Исламот
назад

24. Ан-Нур

1Го објавуваме ова поглавје и неговите прописи ги правиме задолжителни! Во него објавуваме јасни докази за да примите поука

2Блудникот и блудничката искамшикувајте ги со сто удари, секој од нив, и при извршувањето на Аллаховите прописи нека не ве обзема никакво сожалување кон нив, ако верувате во Аллах и во оној свет, и при нивното казнување нека присуствува една група верници

3Блудникот не треба да се жени освен со блудница или со политеистка, а блудницата не треба да биде посакувана освен на блудникот или многубожецот, а тоа им е забрането на верниците

4Тие што ќе обвинат чесни жени, а не го докажат тоа со четири сведоци, со осумдесет удари искамшикувајте ги и никогаш повеќе сведочењето нивно не примајте го; тоа се нечесни луѓе

5освен тие кои потоа ќе се покајат и ќе се поправат, затоа што и Аллах простува и Милостив е

6А тие кои ќе ги обвинат своите жени, а немаат други сведоци, туку само тие се сведоци, ќе го потврдат своето сведочење со заклетва во Аллах, и тоа четирипати дека навистина ја говорат вистината

7а петтиот пат да го погоди Аллаховото проклетство, ако лаже

8А таа ќе биде поштедена од казната ако четирипати се заколне во Аллах дека тој, навистина, лаже

9апеттиот пат да ја стигне Аллаховиот гнев, акотој ја говори вистината

10А да не е Аллаховата добрина и милоста Негова кон вас (Тој ќе ја забрзаше казната врз вас). А Аллах го прима покајанието и Мудар е

11Навистина, тие кои ја изнесоа клеветата, се една група меѓу вас! Не сметајте го тоа за некакво зло за вас; не, тоа е добро за вас. Секој од нив ќе биде казнет според гревот што го заслужил, а тој од нив што тоа најмногу го правел го чека големо страдање

12Зошто, штом тоа го чувте, верниците и верничките не помислија добро едни за други и не си рекоа: „Ова е очигледна клевета!“

13Зошто четворица сведоци не донесоа? А бидејќи не донесоа сведоци, тогаш тие кај Аллах се лажливци

14А да не е Аллаховата добрина и милоста Негова кон вас и на овој и на оној свет, веќе ќе ве стигнеше тешка казна поради тоа во што се впуштивте

15кога почнавте тоа со своите јазици да го прераскажувате и кога со своите усти го зборувавте тоа за што ништо не знаевте, вие тоа за ситница го сметавте, но тоа кај Аллах е крупно

16Зошто, штом тоа го чувте, не рековте: „Нам не ни доликува да зборуваме за тоа, Возвишен нека си Ти! Тоа е голема клевета!“

17Аллах ви наредува повеќе никогаш такво нешто да не повторите, ако сте верници

18и Аллах ви ги објаснува прописите; а Аллах знае сè и Мудар е

19Тие што сакаат за верниците да се шират бесрамни гласини, ги чека тешка казна и на овој и на оној свет, Аллах знае сè, а вие не знаете

20А да не е Аллаховата добрина и милоста Негова кон вас (поинаква ќе ви беше состојбата). А Аллах е Благ и Милостив

21О, верници, не одете по стапките на шејтанот! Тој што ќе оди по шејтановите стапки, тој него на разврат и на одвратни дела ќе го тера. А да не е Аллаховата добрина и милоста Негова кон вас, ниту еден од вас од гревовите никогаш не би се исчистил; но Аллах го чисти тој кого Тој сака. Аллах слуша сè и знае сè

22Чесните и богатите што се меѓу вас нека не се заколнуваат дека веќе нема да ги помагаат роднините и сиромашните, и тие што на Аллаховиот пат родниот крај го напуштија; нека преминат преку тоа и нека простуваат! Зарем вам не би ви било мило Аллах да ви прости? А Аллах простува и Милостив е

23Тие што ќе ги обвинат чесните и невините вернички, нека бидат проклети и на овој и на оној свет; нив ги чека неиздржливо страдање

24на Денот кога против нив ќе сведочат јазиците нивни и рацете нивни, и нозете нивни, за тоа што го правеле

25Тој Ден Аллах ќе ги казни со казната која ја заслужиле и тие ќе сознаат дека Аллах, е навистина, очигледна Вистина

26Лошите жени се за лошите мажи, а лошите мажи се за лошите жени; добрите жени се за добрите мажи, а добрите мажи се за добрите жени. Тие се невини за тоа што за нив се зборува; нив ги чека простување и благородно снабдување

27О, верници, во туѓи куќи не влегувајте додека за тоа дозвола не побарате и додека домашните не ги поздравите; тоа ви е подобро, поучете се

28А ако во нив никого не најдете, не влегувајте во нив сè додека не ви се дозволи; а ако ви се каже: „Вратете се!“ - вие вратете се, тоа ви е најчесно, а Аллах го знае тоа што го правите

29Не е грeшно да влегувате во ненаселените објекти, во кои се наоѓаат работите ваши, а Аллах го знае тоа што јавно го покажувате и тоа што го криете

30Кажи им на верниците нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; тоа им е најморално, затоа што Аллах навистина го знае тоа што го прават

31А кажи им на верничките нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; и нека не ги покажуваат украсите свои освен тоа што е и онака надворешно, и нека ги спуштат веловите свои на градите свои; нека не им ги покажуваат украсите свои на другите, освен на мажите свои или на татковците свои, или на татковците на мажите свои, или на синовите свои, или на синовите на мажите свои, или на браќата свои, или на синовите на браќата свои, или на синовите на сестрите свои, или на пријателките свои, или на робинките свои, или на мажите кои немаат потреба за жени, или на децата кои сè уште не знаат кои се срамните места на жените; и нека не удираат со нозете свои за да не се чуе звукот на накитот нивен кој го покриваат. И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни

32Мажете ги немажените и женете ги неженетите, и побожните робови и робинки свои; ако се сиромашни, Аллах од изобилствата Свои ќе им даде. Аллах е неизмерно добар и знае сè

33Инека севоздржат тие штонемаат можност да сеоженат, додека Аллах од изобилствата Свои не им помогне! А со тие што се сопственост ваша кои сакаат да се откупат, ако се во состојба тоа да го направат, за откупот договорете се. И дајте им нешто од имотот кој Аллах ви го дал. И не ги терајте робинките свои да се занимаваат со блуд – ако тие сакаат да бидат побожни – за да ги стекнете минливите добра на овој свет; а ако некој на тоа ги присили, Аллах, откако биле приморани, ќе им прости и кон нив ќе биде милостив

34Ние ви објавуваме јасни ајети и примери од животите на тие што биле пред вас и исчезнале, и нека бидат поука за тие што ќе стравуваат од Аллах

35Аллах е светлина на небесата и на Земјата! Примерот за светлината Негова е нишата каде што се наоѓа светилката; светилката е во стакло, а стаклото е како блескава ѕвезда која гори од благословеното маслиново дрво, кое не е ни источно ни западно, чиешто масло скоро и да свети кога огнот дури и не го допира; светлина над светлината! Аллах го води кон светлината Своја оној кого Тој сака. Аллах им дава примери на луѓето, Аллах добро знае сè

36Во џамиите кои со Негова волја се градат и во коишто се спомнува Неговото име - Него Го слават, наутро и навечер

37луѓето кои купувањето и продавањето не ги спречуваат Аллах да Го спомнуваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат, и кои стравуваат од Денот во кој срцата и погледите вознемирени ќе бидат

38за Аллах со убава награда да ги награди за делата нивни и за, од добрината Своја, да им даде и повеќе. А Аллах дава снабдување кому сака, неизмерно

39А делата на неверниците се како привидение во рамницата во која жедниот гледа вода, но кога ќе дојде до тоа место, ништо не наоѓа – а ќе го затекне кај него Аллах и Тој целосно ќе му ја исплати сметката негова, бидејќи Аллах многу брзо се пресметува

40или пак, како темнините во длабокото море кое го прекриваат бранови едни над други, над кои се облаците, сè темнини едни над други, и рака да извадиш, тешко дека ќе ја видиш – а тој на кого Аллах нема да му даде светлина, нема ни да има светлина

41Зарем не знаеш дека Аллах Го слават сите што се на небесата и на Земјата, а и птиците со ширењето на крилјата свои; сите знаат како ќе Му се молат и како ќе Го слават. А Аллах добро го знае тоа што тие го прават

42Само на Аллах е власта и на небесата и на Земјата, и кај Аллах сè се враќа

43Зарем не гледаш дека Аллах полека ги движи облаците, а тогаш ги спојува и едни над други ги натрупува, па ти го гледаш дождот како од нив паѓа: Тој од небото, од облаците како планини големи, спушта град, па со него погаѓа кого сака, а поштедува кого сака – блесокот од молњата Негова, скоро да го одзема видот

44Тој прави ноќта и денот наизменично да настапуваат, и во тоа навистина има поука за тие што гледаат

45Сите живи суштества Аллах ги создава од вода, некои од нив на стомаците ползат, некои на две нозе одат, а некои, пак, на четри одат; Аллах создава што сака, бидејќи Аллах може сè

46Ние објавуваме ајети јасни; а Аллах го упатува на Вистинскиот пат тој кого Тој сака

47А лицемерите велат: „Ние веруваме во Аллах и во Пратеникот и се покоруваме“ – потоа некои од нив главите ги вртат; тие не се верници

48Кога биваат повикани пред Аллах и Пратеникот Негов да им пресуди, некои од нив одеднаш грбот го вртат

49само ако знаат дека правдата е на нивна страна, доаѓаат послушно

50Дали срцата им се болни, или се сомневаат, или стравуваат дека Аллах и Пратеникот Негов кон нив неправедно ќе постапат? Ниту едно, туку тие се насилници

51Кога верниците пред Аллах и Неговиот Пратеник биваат повикани, за Тој да им пресуди, само велат: „Слушаме и се покоруваме!“ – тие ќе успеат

52Тие кои на Аллах и на Пратеникот Негов ќе им се покоруваат, кои од Аллах ќе се плашат и кои од Него ќе стравуваат – тие ќе успеат

53Лицемерите се колнат во Аллах, со најтешката заклетва, дека сигурно ќе одат во бој ако ти им наредиш. Кажи: „Не колнете се! Се знае што е покорност! Аллах добро го знае тоа што вие го правите

54Кажи: „Покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот!“ А ако се свртите, тој е должен да го прави тоа што му се наредува, а вие сте должни тоа што вам ви се наредува, па ако му бидете послушни, ќе бидете на Вистинскиот пат, а Пратеникот само е должен јасно да доставува

55Аллах ветува дека тие меѓу вас кои ќе веруваат и кои добри дела ќе прават, сигурно за намесници на Земјата ќе ги постави, како што ги поставил за намесници тие пред нив, и дека навистина верата нивна ќе ја зацврсти, таа што Тој им ја сака, и дека сигурно стравот со безбедност ќе им го замени; тие само Мене ќе Ме обожуваат, и нема здруженици да Ми припишуваат. А тие кои и по тоа ќе бидат неблагодарни – тие се вистински грешници

56А вие намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте, и на Пратеникот послушни бидете му, за да ви се укаже милоста

57Немој никако да мислиш дека неверниците ќе можат да Му се спротивстават на Земјата; нивното престојувалиште ќе биде Огнот, а тој е навистина грозно живеалиште

58О, верници, тие што се ваша сопственост и тие што сè уште не се полнолетни нека побараат дозвола од вас за кај вас да влезат во три случаи: пред сабах намаз (утринската молитва) и кога на пладне ќе ја одложите облеката своја, и по извршувањето на јација намаз (вечерната молитва). Тоа се трите периоди кога не сте облечени, а во другите периоди не ви е грев ниту вам ниту ним, та тие кај вас често влегуваат, а вие едни кај други влегувате. Така Аллах ви ги објаснува прописите! А Аллах знае сè и Мудар е

59А кога вашите деца ќе станат полнолетни, тогаш секогаш нека бараат дозвола за влез, како што бараа дозвола тие пред нив; така Аллах ви ги објаснува Своите прописи! А Аллах сè знае и Мудар е

60А на старите жени кои веќе не копнеат за мажење не им е грев да ги одложат наметките свои, но не покажувајќи ги тие места на кои украсите се носат; а подобро им е да бидат поскромни. Аллах слуша сè и знае сè

61Не прави грев слепецот, ниту сакатиот, ниту прави грев болниот, а ниту вие самите, ако јадете во куќите ваши, или во куќите на татковците ваши, или во куќите на мајките ваши или во куќите на браќата ваши, или во куќите на сестрите ваши, или во куќите на чичковците ваши, или во куќите на тетките ваши по татко, или во куќите на вујковците ваши, или во куќите на тетките ваши по мајка, или кај тие чиишто клучеви се кај вас или кај пријателот ваш; не ви е грев да јадете заедно ниту одделно. А кога ќе влегувате во куќите, вие домашните поздравете ги со поздравот од Аллах пропишаниот, благословениот и убавиот. Така Аллах ви ги објаснува прописите, за да се опаметите

62Вистински верници се само тие кои во Аллах и во Неговиот Пратеник веруваат, а кои, кога се со него на некој важен состанок, од него не се оддалечуваат сè додека од него дозвола не добијат. Тие кои од тебе бараат дозвола, во Аллах иво Пратеникот Негов, навистина, веруваат. И кога тие ќе побараат дозвола од тебе поради некаква работа своја, дозволи му на кого сакаш од нив, и замоли Го Аллах да им прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е

63Не правете го довикувањето на Пратеникот помеѓу вас како довикувањето кое вие едни со други си го упатувате; Аллах сигурно ги знае тие меѓу вас кои се искрадуваат. Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата Негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде

64Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата, Тој сигурно знае какви сте вие, и Тој ќе ги извести за сè што правеле на Денот кога Нему ќе Му се вратат. А Аллах добро знае сè

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath