“
37Па Господарот нејзин убаво ја прими и стори да израсне убаво и за неа да се грижи Зекеријја74. Кога и да влезеше Зекеријја кај неа во михработ75, кај неа храна ќе најдеше. „Од каде ти е ова, Мерјем?“ - би запрашал тој, а таа би одговорила: „Тоа е од Аллах!“ Аллах навистина снабдува кого сака, без никаква сметка!“
38Таму Зекеријја Го замоли Господарот свој: „Господару мој, подари ми од Себе честит потомок, бидејќи Ти, навистина, молбата ја слушаш!“
39И додека тој стоејќи во михработ се молеше, мелеците го повикаа: „Аллах ти јавува радосна вест: ќе ти се роди Јахја77, кој во Аллаховата Реч ќе верува, кој ќе биде првак и скромен, и веровесник и потомок на добрите.“
40„Господару мој,“ - рече тој - „како ќе имам син кога староста ме совлада, а и жена ми е неплодна?“ - „Ете така,“ - рече Тој - „Аллах прави што Му е по волја
41„Господару мој,“ - замоли Зекеријја - „дај ми некаков знак!“ „Знак ќе ти биде тоа што три дена со луѓе нема да можеш да разговараш, освен со знаци. И често споменувај Го Господарот свој и заблагодарувај Му на крајот на денот и рано наутро!“
42И кога мелеците рекоа: „О, Мерјем, Аллах навистина тебе те одбра и чиста те создаде. Тој те одбра над сите жени на световите
43О, Мерјем, биди Му понизна и покорна на Господарот свој, и сеџда чини и клањај Му се со тие што Му се клањаат!“
44Тоа се некои од непознатите вести што ти ги објавуваме. Ти не беше меѓу нив кога своите пера ги фрлија за да видат кој од нив за Мерјем ќе се грижи, а не беше меѓу нив ни кога се препираа
45А кога мелеците рекоа: „О, Мерјем, Аллах те радува со синот кој е создаден со Неговата Реч, името ќе му биде Месих79, Иса, син Мерјемин, ќе биде угледен и на овој и на оној свет и ќе биде еден од блиските на Аллах
46Тој ќе им зборува на луѓето уште во колевка, а и како возрасен, и честит ќе биде“
47Таа рече: „Господару мој, како ќе имам дете кога ниту еден маж ме нема допрено?“ - „Ете така,“ - рече - „Аллах создава што сака. Кога нешто ќе одлучи, Тој само ќе каже: „Биди!“ - и тоа бидува!“
48Тој го поучува за писмото и за мудроста и за Тевратот и за Инџилот
49и го праќа како Пратеник на синовите Израилови: „Ви донесов знак од Господарот ваш: ќе ви направам нешто слично на птица (од глина) и ќе дувнам во неа, па со Аллахова волја ќе биде вистинска птица; ќе ги исцелам слепиот од раѓање и лепрозниот, и ќе оживувам мртви со Аллахова волја, и ќе ви кажувам што јадете и што во домовите ваши натрупувате! Во сето тоа има докази за вас, ако бидете вистински верници
50Потврдувајќи ја така вистинитоста на Тевратот, објавен пред мене, и допуштајќи ви нешто што ви беше забрането, зашто јас ви носам доказ од вашиот Господар! Па плашете се од Аллах, а бидете ми покорни мене
51Аллах, навистина, е и мој и ваш Господар, па Него обожувајте Го! Тоа е Вистинскиот пат!“
52А кога Иса почувствува дека тие не веруваат, рече: „Кои ќе ми бидат помошници на Аллаховиот пат?“ „Ние сме помагачи на Аллаховата вера!“ - рекоа учениците - „Ние веруваме во Аллах, а ти биди сведок дека ние сме муслимани
53Господару наш, ние веруваме во тоа што Ти го објави и Пратеникот го следиме, па забележи нè како сведоци на верата!“
54И неверниците почнаа да смислуваат интриги, па и Аллах тоа им го направи! А Аллах најдобро го умее тоа
55И кога Аллах рече: „О, Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам од неверниците и ќе сторам тие што те следат да бидат над неверниците сè до Судниот ден! Потоа Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ви пресудам за тоа за што не се согласувавте
56Што се однесува до тие што не веруваат на тешки маки ќе ги ставам и на овој и на оној свет, и никој нема да може да им помогне!“
57Ана тие штоќеверуваат иштодобри делаќе прават, Тој полна награда ќе им даде. А Аллах не ги сака насилниците
58Ова што ти го кажуваме се докази и мудра Опомена
59Случајот со Иса кај Аллах е навистина ист како случајот со Адем: од земја го создаде, а потоа му рече: „Биди!“ - и тој би
60Вистината е од Господарот твој, затоа не се сомневај
61А на тие кои ќе почнат да се расправаат со тебе за Него, откако ти дојде нешто од знаењето, кажи им: „Дојдете, ќе ги повикаме синовите наши и синовите ваши, и жените наши и жените ваши, а ќе дојдеме и ние и вие, па ќе се проколнуваме и Аллаховото проклетство за тие што лажат ќе го побараме!“
62Ова навистина е вистинито кажување, и нема друг бог освен Аллах! А Аллах е навистина Силен и Мудар
63А ако тие главите ги свртат, па Аллах сигурно добро ги познава пакосниците
64Кажи: „О, следбеници на Книгата, дојдете да сесобереме околузборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!“ Па ако не се согласат, вие кажете: „Бидете сведоци дека ние сме муслимани!“
65О, следбеници на Книгата, зошто се препирате за Ибрахим, кога Тевратот и Инџилот се објавени по него? Зарем не сфаќате
66Вие расправате затоазашто имате некое знаење, нозошторасправате за тоа за што ништо не знаете? Аллах знае, а вие не знаете
67Ибрахим небеше ниту евреин ниту христијанин, тукубеше вистински верник, муслиман. Тој не беше идолопоклоник
68Навистина најблиски луѓето до Ибрахим се тие што го следеле, и овој Веровесник (Мухаммед) и тие што веруваат. А Аллах е заштитник на верниците
69Некои следбеници на Книгата сакаат да веодведат напогрешниот пат. Меѓутоа, тие самите себе во заблуда се водат, а не ни чувствуваат
70О, Следбеници на Книгата, зошто во Аллаховите знаци не верувате, а вие со своите очи ги гледате
71О, Следбеници на Книгата, зошто вистината со невистина ја прекривате и свесно вистината ја криете
72Некои следбеници на Книгата велат: „Верувајте во тоа што им е објавено на верниците, на почеток на денот, а при крајот на денот негирајте го тоа, со цел и тие својата вера да ја напуштат!“
73Инемојтедаверуватеидаседоверуватеникомуосвеннатојштојаследи вашатавера! Ти кажи: „Навистина, вистинското упатство е Аллаховото упатство!“ И велат: „Не верувајте и не доверувајте се никому, па некому да му биде дадено како што ви е дадено вам пред вашиот Господар!“ Кажи: „Навистина сета благодат е во Аллаховата рака, Тој ја дарува кому Тој сака!“ А Аллах е неизмерно добар и Сезнаен
74Тој Својата милост ја дарува кому сака. А Аллах е Поседувачот на големата благодат
75Има следбеници на Книгата на кои доколку им довериш и товар богатство, ќе ти го вратат, а има и такви кои нема да ти вратат ако им довериш исамо еден денар, освен доколку постојано не ги следиш. Тоа е така бидејќи тие велат: „Нам не ни е грев тоа што ќе им го сториме на неписмените“. - и за Аллах свесно говорат лаги
76Меѓутоа, кој си ја исполнува својата должност и ги избегнува гревовите, па Аллах навистина ги сака богобојазните
77Навистина, тие кои обврската своја кон Аллах и заклетвите свои ги заменуваат за нешто што малку вреди, на оној свет никакво добро нема да имаат. Аллах со нив нема да зборува, ниту ќе погледне во нив на Судниот Ден, ниту ќе ги исчисти! На нив им припаѓа болна казна
78Некои од нив ги превртуваат јазиците свои читајќи ја Книгата за вие да помислите дека тоа е од Книгата, а не е од Книгата! И велат: „Тоа е од Аллах!“ - а тоа не е од Аллах! За Аллах свесно говорат лаги
79Не е примерно за човек кому Аллах му даде Книга и знаење и веровесништво, а потоа да им вели на луѓето: „Бидете мои робови, а не на Аллах!“, туку: „Бидете учени и побожни, со тоа што другите за Книгата ги подучувате и што и самите ја проучувате!“
80Тој не ви наредува мелеците и веровесниците за господари да ги сметате! Зарем да ви нареди неверство откако веќе сте станале муслимани
81Аллах од секој веровесник на кого Книга му објавил и знаење му дал зел обврска: „Кога после вас ќе дојде Пратеник кој ќе потврди дека е вистина тоа што го имате, дали целосно ќе му поверувате и ќе го поддржите? Дали се сложувате и ја прифаќате таа обврска кон Мене?“ Тие одговорија: „Прифаќаме“. „Тогаш бидете сведоци,“ - рече Тој - „а и Јас со вас ќе сведочам“
82А тие кои што и по тоа главите ќе ги свртат, навистина се грешници
83Зарем покрај Аллаховата вера сакаат друга, а Нему, милум или силум Му се покоруваат и тие на небесата и тие на Земјата и Нему ќе Му бидат вратени
84Кажи: „Ние веруваме и во Аллах и во тоа што ни е објавено нам, и во тоа што им е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на потомците; и во тоа што им е дадено на Муса и на Иса и на веровесниците од Господарот нивен; ние никаква разлика меѓу нив не правиме и само Нему искрено Му се предаваме“
85А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците
86Како Аллах ќе го упати на Вистинскиот пат народот што не верува откако штоверувал и сведочел дека Пратеникот е вистина, имудошле Јасни докази?! Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат народот кој чини насилство
87А тоа се тие чијашто казна е проклетството од Аллах, од мелеците и од сите луѓе
88Во него вечно ќе останат и казната нема да им биде олеснета, ниту пак ќе им се даде време
89Исклучок се тие кои потоа ќе се покајат и ќе се поправат, зашто Аллах навистина простува и Милостив е
90Тие што ќе станат неверници, откако веруваа, и коишто потоа ќе станат уште поголеми неверници, покајанието, навистина, нема да им биде примено, и тие, навистина, се заталкани
91На ниту еден одневерниците коиќеумрат како такви, нема да им биде прифатено да се откупат, па макар тоа да е сето богатство на Земјата. На нив им припаѓа болна казна и тие немаат никаков помагач
92Нема да заслужите добро сè додека не дадете дел од тоа што ви е драго! А што и да дадете, Аллах тоа добро го знае
93Секаква храна им беше дозволена на синовите Израилови, освен таа што самите си ја забранија пред Тевратот да биде објавен. Кажи: „Донесете го Тевратот и читајте го, доколку вистината ја зборувате!“
94А тие коишто и после тоа лаги за Аллах изнесуваат, тие, навистина, се насилници
95Кажи: „Аллах ја зборува вистината!“ - да ја следите верата на Ибрахим, вистинскиот верник, а тој не беше идолопоклоник
96Првиот храм изграден за луѓето е тој во Бека80, благословен и патоказ на световите
97Во него има очигледни знаци - местото на коешто стоеше Ибрахим! И тој што ќе влезе во него ќе биде безбеден. Аџилакот должен е да го изврши, поради Аллах, секој што е во можност да дојде до него. А тој што не верува – па, Аллах е навистина независен од световите
98Кажи: „О, следбеници на Книгата, зошто не верувате во Аллаховите знаци, а Аллах е сведок на сè што работите?“
99Кажи: „О, следбеници на Книгата, зошто го одвраќате од Аллаховата вера тој што верува, сакајќи да ја искривите, иако сте сведоци дека е вистина? А Аллах не го занемарува тоа што го правите!“
100О, верници, ако се покорувате на некои од тие на кои им е дадена Книгата, тие, откако ја прифативте вистинската вера, повторно ќе ве вратат меѓу неверниците
101А како да не верувате кога ви се кажуваат Аллаховите ајети и кога меѓу вас е Неговиот Пратеник? А кој е цврсто поврзан со Аллах, тој веќе е упатен на Вистинскиот пат
102О, верници, плашетесеод Аллах со вистинска богобојазност и никако не умирајте, освен како муслимани
103Сите цврсто за Аллаховото јаже држете се и никако не разделувајте се! И сетете се на Аллаховата милост кон вас кога бевте непријатели, па Тој срцата ви ги соедини и вие, со милоста Негова, станавте браќа; и бевте на работ на огнената јама, па Тој од неа ве спаси! Така Аллах ви ги објаснува Своите знаци, за да истраете на Вистинскиот пат
104Имеѓу вас нека има една група луѓекоја повикува надобро инаредува добро и одвраќа од зло. Тоа се тие спасените
105И не бидете како тие што се разединија и се разделија, откако веќе Јасни докази им дојдоа! Нив ги чека голема казна
106на Денот кога некои лица ќе побелат, а некои лица ќе поцрнат. На тие чиишто лица ќе поцрнат, ќе им се каже: „Зарем станавте неверници по вашето верување? Па искусете го страданието затоа што не верувавте!“
107А тие чиишто лица ќе побелат, ќе бидат во Аллаховата милост во која вечно ќе останат
108Тоа се Аллаховите докази кои тебе вистински ти ги кажуваме! А Аллах не сака на световите неправда да им стори
109На Аллах Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата, и кај Аллах сè се враќа
110Вие сте најдобриот народ кој воопшто се има појавено: барате да се чини добро, а одвраќате од зло, и верувате во Аллах! А кога следбениците на Книгата би верувале исправно, тоа би било подобро за нив; меѓу нив има верници, но повеќето се грешници
111Тие не можат да ви наштетат, туку можат само да ве навредуваат. Ако ве нападнат, ќе избегаат, и потоа нема да имаат помош
112Каде и да се најдат, ќе бидат понижени, освен ако се под Аллаховата заштита и под заштитата на другите луѓе. Тие Аллаховиот гнев го заслужија и ќе ги снајде беда, затоа што во Аллаховите зборови не веруваа и затоа што веровесниците неправедно ги убиваа, и затоа што на Аллах непокорни Му беа, и затоа што во грешењето секоја граница ја преминаа
113Тие не се сите исти! Има и исправни следбеници на Книгата кои по цела ноќ Аллаховите зборови ги читаат и на сеџда Му се поклонуваат
114Тие во Аллах и во оној свет веруваат, наредуваат да се чинат добри дела, а одвраќаат од лошите, и итаат да сторат добро дело! Тоа се тие добрите
115Какво добро и да сторат, нема да им биде негирано, а Аллах добро ги знае тие што од Него се плашат
116Навистина, тие што не веруваат, од Аллах нема да ги одбрани ни богатството нивно, ниту децата нивни; тие ќе бидат жители на Огнот, каде вечно ќе останат
117Тоа што во животот на овој свет ќе го дадат е слично на ледениот ветер кој ги погаѓа посевите на тие кои самите себеси неправда си сториле, па ги уништува! На нив Аллах не им сторил неправда, туку тие самите себе си ја прават
118О, верници, не земајте за блиски пријатели други освен вас, бидејќи останатите само пропаст ви посакуваат, едвај чекаат на маки да паднете! Омраза избива од устите нивни, а уште полошо е тоа што го кријат градите нивни! Ние доказите ви ги изнесуваме, ако памет имате
119Ете, вие нив ги сакате, а тие вас не ве сакаат, а вие верувате во сите Книги. Кога ќе ве сретнат велат: „Веруваме!“ А штом насамо ќе се најдат, од злоба кон вас врвовите на прстите свои ги гризат! Кажи: „Умрете од мака!“ Аллах, навистина, добро знае што е во градите сечии
120Ако ви се случи некое добро, тоа ќе ги огорчи, а ако ве дочека некаква неволја, се радуваат. Ако бидете трпеливи и богобојазни, нивното лукавство воопшто нема да ви наштети! А Аллах, навистина, добро знае што прават
121А кога ти (Мухаммеде) подрани, и семејството свое го остави, на верниците местата за борба да им ги одредиш, а Аллах сè слуша и сè знае
122кога две ваши групи замалку сеповлекоа, а Аллах е нивен заштитник! И само во Аллах нека имаат доверба верниците
123Аллах и на Бедр ви помогна, кога бевте малубројни! Затоа плашете се од Аллах, за да бидете благодарни
124Кога ти им реченаверниците: „Зарем нема да ви биде доволно вашиот Господар да ви помогне со три илјади мелеци
125Секако! Ако бидете издржливи и послушни, и ако одеднаш ве нападнат, Господарот ваш ќе ви обезбеди помош од пет илјади обележани мелеци“
126Тоа Аллах го направи само за да ве израдува и со тоа срцата ваши да се успокојат, - а нема помош, освен од Аллах, Силниот и Мудриот
127и за еден дел од неверниците да ги уништи или да ги посрамоти, по што ќе се вратат разочарани
128Од тебе не зависи дали Тој покајанието нивно ќе го прифати или на маки ќе ги стави, бидејќи тие навистина се насилници
129А на Аллах Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата! Тој простува кому сака, а казнува кого сака! Бидејќи Аллах простува и Милостив е
130О, верници, не јадете ја каматата, двократно иповеќекратно зголемена, и плашете се од Аллах за да бидете спасени
131И чувајте се од Огнот кој е подготвен за неверниците
132И бидете им покорни на Аллах и на Пратеникот за да ви биде укажана милоста
133И поитајте кон прошката од вашиот Господар и џеннетот широк колку небесата и Земјата, подготвен за богобојазните
134За тие што даваат, и кога се во изобилие и кога се во оскудност, кои гневот си го совладуваат и кои на луѓето им простуваат. А Аллах ги сака добродетелите
135И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќесесетати прошка за своите гревови молат- акој ќе ги прости гревовите ако не Аллах? - и кои свесно во гревот не истрајуваат
136Тоа се тие чијашто награда е прошката од Господарот нивен и џеннетски градини под кои реки ќе течат, каде што вечно ќе останат. Прекрасна ли е наградата за тие што така постапуваат
137Пред вас многу народи постоеjа и исчезнаа! Затоа, патувајте по Земјата и гледајте на кој начин завршија тие што вистината ја негираа
138Тоа е објаснување за сите луѓе и патоказ и поука за тие што се плашат од Аллах
139Инеочајувајте инерастажувајте се! Ќепобедите ако бидете вистински верници
140Ако ви се нанесени рани, па и на другите рани им се нанесуваат - а во тие денови Ние наизменично им даваме победа на луѓето, за Аллах да укаже на тие што веруваат и да избере некои од вас како шехиди - а Аллах не ги сака насилниците
141и за да ги исчисти верниците, а да ги уништи неверниците
142Зарем мислите дека ќе влезете во џеннетот, а Аллах да не укаже на тие од вас што се борат и на тие што се трпеливи
143А вие копнеевте по смртта пред да се соочите со неа, па ете, со очите ваши ја видовте
144Мухаммед е само Пратеник, а и пред него имаше Пратеници. Ако тој би умрел или би бил убиен, зарем вие назад би се вратиле? Тој што назад ќе се врати, на Аллах нема ни малку да му наштети, а Аллах благодарните ќе ги награди
145Никој нема да умре без Аллаховото одредение во часот суден. Кој ја сака наградата на овој свет, ќе му ја дадеме, а кој ја сака наградата на оној свет, ќе му ја дадеме. И благодарните ќе ги наградиме
146А колку ли имаше веровесници покрај кои многу богоугодници се бореа, па не отстапија поради тоа што ги снајде на Аллаховиот пат, ниту волјата им слабееше, ниту се предаваа? А Аллах ги сака трпеливите
147Само говореа: „Господару наш, прости ни ги гревовите наши и неумереноста наша во постапките наши, зацврсти ни ги чекорите наши и помогни ни против народот невернички!“
148Па Аллах им ја даде наградата на овој свет и убавината на наградата од оној свет, а Аллах ги сака добродетелите
149О, верници, ако им се покорувате на тие што не веруваат, ќе ве вратат наназад, па ќе станете губитници
150Само Аллах е ваш Заштитник и Тој е најдобриот Помагател
151Ние ќе им влееме страв во срцата на тие што не веруваат, затоа што на Аллах Му здружуваат нешто за што Тој не спуштил никаков доказ; Огнот е нивното престојувалиште, а тоа е грозен дом за насилниците
152Аллах веќе го потврди ветувањето Свое, кога веќе ги уништувавте, со волјата Негова, додека не го доживеавте неуспехот и за наредбата не се сложивте, и станавте непокорни, откако ви го покажа тоа што го сакате: едните од вас го сакаат овој свет, а другите оној свет! Тогаш Тој ве одвои од нив за да ве искуша! И ви прости, бидејќи Аллах е неизмерно добар спрема верниците
153Кога отстапувавте качувајќи се и не обѕирајќи се кон никого, додека Пратеникот ве довикуваше зад вас, Аллах ве казни со неуспех на неуспехот, за да не тагувате за тоа што го пропуштивте, ни за тоа што ве снајде! А Аллах добро знае што правите
154Потоа, по неволјата, спокојство ви влеа. Некои од вас сон ги фати, додека другите се грижеа само за себе, мислејќи за Аллах нешто невистинито, со пагански мисли, велејќи: „Имаме ли ние некаков уделвопобедата?“ Кажи: „Сета победа Му припаѓа само на Аллах!“ Тие во себе го кријат тоа што тебе не ти го покажуваат. Велат: „Да имавме некаков удел во победата, немаше тука да изгинеме!“ Кажи: „И во куќите свои да бевте, повторно тие накои им есудено да загинат, наместатана своите погибии би излегле, за Аллах да гоискуша тоаштоево градите ваши иза да гоиспита тоашто е во вашите срца!“ А Аллах добро знае што е во градите сечии
155Тие од вас кои се повлекоа на денот кога двете групи се судрија,82 навистина, шејтанот ги наведе да потфрлат поради нешто од тоа што претходно го сториле.83 А Аллах веќе им прости, бидејќи Аллах простува и Благ е
156О, верници, не бидете како неверниците кои за браќата свои, кога одат на пат по Земјата или кога се борат, велат: „Да беа со нас, немаше да умрат, ниту да загинат!“, па Аллах со тоа им прави тага во срцата нивни, а Аллах дава и живот и смрт! Тој добро гледа сè што правите
157АаковиезагинетеилиумретенаАллаховиотпат,навистина,прошката од Аллах и милоста се подобри од тоа што тие го натрупуваат
158Било да умрете или да загинете, сигурно пред Аллах ќе бидете собрани
159Со Аллаховата милост ти си благкон нив. А да си груб исо тврдо срце, би се разбегале од твојата близина. Затоа простувај им и моли да им биде простено, и договарај се со нив! А кога ќе одлучиш, потпри се на Аллах, бидејќи Аллах навистина ги сака тие кои имаат доверба во Него
160Ако Аллах ви помогне, никој нема да ве победи, а ако ве напушти, кој е тој што, освен Него, ќе може да ви помогне? И верниците нека имаат доверба само во Аллах
161Невозможно е Веровесникот нешто да прикрие! Тој што нешто ќе прикрие ќедојде на Судниот ден сотоаштого прикрил! Потоасекому, во потполност, ќе му биде дадено тоа што го заслужил, и никому нема да му биде направена неправда
162Зарем може да се спореди тој што Аллаховата наклонетост ја заслужил со тој што Аллаховиот гнев на себе го навлекол и чиј дом џехеннемот ќе биде? А тоа е ужасно престојувалиште
163Тие кај Аллах се на различни степени и Аллах добро гледа што прават
164Аллах со милоста Своја ги даруваше верниците, кога еден од нив како Пратеник им го прати, Неговите зборови да им ги кажува, да ги очисти и за Книгата и мудроста да ги научи, иако претходно во очигледна заблуда беа
165Зарем не рековте, кога ве снајде неволјата која вие на нив двократно им ја нанесовте: „Од каде е сега ова?!“ Кажи: „Тоа е од вас самите!“ Аллах, навистина, може сè
166Тоа што ве снајде кога се судрија двете групи беше со Аллахова волја, за да ги открие вистинските верници
167и за да ги открие лицемерите. Ним им беше речено: „Дојдете, борете се на Аллаховиот пат или бранете се!“ – одговорија: „Да знаеме дека ќе има борба, би ве следеле“. Тој ден беа поблиску до неверувањето отколку до верувањето, бидејќи со устите свои го говореа тоа што не беше во срцата нивни! А Аллах најдобро го знае тоа што тие го кријат
168На тие што не се бореа, а за браќата свои говореа: „Да нè послушаа, немаше да загинат“, кажи им: „Па вие смртта избегнете ја, ако вистината ја зборувате!“
169Никако не сметај ги за мртви тие кои на Аллаховиот пат загинале! Не, тие се живи и снабдени се кај Господарот свој
170Радосни поради тоа што Аллах од добрината Своја им го дал и весели поради тие кои сè уште не им се придружиле, за кои никаков страв нема да има и кои за ништо нема да тагуваат
171Тие се радуваат на Аллаховата награда и милост и на тоа што Аллах нема да допушти да пропадне наградата која им припаѓа наверниците
172Тие кои на Аллах и на Пратеникот, и по добиените рани, им се одѕваа, тие меѓу нив кои правеле добрини и биле богобојазни - им припаѓа голема награда
173на тие на кои, кога луѓето им рекоа: „Непријатели се собираат поради вас, па пазете се од нив!“ – им се зголеми верувањето, па рекоа: „Доволен ни е Аллах и Тој е прекрасен Заштитник!“
174Па се вратија со Аллаховите благодати и изобилство, никакво зло не ги снашло и постигнаа Аллах да биде со нив задоволен, а Аллах е неизмерно добар
175Тоа само шејтанот со своите приврзаници ве плаши, и не плашете се од нив, туку плашете се од Мене, ако сте верници
176Нека не те растажуваат тие кои се стремат кон неверство! Тие на Аллах воопшто нема да Му наштетат! Аллах сака да не им стори какво било добро на оној свет и нив ги чека голема казна
177Тие кои верувањето за неверување го продадоа, на Аллах воопшто нема да Му наштетат! Нив ги чека болна казна
178Нека не мислат неверниците дека е добро за нив тоа што им даваме долг живот! Ние им го даваме за само што повеќе да влезат во грев и на нив им припаѓа срамно страдање
179Аллах нема да ги остави верниците со неверниците, туку лошите од добрите ќе ги одвои. Аллах нема да ви го открие тоа што е скриено, туку Тој за тоа избира кого Тој сака од Пратениците Свои! Затоа, верувајте во Аллах и во Пратениците Негови, а ако верувате и бидете богобојазни, вам ви припаѓа голема награда
180Нека не мислат тие што се скржави во тоа што Аллах од изобилието Свое им го дава дека е тоа добро за нив! Не, тоа е лошо за нив! На Судниот ден ќе им биде замотано околу вратот тоазаштобеа скржави! А на Аллах Му припаѓа наследството на небесата и на Земјата и Аллах е известен за тоа што го правите
181Аллах ги слушна зборовите на тие што велеа: „Аллах е сиромашен, а ние сме богати!“ Ќе го забележиме тоа што тие го говореа, како што и без оправдана причина веровесниците ги убиваа, и ќе кажеме: „Искусете ја казната во Огнот
182поради делатанарацетеваши!“ А Аллах неенеправеден конробовите
183Тие што велат: „Бог ни нареди да не му веруваме на ниту еден Пратеник пред да принесе жртва сепаленица!“ Кажи: „И пред мене Пратениците ви носеа јасни докази, а и тоа за што зборуваат. Па зошто тогаш, ако вистината ја говорите, ги убивавте?“
184А ако и тебе те сметаат за лажливец, па и пред тебе за лажливци беа сметани Пратениците кои носеа Јасни докази и листови и Книгата што осветлува
185Секое живо суштество смртта ќе ја вкуси и само на Судниот ден во потполност ќе ги добиете платите ваши! Па кој ќе биде од огнот оддалечен и во џеннетот воведен, успеал! А животот на овој свет е само лажно насладување
186Вие сигурно ќе бидете искушувани со имотите ваши, и со животите ваши, и ќе слушате многу навреди од тие на кои им е дадена Книгата пред вас, а и од идолопоклониците. И ако издржите и ако се плашите од Аллах, тоа навистина спаѓа во вистинските постапки
187А кога Аллах ја зеде обврската од тие на кои им е дадена Книгата дека сигурно на луѓето ќе им ја објаснуваат и дека од неа нема ништо да кријат, па тие потоа зад грб ја фрлија, продавајќи ја за нешто евтино! А лошо е тоа што како замена го добија
188Никако немој да мислиш за тие што се радуваат за тоа што го сториле и кои сакаат да бидат пофалени дури и за тоа што не го сториле, дека од казната ќе се сочуваат! На нив им припаѓа големо страдание
189Само на Аллах Му припаѓа сета власт и на небесата и на Земјата, и Аллах е Семоќен
190Во создавањето на небесата и на Земјата и во промената на денот и ноќта, навистина има знаци за обдарените со разум
191коиистоејќииседејќиилежејќиГоспомнуваатАллахизасоздавањето на небесата и на Земјата размислуваат. „Господару наш, ти ова не го создаде залудно! Возвишен си Ти и сочувај нè од казната во Огнот
192Господару наш, тој кого Ти во Огнот ќе го фрлиш, веќе си го понижил, а на насилниците никој на помош нема да им дојде
193Господару наш, ние го чувме гласникот кој повикува во верата: ,Верувајте во вашиот Господар!‘, па поверувавме. Господару наш, прости ни ги гревовите наши и покриј ни ги лошите постапки наши и усмрти нè со добрите
194Господару наш, дај ни го тоа што ни го вети преку Пратениците Свои и немој да нè понижиш на Судниот ден! Ти, навистина, не го прекршуваш Своето ветување!“
195И нивниот Господар им се одѕва: „На ниту еден трудбеник меѓу вас, било маж или жена, неговото дело нема да го поништам; вие сте едни од други. На тие коишто ќе се иселат и кои ќе бидат протерани од родниот крај и кои ќе бидат мачени на Мојот пат и кои ќе се борат и ќе загинат, сигурно лошите дела ќе им ги покријам и сигурно ќе ги воведам во џеннетски градини низ кои реки течат! Тоа ќе биде награда од Аллах, а кај Аллах е најубавата награда.“
196И никако нека не те мами тоа што неверниците уживаат низ Земјата
197Кратко уживање, а потоа џехеннемот ќе биде нивното живеалиште, а ужасно ли е тоа престојувалиште
198А на тие што се плашат од Господарот свој им припаѓаат џеннетски градини под кои реки течат, во нив вечно ќе останат, сместени од Аллах. А тоа што е кај Аллах е подобро за добрите
199Има и следбеници на Книгата кои веруваат во Аллах и во тоа што ви се објавува вам и во тоа што им е објавено ним, понизни се кон Аллах и не ги продаваат Аллаховите зборови за евтина цена. Ним им припаѓа наградата од Господарот нивен, а Аллах, навистина, брзо ќе ја израмни сметката
200О, верници, бидете трпеливи и издржливи, постојано бдејте и плашете се од Аллах, за да успеете
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath