29. Ал-Анкабут
1Елиф-лам-мим
2Зарем луѓето мислат дека ќе бидат оставени на мира ако кажат: „Ние веруваме!“ - и дека нема да бидат ставени на искушение
3А ние во искушение ги стававме и тие пред нив, па Аллах, навистина ги знае тие што вистината ја говорат и тие што лажат
4Зарем тие што прават лоши дела мислат дека Нам ќе Ни избегаат? Лошо проценуваат
5А кој се надева на средбата со Аллах, па од Аллах одреденото време ќе дојде, а Тој сè слуша и сè знае
6А тој што се бори – само за себе се бори, навистина, Аллах е независен од сите светови
7На тие што веруваат и прават добри дела, сигурно, ќе прејдеме преку нивните лоши постапки, и за тоа што го правеле, навистина, со најубава награда ќе ги наградиме
8Ние секој човек го задолживме да биде добар кон родителите свои. Но, ако тие те наговараат Мене здруженик да Ми припишуваш, за кого ти ништо не знаеш, тогаш - не слушај ги! Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ве известам за тоа што го правевте
9Тие што веруваат и прават добри дела, сигурно, ќе ги ставиме меѓу добрите
10Има луѓе кои велат: „Веруваме во Аллах!“ - а кога некој, поради Аллах, ќе биде ставен на мака, тој смета дека човечкото измачување е исто што и Аллаховата казна. А ако дојде победа од Господарот твој, тие сигурно ќе речат: „Бевме со вас!“ А зарем Аллах не знае што е во градите на сите
11Аллах добро ги знае тие што веруваат и добро ги знае тие што се дволични
12Неверниците им велат на верниците: „Следете го нашиот пат, а ние ќе ги носиме гревовите ваши!“ А не би зеле ниту еден нивен грев, тие само лажат
13но сигурно, сопствениот товар и товарот на тие кои во заблуда ги однеле, ќе го носат, и за лагите кои ги изнесуваат на Судниот ден ќе одговараат
14Ние Нух на народот негов го испративме и тој остана меѓу нив деветстотини и педесет години, па потоа ги снајде потопот, а беа насилници
15И Ние него и тие што беа со него на бродот ги спасивме, и поучен пример за световите ги направивме
16А и Ибрахим, кога му кажа на народот свој: „Аллах обожувајте Го и од Него плашете се, тоа ви е подобро, да знаете
17Вие, покрај Аллах, киповите ги обожувате и лаги измислувате. Тие кои вие, покрај Аллах, ги обожувате не можат со никакво снабдување да ве снабдат; вие снабдувањето од Аллах барајте гои Него обожувајте Го и Нему бидете Му благодарни! – Нему ќе Му се вратите
18А ако вие мене ме сметате за лажен, па и народите пред вас ги сметале за лажни Пратениците свои; а Пратеникот е должен само јасно да пренесува
19Зарем тие негледаат како Аллах сè од ништо создава? Тој тоаповторно ќе со стори; На Аллах тоа Му е навистина лесно
20Кажи: „Патувајте по светот, да видите што Тој од ништо создал. И Аллах повторно, по втор пат, тоа ќе го стори, Аллах навистина може сè
21Тој казнува кого Тој сака и милоста му ја укажува на тој на кого Тој сака, на Него ќе Му се вратите
22Од Неговата казна нема да можете да избегате, ни на Земјата ни на небото, а, освен Аллах, немате ни помагач ни заштитник
23А тие штонесакаат да веруваат во Аллаховите докази иво средбата со Него, за нив нема надеж за Мојата милост, нив ги чека неиздржливо страдање.“
24А одговорот на народот негов беше: „Убијте го или запалете го!“ - но Аллах го спаси од огнот. Тоа се навистина докази за народот кој верува
25Тој рече: „Вие, покрај Аллах, киповите ги прифативте за во животот на овој свет меѓусебните пријателски односи да ги одржувате, а потоа, на Судниот ден, едни од други ќе се откажувате и едни со други ќе се проколнувате, Огнот вашето престојувалиште ќе биде, и никој на помош нема да ви дојде.“
26И само Лут му поверува! А Ибрахим рече: „Јас се селам таму каде што Господарот мој ми нареди, затоа што Тој е навистина Силен и Мудар.“
27И Ние Исхак и Јакуб му ги подаривме и на потомците нивни веровесништво и Книга им дадовме, а нему на овој свет наградата му ја дадовме, а на оној свет еден од добрите ќе биде
28И Лут, кога на народот свој му рече: „Вие правите таков разврат, каков пред вас никој на светот не правел
29имате односи со мажи, на патиштата пресретнувате и на собирите свои најодвратни работи правите“, одговорот нанеговиот народ беше: „Направи Аллаховата казна да нè стигне, ако вистината ја говориш!“
30„Господару мој,“ - рече тој - „помогни ми против народот кој прави неред!“
31И кога гласниците Наши, на Ибрахим радосна вест му донесоа, велејќи: „Ние ќе ги уништиме жителите на оној град, затоа што неговите жители се неверници!“
32„Во него е Лут!“ – рече Ибрахим. „Ние добро знаеме кој е во него,“ - рекоа тие - „ние него и семејството негово ќе ги спасиме, освен жената негова. Таа ќе остане со тие што казната ќе ја искусат.“
33И кога гласниците Наши му дојдоа на Лут, тој поради нив се растажи и се вознемири. „Не плаши се и не грижи се,“ - рекоа тие - „ние тебе и семејството твое ќе ве спасиме, освен жената твоја, таа ќе остане со тие што казната ќе ја искусат
34А на жителите од овој град ќе спуштиме страшна казна од небото, поради тоа што се развратници
35И од него оставивме видливи остатоци за луѓето кои разум ќе имаат
36А во Медјен го испративме братот нивен Шуајб: „О, народе мој,“ - говореше тој, „Аллах обожувајте Го, и во оној свет надевајте се, и по Земјата никако неред не правете!“
37Но тие не му поверуваа, па ги снајде страшен потрес и тие осамнаа во земјата своја, мртви, неподвижни
38А и Ад и Семуд – остатоците од домовите нивни ви се видливи – и шејтанот убави им ги прикажа постапките нивни, па иако беа разумни, од Вистинскиот пат ги одврати
39И Карун и фараонот и Хаман - Муса јасни докази им донесе, но тие на Земјата вообразено се однесуваа и казната не ја избегнаа
40и сите, сходно гревовите нивни, ги казнивме: на некои ветер полн со песок испративме, а некои со страшен глас ги уништивме, некои в земја ги втеравме, а некои ги потопивме; Аллах не им стори неправда, самите себеси неправда си сторија
41Тие што, покрај Аллах, земаат други заштитници, слични сенапајакот кој си плете куќа, а најслаба куќа е пајаковата куќа, нека знаат
42Аллах добро знае дека овие на кои тие, покрај Него, им се молат ништо не претставуваат. Тој е Силен и Мудар
43Тоа се примерите кои Ние на луѓето им ги истакнуваме, но само учените ги сфаќаат
44Аллах небесата и Земјата со Вистината ги создаде; тоа е навистина поука за тие што веруваат
45Кажувај го од Книгата тоа што ти се објавува и извршувај го намазот (молитвата) – намазот навистина одвраќа од развратот и од сè што е лошо; а Аллаховото спомнување на вас е поголемо од вашето спомнување на Него! – А Аллах знае што правите
46И со следбениците на Книгата расправајте на најубав начин – не со тие меѓу нив кои се неправедни – и кажете: „Ние веруваме во тоа што ни се објавува нам и во тоа што ви е објавено вам, а нашиот Бог и вашиот Бог е еден и ние Нему сме Му предани!“
47Како и ним, Ние тебе ти ја објавуваме Книгата, а некои од тие на кои што веќе сме им дале Книга – и во неа веруваат, а и некои од овие веруваат во неа, а доказите Наши само неверниците ги оспоруваат
48Ти пред неа ниту една книга не си читал, а ниту со својата десна рака не си ја пишувал, инаку, би се посомневале тие што кажуваат лаги
49А тоа се јасни ајети, во срцата се на тие на кои им е дадено знаењето, а Нашите ајети само неправедните ги оспоруваат
50и велат: „Зошто од Господарот негов не му се испратени некои чуда?“ Кажи: „Чудата се само кај Аллах, а јас сум само јасен опоменувач.“
51А зарем не им е доволно тоа што тебе Ние ти објавуваме Книга која им се кажува: во неа е, навистина, милоста и поуката за народот кој верува
52Кажи: „Аллах е доволен сведок и за мене и за вас, Тој знае сè што е на небесата и на Земјата. А тие што веруваат во заблудата, а не веруваат во Аллах, тие се губитници
53Тие бараат од тебе што порано да ги стигне казната. А да не е одредениот рок за тоа, казната ќе им дојдеше, а ќе им дојде сигурно, ненадејно, тие нема да претчувствуваат
54Тие бараат од тебе што порано да ги стигне казната, а џехеннемот сигурно сите неверници ќе ги опфати
55на Денот, кога страдањето и одоздола и одозгора ќе ги опфати, ќе им се каже: искусете го тоа што го правевете
56О, робови Мои кои верувате, Мојата Земја е пространа, затоа само Мене обожувајте Ме
57Секое живо суштество смртта ќе је вкуси, и потоа Нам ќе ни се вратите
58Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, ќе ги сместиме во џенетските одаи, под нив реки ќе течат, во нив вечно ќе живеат. Колку ќе биде прекрасна наградата на тие што се трудеа
59тие што трпеа и на Господарот Свој се надеваа
60А колку животни има кои не собираат снабдување за себе, Аллах ги снабдува, а и вас! Тој сè слуша и сè знае
61А да ги запрашаш: „Кој ги создаде небесата и Земјата и кој ги потчини Сонцето и Месечината?“ Сигурно ќе кажат: „Аллах! “ Па тогаш каде се одметнуваат
62Аллах во изобилство го снабдува оној кого Тој сака од робовите Свои, а на некого и му скратува: Аллах, навистина, знае сè
63А, ако ги запрашаш: „Кој однебото спушта вода исонеа мртвата земја ја оживува?“ Сигурно ќе кажат: „Аллах!“ а ти кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах!“, но повеќето од нив не сфаќаат
64Животот на овој свет не е ништо друго освен игра и забава, а само оној свет е вистинскиот, само кога тие би знаеле
65Кога со бродот ќе запловат, искрено Му се молат на Аллах, а кога Тој докопното ќе ги донесе, одеднаш Нему други зарамни Му здружуваат
66за да покажат неблагодарност кон тоа што Ние им го даваме, и за да уживаат. А ќе знаат тие
67Зарем не гледаат дека Храмот свет и сигурен сме го направиле, додека секаде околу нив се краде и ограбува? И зарем во лагата веруваат, а на Аллаховите благодети се неблагодарни
68Има ли тогаш понеправеден од оној кој за Аллах измислува лаги или ја негира вистината која му доаѓа? И зарем на неверниците не им е место во џехеннемот
69Тие кои поради Нас се борат, Ние, сигурно, на патиштата Наши ќе ги упатиме, а Аллах е навистина со тие што прават добри дела
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath