Исламот
назад

28. Ал-Касас

1Та-син-мим

2Ова се ајети од Книгата јасна

3Ние ќе ти кажеме некои вести за Муса и за фараонот, така како што беше, и тоа за тие луѓе што веруваат

4Фараонот во земјата се возгордеа, и жителите нејзини на групи ги подели; едните ги угнетуваше, машките деца им ги колеше, аженските во живот ги оставаше; тој навистина беше безредник

5А Ние сакавме, тие што на Земјата беа угнетувани, со милоста да ги облееме и предводници и наследници да ги направиме

6И на Земјата власт да им подариме, а на фараонот и Хаман и војските нивни да им дадеме да го доживеат токму тоа од што се плашеа

7И Ние ја вдахнавме мајката на Муса: „Дој го, а кога ќе се исплашиш за неговиот живот, пушти го в река, и не плаши се и не тагувај, Ние навистина ќе ти го вратиме, и Пратеник ќе го направиме

8И го најдоа луѓето на фараонот, за да им стане непријател и мака; навистина фараонот и Хаман и војските нивни, секогаш грешеа

9И жената на фараонот рече: „Тој ќе ни биде радост и мене и тебе! Не го убивајте, можеби од корист ќе ни биде, а можеме и да го посиниме“. - а тие ништо не претчувствуваа

10И срцето на Мусаовата мајка остана празно, замалку да признаеше, да не го зацврсневме Ние срцето нејзнино и верничка ја направивме

11И таа ѝ рече на сестрата негова: „Оди по него!“ И таа го гледаше оддалеку, а тие ништо не забележаа

12А Ние веќе му ги бевме забраниле доилките, па таа рече: „Сакате ли да ви го покажам семејството кое за него ќе се грижи и кое добро ќе му посакува?“

13И го вративме кај мајката негова да се радува и да не тагува, и да се увери дека Аллаховото ветување е вистинито; но повеќето од нив не знаат

14И кога тој стаса и доби сила, му дадовме мудрост и знаење; така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела

15И тој влезе во градот, незабележан од жителите негови, и во нив сретна двајца луѓе кои се тепаат, едниот му припаѓаше на неговиот, а другиот на непријателскиот народ, па неговиот сонародник го повика на помош против оној од непријателскиот народ, и Муса го удри со рака и го усмрти. „Ова е шејтанова работа!“ - извика. „Тој е навистина отворен непријател кој доведува во заблуда!“

16„Господару мој,“ – речетогаш– „јас себеси зло си нанесов, прости ми!“ И Тој му прости, Тој навистина простува и Милостив е

17„Господару мој,“ – рече – „поради тоа што благодати ми укажа, никогаш повеќе нема на злосторниците од помош да им бидам!“

18И Муса во градот осамна престрашен, очекувајќи што ќе биде, кога тој истиот одвчера повторно гоповика напомош. „Ти си во вистинска заблуда!“ - му рече Муса

19И кога се обиде да го зграпчи заедничкиот непријател, другиот му рече: „О, Муса, зарем ќе ме убиеш и мене како што вчера уби човек? Ти сакаш на Земјата сила да применуваш, а не сакаш да смируваш!“

20И еден човек, од крајот на градот дотрча: „ О, Муса, главешините се договараат да те убијат, затоа бегај, јас сум ти искрен советник!“ – му рече

21И Муса излезе од градот, престрашен, исчекувајќи што ќе се случи. „Господару мој!“ – рече - „спаси ме од народот насилнички,“

22И кога се упати кон Медјен, тој рече: „Господарот мој, ќе ми го покаже патот!“

23А кога стигна до водата медјенска, околу неа затекна многу луѓе како го напојуваат добитокот, а малку подалеку од нив, здогледа две жени кои (добитокот) го одбиваа од водата. „Што правите?“ - запраша тој. „Ние не напојуваме сè додека овчарите не заминат!“ - одговорија тие - „а таткото ни е многу стар.“

24И тој им го напои (добитокот), а потоа отиде во ладовинка и рече: „Господару мој, навистина имам потреба за било какво добро да ми дадеш!“

25И едната од нив потоа му дојде, одејќи срамежливо, и рече: „Татко ми те повикува да те награди, поради поењето!“ И кога тој дојде и му кажа што доживеал, тој рече: „Не стравувај, се спаси од народот насилнички!“

26„О, татко мој,“ - рече едната од нив - „земи го во наем, најдобро е да изнајмиш силен и поверлив.“

27„Јас сакам да те оженам со едната од овие две мои ќерки,“ - рече тој - „но треба осум години да ми служиш; а ако наполниш десет, тоа ќе биде твоја добра волја, а јас не сакам да те присилувам на тоа; ти ќе видиш, ако даде Бог, дека сум добар.“

28„Нека биде така меѓу мене и тебе!“ - рече Муса - „Кој, од тие два рока, и да го исполнам, нема што да ми се приговори, а Аллах е сведок за тоа што сме се договориле!“

29И кога Муса го исполни договорениот рок и тргна со семејството свое, тој здогледа оган на едната страна од планината и му кажа на семејството свое: „Почекајте, јас навистина здогледав оган, можеби од него ќе ви донесам некаква вест, или разгорен оган, за да се згреете.“

30А кога дојде до огнот, некој го викна од десната страна на долината, од стеблото, во благословениот крај: „О, Муса, Јас сум Аллах, Господарот на световите!“

31„И фрли го својот стап!“ И кога виде дека се движи како итра змија, се повлече и не се заврте. „О, Муса, пријди и не плаши се! Ти си од сигурните

32Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, а без маана, и приближи ја раката покрај себе од страв! Ете, тоа се два знака193 од Господарот твој, за фараонот и за главешините негови, тие се навистина народ грешен, непослушен!“

33„Господару мој,“- рече - „јас убив еден невин човек, па се плашам тие да не ме убијат мене

34А мојот брат Харун, е поречит од мене, па испрати го и него со мене, како мој помошник, да ги потврди зборовите мои, затоа што се плашам да не ме наречат лажливец.“

35„Ќе ти помогнеме со твојот брат,“ - рече Тој - „и на двајцата доказ ќе ви дадеме, па тие нема да се осмелат да ви пријдат, и со Нашите знаци, вие двајцата и тие што ќе ве следат, ќе станете победници.“

36И кога Муса им ги донесе Нашите јасни докази, тие повикаа: „Ова е само смислена магија, не сме слушнале дека вакво нешто се случувало во времето на предците наши!“

37„Господарот мој добро го знае тој што го носи упатството од Него,“ - рече Муса - „ и тој што на крајот ќе победи, а насилниците навистина нема да успеат!“

38„О, главешини,“ - рече фараонот - „јас не знам дека вие имате друг бог освен мене, а ти, о, Хаман, печи ми тули и соѕидај ми кула за да се качам кај Мусаовиот Бог, бидејќи јас мислам дека тој е лажливец!“

39А тој и војските негови, без никаква основа, се возгордеаја на Земјата и мислеа дека нема да Ни бидат вратени

40Па ние го зграпчивме и него и војските негови и во морето ги фрливме; погледни како завршија насилниците

41А ги направивме предводници, кои повикуваа во тоа поради што се оди во Оган, а на Судниот ден никој нема да им помогне

42И ги попративме со проклетство на овој свет, а на оној свет од секое добро ќе бидат оддалечени

43И Ние на Муса Книга му дадовме, откако древните народи ги уништивме, да им биде светло на луѓето, и упатство, и милост, за да се опоменат

44Ти не беше на западната страна кога на Муса пратеништвото му го доверивме, а не беше ни сведок на тоа

45Ниемногународисоздадовмеитиедолгоживееја,атинепрестојуваше меѓу жителите на Медјен за да им ги кажуваш зборовите Наши, туку Ние, за нив ти кажуваме вести

46Ти небеше кај планината кога Мусагоповикуваа, а Ние теиспративме како милост од Господарот твој за да ги опоменуваш луѓето на кои, пред тебе, не им дошол никој кој би ги опоменал, за да се опаметат

47да не речат, кога ќе ги стигне казната поради тоа што го правеле: „Господару наш, зошто не си ни испратил Пратеници, па Твоите докази да ги следиме и верници да бидеме?“

48А кога им доаѓа Вистината од нас, тие велат: „Зошто не му е дадено истото како што му е дадено на Муса?“ А зарем тие, уште одамна, не го негираа тоа што му е дадено на Муса?! Тие велат: „Две магии, едната ја поддржува другата.“ - и велат: „Ние ниту во една не веруваме!“

49Кажи: „Па донесете вие книга од Аллах која подобро упатува на Вистинскиот пат отколку овие две, па неа да ја следам, ако вистината ја говорите!“

50Па ако не ти се одѕвијат, тогаш знај дека тие единствено ги следат своите страсти, а не Аллаховото упатство! Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот што самиот себеси неправда си прави

51А Ние им објавуваме збор по збор, за да размислат

52На тие на коишто им дадовме Книга пред Куранот, веруваат во неа

53а кога им се кажува, велат: „Ние веруваме во него, тој е Вистина од Господарот наш, ние и претходно бевме муслимани.“

54Тие ќе добијат двојна награда за тоа што го трпат и бидејќи на злото со убаво возвраќаат и од тоа што им го даваме даваат

55Акогаќе слушнат бесмислици, од нив се вртат ивелат: „На нас нашите дела, а на вас вашите дела, мир со вас! Ние не го сакаме друштвото на незналците.“

56Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака и Тој добро ги знае тие кои по Вистинскиот пат ќе тргнат

57Тие велат: „Ако со тебе го следиме Вистинскиот пат, од родниот крај брзо ќе бидеме избркани.“ Зарем не им го воспоставивме Светиот Храм безбеден, сигурно место каде што се слеваат разновидни плодови како снабдување од Нас, меѓутоа, повеќето од нив не знаат

58А колку села и градови Ние уништивме, чиишто жители во животот расипници беа! Ене ги домовите нивни, малкумина по нив ги населуваа, Ние ги наследивме

59А Господарот твој никогаш не ги уништуваше населбите додека во престолнината нивна Пратеник не испратеше, кој доказите Наши им ги кажуваше. И Ние населбите ги уништувавме само кога жителите нивни стануваа насилници

60Сè што ви е подарено се само уживања и украси во животот на овој свет, а тоа што е кај Аллах, подобро и трајно е. Зошто не се опаметите

61Како може да биде еднаков тој кому убава награда му ветивме, и која ќе ја добие, со тој кому му дадовме да се насладува во животот на овој свет, а кој потоа на оној свет во Огнот ќе биде фрлен

62А на Денот кога Тој ќе ги повика и ќе ги запраша: „Каде се тие што Ми ги здружувавте?“

63Тие, над кои зборот се оствари, ќе речат: „Господару наш, овие кои во заблуда ги насочивме, ги насочивме само затоа што и самите во заблуда бевме; ние пред Тебе се откажуваме од нив, тие нас не нè обожуваа.“

64„Повикајте ги божествата ваши!“ - ќе им се каже, па тие ќе ги повикаат, но тие нема да им се одѕвијат и страдање ќе доживеат и ќе зажалат што не биле на Вистинскиот пат

65Ана Денот кога Тој ќе ги повика иќе ги запраша: „Што им одговоривте на Пратениците?“

66тој Ден тие нема да знаат што да одговорат, па ни меѓу себе нема ништо да се прашаат

67А тој што ќе се покае, и што ќе верува, и што добри дела ќе прави, тој ќе биде успешен

68Господарот твој создава што сака, и Тој одбира. Тие немаат право да бираат. Возвишен нека е Аллах и високо над тие кои Му ги изедначуваат

69Господарот твој го знае тоа што нивните срца го кријат и тоа што го искажуваат

70Тој е Аллах, друг богосвен Него нема; Нему Му припаѓа благодарноста и на овој и на оној свет! Само Тој суди и на Него ќе Му се вратите

71Кажи: „Кажете ми вие мене, ако Аллах би дал ноќта да ви потрае вечно, до Судниот ден, кој бог, освен Аллах, светло би ви дал? Зарем не слушате?!“

72Кажи: „Кажете ми вие мене, ако Аллах би дал денот да ви потрае вечно, до Судниот ден, кој бог освен Аллах, ноќ би ви дал, за во неа да одморите? Зарем не гледате?!“

73Од милоста Своја Тој ноќ и ден ви даде; во ноќта да одморате, а дење по добрата Негови да трагате и благодарни да бидете

74А на Денот кога Тој ќе ги повика и ќе ги запраша: „Каде се тие кои Ми ги здружувавте?“

75Од секој народ ќе донесеме сведок и ќе кажеме: „Дајте го својот доказ!“ - и тие ќе дознаат дека Вистината Му припаѓа само на Аллах, а ќе им ги нема тие што ги измислуваа

76Карун од Мусаовиот народ беше, па ги измачуваше, а му дадовме толку богатства што клучевите од него тешко би можеле да ги носат и еден куп силни луѓе. „Не биди неблагодарен, затоа што Аллах не ги сака неблагодарните!“ - му говореа луѓето од народот негов

77„И настојувај со тоа што Аллах ти го дал, да го стекнеш оној свет, а не заборавај го ни својот дел на овој свет и прави им добро на другите, како што тебе Аллах добро ти направил, и настојувај да не правиш безредие на Земјата, затоа што Аллах не ги сака безредниците

78„Ова што го имам дадено ми е само врз основа на тоа што Аллах знае дека јас сум достоен за тоа, така јас мислам.“ - говореше тој. А зарем не знаеше дека Аллах пред него уништи некои народи кои беа посилни од него и кои насобраа повеќе, а злосторниците за своите гревови нема ни да бидат испрашувани

79И излезе тој пред народот свој, во својот сјај. „Ах, да ни е дадено и нам тоа што му е дадено на Карун!“ - говореа тие што копнееја по животот на овој свет - „Тој навистина има удел во овој свет!“

80„Тешко вам,“ - говореа учените - „на тие што веруваат и што прават добри дела подобра им е Аллаховата награда, а само на трпеливите ќе им биде пружена.“

81Ние, него инеговиот дворец вземја говтеравме, и никој од Аллаховата казна не можеше да го одбрани, а ни самиот на себеси не можеше да си помогне

82А тие што претходно посакуваа да се на негово место, почнаа да говорат: „Зарем не гледате дека Аллах му дава во изобилство на тој од робовите Свои на кого Тој сака, а и дека ускратува! Да не ни ја укажеше Аллах Својата милост и нас в земја ќе нè втераше. Зарем не гледате дека неверниците никогаш нема да успеат?!“

83Тој друг свет ќе им го дадеме на тие што не сакаат на Земјата да се вообразени и да прават неред, а тие што се плашат од Аллах, ги чека среќен крај

84Тој што ќе направи добро дело, ќе добие подобра награда за него, а тој што ќе направи зло, па тие што прават зло, точно спрема заслугата ќе бидат казнети

85Тој што ти го остави Куранот како обврска, сигурно ќе те врати на местото на враќањето. Кажи: „Господарот мој добро знае кој е на Вистинскиот пат, а кој е во очигледна заблуда.“

86Ти не очекуваше дека ќе ти биде објавена Книга, но таа ти е објавена како милост од Господарот твој, затоа никогаш немој да им бидеш соучесник на неверниците

87И тие никако нека не те одвратат од Аллаховите зборови, кога ќе ти се објават, и повикувај кон Господарот твој и никако немој да бидеш од тие кои Му припишуваат здруженици

88И немој да се молиш, покрај Аллах, на друг бог! Нема друг бог освен Него! Сè, освен Неговото лице, ќе пропадне! Тој ќе суди и Нему ќе Му се вратите

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath