27. Ан-Намл
1Та–син. Ова се ајети од Куранот и Книгата јасна
2упатство и радосна вест за верниците
3кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои во оној свет цврсто веруваат
4На тие што не веруваат во оној свет, Ние им ги прикажуваме како убави постапките нивни – па тие талкаат
5нив ги чека злобна казна, а на оној свет ќе бидат сосема изгубени
6а ти, навистина, го примаш Куранот од Мудриот и Сезнајниот
7Кога Муса му рече на семејството свое: „Видов оган, ќе ви донесам оттаму вест некаква, или ќе ви донесам разгорен оган за да се загреете.“
8некој, кога му се приближи, го повика: „Нека се благословени тие што се наоѓаат на местото на кое е огнот и тие околу него, и нека е славен Аллах, Господарот на световите
9„О, Муса, Јас сум Аллах, Силниот и Мудриот
10Фрли го својот стап!“ Пакогаго виде дека се движи како да е брза змија, тој се оддалечи и не се врати. „О, Муса, не плаши се! Пратениците кај Мене не треба од ништо да се плашат
11а на тој што грев ќе направи, а потоа злото со добро дело ќе го замени, навистина ќе му простам и милостив ќе бидам
12Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, но нема да биде болна – ќе биде едно од деветте знаци за фараонот и за народот негов; тие се навистина народ грешен, непослушен
13И кога знаците Наши јасно им дојдоа, тие рекоа: „Ова е вистинска магија!“
14И тие, неправедни и арогантни, ги негираа, но во себе веруваа дека се вистински, па погледај како завршија интригантите
15На Давуд и Сулејман знаење им дадовме и тие говореа: „Му благодариме на Аллах Кој нè одликуваше над многуте верници, робови Свои!“
16И Сулејман го наследи Давуд и рече: „О, луѓе, дадено ни е да ги разбираме птичјите гласови и сешто ни е дадено; ова е навистина вистинска благодат!“
17И му се собраа на Сулејман војските негови, џинните, луѓето и птиците, беа собирани па водени
18и кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: „О, мравки, влегувајте во живеалиштата свои за да не ве прегази Сулејман и војските негови, а тоа и да не го забележат!“
19И Тој се насмеа гласно на зборовите нејзини и рече: „Господару мој, вдахни ми да бидам благодарен на благодатта Твоја, која ми ја укажа мене и на родителите мои, и да правам добри дела за задоволството Твое, и внеси ме, со милоста Своја, меѓу добрите робови Свои!“
20И Тој изврши смотра на птиците, па рече: „Зошто не го гледам Пупунецот, отсутен ли е
21Ако не ми донесе разумно оправдување, со тешка казна ќе го казнам или ќе го заколам!“
22Не помина многу време, а тој дојде, па рече: „Го дознав тоа што ти не го знаеш, од Саба ти носам поверлива вест
23Видов една жена како владее и дека сè и сешто ѝ е дадено, а има и величествен престол
24видов дека таа и народот нејзин на Сонцето му се клањаат, а не на Аллах. Шејтанот им ги прикажал убави постапките нивни и од Вистинскиот пат ги одвратил, па тие не знаат да гонајдат Вистинскиот пат
25за да Му се клањаат на Аллах, Кој го обелоденува тоа што е скриено на небесата и на Земјата и Кој го знае тоа што го криете и тоа што јавно го изнесувате
26Аллах е, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен
27„Ќе видиме,“ - рече Сулејман - „дали ја зборуваш вистината или не
28Однеси го ова мое писмо, па фрли им го, а потоа оддалечи се малку од нив и погледни што ќе ти одоговорат!“
29„О, големци,“ - рече таа - „мене ми е доставено едно писмо вредно за почит
30Сигурно е од Сулејман и сигурно е: „Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
31Не правете се поголеми од мене, туку дојдете да ми се покорите.“
32„О, големци,“ - рече таа - „советувајте ме што треба во овој случај да сторам; јас без вас ништо не сакам да одлучам!“
33„Ние сме многу силни и храбри,“ - рекоа тие - „но ти наредуваш. Па, размисли што ќе наредиш!“
34„Кога царевите ќе освојат некој град,“ - рече таа - „тие го разоруваат, а неговите угледни жители ги прават понижени; ете, така постапуваат
35Ќе им испратам еден подарок и ќе видам со што гласниците ќе се вратат.“
36И кога гласникот излезе пред Сулејман, овој му рече: „Зарем со богатство мене да ме придобиете? Тоа што Аллах мене ми го дал е подобро од тоа што вам ви дал. Вие му се радувате на тоа што ви се дава
37Врати се кај нив! Ние ќе донесеме војски на кои нема да може да им се спротивстават и ќе ги протераме од Саба понижени и покорени
38О, големци, кој од вас ќе ми го донесе нејзиниот престол, пред да ми дојдат како муслимани.“
39„Јас ќе го донесам,“ - рече Ифрит, еден од џинните - „пред да станеш од своето место, јас сум за тоа силен и доверлив“
40„А јас ќе го донесам“ - рече тој што го имаше знаењето од Книгата - „пред да трепнеш со окото“. И кога Сулејман виде дека престолот е веќе пред него поставен, извика: „Ова е благодат од Господарот мој, Кој ме искушува дали благодарен или неблагодарен ќе бидам. А кој е благодарен – во своја корист е благодарен, а кој е неблагодарен – па Господарот мој е Независен и Благороден
41„Смени го изгледот на нејзиниот престол да видиме дали ќе го препознае или не!“
42И кога таа дојде, ѝ беше кажано: „Дали е ваков престолот твој?“ „Како да е тој!“ - извика таа. „А нам пред неа ни беше дадено знаењето, и ние сме муслимани.“
43А за да не верува исправно, неа ја спречија тие кои таа покрај Аллах ги обожуваше
44„Влези во дворецот!“ ѝ беше кажано. Кога таа го погледна, помисли дека е длабока вода, па го крена фустанот, разоткривајќи ги своите нозе. „Овој дворец е поплочен со сјајно стакло!“ - рече тој. „Господару мој!“ - извика таа - „Јас си сторив насилство на себеси и во друштво на Сулејман, Му се предавам на Аллах, Господарот на световите!“
45А на Семуд му го пративме братот негов, Салих: „Само Аллах обожувајте Го!“ – а тие се поделија во две групи кои меѓусебно се препираа
46„О, народе мој,“ - им говореше тој - „зошто го барате злото, пред доброто? Зошто не барате прошка од Аллах, за да ви се укаже милоста?“
47„Ние те сметаме тебе и тие што се со тебе за кобен предзнак!“ - рекоа тие. „Вашиот кобен предзнак е кај Аллах,“ - рече тој - „вие сте народ кој е ставен на искушение.“
48Во градот имаше деветмина кои по земјата, не ред, туку неред правеа
49„Заколнете се во Аллах,“ - рекоа - „дека во ноќта него и семејството негово ќе го убиеме, а тогаш на неговиот најблизок крвен сродник ќе му кажеме: ,Ние не присуствувавме на убиството на семејството негово, ние, навистина, вистината ја говориме.“
50И смислуваа сплетки, па и Ние, но тие тоа не го чувствуваа
51па погледни каква беше последицата на сплеткарењето нивно: ги уништивме сите – и нив и народот нивен
52Ете ги куќите нивни, пусти се поради неправдата која ја правеа – тоа е навистина поука за народот кој знае
53а ги спасивме тие штоверуваа икоиод Аллах сеплашеаиод гревовите се чуваа
54И Лут го пративме, кога му рече на народот свој: „Зошто правите разврат, јавно, едни пред други
55Зарем, навистина, со страст им приоѓате на мажите, наместо на жените? Вие сте навистина народ кој не знае.“
56А одговорот на нарадот негов, гласеше: „Избркајте го семејството на Лут од вашиот град, тие се чисти и невини луѓе!“
57И Ние го спасивме него и семејството негово, сите, освен сопругата негова. Ние одредивме таа да остане со тие кои казната ќе ја искусат
58и пуштивме врз нив камен дожд, а страшен ли дожд за тие што беа предупредени
59Кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах инека е мир надробовите Негови кои Тој ги одбрал!“ Кој е подобар: Аллах или тие кои Нему Му ги здружуваат
60Тој Кој небесата и Земјата ги создаде и Кој од небото ви спушта дожд со чија помош Ние даваме да позеленат градините прекрасни, невозможно е вие да направите да израснат дрвјата нивни. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, но тие се народ кој други со Него изедначуваат
61Тој Кој Земјата за живеалиште ја направи и низ неа реки спроведе и на неа стабилни планини постави и две мориња прегради. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, туку повеќето од нив не знаат
62Тој Кој на човекот кој е во неволја, кога ќе Му се обрати, му се одѕива, и Кој злото го отстранува и Кој на Земјата едни со други ве сменува. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Колку малку размислувате
63Тој Кој во темнините, на копното и на морето, патот ви го покажува и Кој ветровите како радосна вест пред милоста Своја ги испраќа. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Аллах е високо над тие кои Му ги здружуваат
64Тој Кој од ништо создава сè, Кој тоа повторно ќе го направи, и Кој снабдувањето од небо и од земјата ви го дава. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Кажи: „Докажете ако ја зборувате вистината!“
65Кажи: „Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот; и тие не знаат кога ќе бидат оживеани.“
66Зарем тие за оној свет знаат нешто? Ништо! Тие се сомневаат во него, тие се слепи спрема него
67Неверниците велат: „Зарем кога ќе станаме земја, и ние и предците наши, навистина оживеани ќе бидеме
68Ова уштеодамна ни севетува, инам ина предците наши, аовасесамо измислици на древните народи
69Кажи: „Патувајте по светот и видете како завршиле злосторниците!“
70И не тагувај поради нив и нека не ти биде тешко во душата поради сплетките нивни
71„Кога, веќе еднаш, ќе се оствари тоа ветување, ако Вистината ја говорите?“ - прашуваат тие
72Кажи: „Сигурно ќе ве стигне нешто од тоа што го избрзувате!“
73А Господарот твој е неизмерно добар кон луѓето, но повеќето од нив не се благодарни
74Господарот твој добро го знае тоа што градите нивни го кријат и тоа што јавно го изнесуваат
75Нема ништо скриено ни на небото ни на Земјата, а да не е во Книгата јасна
76Овој Куран на синовите Израилови најмногу им кажува за тоа за што не се согласуваат
77и тој е, навистина, упатство и милост на верниците
78Господарот твој по правдата Своја ќе им пресуди; Тој е Силниот и Сезнајниот
79затоа потпри се на Аллах, затоа што ти, навистина, ја следиш Јасната Вистина
80Ти не можеш мртвите да ги повикуваш ни глувите да ги довикуваш кога со грбовите ќе се завртат
81ниту можеш слепите од заблудата нивна да ги одвратиш; можеш само да ги повикаш тие кои во зборовите Наши веруваат. Тие се предани
82И кога ќе дојде времето тие да бидат казнети, Ние ќе направиме од земјата да излезе едно животно коеќе им каже дека луѓетоводоказите Наши не биле уверени
83А на Денот кога од секој народ ќе собереме куп од тие што доказите Наши ги негираа – тие ќе бидат собирани па приведувани
84и кога ќе дојдат, Тој ќе запраша: „Дали вие доказите Мои ги негиравте не размислувајќи за нив, или што правевте?“
85И нив ќе ги стигне казна затоа што беа насилници, па нема да можат ни збор да изустат
86Зарем не видоа дека ноќта ја направивме за во неа да одморат, а денот видлив?! Тоа се, навистина, докази за народот кој верува
87А на Денот кога во рогот ќе се дувне, па смртно ќе се преплашат и тие на небесата и тие на Земјата, освен тие кои Аллах ќе ги поштеди, сите понизно ќе Ми дојдат
88Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни, а тие се движат192 како што се движат облаците, тоа е дело на Аллах, Кој сè совршено создал; Тој навистина го знае тоа што го правите
89Тие штоќенаправат добро дело, ќедобијат големанаграда занего иод стравот на Судниот ден ќе бидат поштедени
90а тие што ќе нанесуваат зло, во Огнот на глава ќе бидат турнати. „Па зарем вие се казнувате, освен за тоа што го правевте?“
91Јас примив заповед да Го обожувам само Господарот на овој град кој Тој го направи свет – а сè Му припаѓа Нему – и наредено ми е да Му бидам послушен
92и Куранот да го кажувам; Тој што ќе оди по Вистинскиот пат на Вистинскиот пат е за свое добро, а на тој што е во заблуда, ти кажи му: „Јас само опоменувам.“
93И кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Тој знаците Свои ќе ви ги покаже, па вие ќе ги познаете!“ А Господарот твој не e немарен кон тоа што го правите
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath