Исламот
назад

18. Ал-Кахф

1Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој на Својот роб му ја објавува Книгата, и не ја дал искривена, туку

2исправна, за со тешката казна, која Тој ќе ја даде, да опомене, а верниците кои прават добри дела, со прекрасна награда да ги израдува

3во која вечно ќе престојуваат

4и да ги опомене тие што велат: „Аллах си присвоил син.“

5Тие ништо не знаат за тоа, а ни предците нивни. Колку крупни зборови излегуваат од устите нивни! Тие не говорат ништо, освен лаги

6Па зарем ти поради нив од тага потиштен ќе бидеш, ако тие не сакаат да поверуваат во овој говор

7Сè што е на Земјата Ние како украс го создадовме за да ги искушаме луѓето кој од нив поубаво ќе постапува

8а Ние неа гола лединка ќе ја направиме

9Мислиш ли дека само жителите на пештерата и Реким беа чудо меѓу чудата Наши

10Кога неколку момчиња во пештерата се засолнија и рекоа: „Господару наш, подари ни ја Својата милост и пружи ни во оваа наша постапка вистинско упатство.“

11Ние во пештерата длабоко ги заспавме за долга низа години

12потоа ги разбудивме за да покажеме која од двете групи подобро ќе оцени колку време престојувале

13А Ние тебе ти ја кажуваме веста нивна според Вистината. Тоа беа момчиња, веруваа во Господарот свој, а Ние Упатството уште повеќе им го зголемивме

14Ги зајакнавме нивните срца кога се кренаа и рекоа: „Господарот наш е Господар на небесата и на Земјата, ние, покрај Него, нема на друг бог да му се молиме, бидејќи тогаш тоа што е далеку од вистината би го говореле

15Овој наш народ, покрај Него, други богови прифатил. Зошто за нив јасен доказ не донесат? А има ли понеправеден од тој што за Аллах изнесува невистина?“

16Кога ќе ги напуштите нив и тие кои, покрај Аллах, ги обожуваат, засолнете се во пештерата. Господарот ваш со Својата милост ќе ве облие и за вас, тоа што ќе ви биде корисно, ќе ви го подготви

17И ти можеше да видиш како Сонцето, кога се раѓа, ја обиколува пештерата од десната страна, а кога заоѓа, ја обиколува од левата страна, а тие беа во средината нејзина.157 Тоа е Аллахов доказ! Кого Аллах ќе го упати на Вистинскиот пат, тој по Вистинскиот пат ќе оди, а кого во заблуда ќе го остави, ти нема да му најдеш заштитник кој на Вистинскиот пат ќе го упати

18И ќе помислеше дека се будни, но тие спиеја; и Ние ги вртевме час на десната, час на левата страна, а кучето нивно, со испружени предни шепи, лежеше на влезот; да ги видеше, од нив ќе избегаше и страв ќе те фатеше

19И Ние, исто така, ги разбудивме, за меѓусебно да се запрашаат. „Колку време останавме тука?“ – запраша едниот од нив. „Останавме ден или дел од денот.“ – одговорија. „Господарот ваш најдобро знае колку сте останале.“ – рекоа. „Испратете еден од вас со овие ваши сребреници во градот, и нека види каде јадењето е најчисто и од него нека ви донесе храна и нека биде внимателен, и никому нека не зборува ништо за вас

20бидејќи, ако тие дознаат за вас, ќе ве каменуваат или со сила во верата своја ќе ве внесат, и тогаш тоа што го сакате никогаш нема да го постигнете!“

21И Ние така сторивме тие за нив да дознаат, за да се уверат дека Аллаховото ветување е вистинито и дека во часот на оживувањето нема никаков сомнеж. Кога меѓу себе за нив се расправаа, рекоа: „Изградете ограда на нејзиниот влез, Господарот нивен најдобро знае кои се тие.“ А тогаш тие, чиишто зборови најмногу се почитуваа, рекоа: „На нејзиниот влез ќе направиме светилиште!“

22Некои ќе речат: „Беа тројца, кучето нивно беше четврто“, а некои ќе речат: „Беа петмина, кучето нивно беше шесто“, нагаѓајќи го тоа што не го знаат, додека некои ќе речат: „Беа седуммина, а кучето нивно осмо.“ Кажи: „Господарот мој најдобро го знае нивниот број, само малкумина тоа го знаат. Затоа не расправај за нив, освен површно, и не прашувај за нив никого од нив!“

23И за што било немој никако да кажеш: „Тоа сигурно ќе го направам утре!“ - не додавајќи

24„Ако даде Бог!“158 А кога ќе заборавиш, сети се на Господарот свој и кажи: „Господарот мој ќе ме упати на тоа што е подобро и покорисно од ова.“

25А тие во пештерата своја останаа триста и уште девет години

26Кажи: „Аллах најдобро знае колку останале; тајните на небесата и на Земјата само Тој ги знае. Како Тој гледа сè, како Тој слуша сè! Тие немаат друг заштитник освен Него, а Тој не зема никого во власта Своја за ортак.“

27А ти кажувај го од Книгата на Господарот свој тоа што ти се објавува, на Неговите зборови им нема изменувач, и ти, освен кај Него, нема да најдеш никакво прибежиште

28Биди трпелив покрај тие штона Господарот свој Мусемолат изутрина и навечер со копнеж за лицето Негово, и не спуштај ги очите свои од нив со желба за сјај во животот на овој свет, и не слушај го тој чиешто срце да Нè спомнува невнимателно го направивме, кој страста своја ја следи и чиишто постапки се далеку од разумни

29И кажи: „Вистината доаѓа само од Господарот ваш, па кој сака нека верува, акој сака нека неверува!“ Ние наневерниците им подготвивме Оган чијшто пламен од сите страни ќе ги опфаќа; акопобараат помош, ќе им се помогне со течност слична на растопена ковина која лицата ќе ги испече. Ужасен ли напиток и грозно ли престојувалиште!“

30Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават – Ние навистина нема да дозволиме да им пропадне наградата за добрите дела

31сигурно ги чекаат еденски градини, низ кои реки ќе течат, и во нив со белегзии од злато ќе се украсуваат и во зелени алишта од свила и кадифе ќе се облекуваат, во нив на диваните потпрени ќе бидат. Прекрасна ли награда и прекрасно ли престојувалиште

32И наведи им како пример два човека: на едниот од нив две градини со лоза засадена му дадовме и со палми ги обиколивме, а меѓу нив ниви поставивме

33Двете градини својот плод го даваа, ништо не недостасуваше, а низ нив река спроведовме

34Тој и други плодови имаше, и на другарот свој му рече, додека со него разговараше: „Побогат сум од тебе и со подобро потекло!“

35и влезе во градината своја, правејќи си насилство на себе си, велејќи: „Не мислам дека овој некогаш ќе пропадне

36и не мислам дека Крајот на светот некогаш ќе дојде; а ако Му бидам вратен на Господарот свој, сигурно нешто подобро од ова ќе најдам.“

37И другарот негов му рече, додека со него разговараше: „Зарем не веруваш во Тој што од земја те создал, потоа од капка семе, и на крајот потполн човек те направил

38Што се однесува до мене, Тој, Аллах, е мој Господар и јас на Господарот свој не Му здружувам никого

39А зошто, кога во градината влезе, не рече: ,МашаАллах! Моќта Му припаѓа само на Аллах!‘ Ако гледаш дека кај мене има помалку богатство и помалку род отколку кај тебе, па Господарот мој може уште подобра градина од твојата да ми даде

40а на твојата невреме од небото да испрати, па да остане само лизгава лединка, без ништо

41или водата во понор да се слее, па да не можеш никогаш да ја пронајдеш.“

42И пропаднаа плодовите негови и тој почна да ги крши рацете свои, жалејќи за тоа што во неа го вложил, а лозата беше нависната врз потпирачите свои, и (тој) велеше: „Камо среќа на мојот Господар никогаш да не Му припишував здруженик!“

43И немаше никој да може да му помогне, освен Аллах, а самиот на себеси не можеше да си помогне

44Тогаш може да помогне само Аллах, Вистинитиот, Тој ја дава најдобрата награда и прави сè на најубав начин да се заврши

45Наведи им како пример, дека животот на овој свет е како растение, кое и после натопувањето со вода, која Ние од небото ја спуштаме, сепак останува суво и ветровите го разнесуваат. А Аллах може сè

46Имотот и синовите се украс во животот на Овој свет, а добрите дела кои остануваат, подобри се кај Господарот твој според наградата и подобри според надежта

47На денот кога планините ќе ги отстраниме и кога ќе ја видиш Земјата потполно видлива, а нив веќе ги собравме, ниту еден не пропуштивме

48тие пред Господарот твој во редови ќе бидат наредени: „Ни дојдовте така како што и првиот пат ве создадовме, а тврдевте дека нема да ви одредиме време за оживување.“

49И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. „Тешко нам!“ – ќе зборуваат - „Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!“ – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда

50И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ – сите се поклонија освен Иблис, тој беше еден од џинните и затоа згреши кон заповедта на Господарот свој. Па зарем него и потомците негови, покрај Мене, како пријатели ќе ги прифатите, кога тие ви се непријатели? Колку е шејтанот лоша замена за насилниците

51Јас не ги зедов нив за сведоци во текот на создавањето на небесата и на Земјата, ниту во текот на создавањето на нив самите, и за помагачи не ги земав тие кои на погрешниот пат упатуваат

52И на Денот кога Тој ќе каже: „Повикајте ги тие за кои тврдевте дека се Мои ортаци“, и кога ќе ги повикаат, тие нема да им се одѕвијат и Ние меѓу нив ќе направиме место за пропаста

53И грешниците ќе го здогледаат Огнот, и ќе се уверат дека во него ќе паднат и нема да можат да го избегнат

54Ние во овој Куран на разни начини им објаснуваме на луѓето различни примери, но човекот, повеќе од кој било друг е спремен да расправа

55А луѓето, кога им доаѓа упатството, ги одвраќа од верувањето и од тоа на Господарот свој да Му се молат за прошка само затоа што ја очекуваат судбината на древните народи или што чекаат да им дојде казната пред нив

56Ние ги праќаме Пратениците, само за да носат радосни вести и да опоменуваат. А неверниците се расправаат, служејќи се со невистини, за со тоа да ја негираат Вистината, и се исмејуваат со Моите докази и со Моите опомени

57Има ли понеправеден од тој што кога со доказите на Господарот свој се опоменува, е немарен кон нив, а го заборава тоа што рацете негови го направиле?! Ние на срцата нивни прекривки ставаме за Куранот да не го сфатат, а во ушите нивни глувост; и ако ти кон Вистинскиот пат ги повикаш, тие, кога се такви, никогаш нема на Вистинскиот пат да појдат

58Господарот твој многу простува и неизмерно е Милостив. Да ги казнува тоа што го заслужуваат, Тој веднаш на мака би ги ставил. Но, нив ги чека одредениот Час, од кој нема да најдат прибежиште

59А тие села и градови ги уништивме откако жителите нивни сторија насилство и за пропаста нивна точно време одредивме

60И кога Муса му рече на сопатникот свој: „Ќе одам, сè додека не стигнам до местото каде што се спојуваат двете мориња, или долго, долго ќе одам.“

61И кога тие двајцата стигнаа до местото на кое тие (морињата) се спојуваат, заборавија на рибата своја, па таа во морето си направи пат

62А кога се оддалечија, Муса му рече на сопатникот свој: „Дај ни ја ужината наша, бидејќи се изморивме од нашиов пат.“

63„Види!“ - рече тој - „Кога застанавме кај онаа карпа, јас ја заборавив рибата – самиот шејтан направи да ја заборавам, да не ти ја спомнам – па таа на чуден начин тргна кон својот пат во морето!“

64„Е, тоа е тоа што го бараме!“ - рече Муса, и тие двајца се вратија по патот по кој дојдоа

65и најдоа еден Наш роб, на кого милоста Наша му ја подаривме и за тоа што само Ние го знаеме, го научивме

66„Може ли да те придружувам?“ - запраша Муса - „но да ме подучиш на тоа со кое си ти исправно подучен.“

67„Ти сигурно нема да можеш со мене да се стрпиш,“ – рече тој

68„а како би се стрпел за тоа за што ништо не знаеш?“

69Ќе видиш дека ќе бидам трпелив, ако даде Бог,“ - рече Муса - „и дека нема во ништо да ти се спротивставувам.“

70„Ако веќе сакаш да ме придружуваш,“ - рече тој - „тогаш за ништо не ме прашувај сè додека за тоа јас прв не ти кажам.“

71И тие двајца тргнаа. И кога влегоа на бродот, тој го продупчи. „Зарем го продупчи за да ги потопиш тие што со него пловат? Ти направи нешто, навистина лошо.“

72„Не реков ли јас,“ - рече тој - „дека ти навистина нема да можеш да се стрпиш со мене?“

73„Не ме критикувај за тоа што го заборавив,“ - рече - „и не прави во оваа моја работа тешкотија да ме снаоѓа.“

74И тие двајцата тргнаа. И кога сретнаа едно момче, па тој го уби, Муса рече: „Зошто го уби безгрешното дете кое никого не убило? Ти направи нешто, навистина, многу лошо.“

75„Нели ти реков,“ - рече тој- „дека ти нема да можеш да се стрпиш со мене?“

76„Ако по ова, те прашам за што било,“ - рече - „тогаш немој со мене да се дружиш. Кај мене веќе најде оправдување“

77И тие двајцата тргнаа; икогадојдоа доеден град, ги замолија жителите нивни да ги нахранат, но тие одбија да ги нагостат. Тие двајца во градот наидоанаеден ѕид кој само штонесе срушил, патој гоисправи. „Можеше,“ - рече Муса - „за него да земеш награда.“

78„Ова е разделба помеѓу мене и тебе,“ - рече тој - „ќе те известам за толкувањето на тоа, поради коешто не можеше да се воздржиш

79Во врска со бродот, тој е во сопственост на сиромашни луѓе кои работат на море, и јас сакав да го оштетам бидејќи пред нив имаше еден владетел кој го одземаше секој исправен брод

80Во врска сомомчето, родителите негови северници, пасеисплашивме тој да не ги натера на неред и на неверување

81па сакавме Господарот нивен, наместо него, да им даде подобар и почесен од него, и кон сомилоста поприближен

82А што се однесува до ѕидот, тој им припаѓа на две момчиња, сирачиња од градот, а под него е закопано нивното богатство. Нивниот татко бил добар човек и Господарот твој сака, од милоста Своја, тие да пораснат и да го извадат богатството свое. Сето тоа јас не го сторив по мое мислење. Ете, тоа е толкувањето за тоа за што ти не можеше да се стрпиш“

83И те прашуваат за Зулкарнејн162. Кажи: „За него ќе ви кажам некои вести

84Ние му дадовме власт на Земјата и му дадовме средство за сè.“

85И тој тргна

86Кога стигнаа до местото каде што заоѓа Сонцето, виде како да заоѓа во некој матен извор и во близината негова најде еден народ! „О, Зулкарнејн,“ - рековме Ние - „или ќе ги казниш или со нив благо ќе постапиш?“

87„Тој што правел насилство“ - рече - „ќе го казниме, а потоа на својот Господар ќе Му се врати, па Тој со тешка мака ќе го мачи

88А на тој што верувал и правел добри дела му припаѓа најубавата награда, и нему ќе му издаваме олеснителни наредби.“

89И тој тргна понатаму

90И кога дојде до местото каде што заоѓа Сонцето, тој виде дека тоа излегува над еден народ на кој Ние не му дадовме од него со што било да се заштити

91Така беше тоа. А Ние го опфаќаме со знаењето сето тоа што го имаше тој

92И тој повторно тргна

93Кога стигна помеѓу две планини, пред нив најде народ кој едвај го разбираше говорот

94„О, Зулкарнејн,“ - рекоа тие - „Јеџуџ и Меџуџ прават неред по земјата, па сакаш ли да ти собереме надоместок за помеѓу нас и нив да кренеш преграда?“

95„Подобро е тоа што мојот Господар ми го даде.“ - рече тој. „Туку, вие само помогнете ми колку можете повеќе и јас помеѓу вас и нив преграда ќе кренам

96Донесете ми големи прачиња железо.“ И кога тој ги израмни двете страни на планините, рече: „Дувајте!“ А кога го вжешти, рече: „Донесете ми растопен бакар да го истурам“

97И така тие не можеа ниту да ја преминат ниту да ја поткопаат (преградата)

98„Ова е милост од Господарот мој!“ - рече тој. „А кога ветувањето на Господарот мој ќе се исполни, Тој со земјата ќе ја срамни, а ветувањето на Господарот мој навистина ќе се исполни.“

99И Ние тогаш ќе оставиме едните од нив како бранови да се судираат со другите. И ќе се дувне во рогот, па сите ќе ги собереме

100Тој ден на неверниците јасно ќе им го покажеме џехеннемот

101тие чиишто очи беа прекриени со прекривка за Мојата Опомена икои не можеа да слушаат

102Зарем неверниците мислат дека, покрај Мене, за богови можат да ги земаат робовите Мои? Ние, навистина, за престојувалиште на неверниците им го подготвивме џехеннемот

103Кажи: „Сакате да ве известам за најголемите губитници на делата

104чијшто труд во животот на овој свет залуден ќе биде, а кои ќе мислат дека е добро тоа што го прават?“

105Тоа се тие кои во доказите на Господарот свој нема да веруваат и кои ќе негираат дека пред Него ќе излезат; поради тоа трудот нивен залуден ќе биде и на Судниот ден никакво значење нема да им дадеме

106На нив казна џехеннемот ќе им биде, затоа што неверници беа и што на доказите Мои и на Пратениците Мои им се исмеваа

107На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават – градините на Фирдеусот гостопримство ќе им бидат

108во нив вечно ќе престојуваат и нема да посакаат со нешто друго да ги заменат

109Кажи: „Кога морето би било мастило за да се напишат зборовите на Господарот мој, морето би пресушило, но не и зборовите на Господарот мој, па дури и кога би го прошириле со море како него.“

110Кажи: „Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath