Исламот
назад

39. Аз-Зумар

1Објавувањето на Книгата е од Аллах, Силниот и Мудриот

2Ние, навистина, ти ја објавуваме Книгата, со Вистина, затоа само Аллах обожувај Го, искрено исповедајќи Му ја верата

3Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: „Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах“ – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник

4Да сакаше Аллах да има дете, ќе го избереше, меѓу тие што ги создал, тој што Тој би сакал. Возвишен е Тој; Тој е Аллах, Единиот и Семоќниот

5Небесатаи Земјата мудро исоцел ги создаде; Тој соноќтагозавиткува денот и со денот ја завиткува ноќта; Тој Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден. Ете, Тој е Силниот и Тој многу простува

6Тој од еден човек ве создава – а од него сопругата негова ја создаде – и Тој ви даде осум видови добиток; Тој ве создава во утробите на мајките ваши, давајќи ви облици, еден по друг, во три темнини. Тоа ви е, ете, Аллах, Господарот ваш, Негова е власта, нема друг бог освен Него, па тогаш каде се одметнувате

7Ако вие нема да верувате, па, Аллах не зависи од вас, но Тој не е задоволен со неверувањето на Своите робови. А ако бидете благодарни, Тој со тоа ќе биде задоволен. А ниедна душа нема да ги носи гревовите на другата! Потоа кај својот Господар ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа што го работевте. Навистина, Тој знае што се крие во срцата

8Кога човекот неволја ќе го снајде, на Господарот свој Му се моли, Нему Му се обраќа, а потоа, откако Аллах милоста Своја ќе му ја дарува, го заборава Тој на Кого Му се молел, и други Нему за еднакви му припишува, за од патот Негов да застранува. Кажи: „Уживај одредено време во неверството свое, ќе бидеш, сигурно, жител на Огнот!“

9Зарем таквиот е како тој што во ноќните часови времето во молитва го минува, паѓајќи со лицето на тло и стоејќи, стравувајќи од оној свет и надевајќи се на милоста од Господарот свој? Кажи: „Зарем се исти тие што знаат и тие што не знаат? Само тие што имаат ум примаат поука!“

10Кажи: „О, робови Мои кои верувате, плашете се од Господарот свој! Тие што на овој свет ќе прават добри дела ги чека награда, а Аллаховата земја е пространа; само тие коишто ќе бидат стрпливи ќе бидат без сметка наградени.“

11Кажи: „Мене ми се наредува Аллах да Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата

12и ми се наредува да бидам првиот муслиман.“

13Кажи: „Јас се плашам од страдањето на Големиот ден, ако Му бидам непослушен на Господарот Свој.“

14Кажи: „Само Аллах Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата своја

15а вие, покрај Него, обожувајте кого сакате!“ Кажи: „Губитници се, навистина, тие што на Судниот Ден ќе се изгубат и себеси и семејствата свои. Ете, тоа е очигледен губиток!“

16Над нив ќе има слоеви од Оган, а и под нив слоеви; со тоа Аллах ги застрашува робовите Свои. „О, робови Мои, плашете се од Мене!“

17За тие што го избегнуваат обожувањето на идолите и кои на Аллах Му се обраќаат – за нив се наменети радосните вести, затоа израдувај ги робовите Мои

18кои го слушаат Говорот и го следат најубавото во него; ним Аллах на Вистинскиот пат им укажа и тие се паметни

19Зарем тој што ја заслужил казната, зарем него да го спасиш од огнот

20А тие што од Господарот свој се плашат ги очекуваат одаи, сè едни над други изградени, пред кои реки ќе течат – ветување е Аллахово, а Аллах ветувањето нема да го прекрши

21Зарем не гледаш дека Аллах од небото спушта дожд, па во извори во земјата го разделува, а потоа со помош на него разнобојни растенија изведува, потоа тие се сушат и ти ги гледаш пожолтени, и на крајот ги крши. Тоа е, навистина, поука за тие што се паметни

22Зарем е ист тој чиешто срце Аллах го сторил наклонето кон исламот, па тој го следи светлото на Господарот свој, или тој чиешто срце се стврднало? Тешко на тие чиишто срца се нечувствителни при спомнувањето на Аллах, тие се во очигледна заблуда

23Аллах го објавува најубавиот говор, Книга слична по смисла, чиишто поуки се повторуваат. Од неа ги поминуваат морници тие што се плашат од Господарот свој, а потоа, кога ќе се спомне Аллаховото име, кожите нивни и срцата нивни им се смируваат. Тоа е Аллаховото Упатство со кое Тој упатува кого сака; а тој кого Аллах на погрешен пат ќе го насочи, за него нема упатувач

24Зарем е ист тој што на Судниот ден со лицето свое ќе се засолнува од страшното страдање со тој што е сигурен од него? „Трпете го тоа што го заслуживте!“ – ќе им се рече на насилниците

25Тие пред нив негираа, па ги стигна казна од каде што не очекуваа

26Аллах даде да почувствуваат понижување во животот на овој свет, а страдањето на оној свет ќе биде, навистина, уште поголемо – само кога тие би знаеле

27Ние во овој Куран им наведуваме на луѓето секакви примери за да примат поука

28Во Куранот на арапски јазик, во кој нема никакви противречности, за да се плашат и за да внимаваат

29Аллах го наведува како пример човекот кој е во власт на ортаци околу кого тие се грабаат, и човек кој е во власт само на еден човек – дали положбата нивна е иста? Благодарноста Му припаѓа на Аллах, не е иста, но повеќето од нив не знаат

30Ти, навистина, ќе умреш, а и тие, исто така ќе умрат

31И потоа, на Судниот ден, пред Господарот свој еден со друг ќе се препирате

32Има ли понеправеден од тој што за Аллах говори лаги и ја смета Вистината за лага кога таа му доаѓа? Зарем џехеннемот нема да биде престојувалиште за неверниците

33А тој што ја носи Вистината и тие кои веруваат во неа, тие се богобојазливи

34сè што ќе посакаат кај Господарот свој ќе најдат; тоа ќе биде награда за тие што правеле добри дела

35за Аллах да помине преку нивните лоши постапки, и за добрите дела кои ги правеле да ги награди

36Зарем Аллах не е Заштитник на Својот роб? А тие те заплашуваат со оние кои, покрај Него, ги обожуваат. Тој што Аллах во заблуда ќе го остави – никој не може на Вистинскиот пат да го упати

37а кого Тој на Вистинскиот пат ќе го упати – никој не може во заблуда да го доведе. Зарем Аллах не е Силен и Казнувач

38Ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата, сигурно ќе речат: „Аллах!“ а ти кажи: „Мислите ли вие дека тие кои ги молите, покрај Аллах, би можеле да ја отстранат штетата, ако Аллах сака да ми ја стори, или дека би можеле да ја задржат милоста Негова, ако Тој сака да ми ја подари?“ Кажи: „Мене ми е доволен Аллах, на Него се потпираат тие што бараат потпирач.“

39Кажи: „О народе мој, ти постапувај така како што постапуваш, а и јас ќе постапувам, па ќе знаете

40кого ќе го стигне страдањето кое ќе го понижи, и кого вечното страдање ќе го снајде.“

41Ние ти ја објавуваме Книгата со вистината за целиот свет; тој што ќе оди по Вистискиот пат - на себеси ќе си користи, а тој што ќе застрани – на себе ќе си наштети, ти не си задолжен за нив

42Аллах ги зема душите во часот на нивната смрт, а и на тие што спијат, па ги задржува тие на кои им одредил да умрат, а другите ги остава до одредениот рок. Тоа се, навистина, докази за тие што размислуваат

43Тие без Аллахово одобрување посредници земаат. Кажи: „Зарем и тогаш кога се без никаква моќ и кога ништо не разбираат?“

44Кажи: „Никој не може без Негова дозвола да посредува, власта на небесата и на Земјата е Негова, а потоа Нему ќе Му се вратите.“

45Кога Аллах ќе се спомне, се грозат срцата на тие што не веруваат во оној свет, а кога ќе се спомнат оние кои тие, покрај Него, ги обожуваат, одеднаш радост ги обзема

46Кажи: „Аллаху, Создателу на небесата и на Земјата, Ти Кој го знаеш невидливиот и видливиот свет, Ти на робовите Свои ќе им пресудиш за тоа за што не се согласуваа!“

47Кога злосторниците би го имале сето тоа што е на Земјата, и уште толку, на Судниот ден тие би го дале сето тоа за да се искупат од тешкото страдање; А Аллах ќе ги казни со казна каква што не можеле ниту да замислат

48и ќе им се предочат лошите дела нивни кои ги правеа и ќе ги снајде токму тоа на што се потсмеваа

49Кога човекот некаква неволја ќе го снајде, Нам Ни се моли; а кога Ние потоа благодат ќе му пружиме, тогаш вели: „Ова ми е дадено затоа што тоа го заслужив.“ А не е така, тоа е само искушение, но повеќето од нив не знаат

50Така говореа и тие пред нив, па не им користеше тоа што го беа стекнале

51и ги стигна казна за тоа што го правеа. А и тие меѓу овие кои прават насилство – ќе ги стигне казна за тоа што го прават, тие нема да избегаат

52Зарем тие не знаат дека Аллах дава изобилно снабдување кому сака, и дека ускратува кому сака; тоа се, навистина, поуки за народот кој верува

53Кажи: „О, робови Мои кои кон себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ви ги прости; Тој, навистина, многу простува и Тој е Милостив

54И вратете Му се на Господарот свој и покорете Му се пред казната да ви дојде – потоа никој нема да може на помош да ви дојде

55И следете го тоа најубавото, тоа што Господарот ваш ви го објавува, пред ненадејно казната да ви дојде, за чие доаѓање нема да знаете

56За човекот да не извика: „Тешко мене, колку само должности кон Аллах пропуштив, дури и се исмејував!“

57или да не рече: „Да ме упатеше Аллах на Вистинскиот пат, сигурно ќе се сочував од Неговата казна.“

58Или да не каже кога ќе го доживее страдањето: „Само кога би можел да се вратам – добри дела би правел!“

59„Никогаш! Доаѓаа Моите знаци, па ги негираше и се вообрази, и неверник беше.“

60На Судниот ден ќе ги видиш тие кои за Аллах лаги говореа, со поцрнети лица. А зарем џехеннемот нема да биде престојувалиште на горделивите

61Аллах ќе ги спаси тие кои Неговите наредби ги извршуваа, а од Неговите забрани се чуваа, поради нивниот успех злото нема да може да ги допира и тие нема да тагуваат

62Аллах е Создател на сè и Тој управува со сè

63кај Него се клучевите на небесата и Земјата! А тие што не веруваат во Аллаховите докази, тие ќе бидат страдалници

64Кажи: „Зарем од мене барате да обожувам некој друг освен Аллах, о незналци?!“

65А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: „Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.“

66Туку, само Аллах обожувај Го и биди благодарен

67Тие не Го величаа Аллах така како што треба да Го величаат; а целата Земја на Судниот ден во Неговата рака ќе биде, а небесата во Неговата десница стуткани ќе останат. Славен нека е Тој и високо над тие што за рамни Му ги припишуваат

68И во рогот ќе се дувне, и ќе умрат тие на небесата и тие на Земјата, ќе останат само тие кои Аллах ќе ги одбере; потоа во рогот по вторпат ќе се дувне и тие, одеднаш, ќе станат и ќе чекаат

69И Земјата од светлината на Господарот свој ќе засјае и Книгата ќе се постави, веровесниците и сведоците ќе бидат донесени, и по правдата на сите ќе им се пресуди, никому нема неправда да му се направи

70секој ќе го добие тоа што го заслужил, бидејќи Тој добро знае кој што правел

71Тие што не веруваа во групи во џехеннем ќе бидат натерани, и кога до него ќе дојдат, портите негови ќе се отворат и чуварите негови ќе ги запрашаат: „Зарем не ви дојдоа вашите Пратеници, кои ајетите од Господарот ваш ви ги кажуваа ивеопоменуваа дека овој свој Ден ќего доживеете?“ – „Да, дојдоа“ – ќе речат тие – „но се покажаа вистинити зборовите за казната на неверниците.“

72И ќе биде кажано: „Влегувајте низ џехеннемските порти, вечно во нив ќе престојувате!“ Грозно ли е тоа престојувалиште за тие што беа вообразени

73А тие што од Господарот свој се плашеа во поворки кон џеннетот ќе бидат поведени, и кога до него ќе стигнат – а портите негови веќе ширум отворени – неговите чувари ќе им кажат: „Мир со вас, од гревови сте чисти, затоа влезете во него, во него вечно ќе престојувате!“

74Тие ќе кажат: „Му благодариме на Аллах Кој ветувањето Свое кон нас го исполни и во џеннетот место ни подари, да се населиме во него каде што сакаме!“ Прекрасни ли се наградите за тие што се труделе

75И ќе ги видиш мелеците како Аршот (престолот) го окружуваат, величајќи и фалејќи Го Господарот свој; и на сите по правдата ќе им се пресуди и ќе се рече: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!“

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath