30. Ар-соба
1Елиф-лам-мим
2Византијците се победени
3во најблиската земја, но тие, после поразот свој, сигурно ќе победат
4за неколку години – и пред и потоа, Аллахова е одлуката – и тогаш верниците ќе се радуваат
5на Аллаховата помош– Тој помагакомусака, Тој е Силен и Милостив
6Аллахово е ветувањето, а Аллах ветувањето Свое не го прекршува, но повеќето луѓе не знаат
7Тие ја знаат само надворешната страна на овосветскиот живот, а кон оној свет се рамнодушни
8А зошто не размислат самите за себеси? Аллах ги создаде небесата и Земјата и тоа што е помеѓу нив со Вистина и до рокот одреден. А многумина одлуѓетоневеруваат дека пред Господарот свој навистина ќе излезат
9Зошто не патуваат по светот за да видат како завршиле тие пред нив? Тие беа посилни од нив, и земјата ја ораа и ја обработуваа повеќе отколку што ја обработуваат овие, и пратениците им донесуваа јасни докази; Аллах не им направи неправда, самите на себеси си нанесоа неправда
10Тие што правеа зло, ќе завршат со најужасно страдање, затоа што Аллаховите зборови ги негираа и затоа што ги исмејуваа
11Аллах го почнува создавањето и потоа го обновува и на крајот Нему ќе Му се вратите
12На Денот кога ќе настапи Часот, злосторниците секаква надеж ќе изгубат
13И тие меѓу своите божества нема да имаат посредници и тие своите божества ќе ги негираат
14На Денот кога ќе настапи Часот на оживувањето, луѓето ќе се раздвојат
15тие штоверуваа ишто правеа добри делавоџеннетската градина ќесе радуваат
16а тие што не веруваа и што ајетите Наши и средбата на Судниот ден ја негираа, во Огнот ќе бидат фрлени
17Па, Славен и Возвишен нека е Аллах кога ќе ве стемни и кога ќе осамнете
18Нему нека Му е благодарноста и на небесата и на Земјата, и предвечер и на пладне
19Тој живото го изведува од мртвото и го изведува мртвото од живото. Тој ја оживува земјата по мртвилото нејзино - и на ист начин вие ќе бидете оживеани
20Еден од доказите Негови е тоа што од земја ве создаде, и одеднаш, луѓе, секаде ве има распространети
21И еден од доказите Негови е тоа што за вас, од видот ваш, создава жени за покрај нив да се смирите, и тоа што помеѓу вас создава љубов и сомилост. Во тоа навистина има знаци за луѓето што размислуваат
22И еден од доказите Негови е создавањето на небесата и на Земјата, и разновидноста на јазиците ваши и на боите ваши; во тоа навистина има знаци за тие што знаат
23И еден од доказите Негови е вашиот сон и ноќе и дење, и вашето настојување да стекнете нешто од изобилството Негово; во тоа навистина има знаци за луѓето кои слушаат
24И еден од доказите Негови е тоа што ви ја покажува молњата, за да се заплашите и за да се понадевате, и тоа што од небото спушта дожд и со него ја оживува земјата по мртвилото нејзино; во тоа навистина има знаци за луѓето кои разбираат
25И еден од доказите Негови е тоа што небото и Земјата ги одржува поради волјата Негова. Потоа, штом Тој само еднаш од земјата ќе ве повика, бргу ќе излезете
26Нему Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата, Нему сè Му е потчинето
27Тоа е Тој што создава од ништо и Тој тоа повторно ќе го стори, Нему тоа Му е лесно; Нему Му припаѓа највозвишениот пример и на небесата и на Земјата; Тој е Силен и Мудар
28Тој како пример ве наведува вас самите: дали тие кои се во ваша сопственост се изедначени со вас во тоа што Ние ви го даваме, та во тоа сте исти, и дали им се плашите како што вие едни од други се плашите? – Ете, така Ние подетално ги изнесуваме доказите Наши на луѓето кои разбираат
29Но, неверниците лекомислено ги следат своите страсти, - а кој ќе го упати на Вистинскиот пат тој што Аллах го оставил во заблуда? – На нив нема никој на помош да им притрча
30Ти насочи го лицето свое кон верата, искрено; кон верата Аллахова чиста, со која луѓето ги создаде. Нема измена на Аллаховата вера, тоа е вистинската вера, но повеќето луѓе тоа не го знаат
31Обраќајте Му се предано! Плашете се од Него и извршувајте го намазот (молитвата), и не бидете како многубошците
32како тие кои верата своја ја растурија и во секти се поделија; секоја секта задоволна со тоа што го проповеда
33А кога луѓето неволја ќе ги снајде, тие на Господарот свој покајнички Му се обраќаат, а потоа, кога Тој ќе им даде да ја вкусат милоста Негова, одеднаш некои од нив на Господарот свој здруженик Му припишуваат
34за да бидат неблагодарни на тоа што Ние им го даваме. Па уживајте, а ќе дознаете
35Зарем Ние сме им испратиле некаков доказ кој говори во прилог на тие кои Нему за рамни Му ги сметаат
36Кога ќе им допуштиме на луѓето да се насладуваат со благодатите, тие им се радуваат, а кога ќе ги снајде неволја, поради делата на нивните раце, одеднаш очајуваат
37Зарем тие не знаат дека Аллах во изобилство му дава снабдување на тој на кого Тој сака, и дека го ускратува? Навистина, во тоа има докази за луѓето кои веруваат
38Затоа подај мугонаближниот правото негово, ина сиромашниот, ина патникот – намерник! Тоа е подобро за тие кои го сакаат Аллаховото лице; тие ќе постигнат што сакаат
39А парите кои ги давате за да се зголемат со парите на другите луѓе, кај Аллах нема да се зголемат, а за зекатот кој го давате сакајќи го Аллаховото лице - на таквите повеќекратно ќе им се зголемат добрите дела
40Аллах е Тој што ве создава и потоа ве снабдува; Тој животот ќе ви го одземе и на крајот ќе ве оживее. Постои ли барем едно ваше божество кое што било од тоа го прави? Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат
41Поради тоа што луѓето го прават се појави метеж и на копното и на морето, за Тој да им даде да почувствуваат дел од казната поради тоа што го прават, за да се поправат
42Кажи: „Патувајте низ светот и погледнете како завршија тие пред вас; повеќето од нив беа многубошци.“
43Затоа ти насочи го лицето свое кон вистинската вера, пред, со Аллахова волја, да настапи Денот кој никој нема да може да го одбие. Тој ден тие ќе се раздвојат
44тие што не веруваа - на своја штета не веруваа, а тие што правеа добри дела - за себе џенет си подготвија
45за Тој од добрината Своја да ги награди тие што веруваа и што правеа добри дела; а Тој навистина не ги сака неверниците
46Еден од доказите Негови е тоа што Тој ги праќа ветровите како носители на радосни вести, за да ви даде Неговата милост да ја почувствувате и бродовите со Негова волја да пловат и од Неговото изобилство да стекнувате, и благодарни да бидете
47И пред тебе на нивните народи Пратеници им праќавме и тие вистински докази им носеа, па тие што грешеа ги казнувавме, а Ни беше должност да им помогнеме на верниците
48Аллах е Тој кој ветровите ги испраќа, и тие облаците ги гонат и Тој низ небото, како што Тој сака, ги распространува и на парчиња ги дели, па ти гледаш како од нив паѓа дожд, и кога Тој на робовите Свои на кои Тој сака го пролева, тие одеднаш со радост се исполнуваат
49иако беа очајни пред да се спушти врз нив
50Затоа погледни ги трагите на Аллаховата милост - како Тој ја оживува земјата по нејзиното мртвило! Тој, навистина и мртвите ќе ги оживее. Тој може сè
51А да испратиме ветер и тие да видат дека сè пожолтело, тие, и после тоа, благодатите ќе ги негираат
52Ти не можеш мртвите да ги довикнеш, ни глувите да ги довикаш кога од тебе ќе се свртат
53ниту можеш слепите од заблудата нивна да ги одвратиш; само можеш да ги довикнеш тие што во Нашите ајети веруваат, само тие ќе се покорат
54Аллах е Тој што ве создава нејаки, и потоа, по нејакоста, ви дава сила, а по силата изнемоштеност и старост; Тој создава што сака: Тој сè знае и сè може
55А на Денот кога Часот на оживувањето ќе настапи, злосторниците ќе се колнат дека само еден час останале (во гробовите); а и претходно вистината ја избегнуваа
56А ќе кажат тие на кои им е дадено знаењето и верувањето: „Вие останавте, според Аллаховата Книга, сè до Денот на оживувањето, а ова е Денот на оживувањето, само што вие не знаете.“
57Тој Ден нема за ништо да им послужат правдањата на тие кои кон себеси се огрешиле и нема од нив да се бара да Му се умилат на Аллах
58Во овој Куран Ние на луѓето им наведуваме разновидни примери. А кога ти би им донел какво било чудо, тие што не сакаат да веруваат повторно би рекле: „Вие само лаги изнесувате!“
59Ете, така Аллах им ги запечатува срцата на тие што не сакаат да знаат
60А ти биди трпелив! Аллаховото ветување, навистина, е вистина и нека никако не те залажуваат тие што цврсто не веруваат
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath