Исламот
назад

31. Лукман

1Елиф-лам-мим

2Ова се ајети на мудрата Книга

3упатство и милост за тие што ќе прават добри дела

4на тие кои намазот (молитвата) ќе го извршуваат и зекат ќе даваат и кои во оној свет цврсто ќе веруваат

5таквите се на Упатството од Господарот свој и тие ќе успеат

6Има луѓе кои купуваат залуден говор, за, не знаејќи, од Аллаховиот пат да одвраќаат и за предмет на исмејување да го земаат. Нив ги чека срамно страдање

7Кога на некој од нив ајетите Наши му се кажуваат, тој вообразено главата ја врти, како да не ги чул, како да е глув – затоа навести му понижувачко страдање

8На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, навистина им припаѓаат градините на уживањето

9во нив вечно ќе престојуваат – ветувањето Аллахово е вистинито, а Тој е Силен и Мудар

10Небесата кои вие ги гледате без столбови ги создаде, а по Земјата планини неподвижни распореди за да не ве тресе, и по неа животни од сите видови распространи. Ние од небото спуштаме дожд и правиме од него да растат разновидни благородни растенија

11Тоа е Аллаховото создавање; а покажете ми што, освен Него, создале другите? Ништо! Многубошците се во вистинска заблуда

12А Ние на Лукман195 мудрост му даривме: „Биди Му благодарен на Аллах! Кој е благодарен, го прави тоа во своја корист, а кој е неблагодарен – па, Аллах навистина е Независен и за благодарност Достоен.“

13Кога Лукман му рече на синот свој, советувајќи го: „О, синко мој, не сметај други за рамни на Аллах, ширкот (политеизмот) е, навистина, голема неправда.“

14Ние му наредивме на човекот да им биде послушен на родителите свои. Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи, и го дои во текот на две години. Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат

15А ако те наговараат Мене друг да Ми припишуваш за рамен, за кој ти ништо не знаеш, ти не слушај ги и кон нив, на овој свет, примерно однесувај се, а следи го патот на тој што искрено Ми се обраќа; потоа кај Мене ќе се вратите и Јас ќе ве известам за тоа што го правевте

16„О, синко мој, направеното добро и зло, тешко и колку зрно од синап, било да е во карпата или на небото или во земјата, Аллах на виделина ќе го изнесе, бидејќи Аллах ги знае најскриените нешта, Тој е Сезнајниот

17„О, синко мој, извршувај го намазот (молитвата) и барај да се прават добри дела, а од лошите одвраќај и стрпливо поднесувај го тоа што ќе те снајде - тоа навистина спаѓа во вистинските постапки

18И, одгорделивост, него врти одлуѓето лицето свое инеоди поземјата надмено, бидејќи Аллах не го сака ни горделивиот ни фалбаџијата

19Во одот биди одмерен, а гласот свој намали го; навистина најодвратниот глас е рикањето на магарето!“

20Како не гледате дека Аллах ви овозможил да го користите сето тоа што постои на небесата и на Земјата и дека дарежливо ве опсипува со Својата благодат, и видливата и невидливата? А има луѓе кои расправаат за Аллах без никакво знаење, без никакво упатство и без Книгата што дава светлина

21А кога им се вели: „Следете го тоа што Аллах ви го објавува!“ – одговараат: „Не, ние го следиме тоашто сме гозапомниле од предците наши.“ Зарем и тогаш кога шејтанот ги повикува на страдање во Огнот распламтен

22Тој што сосема ќе Му се предаде на Аллах, а и прави добри дела, се фатил за најцврстата врска. На Аллах Му припаѓа крајниот исход на работите

23А тој што не верува, па, нека не те загрижува неверувањето негово. Нам сите ќе ни се вратат и Ние ќе ги известиме за тоа што го правеле; На Аллах, навистина, Му се познати мислите сечии

24Ние им даваме краткотрајно да уживаат, а потоа ќе ги втурнеме во неиздржливо страдање

25А да ги запрашаш: „Кој ги создаде небесата и Земјата?“ – сигурно ќе кажат: „Аллах!“ – а ти кажи: „Фален нека е Аллах!“ – само што мноштвото од нив не знае

26Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата! Аллах навистина е Независен и за благодарност Достоен

27Да се сите стебла на Земјата пера, а морето мастило, со помош на уште седум мориња, не би завршиле Аллаховите зборови; Аллах е навистина Силен и Мудар

28Создавањетонаситевасивашетооживување,истоекакосоздавањето и оживувањето на еден човек; Аллах, навистина, сè слуша и сè гледа

29Зарем не гледаш дека Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта, и дека ги потчинил Сонцето и Месечината - секој се движи до одреден рок - и Аллах добро го знае тоа што го правите

30Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а оние на кои тие, покрај Него, им се молат, се невистина, и затоа што Аллах е Возвишен и Голем

31Зарем не гледаш дека бродовите со Аллаховата милост по морето пловат за да ви покаже некои од доказите Свои? Тоа се, навистина, поуки за сите стрпливи и благодарни

32А кога бран, како облак, ќе ги прекрие, Му се молат на Аллах искрено верата исповедајќи Му ја; а штом Тој до копно ги донесе, еден дел од нив умерено се држи. А доказите Наши само предавникот, неблагодарниот ги негира

33О, луѓе, плашете се од Господарот свој и стравувајте од Денот кога родителот на детето свое нема да може ни малку да му помогне, ниту пак детето ќе може на својот родител барем малку да му помогне! Аллаховата закана е вистинита, па никако нека не ве залажува животот на овој свет и шејтанот нека не ве заведе од Аллах

34Само Аллах знае кога Крајот на светот ќе настапи, само Тој го спушта дождот и само Тој знае што е во матките, а човекот не знае што ќе заработи утреичовекот не знае вокоја земја ќеумре; Аллах навистина сè знае и за сè е известен

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath