21. Ал-Анбија
1На луѓето им се ближи Часот на полагањето на нивната сметка, а тие безгрижни, не внимаваат на тоа
2И не им доаѓа ниту една нова опомена од Господарот нивен на која, слушајќи ја, не ѝ се потсмеваат
3со расеани срца. А злосторниците шепотат: „Дали е овој нешто друго освен човек како и вие? Зарем ќе ја следите магијата, а гледате дека е?!“
4„Господарот мој знае,“ - рече тој- „што се зборува на небото и на Земјата; Тој сè слуша и сè знае!“
5Тие дури и велат: „Тоа се само збунети соништа; тој го измислува (Куранот); тој е поет; нека ни донесе некакво чудо како и претходните Пратеници!“
6Ниту еден град кој Ние пред нив сме го уништиле не поверува во чудо, па зарем овие ќе поверуваат
7И пред тебе само луѓе праќавме на коишто им објавуваме, затоа прашајте ги учените луѓе ако вие не знаете
8Ние не сме ги создале како тела кои живеат без храна, ниту пак тие беа бесмртни
9Потоа ветувањето им го исполнувавме, и нив, и тие кои сакавме, ги спасувавме, а тие што негираа ги уништувавме
10Ние ви ја објавуваме Книгата во којашто е славата ваша, па зошто не се опаметите
11А колку насилнички населби имаше кои Ние ги уништивме и по кои други народи подигнавме
12И штом силата Наша ќе ја почувствуваа, од нив ќе се разбегаа
13„Не бегајте, вратете се на уживањата ваши и на домовите ваши, можеби некој нешто ќе ве праша.“
14„Тешко нам,“ - ќе велеа - „ние, навистина, бевме насилници“
15И ќе лелекаа така сè додека не ги направевме, како жито пожнеано, неподвижни
16Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив, за забава
17Да сакавме да се забавуваме, ќе се забавувавме така како што Ни доликува, но Ние тоа не го правиме
18туку со вистината ја потиснуваме лагата, вистината ја гуши и лагата исчезнува; а тешко вам поради тоа што за Него го изнесувате
19Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! А тие176 што се кај Него не одбиваат да Му бидат покорни, и не се заморуваат
20Го слават и ноќе и дење, не се истоштуваат
21Зарем киповите, кои тие од земја ги прават, ќе ги оживеат мртвите
22Да управуваа други богови со Земјата и небесата, а не Аллах, ќе се побркаа. Па нека е возвишен Аллах, Господарот на Аршот, од тоа што Му го припишуваат
23Тој нема да биде прашан за тоа што го прави, а тие ќе бидат прашани
24Зарем покрај Него да земаат други богови?! Кажи: „Дајте го вашиот доказ!“ Овој Куран е опомена, а и претходните Книги се опомена за тие што биле пред мене. Меѓутоа, повеќето од нив не ја знаат Вистината, па се вртат
25Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: „Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!“
26Тие велат: „Семилосниот си зелдете!“ Возвишен нека е Тој! Амелеците се само робови почитувани
27Тие не зборуваат сè додека Тој не им одобри и постапуваат така како што Тој ќе им нареди
28Тој знае што правеле и што ќе прават, и тие ќе се заземаат само за тој од кого Тој ќе биде задоволен, а и тие самите, од страв кон Него, се плашат
29А ако некој од нив би рекол: „Јас сум, освен Него, бог!“, би го казниле со џехеннем, бидејќи Ние така ги казнуваме насилниците
30Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сè живо создаваме? Па зарем нема да веруваат
31Ние по Земјата неподвижни планини разместивме за таа да не ги потресува, па по нив премини и патеки направивме за тие да стигнуваат каде што сакаат
32А небото го направивме заштитен свод, а тие од Неговите знаци се вртат
33И Тој е Тој што ги создаде ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, и сите тие во вселената пловат
34И Ние ниту на еден човек пред тебе не му дадовме вечност; ако ти умреш, зарем тие довека ќе живеат
35Секое живо суштество смртта ќе ја вскуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите
36Кога неверниците ќе те здогледаат, само те исмејуваат: „Дали е тоа тој што вашите божества ги хули?“
37Човекот е создаден да брза.177 Ќе ви ги покажам Јас вам доказите Свои, затоа Не ме брзајте
38Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде тоа ветување, ако вистината ја говорите?“
39А да знаат неверниците дека тогаш нема да можат да го оттргнат Огнот од лицата свои и грбовите свои, и дека никој нема да може да им пружи помош
40туку дека ненадејно ќе им дојде и ќе ги изненади, и дека нема да можат да го спречат и дека нема време да им се даде
41И пред тебе Пратениците ги исмеваа, па тие кои им се исмејуваа ги стигна токму тоа за што се исмејуваа
42Кажи: „Кој, освен Семилосниот, ноќе и дење ќе ве штити? Никој!“ Но сепак тие од Опомената на Господарот свој се вртат
43Зарем нивните божества, а не Ние, ќе ги одбранат? Та тие самите себеси не можат да си помогнат, и никој од Нашата казна не ќе може под закрила да ги земе
44Ние на овие, а и на предците нивни, им дадовме да уживаат сè додека животите им траеја. А зарем тие не гледаат дека Ние во земјата нивна доаѓаме и дека од краевите нивни ја намалуваме, па како тие би биле победници
45Кажи: „Јас веопоменувам со Објавата!“ - но, глувите не слушаат повик кога биваат опоменувани
46А само делче од казната на Господарот твој ги допре, сигурно ќе повикаат: „Тешко нас, навистина самите на себеси неправда си сторивме!“
47Ние на Судниот ден терезиите178 на правдата ќе ги поставиме, па никому неправда нема да му биде направена: ако нешто биде тешко дури и колку зрно синап, Ние за тоа ќе казниме или ќе наградиме. А доста е тоа што Ние за сметките ќе испрашуваме
48Ние на Муса и на Харун им дадовме Фуркан179, светло и опомена за богобојазните
49за тие кои од Господарот свој ќе стравуваат и кога никој не ги гледа, и кои од Часот на оживувањето ќе стравуваат
50И ова е благословената Опомена која ја објавуваме, па зарем вие да ја негирате
51Ние уште претходно на Ибрахим разумност му дадовме и добро го познававме
52Кога тој на својот татко и на својот народ им рече: „Какви се овие кипови кои дење и ноќе ги обожувате?“
53тие одговорија: „И нашите предци ги обожуваа.“
54„И вие сте, а и предците ваши беа, во очигледна заблуда.“ - рече
55„Го зборуваш ли ти тоа сериозно или само се шегуваш?“ - запрашаа тие
56„Не,“ - рече - „Господарот ваш е Господар на небесата и на Земјата. Тој нив ги создал, и јас сум ви сведок за тоа
57Се колнам во Аллах, јас навистина на вашите кипови ќе им наштетам откако ќе се оддалечите.“
58И тој ги испокрши во парчиња, освен најголемиот, за нему да му се обратат
59„Кој им гостори ованабоговите наши?“ - повикаа тие - „Тој навистина е насилник.“
60„Чувме едно момче како зборува против нив,“ - рекоа - „името му е Ибрахим.“
61„Донесете го, луѓето да го видат,“ - рекоа - „за да посведочат.“
62„Дали ти го стори ова со боговите наши, о, Ибрахиме?“ – запрашаа
63„Тоа го стори најголемиот од нив; прашајте ги ако знаат да зборуваат.“ - рече тој
64И тие се прибраа, пасамите си рекоа: „Вие сте, навистина, насилници!“
65Потоа главите ги наведнаа и рекоа: „Ти знаеш дека тие не зборуваат!“
66„Па зошто тогаш, наместо Аллах, ги обожувате тие кои не можат да ви користат ниту од вас некаква штета да отстранат?“ - запраша тој
67„Тешко вам и на тие кои, наместо Аллах, ги обожувате! Зошто не се опаметите?“
68„Запалете го и на боговите ваши помогнете им, ако сакате тоа да го направите!“ - повикаа
69„О, огну!“ - раковме Ние - „Стани ладен и спас за Ибрахим!“
70И сакаа да му сковаат завера, но Ние ги направивме најголеми губитници
71И го спасивме и него и Лут, во земјата која за луѓето ја благословивме
72и му го подаривме Исхак, и Јакуб како внук, и сите ги направивме добри
73и ги направивме водачи за да упатуваат според заповедта Наша, и им објавивме да прават добри дела, и намаз (молитва) да извршуваат, и зекат да даваат, и само Нас нè обожуваа
74И на Лут мудрост и знаење му дадовме, и од градот, во кој жителите негови одвратни работи правеа, го изведовме, тоа навистина беше народ развратен и зол
75и во милоста Наша го внесовме; тој е навистина од добрите
76И спомни го Нух– когаво дамнешно време повика, па Мусеодѕвавме, и него и неговото семејство од голема казна ги спасивме
77и од народот, кој невистинити ги сметаше доказите Наши, го заштитивме. Тоа беа лоши луѓе, па сите ги потопивме
78И спомни ги Давуд и Сулејман, кога судеа за посевот што во ноќта нечии овци го испасле, и Ние бевме сведоци на судењето нивно
79и направивме Сулејман да проникне во тоа, а на двајцата мудрост и знаење им дадовме. И ги потчинивме планините и птиците за со Давуд, на Аллах да Му заблагодаруваат: Ние бевме кадарни тоа да го направиме
80И го научивме да изработува панцири за вас, за да ве штитат во борбата со непријателот, па зошто не сте благодарни
81А на Сулејман, силен ветер му потчинивме, по негова заповед дуваше кон земјата која ја благословивме; а Ние сè добро знаеме
82и шејтани некои, заради него да нуркаат, а правеа и други работи, и над нив Ние бдеевме
83И на Ејјуб, кога Господарот свој Го повика: „Мене неволја ме снајде, а Ти си од милостивите, Најмилостивиот“
84му се одѕвавме и неволјата која го снајде му ја тргнавме, и му го вративме, со милоста Наша, семејството негово, и со нив уште толку, и да им биде поука на тие што Нам ни се покорни
85И спомни ги Исмаил и Идрис и Зулкифл180, а сите тие беа трпеливи
86И ги внесовме во милоста Наша, тие навистина беа меѓу добрите
87И спомни го Зуннун181, кога гневен отиде и помисли дека нема да го усмртиме, па потоа во темнините тажно замоли: „Нема бог освен Тебе, Славен си! Јас, навистина, бев од тие што си сторија насилство!“
88Па му се одѕвавме и од тешкотијата го спасивме; ета така Ние ги спасуваме верниците
89И (спомни го) Зекеријја, кога Го повика Господарот свој: „Господару мој, не оставај ме сам, а Ти си Најдобриот Наследник!“ Па ние му се одѕвавме и му го подаривме Јахја и му ја излечивме жената
90Тие се трудеа што повеќе добри дела да направат и Ни се молеа и во надеж и во страв, и кон Нас беа понизни
91А (спомни ја) и таа182 што ја сочува девственоста своја, во неа живот вдахнавме, и неа и синот нејзин доказ за светот ги направивме
92Навистина оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па Мене обожувајте Ме
93И тие меѓу себе во верата се разделија, а сите Нам ќе ни се вратат
94Кој ќе прави добри дела, а при тоа ќе биде и верник, трудот нема да му биде лишен од награда, бидејќи Ние сигурно сме го забележале
95А не е допуштено жителите на кој било град, кој Ние сме го уништиле, да се вратат
96И кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога низ сите стрмнини итајќи ќе се спуштаат
97и ќе се приближи Вистинската закана, тогаш погледите на неверниците ќе се вкочанат. „Тешко нас, ние кон ова рамнодушни бевме, ние самите себеси неправда си сторивме!“
98И вие и тие кои, покрај Аллах, ги обожувате, ќе бидат гориво во џехеннемот, а во него навистина ќе влезете
99Тие да се богови, не би влегле во него, и сите во него вечно ќе престојуваат
100Во него пригушено ќе издишуваат, во него ништо радосно нема да чујат
101А на тие на кои уште претходно убава награда им ветивме, тие од него далеку ќе бидат
102Бучењето негово нема да го чујат, и вечно во тоа што душите им го посакуваат ќе уживаат
103нема да ги загрижува најголемиот ужас, туку мелеците ќе ги дочекаат: „Еве, ова е вашиот Ден, ветен на вас!“
104Тој Ден, кога ќе ги свиткаме небесата како што се свиткува лист хартија, така како што првиот патод ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме
105Ние во Зебурот, по Опомената, напишавме дека Земјата Моите добри робови ќе ја наследат
106Во ова, навистина, има порака за луѓето кои го обожуваат Аллах
107а тебе само како милост на световите те пративме
108Кажи: „Мене ми се објавува дека вашиот Бог е Еден Бог, па само Нему бидете Му предани!“
109А ако тие се свртат, ти кажи: „Јас сите вас, без разлика, ве опоменав, а не знам дали е блиску или далеку Тоа што ви се ветува
110Тој ги знае гласно изговорените зборови, го знае и тоа што го криете
111а јас не знам да не ви е тоа искушение и пружање уживање уште за извесно време
112Господару мој, пресуди така како што заслужиле!“ - рече тој - „А Господарот наш, Семилосниот, е Тој кај Кого треба да се бара помош против тоа што вие го изнесувате.“
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath