26. Еш-Шуара
1Та-син-мим
2Ова се ајети од Книгата јасна
3Зарем ќе се уништиш себеси затоа што тие не сакаат да станат верници
4Кога би сакале, Ние од небото еден знак би им пратиле пред кој тие своите глави би ги наведнале
5И ним не им доаѓа ниту една нова опомена од Семилосниот, а од неа да не се свртат
6И тие негираат, а ќе им дојдат вести за тоа за што се исмејуваа
7Зарем тие негледаат како правиме одземјата да никнуваат разновидни благородни растенија
8Навистина во тоа има Знак, но повеќето од нив не веруваат
9а Господарот твој навистина е Силен и Милостив
10А кога Господарот твој го повика Муса: „Оди кај народот насилнички
11народот на фараонот за да се исплаши од Аллах“
12тој рече: „Господару мој, се плашам тие да не ме обвинат за лага
13Да не ми стане тешко во душата и јазикот да не ми се сплетка; па подај му пратеништво и на Харун, за да ми помогне
14а тие за мене обвинение за злодело имаат, па се плашам да не ме убијат“
15„Нема!“ - рече тој. - „Одете двајцата со доказите Наши, Ние со вас ќе бидеме и ќе слушаме
16Одете кај фараонот и кажете: „Ние сме Пратеници од Господарот на световите
17Дозволи им на синовите Израилови да појдат со нас!“
18„Зарем не те одгледавме додека беше дете и зарем толку години од својот живот не помина меѓу нас?“ - рече фараонот
19„и ти го стори неделото кое го стори и згора на тоа си неблагодарен?!“
20„Јас тогаш тоа го сторив, а бев во заблуда“ - рече
21„а од вас избегав затоа што од вас се плашев, па Господарот мој мудрост ми подари и Пратеник ме направи
22А за добродетелството за кое ми го префрлаш – да не е тоа што синовите Израилови робови ги направи?“
23„А кој е Господарот на световите?“ - запраша фараонот
24„Господарот на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив, ако цврсто верувате“ - одоговори тој
25„Слушате ли?“ - им рече фараонот на тие околу себе
26„Господарот ваши Господарот навашите дамнешни предци“ - рече Муса
27„Пратеникот кој ви е испратен, навистина е луд“ - рече фараонот
28„Господарот на истокот и на западот и на тоа што е меѓу нив, ако разбирате“ - рече Муса
29А фараонот рече: „Ако, освен мене, признаеш некој друг за бог, сигурно во зандана ќе те фрлам!“
30„Зарем и тогаш кога нешто очигледно ќе ти донесам?“ - запраша тој
31„Па дај го, ако Вистината ја говориш!“ - рече фараонот
32И Муса го фрли својот стап, кога тој - вистинска змија
33И раката своја ја извлече, кога таа, за тие што ја гледаа – бела
34„Тој е навистина вешт маѓепсник“, - им рече фараонот на главешините околу себе
35„сака со својата маѓија од земјата ваша да ве изведе. Па што советувате?’
36„Остави ги него и брат му,“ - рекоа - „а во градовите испрати собирачи
37сите вешти меѓепсници ќе ти ги донесат!“
38И маѓепсниците во одреденото време и во означениот ден се собраа
39а на народот му беше кажано: „Сакате ли да се соберете
40да бидеме со маѓепсниците, ако тие бидат победници?“
41А кога дојдоа, маѓепсниците го запрашаа фараонот: „Дали за нас, навистина, ќе има награда ако бидеме победници?“
42„Да,“ - одговори тој - „и тогаш сигурно ќе ми бидете најблиски“
43Муса им рече: „Фрлете го тоа што сакате да го фрлите!“
44И тие ги фрлија јажињата свои и стаповите свои, и рекоа: „Со моќта на фараонот, ние секако ќе победиме!“
45Потоа Муса го фрли својот стап, кој одеднаш го проголта тоа што тие лажно го изведоа
46Волшебниците тогаш, поклонувајќи се, на земја се фрлија
47и рекоа: „Ние веруваме во Господарот на световите
48Господарот на Муса и на Харун
49„Зарем му поверувавте нему пред јас да ви дозволам?!“ - извика фараонот. „Тој е вашиот учител, тој ве научил на маѓепсништвото – а вие ќе запомните: ќе ви ги исечам вашите нозе и раце накрст и сите ќе ве распнам
50„Ништо страшно!“ - рекоа тие - „ние на Господарот свој ќе Мусе вратиме
51Ние се надеваме дека Господарот наш гревовите ќе ни ги прости затоа што сме вистински верници.“
52И Ние му објавивме на Муса: „Тргни во ноќта со робовите Мои, но ќе бидете гонети.“
53И фараонот по градовите испрати собирачи
54„Овие се, навистина, мала група
55и тие, навистина, нè разгневуваат
56а сите ние сме внимателни!“
57И Ние ги изведовме од градините и реките
58од ризниците и од дворците восхитувачки
59Ете, така беше, и Ние дадовме тоа да го наследат синовите Израилови
60И тие, кога сонцето изгреваше, ги стигнаа
61и кога едни со други се видоа, другарите на Муса повикаа: „Навистина нè стигнаа!“
62„Нема,“ - рече тој - „Господарот мој е со мене, Тој патот ќе ми го покаже“
63И Ние му објавиме на Муса: „Удри со стапот свој по морето!“ - и тоа се раздели и секоја негова страна беше како голема планина
64и Ние тогаш другите таму ги приближивме
65а Муса и сите што беа со него ги спасивме
66потоа тие другите ги потопивме
67Тоа е навистина поука, и повеќето од нив не беа верници
68а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
69И кажи им ја веста за Ибрахим
70кога таткото свој и народот свој ги запраша: „Што обожувате вие?“
71а тие одговорија: „Ги обожуваме киповите и везден им се молиме“
72Тој им рече: „Дали тие ве слушаат кога им се молите
73или дали можат да ви користат или наштетат?“
74„Не“ - одговорија - „но ние запомнивме дека предците наши така постапуваа“
75„А дали гледате“ - запраша тој - „дека тие кои вие ги обожувате
76и кои ги обожувале предците ваши
77се, навистина, мои непријатели? Освен Господарот на световите
78Кој ме создаде и на Вистинскиот пат ме упати
79и Кој ме храни и пои
80и Кој, кога ќе се разболам, ме лечи
81и Кој животот ќе ми го одземе, и Кој потоа ќе ме оживее
82и Кој, копнеам за тоа, грешките мои на Судниот ден ќе ми ги прости
83Господару мој, подари ми мудрост и придружи ме кон добрите
84и направи по добро да ме спомнуваат тие што по мене ќе дојдат
85и направи ме еден од тие кој џеннетските благодати ќе ги наследи
86и на татко ми прости му, тој е еден од заталканите
87и не посрамотувај ме на Денот кога луѓето ќе бидат оживеани
88на Денот кога никакво богатство, а ни синовите, нема од корист да бидат
89само тој што кај Аллах со чисто срце ќе дојде, спасен ќе биде.“
90И џеннетот на богобојазните ќе им се приближи
91а џехеннемот на заталканите ќе им се укаже
92и ќе им се каже: „Каде се тие што ги обожувавте
93освен Аллах? Можат ли тие да ви помогнат, а можат ли и себеси да си помогнат?“
94па тие и тие кои во заблуда ги донеле во него ќе бидат фрлени
95и војските на Иблис – сите заедно
96и тие, карајќи се во него, ќе зборуваат
97„Се колнеме во Аллах, навистина бевме во очигледна заблуда
98кога со Господарот на световите ве изедначувавме
99а на лошиот пат не заведоа само злосторниците
100па немаме ни заземач
101ни близок пријател
102ние само да се вратиме, па да станеме верници!“
103Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
104а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
105И народот на Нух ги сметаше Пратениците за лажни
106Кога братот нивен, Нух, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
107Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
108затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
109За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
110Затоа плашете се од Аллах и бидете ми послушни!“
111Тие рекоа: „Како да те послушаме кога најниската класа на луѓе те следи?“
112„Јас не знам што прават тие,“ - рече тој
113„сите пред Господарот мој, да знаете, сметка ќе полагаат
114а јас верниците нема да ги избркам
115јас само јавно опоменувам.“
116„Ако не престанеш, о, Нух,“ - рекоа тие - „сигурно ќе бидеш каменуван!“
117„Господару мој,“ - рече тој - „народот мој за лага ме обвинува
118па Ти мене и ним пресуди ни, а мене и верниците кои се со мене, спаси нè!“
119И Ние него и тие што беа со него, во натоварен брод ги спасивме
120а останатите ги потопивме
121Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
122а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
123И Ад ги сметаше Пратениците за лажни
124Кога братот нивен, Худ, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
125Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
126затоа, плаешете се од Аллах и бидете ми послушни
127За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
128Зошто на секоја височинка, забавувајќи се, палати ѕидате
129и градите тврдини како вечно да ќе живеете
130а кога казнувате, казнувате како насилници
131Плашете се од Аллах и бидете ми послушни
132Плашете се од Тој што ви го дарува тоа што го знаете
133ви дарува добиток и синови
134и градини и извори
135Јас, навистина, се плашам за вас од страдањето на Големиот ден.“
136Тие рекоа: „Нам ни е сеедно ако нè советуваш или не нè советуваш
137вака веруваа древните народи
138и ние нема да бидеме измачувани.“
139И тие продолжија за лага да го обвинуваат, па Ние ги уништивме. Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
140а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
141И Семуд ги сметаше Пратениците за лажни
142Кога братот нивен, Салих, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
143Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
144затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
145За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
146Зарем мислите дека тука ќе бидете оставени безбедни
147во градините и меѓу изворите
148во посевите и меѓу палмите со плодовите зрели
149Вие во планините многу вешто куќи клесате
150затоа плашете се од Аллах и бидете ми послушни
151и не слушајте ги наредбите на тие што во злото претеруваат
152кои на Земјата ред не воспоставуваат, туку неред.“
153Тие рекоа: „Ти си само маѓепсан
154ти си човек како и ние; затоа донеси едно чудо ако е Вистина тоа што го зборуваш!“
155„Еве, тоа е камила,“ - рече тој - „еден ден таа ќе пие, а во другиот ден вие
156и не правете ѝ никакво зло за да не ве стигне страдањето на Големиот ден!“
157Но, тие ја заклаа и потоа се покајаа
158и ги стигна казната! Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
159а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
160И Лутовиот народ ги сметаше Пратениците за лажни
161Кога братот нивен, Лут, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
162Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
163затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
164За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
165Зошто вие, покрај целиот свет, имате односи со мажи
166а жените свои, кои за вас Господарот ваш ги создал, ги оставате? Вие сте луѓе кои секоја граница на злото ја преминувате“
167Тие рекоа: „Ако не престанеш, о, Лут, сигурно ќе бидеш протеран!“
168„Јас се згрозувам од тоа што вие го правите!“ - рече тој
169„Господару мој, сочувај ме мене и семејството мое, од казната за тоа што тие го прават!“
170И Ние го сочувавме него и семејството негово – сите
171освен старицата, која остана со тие што казната ја искусија
172а потоа останатите ги уништивме
173спуштајќи врз нив дожд, а страшен ли дожд за тие што беа предупредени
174Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
175а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
176И жителите на Ејка ги сметаа Пратениците за лажни
177Кога Шуајб им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
178Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
179затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
180За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
181На литарот правилно мерете и не скусувајте
182и на вагата со исправна мерка мерете
183и на луѓето правата нивни не им ги намалувајте и безредие по Земјата не правете
184и плашете се од Тој што ве создаде и вас и народите дамнешни
185Тие рекоа: „Ти си само маѓепсан
186и ти си само човек како и ние; за нас ти си вистински лажливец
187затоа спушти врз нас парче од небото, ако Вистината ја зборуваш
188„Господарот мој добро знае што правите вие.“ - рече тој
189И тие продолжија да го обвнинуваат за лага, па ги стигна казна од темниот облак; а тоа беше ден на големата казна
190Тоа е поука, но повеќето од нив се неверници
191а Господарот твој, е навистина Силен и Милостив
192И Куранот сигурно е објава од Господарот на световите
193поверливиот Џибрил го донесува
194на срцето твое, за да опоменуваш
195на јасен арапски јазик
196Тој е спомнат во книгите на претходните Пратеници
197зарем на овие не им е доказ тоа што за него знаат учените луѓе на синовите Израилови
198А да го објавуваме и на некој неарап
199па тој да им го чита, повторно во него не би поверувале
200Ете така, Ние во срцата на грешниците внесуваме
201тие во него нема да веруваат сè додека не го видат неиздржливото страдање
202кое одеднаш ќе им дојде, кога најмалку ќе го очекуваат
203па ќе речат: „Ќе ни се даде ли малку време?“
204Па зарем тие казната Наша ја избрзуваат
205Што мислиш, ако Ние им дозволиме со години да уживаат
206и на крајот ги снајде заканата
207зарем ќе имаат нешто од слаткиот живот кој го поминувале
208Ние ниту еден град не разурнавме, пред да им дојдат тие што ги опоменувале
209за да примат поука; Ние не бевме неправедни
210Куранот не го донесуваат шејтани
211незамисливо е тие да го прават тоа; тие не се способни за тоа
212тие никако не можат да го прислушкуваат
213Затоа, покрај Аллах, не му се моли на друг бог – за да не бидеш еден од тие што ќе бидат мачени
214И опоменувај ги своите најблиски роднини
215и биди љубезен кон верниците кои те следат
216А ако не те послушаат, ти кажи: „Јас немам ништо со тоа што вие го правите
217И потпри се на Силниот и Милостивиот
218Кој те гледа кога стануваш
219и твоето наведнување меѓу тие кои чинат сеџда
220бидејќи Тој, навистина, сè слуша и сè знае
221Дали да ве известам кому му доаѓаат шејтаните
222Тие му доаѓаат на секој лажливец, грешник
223тие прислушкуваат, а повеќе лажат
224А заведениот ги следи поетите
225Зарем не знаеш дека тие во секој говор навлегуваат
226и дека го говорат тоа што не го прават
227а така не говорат само тие што веруваат и добри дела што прават, и кои често Аллах Го спомнуваат, и кои возвраќаат на навредите. А насилниците сигурно ќе сознаат во каква мака ќе се вовлечат
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath