Исламот
назад

37. Ес-Сафаат

1Се колнам во наредените во редови

2и во тие што одвраќаат

3и во тие што Опомената ја читаат

4вашиот Бог навистина е Еден

5Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив и Господар на истокот

6Ние најблиското небо до вас со сјајни ѕвезди го украсивме

7и го чуваме од секој бунтовен шејтан

8да не го прислушкува друштвото највисоко; нив од сите страни ги гаѓаат

9за да ги истераат: нив ги чека страдање непрекидно

10а тој што нешто ќе зграби – огнена светилка ќе го стигне

11Прашај ги дали е потешко тие да бидат создадени или сето останато што сме го создале? – Нив ги создаваме од леплива глина

12Ти се восхитуваш, а тие се исмејуваат

13а кога им се упатуваат совети, тие не ги прифаќаат

14и кога доказот ќе го видат, тие едни со други на исмејување се поттикнуваат

15и велат: „Ова не е ништо друго, туку вистинска магија

16Зарем кога ќе изумреме и кога коски и земја ќе станеме, зарем ние навистина ќе бидеме оживеани

17и нашите предци дамнешни?“

18Кажи: „Да, а ќе бидете и понижени!“

19Тоа ќе биде само еден глас и сите одеднаш ќе прогледаат

20и ќе речат: „Тешко нам, ова е Судниот ден!“

21Да, ова е Денот на судот во кој вие не верувавте

22Соберете ги неверниците и тие што со нив се дружеа и тие коишто ги обожуваа

23покрај Аллах, и покажете им го патот кој води кон џехеннемот

24и сопрете ги. Тие ќе бидат прашани

25„Што ви е, зошто едни на други не си помогнете?“

26Но тој Ден тие сосема ќе се препуштат

27и едни на други ќе си префрлуваат

28„Вие нè лажевте.“

29„Не ве лажевме,“ – ќе одговорат – „туку вие не сакавте да верувате

30а никаква власт над вас немавме, бунтовен народ бевте

31и зборот на Господарот наш дека навистина казна ќе искусиме - се исполни над нас

32а во заблуда ве повикувавме бидејќи и самите бевме во заблуда.“

33И тие тој Ден заедно на мака ќе бидат

34бидејќи Ние така ќе постапиме со злосторниците

35Кога им се велеше: „Само Аллах е Бог!“ – тие беа вообразени

36и говореа: „Зарем да ги напуштиме божествата наши поради еден луд поет?!“

37А не е така, тој дојде со Вистината и потврдува дека сите пратеници дошле со Вистината

38а вие сигурно болно страдање ќе искусите

39како сте работеле, така ќе бидете казнети

40А Аллаховите искрени робови

41посебно снабдување ќе имаат

42разновидно овошје, и ќе бидат почестени

43во џеннетските градини за насладување

44на диваните, едни кон други

45ќе бидат послужени со пијалак – од изворите кои постојано ќе течат

46бел и пријатен за тие што ќе го пијат

47од него нема опиеност да има и од него умот нема да се губи

48Покрај нив ќе бидат тие што пред себе ќе гледаат, со прекрасни очи

49како да се јајца заштитени

50И тие еден со друг ќе се распрашуваат

51и едниот од нив ќе рече: „Имав еден другар

52кој велеше: „Зарем ти веруваш

53дека навистина, кога ќе умреме и кога земја и коски ќе станеме, сметка ќе полагаме?“

54„Сакате ли да погледнете?“

55И тој ќе погледне, и него среде џехеннемот ќе го здогледа

56„Се колнам во Аллах,“ – ќе рече – „за малку ќе ме упропастеше

57да не беше милоста на Господарот мој, и јас сега ќе се мачев.“

58„А ние, нели, веќе нема да умираме

59Еднаш умревме – веќе нема да бидеме мачени

60тоа, навистина, голем успех ќе биде!“

61За вакво нешто нека се трудат трудбениците

62А дали е подобра таа гозба или дрвото Зеккум

63кое на насилниците како казна им го одредивме

64Тоа е дрво кое расте среде џехеннемот

65плодот му е како главите шејтански

66Тие со него ќе се хранат и стомаците свои со него ќе ги полнат

67па со зовриена вода тоа ќе им се измеша

68а потоа, сигурно, пак во џехеннемот ќе се вратат

69Тие татковците свои во заблуда ги затекнаа

70па и тие по стапките нивни продолжија

71А и пред нив повеќето древни народи во заблуда беа

72иако Ние им ги праќавме тие што ги опоменуваа

73затоа, погледни каков беше крајот на тие што беа опоменати

74не беше така само со Аллаховите искрени робови

75А кога Нух нè повика, Ние убаво се одѕвивме

76него и семејството негово од тешка неволја ги спасивме

77и само потомците негови во живот ги оставивме

78и кај поколенијата подоцнежни споменот му го сочувавме

79„Мир за Нух од сите светови!“

80Ете, така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела

81тој беше Наш роб, верник

82а другите потоа ги потопивме

83Со иста вера како него беше и Ибрахим

84кога на Господарот свој со искрено срце Му дојде

85кога на таткото свој и на народот свој му рече: „Што обожувате вие

86Зарем лажни божества наместо Аллах сакате

87И што мислите за Господарот на световите?“

88И тој фрли поглед кон ѕвездите

89и рече: „Јас сум болен, навистина.“

90а тие од него, вртејќи му грб, си отидоа

91а тој кај киповите нивни се прикраде, па рече: „Зошто не јадете

92Што ви е, зошто не зборувате?“

93И скришно им пријде со десната рака удирајќи ги

94па народот со трчање му дојде

95„Како можете да ги обожувате тие што самите ги резбате?“ – запраша

96кога Аллах ве создава и вас и тоа што го правите?“

97„Подгответе за него клада,“ – повикаа – „па во оган фрлете го!“

98И сакаа да го мачат, но Ние нив ги направивме понижени

99„Одам таму каде што Господарот мој ми нареди.“ – рече - „Тој каде што треба ќе ме упати

100Господару мој, подари ми честито потомство!“

101И Ние го израдувавме со момче со благ карактер

102И кога тој порасна толку што во работата почна да му помага, Ибрахим рече: „О, синко мој, на сон видов дека треба да те заколам, па што мислиш ти?“ – „О, татко мој,“ - рече – „постапи како што ти се наредува; ќе видиш, ако даде Бог, дека ќе бидам трпелив.“

103И кога двајцата послушаа, и кога тој со челото на земја го положи

104Ние го повикавме: „О, Ибрахиме

105ти сонот свој оствари го; - а Ние вака ги наградуваме тие што прават добри дела

106тоа, навистина, беше очигледно искушение!“

107Со голем курбан го искупивме

108и кај поколенијата подоцнежни спомен му сочувавме

109„Нека е во мир Ибрахим!“

110Ете така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела

111а тој, навистина, беше Наш роб, верник

112и го израдувавме со Исхак, веровесник и човек добар

113и го благословивме и него и Исхак; а меѓу потомците нивни има верници и такви кои на себеси очигледно насилство чинат

114И на Муса и на Харун благодати им дадовме

115па и нив и народот нивен од неволја голема ги спасивме

116и им помогнавме и тие беа победници

117и Книга јасна им дадовме

118и двајцата на Вистинскиот пат ги упативме

119и кај поколенијата подоцнежни спомен им сочувавме

120„Нека се во мир Муса и Харун!“

121Ете така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела

122а тие двајца, навистина, беа робови Наши, верници

123И Илјас беше Пратеник

124Кога тој му рече на народот свој: „Зар не се плашите

125Зарем на Бал му се молите, а најубавиот Создател го оставате

126Аллах, Господарот свој и Господарот на вашите древни предци?“

127Тие лажливец го нарекоа и затоа, сигурно, сите тие во Огнот ќе бидат фрлени

128но не тие Аллахови робови кои Му беа предани

129И кај поколенијата подоцнежни спомен му сочувавме

130„Нека е во мир Илјас!“

131Ете така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела

132а тој беше роб Наш, верник

133И Лут беше Пратеник

134Кога Ние него и целото негово семејство го спасивме

135освен старицата, таа настрада со тие што настрадаа

136а останатите ги уништивме

137и вие покрај населбите нивни поминувате и дење

138и ноќе, па зошто не се вразумите

139И Јунус беше Пратеник

140Кога тој избега на бродот преполн

141и со нив фрли коцка и коцката падна на него

142и рибата го проголта, а беше заслужил прекор

143и да не беше еден од тие што Аллах Го слават и Го величаат

144сигурно ќе останеше во утробата нејзина до Денот на оживувањето

145И Ние го исфрливме на едно пусто место, а тој беше болен

146и сторивме над него да израсне една тиква

147и го пративме на стотина илјади луѓе, и повеќе

148и тие поверуваа, и ним им дадовме до рокот одреден да уживаат

149А прашај ги: „Зарем за Господарот твој ќерки, а за нив синови

150зарем во нивно присуство мелеците како жени ги создадовме?“

151Ете, тие, поради тоа што лажат, говорат

152„Аллах родил.“ – тие се навистина лажливци

153Зарем ги избра ќерќите пред синовите

154Што ви е, како така расудувате

155Зарем нема да се вразумите

156Или вие можеби имате очигледен доказ

157Донесете ја Книгата своја, ако вистината ја зборувате

158Многубошците помеѓу Него и џинните сродство воспоставуваат, а џинните одамна знаат дека тие што зборуваат така ќе бидат фрлени во огнот

159чист е Аллах и далеку е од тоа како што тие Го опишуваат

160Аллаховите искрени робови тоа не го прават

161Но, ниту вие, со тие што ги обожувате

162не можете во врска со нив никого во заблуда да го заведете

163освен тој што и онака во огнот ќе гори

164„Секому од нас местото му е одредено

165ние сме во редови наредени

166и само Него Го славиме и Го величаме!“

167А тие велеа

168„Да имавме ние Книга како што имаа претходните народи

169сигурно ќе бевме Аллахови искрени робови!“

170Но, во Куранот не сакаа да поверуваат, и ќе знаат тие

171А зборот Наш е веќе претходно кажан на робовите Наши, Пратениците

172Тие ќе бидат, навистина, потпомогнати

173и војската Наша сигурно ќе биде победник

174Затоа тргни се од нив некое време

175и набљудувај ги, и тие ќе набљудуваат

176Зарем тие казната Наша да ја избрзуваат

177Кога таа ќе ги стигне, лошо утро ќе им осамне на тие што беа опоменати

178Затоа тргни се од нив некое време

179и набљудувај, и тие ќе набљудуваат

180Славен е Господарот твој, Господар на достоинството, и високо над тоа што Му го припишуваат тие

181И нека е селам на Пратениците

182и благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath