Исламот
назад

23. Ал-Муминун

1Успешни се верниците

2Tие кои во своите намази (молитви) се понизни

3и кои лошиот говор го одбегнуваат

4и кои зекат даваат

5и кои срамните места свои ги чуваат

6освен оджените свои или тие коисе нивна сопственост, тие навистина прекор не заслужуваат

7а тие што и покрај тоа бараат, тие во злото сосема претеруваат

8и кои за доверените аманети и обврски свои се грижат

9и кои намазите (молитвите) свои на време ги извршуваат

10тие се достојни наследници

11кои Фирдеусот ќе го наследат, тие во него вечно ќе престојуваат

12Ние навистина човекот од екстракт од глина го создадовме

13потоа како капка семе на безбедно место го ставивме

14потоа капката семе грутка крв ја направивме, потоа од грутката крв парче месо создадовме, па од парчето месо коски направивме, а потоа коските со месо ги обвиткавме, и потоа, како друго создание, го оживуваме, па нека е возвишен Аллах, Најубавиот Создател

15Вие, потоа, ќе умрете

16потоа, на оној свет, оживени ќе бидете

17Ние седум небеса над вас создадовме, и Ние не сме немарни кон тоа што го создадовме

18Ние од небото со мерка дожд спуштаме, и во земјата го задржуваме – а способни сме и да го тргнеме

19и со негова помош градини од палми и винова лоза за вас подигаме – во нив многу овошја имате, и вие го јадете

20и дрвото кое на Синајската гора расте, кое масло дава, и зачин е за тие што го јадат

21И добитокот ви е поука: Ние ви даваме да пиете од тоа што се наоѓа во утробите нивни, и вие од нив многу користи имате и вие од нив се храните

22и на нив, и на бродовите се возите

23Ние го испративме Нух на народот негов, и тој велеше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите

24Но главешините на народот негов, кои не веруваа, велеа: „Ова е човек како и вие, само сака да е поугледен од вас. Да сакаше Аллах, мелеци ќе испратеше; вакво нешто не сме чуле од нашите дамнешни предци

25тој е луд човек, па пуштете го некое време!“

26„Господару мој,“ - рече тој - „помогни ми, тие за лага ме обвинуваат!“

27Па Ние му објавивме: „Брод, пред очите Наши и според објавата Наша, гради, па кога заповедта Наша ќе дојде и водата на површината земјата ќе избие, ти во неа натовари од секој вид по два, мажјак и женка, и семејството свое, но не и тие од нив за кои претходеше Зборот, и не Ми се обраќај за насилниците, бидејќи навистина ќе бидат потопени

28Па кога ќе се сместиш во бродот, ти и тие што се со тебе, кажи: „Му благодарам на Аллах, Кој нè спаси од народот насилнички!“

29И кажи: „Господару мој, закотви ме на благословено место, Ти тоа најдобро го знаеш!“

30Во тоасе, навистина, поуки, а Ние, навистина, стававмевоискушение

31По нив други поколенија создававме

32и еден од нив како Пратеник им го испративме: „Само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите?“

33Но главешините од народот негов, кои не веруваа, кои негираа дека на оној свет ќе бидат оживеани и на кои им дадовме во животот на овој свет раскошно да живеат, говореа: „Тој е човек како и вие; го јаде тоа што и вие го јадете, и го пие тоа што и вие го пиете

34и ако му се покорувате на човек како што сте и вие, сигурно ќе бидете изгубени

35Зарем тој вам да ви ветува, дека откако ќе умрете и земја и коски ќе станете, навистина оживеани ќе бидете

36Далеку е, далеку е тоа што ви се ветува

37Постои само животот на овој свет, ние живееме и умираме, а оживеани нема да бидеме

38Тој е човек кој за Аллах изнесува лаги, и ние не му веруваме.“

39„Гоподару мој,“ - ќе замолеше тој - „помогни ми, тие за лага ме обвинуваат!“

40„Тие наскоро ќе се покајат!“ - ќе одговореше Тој

41и заслужено ќе ги погодеше страшен глас, и Ние ќе ги направевме како што е речниот нанос, па далеку нека е народот насилнички

42А потоа, по нив, други поколенија создававме

43ниту еден народ не може да го забрза ниту да го успори времето на пропаста своја

44и Пратеници, едни по други праќавме. Кога и да им дојдеше Пратеникот на некој народ, за лага го обвинуваа, и Ние поради тоа едни со други ги сменувавме, и само во приказните за нив споменот го сочувавме, далеку нека се луѓето што не веруваа

45Потоа го пративме Муса и брат му Харун со знаците Наши и со очигледен доказ

46на Фараонот и главешините негови, но тие се возгордеаја, тоа беа луѓе надмени

47„Зарем да им поверуваме на двајцата кои се исти како и ние, а луѓето нивни се робови наши?“ – говореа

48и нив двајца за лажговци ги прогласија, па поради тоа беа уништени

49На Муса потоа Книга му дадовме, за синовите Израилови по Вистинскиот пат да одат

50И синот Мерјемин и мајката негова доказ (за луѓето) ги сторивме. Ние нив на една височинка со проточна вода ги сместивме

51О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите

52Оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па плашете се од Мене

53А тие по прашањата од верата своја се разделија на групи, секоја група радосна со тоа што го исповеда

54затоа остави ги овие во заблудата нивна уште некое време

55Мислат ли тие – кога со имот и со синови им помагаме

56дека брзаме некое добро дело да им направиме? Никако, но тие не забележуваат

57Тие кои со стравопочит од Господарот свој стравуваат

58и тие кои во доказите на Господарот свој веруваат

59и тие кои здруженици на Господарот свој не Му припишуваат

60и тие кои даваат од тоа што им се дава, а срцата им се полни од страв затоа што ќе Му се вратат на својот Господар

61тие итаат да прават добри дела, и во нив другите ги надминуваат

62Ние никого не оптоваруваме преку неговите можности; кај Нас е Книгата која вистината ја говори, и на никого неправда нема да му се стори

63Но, срцата нивни се невнимателни кон ова, а покрај тоа и лоши дела постојано прават

64А кога на мака ги ставивме тие од нив кои раскошен живот живееја, тие веднаш се жалеа

65Сега не жалете се, Ние нема помош да ви укажеме

66ајетите Мои вам ви се кажувани, но вие се оттргнувавте

67гордеејќи сесо Храмот исостанувајќи се, вие лоши зборови говоревте

68Зошто тие не размислат за Куранот? Зарем им доаѓа нешто што не им доаѓало на нивните древни предци

69Или не го познаваат Пратеникот свој, па затоа го негираат

70Или велат: „Лудилото е при него!“ Меѓутоа, тој Вистината им ја донесува, но повеќето од нив Вистината ја презираат

71Да се води Аллах според нивните страсти, сигурно ќе го снемаше поредокот на небесата и на Земјата и во тоа што е на нив; Ние им го дадовме Куранот, славата нивна, но тие за славата нивна не внимаваат

72Или бараш награда од нив? Та наградата од Господарот твој е подобра, Тој е најдобриот Снабдувач

73Ти нив ги повикуваш на Вистинскиот пат

74но тие кои во оној свет не сакаат да веруваат, навистина, од Вистинскиот пат скршнуваат

75И кога би им се смилувале и од неволјата би ги ослободиле, повторно во заблудата своја тие подеднакво би талкале

76Ние на мака ги стававме, но тие на Господарот свој не Му се покорија, ниту молитви упатуваа

77дури кога портите на тешкото страдање ќе ги отвориме, тие надежта ќе ја изгубат и во очај ќе паднат

78Тој ви дава слух, и вид и памет, а колку малку вие заблагодарувате

79Тој на Земјата ве создава, и пред Него ќе се соберете

80Тој живот и смрт дава и само од Него зависи менувањето на ноќта и денот, па зошто не сфатите

81Но, тие зборуваат како што зборуваа тие пред нив

82Велеа: „Зарем кога ќе испоумираме и кога прав и коски ќе станеме, зарем навистина оживеани ќе бидеме

83И нам и одамна на предците наши тоа ни е ветувано, но, тоа се само измислици на древните народи

84Запрашај: „Чија е Земјата и сето тоа што е на неа, знаете ли?“

85„На Аллах!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш не доаѓате при себе?“

86Запрашај: „Кој е Господарот на седумте небеса и кој е Господарот на Аршот величествен

87„Аллах!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите?“

88Запрашај: „Во чија рака е власта над сè, а Тој зема во заштита, и од кого никој не може да биде заштитен, знаете ли

89„Тоа е Аллахово!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш дозволувате да бидете заведени?“

90Да, Ние вистината им ја доставуваме, а тие се навистина лажговци

91Аллах не си зел Себеси син, и со Него нема друг бог! Инаку, секој бог, со тоа што го создал ќе правел што сака, и еден со друг ќе се победувале. – Возвишен нека е Аллах Кој е далеку од тоа што тие го изнесуваат

92Кој го знае и невидливиот и видливиот свет, и Тој е многу високо над тие кои Му ги здружуваат

93Кажи: „Господару мој, ако сакаш да ми го покажеш тоа со што на нив им се заканува

94тогаш, Господару мој, не оставај ме со народот насилнички!“

95А Ние, навистина можеме да ти го покажеме тоа со што им се закануваме

96Ти со добро возврати му на злото, Ние добро знаеме што изнесуваат тие

97и кажи: „Јас Тебе, Господару мој, Ти се обраќам за заштита од шејтанските дошепнувања

98и Тебе, Господару мој, Ти се обраќам да ме заштитиш од нивното присуство.“

99Кога на некој од нив смртта ќе му дојде, тој извикува: „Господару мој, поврати ме

100да направам некакво добро во тоа што го оставив!“ – Никогаш! Тоа се зборови кои тој залудно ќе ги говори – пред нив препрека ќе има сè до Денот кога ќе бидат оживеани

101Па кога во Рогот ќе се дувне, тогаш роднински врски меѓу нив нема да има и меѓусебно нема ништо да се прашаат

102Тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе се спасат

103а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие сосема ќе бидат изгубени, во џехеннемот вечно ќе престојуваат

104Огнот лицата ќе им ги гори и со исклештени заби во него ќе бидат

105Зарем Моите ајети не ви се кажувани, а вие ги негиравте

106„Господару наш,“ - ќе речат - „нашите страсти беа посилни од нас, па станавме заталкан народ

107Господару наш, извади нè од неа; ако повторно зло направиме, ќе бидеме насилници.“

108„Останете во неа понижени, и ништо не Ми зборувајте!“ - ќе рече Тој

109Кога некои робови Мои велеа: „Господару мој, ние веруваме, затоа прости ни и смилувај ни се, бидејќи Ти си Најмилостивиот!“

110Вие толку им се исмејувавте, што поради тоа на Мене заборавивте исекогаш им се исмејувавте

111Нив денес Јас ги наградив за тоа што трпеа, тие навистина успеаја

112„А колку години поминавте на Земјата?“ - ќе запраша Тој

113„Поминавме само ден или само дел од денот,“ - ќе одговорат - „прашај ги тие што броеја.“

114„Па да, кратко поминавте,“ - ќе рече Тој - „само да знаевте!“

115„Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?“

116И нека е Возвишен Аллах, Вистинскиот Владетел, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен

117А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат

118и кажи: „Господару мој, прости и смилувај ми се, Ти си најдобриот Семилосник

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath