35. Фаатир
1Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, Кој мелеците со по две, три и четири крила ги прави пратеници; Тој на тоа што го создава му додава што сака, Тој, навистина, може сè
2Милоста која Аллах им ја дарува на луѓето – никој не може да ја скрати, а тоа што Тој ќе го скрати – никој не може, после Него, да го даде; Тој е Силен и Мудар
3О, луѓе, сетете се на благодатта со која Аллах ве опсипува. Постои ли, освен Аллах, некаков друг создател кој од небо и од земја ве снабдува? Освен Него нема друг бог, па тогаш каде се одметнувате
4Ако тие за лажен те сметаат – па и пред тебе Пратениците за лажни ги сметаа; а кај Аллах сè ќе се врати
5О, луѓе, Аллаховото ветување е вистина, па никако животот на овој свет нека не ве залажува и шејтанот во Аллах нека не ве поколеба
6Шејтанот, навистина, е ваш непријател, па за таков и сметајте го! Тој ги повикува следбениците свои да бидат жители на Огнот
7Тие што не веруваат ги чека тешко страдање, а тие што веруваат и што прават добри дела ги чека прошка и голема награда
8Зарем можеш да му помогнеш на тој на кого неговите лоши дела му се прикажани како убави, а и тој ги смета за убави? Аллах навистина остава во заблуда кого сака, а на Вистинскиот пат упатува кого сака, па немој да се уништуваш со тага за нив; Аллах, навистина, добро знае сè што прават тие
9Аллах е Тој што ги праќа ветровите кои ги придвижуваат облаците, а Ние потоа кон мртвите предели ги управуваме и со нив земјата ја оживуваме, која што беше мртва; такво ќе биде и оживувањето
10Ако некој сака големина – па кај Аллах е сета големина! Кон Него се издигнуваат убавите зборови, а доброто дело Тој го воздига. А тие што имаат лоши намери ги чека неподносливо страдање, и нивните интриги се неуспешна работа
11Аллах ве создава од земја, потоа од капка семе, и на крај ве прави во парови. И ниедна жена не забременува ниту пак раѓа, а Тој тоа да не го знае. И ничиј живот не се продолжува ниту скратува, а тоа да не е забележано во Книгата; тоа за Аллах е навистина лесно
12Ни двете мориња не се еднакви: едното е слатко и пријатно – водата лесно му се пие, а другото е солено и горчливо; вие и од двете јадете свежо месо и вадите накит со кој се украсувате; и ти ги гледаш бродовите како по него водата ја сечат за да стекнете од изобилството Негово, и за да бидете благодарни
13Тој ја воведуваноќтаводен игововедуваденот воноќ, Тој ги потчини Сонцето и Месечината, секој се движи до рокот одреден; ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш, царството е Негово! А тие кои, покрај Него, ги обожувате не поседуваат ништо, ни колку тенката обвивка на урмината семка
14Ако ги молите, не ја слушаат вашата молба, а и да ја чујат, не би ви се одѕвале; на Судниот ден ќе негираат дека Нему Му ги здружувавте. И никој нема да те извести како Тој што знае
15О, луѓе, вие сте зависни, вам ви треба Аллах, а Аллах е Независен и за благодарност Достоен
16Ако сака, ќе ве уништи и нови созданија ќе донесе
17тоа на Аллах не Му е тешко
18И ниту еден грешник гревовите од другиот нема да ги носи; ако претоварениот со гревови повика да му се понесат, никој нема да му ги понесе, па ни роднината. А ти ќе ги опоменеш само тие кои од Господарот свој се плашат, иако никој не ги гледа, и кои извршуваат намаз – тој што ќе се исчисти, се исчистил за свое добро – а кај Аллах сè се враќа
19Никако не се исти слепиот и тој што гледа
20ниту темнините и светлината
21ниту ладовината и жештината
22и никако не се исти живите и мртвите. Аллах ќе стори да слуша тој што Тој сака, а ти не можеш тие во гробовите да ги довикнеш
23ти си само тој што опоменува
24Ние те пративме со Вистината, радосни вести да носиш и да опоменуваш; а нема народ на кого не му дошол тој што опоменува
25Ако тие за лаги те клеветат – па, и тие пред нив Пратениците за лаги ги клеветеа, а тие очигледни докази им носеа, и Листовите, и Книгата која осветлува
26И Јас тогаш ги казнував тие што не веруваа, а каква само беше казната Моја
27Зарем не знаеш дека Аллах од небото спушта вода и дека Ние преку неа создаваме плодови од различни видови; а постојат планини со бели и со црвени патеки, со различни бои, и сосема црни
28Има и луѓе и животни и добиток, исто така, од различни видови. А од Аллах се плашат Неговите учени робови. Аллах е навистина Силен и Тој простува
29Тие што Аллаховата Книга ја читаат и што намазот го извршуваат и од тоа што Ние ги снабдивме даваат, и тајно и јавно, може да се надеваат на трговијата која нема да исчезне
30за Тој да ги награди според тоа што го правеле и од изобилството Свое уште да им даде, бидејќи Тој многу простува и Благодарен е
31А тоа што ти го објавуваме од Книгата е целосна Вистина, таа потврдува дека се вистинити и тие пред неа. – Аллах за робовите Свои навистина знае сè и Тој гледа сè
32Ние ќе сториме Книгата после да ја наследат тие Наши робови кои Ние ќе ги избереме; ќе има и од тие кои кон себе насилство ќе си сторат, ќе има и од умeрените, и ќе има и такви кои, со Аллахова војла, со своите добри дела другите ќе ги надминат – за тоа голема награда ќе добијат
33еденски градини вокоиќевлезат, вокоисо златни белезици, со бисери красни ќе се украсуваат, а облеките во нив од свила ќе им бидат
34„Му благодариме на Аллах“ – ќе говорат – „Кој од нас тагата ја отстрани - Господарот наш, навистина, многу простува и благодарен е
35Кој, од добрината Своја, вечно живеалиште ни подари, каде што заморот нема да нè допре и во кое нема да нè снаоѓа истоштеност.“
36А неверниците ги чека Огнот џехеннемски, тие нема да бидат на смрт осудени, и нема да умрат, и страдањето во него нема да им се ублажи – ете, секој неверник така ќе го казниме
37тие во него ќе врескаат: „Господару наш, избави нè, ќе правиме добри дела, поинакви од тие што ги правевме.“ „А зарем не ве оставивме да живеете доволно долго за тој што требало да размисли да има време да размисли, а ви дојде и тој што опоменува? Затоа искусете го страдањето, на насилниците им нема помош!“
38Аллах сигурно ги знае тајните на небесата и на Земјата; Тој добро ги знае мислите сечии
39Тој прави да се менувате на Земјата; кој нема да верува, неверувањето негово е на негова штета; неверувањето на неверниците само ќе ја зголеми одвратноста кај Господарот нивен, и неверувањето на неверниците ќе им ја зголеми пропаста
40Кажи: „Кажете ми вие мене кој дел од Земјата го создале божествата ваши кои, наместо Аллах, ги молите, и кажете ми дали тие имаат некаков удел во создавањето на небесата, или Ние им дадовме Книга на многубошците, па имаат во неа доказ за тоа!? Ниту едно од тие, туку насилниците едни со други се залажуваат
41Аллах чува да не се наруши рамнотежата на небесата и на Земјата. А да се наруши, никој друг освен Него не би ги задржал; Тој навистина е Благ и ги простува гревовите
42Тие се колнеа во Аллах со најтешката заклетва, дека, подобро од кој било народ ќе бидат истрајни на Вистинскиот пат – само ако им дојде тој што ќе ги опоменува. И кога им дојде тој што опоменува, неговото пристигнување само им ја зголеми одбојноста
43возгордевајќи се на Земјата и правејќи зли интриги – а интригите ќе ги погодат токму тие коишто со нив се служат. Зарем тие може да очекуваат нешто друго од тоа што ги снајде народите древни? Во Аллаховите закони ти никогаш нема да најдеш промени, во Аллаховите закони ти нема да најдеш отстапувања
44Зошто тие не патуваат по светот да видат како завршиле тие пред нив, коишто беа посилни од нив? – На Аллах не може ништо да Му избега ни на небесата ни на Земјата; Тој, навистина, сè знае и сè може
45Да ги казнува Аллах луѓето според тоа што го заслужуваат, ништо живо на Земјината површина не би оставил; но, Тој ги остава до рокот одреден, и кога рокот ќе им дојде – па Аллах добро ги гледа Своите робови
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath