19. Маријам
1Каф–ха–ја–ајн–сад
2Ова е спомен за милоста на Господарот твој конробот Негов Зекеријја
3кога тој тивко го повика Господарот свој
4и рече: „Господару мој, коските ми ослабнаа и косата ми оседе, а кога сум Ти упатил молба, Господару мој, никогаш не сум останал несреќен
5Сеплашам одроднините моипо крв, после мене, ажена ми енеплодна, затоа подари ми наследник од Себе
6да ме наследи мене и семејството Јакубово, и стори, Господару мој, да бидеш задоволен од него.“
7О, Зекеријја, ти јавуваме радосна вест дека ќе ти се роди момченце, името ќе му биде Јахја, пред него никого не сме направиле нему сличен
8„Господару мој,“ - рече тој - „како ќе имам син кога жената ми е неплодна, а веќе длабока старост доживеав?“
9„Ете така.“ - рече. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно, и тебе претходно те создадов, а ти не беше ништо.“
10„Господару мој,“ - рече - „дај ми некаков знак.“ „Знак ќе ти биде тоа што три ноќи со луѓето нема да разговараш, а здрав ќе бидеш.“
11Итој излезе од михработ коннародот свој исо знак им даде на знаење: „Славете Го наутро и навечер.“
12„О, Јахја, прифати ја Книгата одлучно!“ – а му дадовме мудрост уште додека беше момче
13и нежност и крепост, и богобојазен беше
14и на родителите свои добар им беше, и не беше дрзок и непослушен
15И нека е мир над него, на денот кога се роди и на денот кога умре и на денот кога од мртвите ќе стане
16И спомни ја Мерјем во Книгата: кога од домашните свои, на источна страна се повлече
17и од нив се прегради, Ние кон неа мелекот Џибрил го пративме и тој ѝ се покажа во лик на совршено создаден маж
18„Барам заштита кај Семилосниот од тебе, ако од Него се плашиш!“ - повика таа
19„А јас сум токму гласник од Господарот твој,“ - рече тој - „да ти подарам момченце, чисто!“
20„Како ќе имам син“ - рече таа - „кога ниту еден маж не ме ни допрел, а јас не сум блудница?“
21„Тоа е така,“ - рече тој. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно.“ - и за да го направиме знак на луѓето и милост од Нас. Неговиот случај е веќе однапред одреден
22И таа го зачна и бремена се тргна некаде далеку
23И породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма. „Камо среќа порано да умрев и целосно во заборав да паднев!“ - повика таа
24И тој, под неа, ја повика: „Не тагувај, Господарот твој даде подолу од тебе поток да потече
25Затреси го палминото дрво, ќе истури по тебе урми свежи
26па јади и пиј и биди весела! А ако видиш некој човек, кажи: „Јас Му се заветував на Семилосниот дека ќе молчам, и денес со никого нема да зборувам“
27И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. „О, Мерјем!“ - рекоа тие - „нешто нечуено си сторила
28Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а ни мајка ти не беше блудница“
29Таа него им го посочи: „Како да зборуваме со дете во колевка?“ - рекоа тие
30„Јас сум Аллахов роб,“ - рече тој - „Тој мене Книга ќе ми даде и веровесник ќе ме направи
31и ќе ме направи благословен каде и да бидам, и ќе ми нареди сè додека сум жив намаз (молитва) да извршувам и зекат да давам
32и кон својата мајка добар да бидам, а нема да ме направи силник, несреќник
33Инека е мир надмене, наденот когасеродив инаденот когаќеумрам, и на денот кога од мртвите ќе бидам проживеан
34Тоа е Иса, синот Мерјемин, тоа е реалната вистина за него, тој во кого тие се сомневаат
35Незамисливо е Аллах да има дете, Возвишен е тој! Кога нешто ќе одреди, Тој за тоа само ќе каже: „Биди!“ – и тоа бидува
36Аллах е и мој и ваш Господар, затоа обожувајте Го само Него! Тоа е Вистинскиот пат
37И следбениците на Книгата во мислењето за него се разделија, па тешко на тие што не веруваат кога на Денот голем ќе бидат присутни
38Колку добро ќе чујат и колку добро ќе видат тој Ден кога ќе Ни дојдат! А насилниците се сега во очигледна заблуда
39И предупреди ги со Денот натагата, когасополагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат
40Ние ќе ги наследиме Земјата и тие што живеат на неа и тие Нам ќе Ни се вратат
41Спомни го Ибрахим во Книгата! Тој беше вистинољубив, веровесник
42Кога му кажа на таткото свој: „О, Татко мој, зошто го обожуваш тој што ниту слуша ниту гледа, ниту може од каква било корист да ти биде
43О, татко мој, мене ми доаѓа знаењето, а не тебе; затоа мене следи ме, и јас на Вистинскиот пат ќе те упатам
44О, татко мој, не му се покорувај на шејтанот, шејтанот секогаш Му е непослушен на Семилосниот
45О, татко мој, се плашам да не те стигне казна од Семилосниот, па да му бидеш пријател на шејтанот
46Неговиот татко рече: „Зарем ги мразиш божествата мои, о, Ибрахиме? Ако не престанеш, со камења ќе те избркам, затоа напушти ме на подолго време.“
47„Мир со тебе!“ - рече Ибрахим. „Ќе Го молам Господарот свој да ти прости, затоа што Тој е многу добар кон мене
48И ќе ве напуштам и вас и сите тие што ги обожувате покрај Аллах, и Господарот свој ќе Го молам; се надевам дека нема да бидам несреќен во молбата кон Господарот мој.“
49Бидејќи ги напушти нив и тие кои, освен Аллах, ги обожуваа, Ние ИсхакиЈакубмугиподаривме,идвајцатагинаправивмеверовесници
50и секакво добро им подаривме и направивме да бидат фалени и по добро спомнувани
51И спомни го Муса во Книгата! Тој беше одбран и беше Пратеник, веровесник
52Ние оддесната странана Турго викнавме икон Себего приближивме, да ги слушне зборовите Наши
53и му го подаривме од милоста Наша, како веровесник, братот негов Харун
54И спомни го Исмаил во Книгата! Тој го исполнуваше даденото ветување и беше Пратеник, веровесник
55Му наредуваше на семејството свое намаз (молитва) да извршува и зекат да дава, и Господарот негов беше задоволен од него
56И спомни го Идрис163 во Книгата! Тој беше вистинољубив, веровесник
57и Ние на високо место го кренавме
58Тоа северовесниците коишто Аллах соблагодати ги опсипал, потомци на Адем и на тие кои со Нух ги носевме, и потомци на Ибрахим и Израил, и на тие кои ги упативме и ги одбравме. Кога ајетите на Семилосниот им се рецитираа, тие на сеџда се спуштаа и плачеа
59Нив ги сменија поколенија, кои намазот (молитвата) го напуштија и по страстите тргнаа; тие пропаста ќе ја сретнат
60со исклучок на тие што се покајаа, и веруваа, и добро правеа, на нив никаква неправда нема да им се направи, тие во џеннетот ќе влезат
61Во еденските градини кои Семилосниот на робовите Свои им ги вети затоа што во нив верувале, а не ги виделе, а ветувањето Негово, навистина ќе се исполни
62во нив празни приказни нема да слушаат, туку само: „Мир!“ – и во нив наутро и навечер снабдувани ќе бидат
63Ќе му дадеме таков џеннет да наследи на тој, од робовите Наши, кој од гревовите ќе се чува
64А ние164 слегуваме само по наредба на Господарот твој. Нему Му припаѓа тоа што е пред нас и тоа што е зад нас, и тоа што е помеѓу. А Господарот твој не заборава
65Тој е Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, затоа само Него обожувај Го и истрај во тоа! Дали знаеш некого кој Му е сличен
66Човекот вели: „Зарем, откако ќе умрам, навистина оживеан ќе бидам?“
67А зарем човекот не се сеќава дека уште претходно го создадовме, а дека не беше ништо
68Се колнам во Господарот твој, Ние и нив и шејтаните ќе ги собереме, потоа ќе ги донесеме околу џехеннемот на коленици да клечат
69а потоа од секоја група ќе ги издвоиме тие што беа најдрски кон Семилосниот
70бидејќи Ние најдобро ги знаеме тие што најмногу заслужија во него да горат
71И секој од вас до него ќе стигне! Господарот твој сигурно така се обврза
72Потоа ќе ги спасиме тие што се чуваа од гревот, а насилниците ќе ги оставиме во него на коленици да клечат
73Кога нашите јасни ајети им се цитираа, тогаш тие што не веруваа им говореа на тие што веруваа: „Која од овие две групи е со подобри домови и со поубави собиралишта?“
74А колку народи пред нив Ние уништивме, кои со богатство и со изглед беа подобри
75Кажи: „На тој што е во заблуда, Семилосниот нека му ја продолжи заблудата!“ – Но кога таквите ќе доживеат опомените да се остварат, било казната, било Крајот на светот, навистина ќе дознаат кој е во полоша состојба и кој има помалку следбеници
76Аллах ќе им го зголеми упатството на тие што се на Вистинскиот пат! А добрите дела, кои остануваат вечно, од Господарот твој ќе бидат подобро наградени и поубаво возвратени
77Зарем не си го видел тој што во доказите Наши не верува и вели: „Сигурно ќе ми биде дадено богатство и деца!“
78Тој, или во гајбот166 продрел или од Семилосниот ветување примил
79Ниедно! Ние ќе го запишеме тоа што тој го вели и страдањето многу ќе му го продолжиме
80а тоа за што тој зборува него ќе го наследи и сосема сам ќе Ни се врати
81И тие покрај Аллах ги прифаќаат божествата да им бидат сила
82А не чини така! Божествата ќе негираат дека биле обожувани и ќе им бидат противници
83Зарем не гледаш дека Ние шејтаните им ги праќаме на неверниците за што повеќе на зло да ги наведуваат
84Затоа не барај што побрзо да страдаат, Ние полека деновите им ги одбројуваме
85Тој Ден кога богобојазните, како делегација, пред Семилосниот ќе ги собереме
86а кога во џехеннем жедните грешници ќе ги потераме
87никој за никого нема да може да се зазема, освен тој што од Семилосниот зел ветување
88Тие велат: „Семилосниот си зел дете за Себе!“
89Вие, навистина, нешто крупно говорите
90Од тоа небесата само што не се распаднале, а Земјата не се урнала и планините не се здробиле
91затоа што на Семилосниот Му припишуваат дете
92А на Семилосниот не Му е потребно да си земе дете
93Та, сите тие, и тие на небесата и тие на Земјата, ќе Му дојдат на Семилосниот како робови
94Тој сите ги опфати и точно ги изброја
95и сите на Судниот ден ќе Му дојдат еден по еден
96Тие што веруваа и правеа добри дела, Семилосниот сигурно ќе ги направи сакани
97Ние Куранот го сторивме лесен, на твој јазик, за со него да ги израдуваш тие што од Аллах се плашат и од гревови се чуваат, а да ги опоменеш непопустливите инаетчии
98А колку само народи пред нив уништивме! Дали кој било од нив гледаш и дали најслабиот нивен глас го слушаш
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath