33. Ал-Ахзаб
1О, Веровеснику, плаши се од Аллах, а на неверниците и лицемерите немој да им бидеш послушен – Аллах, навистина, сè знае и Мудар е
2и следи го тоа што Господарот твој ти го објавува – Аллах е известен за тоа што вие го правите
3и на Аллах потпри се, Аллах е доволен заштитник
4Аллах на ниту еден човек две срца во градите негови не му дал, а ниту жените ваши, од кои со зихар197 се разведувате, ваши мајки не ги направил, ниту посиноците ваши синови ваши ги направил. Тоа се само зборови ваши, од устите ваши, а Аллах вистината ја зборува и на Вистинскиот пат изведува
5Викајте ги (посиноците) по (имињата на) татковците нивни, тоа кај Аллах епоисправно! Ааконе ги знаете имињата нататковците нивни, па, тие се ваши браќа по вера и тие се ваши штитеници. Не е грев ако при тоа ненамерно згрешите, грев е ако тоа намерно го одлучат вашите срца; а Аллах простува и Милостив е
6Веровесникот им е побитен на верниците отколку тие сами на себеси, а жените негови им се како мајки нивни198. А роднините, според Аллаховата Книга, се поважни едни на други од останатите верници и мухаџири, а на пријателите свои можете добрина да им направите. Тоа во Книгата е запишано
7Ние од веровесниците заветот нивен го зедовме, и од тебе, и од Нух и од Ибрахим, иод Муса, иод Иса, синот Мерјемин, цврст заветзедовме
8за Тој да ги повика на одговорност искрените за нивната искреност; а за неверниците Тој подготви болно страдање
9О, верници, сетете се на Аллаховата благодат кон вас кога војските дојдоа до вас, па Ние против нив ветар пративме, а и војски коишто вие не ги видовте199 – а Аллах добро гледа што правите вие
10кога ви дојдоа и одозгора и одоздола, кога очите вџашени ви беа, а душата до гркланот ви дојде, и кога за Аллах сешто помислувавте
11тогаш верниците беа во искушение ставени и беа потресени со жесток потрес
12кога лицемерите и тие со болни срца говореа: „Аллах и Пратеникот Негов само нè залажуваа кога ни ветуваа!“
13кога некои меѓу нив рекоа: „О жители на Јесриб201, овде нема место за вас, затоа вратете се!“, а други меѓу нив бараа дозвола од Веровесникот и говореа: „Куќите наши се незаштитени!“ – а не беа незаштитени, туку тие само сакаа да избегаат
14А од различни страни да им продреа и потоа од нив да побараа повторно да станат многубошци, тие тоа, недвоумејќи се, брзо би го сториле
15а и претходно Му се обврзаа на Аллах дека нема да отстапуваат - а за дадената обврска на Аллах ќе се одговара
16Кажи: „Ако бегате од смртта или од загинувањето, бегањето нема да ви помогне, повторно само на кратко ќе уживате.“
17Кажи: „Кој ќе ве заштити од Аллах ако Тој сака зло да ве снајде, или, кој може да ви наштети ако Тој сака да ви укаже милост?“ Освен Аллах, тие за себе нема да најдат ниту заштитник ниту помошник
18Аллах добро ги знае тие меѓу вас кои другите ги задржуваа и на пријателите свои им говореа: „Приклучете ни се нам!“, а само некои одеа во бој, скржаво не сакајќи да ви помогнат
19А кога завладеа страв, ги гледаш како гледаат во тебе вртејќи ги очите како пред смрт онесвестени. Штом стравот ќе мине, тие ве пцујат со своите остри јазици, скржави да сторат било какво добро. Тие не веруваат, и затоа Аллах делата нивни ќе ги поништи; а тоа на Аллах Му е лесно
20Тие сметаат дека сојузниците уште не си заминале. А кога сојузниците пак би дошле, најмногу би сакале да се меѓу бедуините во пустината и да се распрашуваат за вас; а да останат со вас, малку би се бореле
21Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах
22А кога верниците ги здогледаа сојузниците, рекоа: „Ова е тоа што Аллах и Пратеникот Негов ни го ветија, и Аллах и Пратеникот Негов вистината ја говореа!“ – и тоа само им ги зголеми верувањето, послушноста
23Има верници кои го исполнија заветот даден на Аллах, има такви што загинаа, и има такви што тоа го очекуваат и ништо не измениле
24За Аллах да ги награди искрените за нивната искреност, а за да ги стави на мака лицемерите, ако сака, или да им прости. Аллах навистина простува и Милостив е
25Аллах неверниците, полни со гнев, ги одби – ни малку не успеаја, а верниците Аллах од борба ги поштеди – Аллах навистина е Моќен и Силен
26а следбениците на Книгата, кои им помагаа, од тврдините нивни ги изведе, и страв во срцата нивни влеа, па едните ги убивте, а другите како заробеници ги зедовте
27и ви даде да ја наследите земјата нивна идомовите нивни ибогатствата нивни, и земјата по која претходно не чекоревте; Аллах може сè
28О, Веровеснику, кажи им на сопругите свои: „Ако го сакате животот на овој свет и неговиот сјај, тогаш одлучете се, ќе ви дадам пристојна отпремнина и убаво ќе ве разведам
29А ако Го сакате Аллах и Пратеникот Негов и оној свет, па, Аллах, навистина, за тие меѓу вас кои прават добри дела подготви голема награда.“
30О, сопруги на Веровесникот, кога некоја од вас очигледен грев би сторила, казната би ѝ била двократна, а тоа на Аллах Му е лесно
31а на таа која ќе им се покорува на Аллах и на Пратеникот Негов и ќе прави добри дела – ќе ѝ дадеме двократна награда и ќе ѝ подготвиме благородно снабдување
32О, сопруги на Веровесникот, вие не сте како другите жени! Ако од Аллах се плашите, немојте гласно да зборувате, па да копнее тој во чиешто срце има болест, и говорете зборови вредни за почит
33Во куќите свои престојувајте и убавината своја, како во дамнешното паганско време, не покажувајте ја, и намазот извршувајте го и зекат давајте, и слушајте Го Аллах и Пратеникот Негов! Аллах сака од вас, о, семејство на Пратеникот, гревовите да ги отстрани, и потполно да ве исчисти
34И памтете ги Аллаховите ајети и мудроста, која се кажува во вашите домови; Аллах, навистина, е добар и сè знае
35За муслиманите и муслиманките, и за верниците и за верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често Го спомнуваат Аллах и за жените кои често Го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви
36Кога Аллах и Пратеникот Негов нешто ќе одредат, тогаш ни верникот ни верничката немаат право по свој избор да постапуваат. А кој нема да Го послуша Аллах и Неговиот Пратеник, тој сигурно скршнал од Вистинскиот пат
37А кога ти му рече на тој кому Аллах добро му направи, кого ти го почести и му беше благодарен: „Задржи ја жената своја и плаши се од Аллах!“ – во себе го криеше тоа што Аллах ќе го обелодени и од луѓето се плашеше, а поважно е од Аллах да се плашиш. И бидејќи Зејд со неа заврши и од неа се разведе, Ние за тебе ја омаживме за верниците веќе да не се притеснуваат да се женат со жените на посиноците свои кога тие од нив ќе се разведат – како Аллах ќе одреди така треба да биде
38На Веровесникот не му е тешко да го прави тоа што Аллах ќе му го одреди, бидејќи таков беше Аллаховиот пропис и за тие кои претходно беа и исчезнаа – а Аллаховата заповед е конечна одредба
39за тие што Аллаховите посланија ги доставуваа и од Него стравуваа, и кои од никого, освен од Аллах, не се плашеа. – А доволно е тоа што пред Аллах сметка ќе се полага
40Мухаммед неетатко никому одвашите луѓе, тукуе Аллахов Пратеник и последен веровесник – а Аллах сè добро знае
41О, верници, често Аллах споменувајте Го
42и наутро и навечер славете Го
43Тој ве благословува, а и мелеците Негови, за од темнината на светлина да ве изведе – Тој кон верниците е Милостив
44а на Денот кога тие ќе Го сретнат, Тој ќе ги поздрави со: „Мир со вас“! И Тој им подготви благородна награда
45О, веровеснику, Ние те пративме како сведок и како носител на радосни вести и како Пратеник кој опоменува
46за да повикуваш кон Аллах, по Негова наредба, и како светилка која сјае
47И израдувај ги верниците дека Аллах нив со голема милост ќе ги опсипе
48а не ги слушај неверниците и лицемерите, и на нивните навреди непосветувај им внимание и имај доверба во Аллах, Аллах е доволен како заштитник
49О, верници, кога ќе се ожените со вернички, а потоа ако ги разведете пред стапување во брачниот однос, тогаш тие не се должни да го чекаат одреденото време кое вие ќе го броите, туку дарувајте ги и убаво отпремете ги
50О, Веровеснику, Ние ти дозволивме да ти бидат жени тие на кои си им ги дал нивните венчални дарови, и тие што се во твоја сопственост кои Аллах ти ги даде од пленот, и ќерките на чичковците твои, и ќерките на твоите тетки по татко, и ќерките на вујковците твои, и ќерките на твоите тетки по мајка кои со тебе се иселија, и верничката која себеси се подари на Веровесникот, ако Веровесникот сака со неа да се ожени, и само на тебе, а не на останатите верници. Ние знаеме што сме им пропишале на верниците кога е збор за жените нивни и за тие што се во нивна сопственост, а и за да не ти биде тешко. А Аллах простува и Милостив е
51Можеш да ги занемариш тие меѓу нив коишто сакаш и можеш да ја повикаш за себе таа што ја сакаш, а можеш да ја побараш и таа која си ја оддалечил, ниедно од тоа не е грев за тебе. Така најлесно радосни ќе бидат инема да жалат итака сосетотоашто ти им го даваш задоволни ќе бидат, а Аллах знае што има во срцата ваши; Аллах знае сè и благ е
52Отсега не ти се допуштени други жени, ниту пак наместо нив некоја друга да земеш, макар и да те воодушеви убавината нејзина, освен тие што ќе ти станат робинки. – А Аллах внимава на сè
53О, верници, не влегувајте во собите на Веровесникот, освен ако ви се допушти поради храна, но не да чекате додека да се зготви, туку кога ќе бидете повикани, тогаш влезете, и откако ќе јадете, разидете се не впуштајќи севоразговор едни со други. Тоа му смета на Веровесникот, а тој се срами тоа да ви го каже, а Аллах не се срами од вистината. А ако барате нешто од нив, барајте го тоа од нив од зад перде. Тоа е почисто и за вашите и за нивните срца. Вам не ви е дозволено да го вознемирувате Аллаховиот Пратеник, ниту со жените негови по неговата смрт, некогаш, да се ожените. Тоа, навистина, кај Аллах би бил голем грев
54Ако изнесувате вие нешто за тоа во јавноста или во себе да го криете, па, Аллах знае сè
55Ним не им е грев да бидат откриени пред татковците свои, и пред синовите свои, и пред браќата свои, и пред синовите на браќата свои, и синовите на сестрите свои, и пред жените вернички, и пред тие што се во нивна сопственост. И плашете се од Аллах, бидејќи на Аллах, навистина, не Му е скриено ништо
56Аллах и мелеците Негови го благословуваат Веровесникот. О, верници, благословувајте го и вие и праќајте му поздрав
57Тие што ќе ги вознемируваат Аллах и Пратеникот Негов, Аллах ќе ги проколне и на овој и на оној свет, и срамно страдање ќе им подготви
58А тие што ги вознемируваат верниците и верничките, а тие тоа не го заслужуваат, товарат на себе клевета и вистински грев
59О, Веровеснику, кажи им на жените свои, и на ќерките свои, и на жените на верниците нека си го покријат целото тело со своите наметки. Така најлесно ќе бидат препознаени, па нема да бидат вознемирувани. А Аллах простува и Милостив е
60Аконепрестанатлицемеритеитиечииштосрцасеболниитиекоишто низ Медина шират лаги, Ние власта над нив ќе ти ја препуштиме и тие само кратко време како соседи твои во неа ќе останат
61проклети нека се! Кадеи да бидат најдени, нека бидат фатени иубиени
62според Аллаховиот закон кој важеше за тие што беа и исчезнаа! А ти нема во Аллаховиот закон да најдеш измени
63Луѓето те прашуваат за Крајот на светот; кажи: „Тоа само Аллах го знае!“ А ти не знаеш, можеби Крајот на светот е блиску
64Аллах ги проколна неверниците и за нив распламтен Оган подготви
65во него вечно и засекогаш ќе престојуваат, ниту заштитник ниту помошник нема да најдат
66На Денот кога нивните лица во огнот ќе се превртуваат, ќе говорат: „Камо среќа на Аллах да Му се покорувавме и Пратеникот да го слушавме!“
67И ќе зборуваат: „Господару наш, ние прваците наши и старешините наши ги слушавме, па тие од Вистинскиот пат нè одведоа
68Господару наш, дај им двократна казна и проколни ги со големо проклетство!“
69О, верници, не бидете како тие што го вознемируваа Муса, па Аллах го ослободи од тоа што го говореа, и тој кај Аллах ужива углед
70О, верници, плашете се од Аллах и говорете ја само вистината
71Тој за вашите добри дела ќе ве награди и гревовите ваши ќе ви ги прости. А тој што ќе Му се покорува на Аллах и на Пратеникот Негов – голем успех ќе постигне
72Ние на небесата, на Земјата и на планините аманет им понудивме, па се воздржаа и се уплашија да го понесат, но го презеде човекот – а тој, навистина, кон себе е неправеден и лекомислен
73заАллахлицемеритеилицемерките,имногубошцитеимногубошките да ги казни, а на верниците и на верничките да им прости. А Аллах простува и Милостив е
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath