32. Ес-Сајда
1Елиф-лам-мим
2Објавувањето на Книгата, за која нема сомнеж, е од Господарот на световите
3а тие велат: „Тој ја измислува!“ Не, таа е Вистината од Господарот твој за да го опоменуваш народот на кој пред тебе не му дошол никој за да го опоменува, за да се упатат по Вистинскиот пат
4Аллах, небесата и Земјата и тоа што е помеѓу нив во шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши; вие, освен Него, немате ни заштитник ни посредник, па зошто не се вразумите
5Тој управува со сè, од небото до Земјата, а потоа сето тоа Нему Му се враќа во Денот кој, според вашето сметање на времето, трае илјада години
6Тоа е Тој што го знае и невидливиот и видливиот свет, Силниот и Милостивиот
7Кој сè совршено создава, Кој првиот човек започнал да го создава од глина
8а потомството негово го создава од сржта на природата на незначителната течност
9потоа складно го оформува и живот му вдахнува, и Тој слух и вид и разум ви дава, а колку малку заблагодарувате
10Тие велат: „Зарем, кога ќе исчезнеме под земја, повторно создадени ќе бидеме?“ Тие во средбата со својот Господар не веруваат
11Кажи: „Мелекот на смртта, кој за тоа ви е одреден, душите ќе ви ги земе, а потоа кај Господарот свој ќе се вратите.“
12Да можеш да ги видиш злосторниците како со наведнати глави пред Господарот свој ќе речат: „Господару наш, видовме и чувме, па поврати нè добри дела да правиме, ние навистина цврсто веруваме!“
13А кога би сакале, секој човек на Вистинскиот пат би го упатиле, но Јас веќе ја кажав Вистината: „Ќе го наполнам, навистина, џехеннемот со џинни и луѓе заедно!“
14Па искусете затоа што заборававте дека овој Ден ќе го доживеете - и Ние ќе ве заборавиме - и вечно страдање искусете поради тоа што го правевте
15Во Нашите зборови веруваат само тие кои, кога со нив ќе се опоменат, со лицата на тло паѓаат, и кои Господарот свој Го величаат и Му заблагодаруваат и кои не се вообразуваат
16Боковите нивни од постела се креваат и тие на Господарот свој од страв и од желба Му се клањаат, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат
17И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат
18Зарем на верникот да му биде исто како на непослушниот? Не, тие не се еднакви
19тие штоверуваа ишто правеа добри дела ги чекаат џеннетски градини во кои ќе престојуваат, како награда за тоа што го правеа
20а тие што беа грешни ги чека Оган во кој ќе престојуваат; кога и да се обидат од него да излезат, во него ќе бидат вратени и ќе им биде речено: „Искусете ја казната во Огнот кој го негиравте.“
21И Ние ќе сториме да искусат помала казна пред големата казната, за да се повратат
22А има ли поголем злосторник од тој што е опоменат со знаците на својот Господар, а потоа им врти грб? Ние, навистина, ќе ги казниме злосторниците
23Ние на Муса Книга му дадовме – ни малку не се сомневај во средбата со Него – и упатство на синовите Израилови ја направивме
24Помеѓу нив Ние водачи одредувавме, и тие, одѕивајќи се на Нашата заповед, на Вистинскиот пат упатуваа, бидејќи стрпливи беа и во доказите Наши цврсто веруваа
25Гоподарот твој на Судниот Ден меѓу нив ќе пресуди за тоа за што не се согласуваа
26Зарем на овие не им е јасно колку народи пред нив Сме уништиле, по чиишто населби тие одат? Тоа се, навистина, докази, па зошто не сакаат да слушнат
27Како тие не гледаат дека ние го гониме дождот во пустата земја и правиме, со негова помош, да никнуваат растенија со кои се храни нивниот добиток, а и тие самите – зарем не гледаат
28И велат: „Кога веќе еднаш ќе дојде таа победа, ако вистината ја зборувате?“
29Кажи: „На Денот на победата, кога на неверниците нема никако да им користи тоа што тогаш ќе веруваат и кога нема да им се даде ни малку време.“
30Затоа ти тргни се од нив и чекај, и тие, навистина, чекаат
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath