25. Ал-Фуркаан
1Благословен нека е Тој што на робот Свој му го објавува Фурканот (Куранот) за да им биде опоменувач на световите
2Тој на Кого Му припаѓа власта на небесата и на Земјата, Кој нема дете, Кој во власта нема здруженик и Кој создаде сè и како што треба го уреди
3А тие покрај Него зеле божества кои ништо не создаваат, кои и самите се создадени, кои не се во состојба од себе некаква штета да отстранат ниту некаква корист да сторат, и кои немаат моќ живот да одземат, живот да дадат и да оживеат
4Тие што не веруваат, велат: „Ова не е ништо друго, туку голема лага која тој ја измислува, а во тоа и други луѓе му помагаат.“ – и прават неправда и клевета
5и велат: „Тоа се измислици на древните народи, кои тој ги препишал, па му се читаат наутро и навечер
6Кажи: „Го објавува Тој на Кого Му се познати тајните на небесата и на Земјата; Тој многу простува и Милостив е.“
7И тие велат: „Што му е на овој Пратеник, тој храна јаде и по чаршиите оди; зошто не му е испратен мелек заедно со него да биде опоменувач
8или да му се спушти некакво богатство или да има градина од која би се хранел?“ И насилниците уште велат: „Вие следите маѓепсан човек!“
9Погледни што зборуваат за тебе, па тогаш талкаат и Вистинскиот пат не можат да го најдат
10Благословен е Тој што, ако сака, може да ти даде подобро од тоа: градини низ кои реки течат и дворци
11Тие, дури, и Часот на оживување го негираат, а Ние за тие кои Часот на оживување го негираат, разгорен Оган подготвивме
12Кога ќе ги види од далечина, ќе слушнат како гневен врие и од бес грми
13а кога ќе бидат фрлени во него, во теснец, со врзани раце, пропаста таму ќе ја довикуваат
14Не довикувајте денес само една пропаст, туку довикувајте многу пропасти
15Кажи: „Дали е подобро тоа или вечниот џеннет, кој им е ветен на тие што од Аллах ќе се плашат. Тој награда и живеалиште ќе им биде
16Во него сè што ќе посакаат ќе имаат вечно; тоа е ветување на Господарот твој – тие ќе имаат право да го бараат тоа од Него.“
17Ана Денот кога Тој ќе ги собере, аи тие коипокрај Аллах ги обожувале, па ќе ги запраша: „Дали вие овие Мои робови во заблуда ги заведовте, или тие самите од Вистинскиот пат заталкаа?“
18тие ќе речат: „Возвишен нека си Ти, незамисливо е дека ние покрај Тебе некакви заштитници сме зеле, туку, Ти на овие и на нивните предци си им дал да уживаат, па заборавиле да се сеќаваат на Тебе; тие пропаста ја заслужиле!“
19Тие ќе го негираат тоа што вие го велите, а вие нема да бидете во можност мачењето да го отстраните, ниту помош да најдете. А на тој од вас што сторил насилство, ќе му дадеме големо страдање да искуси
20Ние пред тебе не сме испратиле ниту еден Пратеник кој не јадел и кој по чаршиите не одел. Ние правиме едни со други во искушение да се доведувате, па да видиме дали ќе бидете трпеливи! А Господарот твој гледа сè
21И тие што не се надеваат на средба со Нас, велат: „Зошто не ни се испратат мелеци или зошто Господарот свој не Го гледаме?“ Тие се навистина во душите свои горделиви, а во неправдата сите граници ги преминаа
22Тој Ден кога ќе ги здогледаат мелеците, тогаш нема да има радост за злосторниците. И мелеците ќе говорат: „Вам ви е целосно забранет џеннетот.“
23И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме
24Жителите на џеннетот тој ден најдобро живеалиште и најубаво одморалиште ќе имаат
25А на Денот кога небото ќе се расцепи и од него облак ќе се појави и кога мелеците сигурно ќе се спуштат
26тој Ден вистинската власт ќе биде само кај Семилосниот, а тоа ќе биде мачен ден за неверниците
27На Денот кога насилникот прстите свои ќе ги гризе, говорејќи: „Камо среќа со Пратеникот на Вистинскиот пат да се придржував
28Камо среќа, тешко мене, тој и тој за пријател да не го земев
29Тој од Опомената меодврати, откако ми беше прикажан!“ – ашејтанот секогаш човекот го остава на цедило
30Пратеникот рече: „Господару мој, народот мој Куранот го избегнува!“
31Ние исто така дадовме злосторниците да му бидат непријатели на секој веровесник. А тебе Господарот твој ти е доволен како упатувач и помагач
32Тие што не веруваат, велат: „Зошто Куранот не му е објавен целиот одеднаш?“ А така се објавува за со него срцето твое да го зацврстиме, и Ние го објавуваме постепено
33Тие нема ниту еден приговор да ти дадат, а Ние да нема одговор и најубаво објаснување да наведеме
34Тие што ќе бидат влечени на своите лица во џехеннемот, ќе бидат во најлоша положба и најдалеку ќе заталкаат
35Ние на Муса Книга му дадовме и брат му Харун помошник му го направивме
36и рековме: „Отидете вие двајца кај народот кој доказите Наши ги негира.“ – и потоа тој народ потполно го уништивме
37А и Нуховиот народ, кога Пратениците за лага ги обвинуваа, го потопивме и на луѓето како поучен пример го направивме, а на насилниците страдање болно им подготвивме
38И на Ад и на Семуд и на жителите на Ресс, и на многу народи помеѓу нив
39на сите примери за поука им наведувавме, и потоа сè сосема уништивме
40А тие поминуваат низ градот на кој се срушил кобен дожд – зарем не го гледаат?! – но сепак не го очекуваат проживувањето
41Кога ќе те видат, те исмејуваат: „Дали е ова тој што Аллах го испратил како Пратеник
42За малку од божествата наши да нè одврати, но ние верни им останавме.“ А кога ќе доживеат страдање, ќе дознаат кој далеку од Вистинскиот пат заталкал
43Кажи Ми ти Мене, дали ќе му бидеш чувар на тој што страста за свој бог ја зел
44Мислиш ли дека повеќето од нив сакаат да слушнат или дека настојуваат да сфатат? Тие се како добиток, дури и подалеку од Вистинскиот пат заталкале
45Зарем не гледаш како Господарот твој сенката ја издолжува – а да сака, ќе ја стави да мирува. А потоа направивме Сонцето да ја води
46А потоа малку по малку кон Себеси ја привлекуваме
47Тој ноќта ви ја направи покривка, сонот ви го направи одмор, а денот за движење
48И Тој ги испраќа ветровите како радосна вест, како претходници на Милоста Своја; и Ние од небото чиста вода спуштаме
49за со неа веќе мртвиот предел да го оживееме и мноштвото добиток и мноштвото луѓе, кои ги создадовме, да ги напоиме
50А дождот Ние го расподелуваме меѓу нив за да размислат, а повеќето луѓе одбиваат сè освен неверувањето и неблагодарноста
51Да сакаме, во секој град ќе испратевме некого да опоменува
52затоа не отстапувај им на неверниците и со Куранот бори се против нив со голема борба
53Тој две мориња едно покрај друго остави: едното питко и слатко, другото солено и горко, а меѓу нив преграда и невидлива брана постави
54Тој од водата ги создава луѓето и прави да се роднини по крв и по сватовштина. Господарот твој е моќен за сè
55Наместо Аллах, тие ги обожуваат тие што не се во состојба никаква корист да остварат ниту од нив некаква штета да отстранат. Неверникот е шејтанов помагач против Неговиот Господар
56А Ние тебе те испративме само радосни вести да носиш и да опоменуваш
57Кажи: „За ова од вас не барам никаква награда, освен, тој што сака, да појде по Патот кој води до неговиот Господар
58Ти потпри се на Живиот, Кој не може да умре, и величај Го и заблагодарувај Му! А доволно е тоа што гревовите на робовите Свои добро ги знае
59Тој штозашест временски периоди небесатаи Земјата итоаштоемеѓу нив ги создаде, и тогаш над Аршот се возвиши. Тој е Семилосниот, и за Него прашај го тој што знае
60А кога ќе им се каже: „Поклонете му се на сеџда на Семилосниот!“ - тие прашуваат: „А кој е Семилосниот? Зарем да се поклонуваме на сеџда само поради тоа што ти ни наредуваш?“ И уште повеќе се отуѓуваат
61Благословен нека е Тој што на небото големи ѕвезди создаде и на него Светилка даде и Месечина осветлена
62Тој прави ноќта и денот да се менуваат, тоа е поука за тој што сака да размисли или сака да биде благодарен
63А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат, а кога незналците ќе им се обратат, одговараат: „Мир!“
64и тие кои ги поминуваат ноќите пред Господарот свој поклонувајќи Му се на сеџда и стоејќи
65и тие кои велат: „Господару наш, поштеди нè од страдањето во џехеннемот затоа што страдањето во него е навистина неминовна пропаст
66тој е лошо престојувалиште и живеалиште
67и тие кои, кога даваат, не се расфрлаат и не се скржави, туку при тоа се држат до средината
68и тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната
69страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во неа вечно понижен ќе остане
70освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е
71А тој што ќе се покае и добри дела ќе прави, тој, навистина, на Аллах искрено Му се вратил
72и тие кои не присуствуваат при лагата и неделата, и кои додека поминуваат покрај безделништвото, поминуваат достоинствено
73и тие кои кога ќе бидат опоменати со доказите на Господарот свој, ни глуви ни слепи не остануваат
74и тие кои велат: „Господару наш, подари ни во жените наши и во децата наши радост, и направи нè предводници на богобојазните!“
75Тие, поради тоа што го трпеа, со одаи џеннетски ќе бидат наградени и во нив со поздрав и благослов ќе бидат дочекувани
76Во нив вечно ќе останат, а какво прекрасно престојувалиште и живеалиште се тие
77Кажи: „Аллах не би ви подарил внимание да не е вашето обожување. Вие негиравте, и неминовно ве чека страдањето
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath