17. Ал-Исраа
1Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам146 во Месџиди Акса147, чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа
2А на Муса му дадовме Книга и ја направивме Упатство за синовите Израилови: „Наместо Мене – друг господар не земајте
3о, потомци на тие што со Нух ги носевме!“ Тој, навистина, беше многу благодарен роб
4И Ние во Книгата им објавивме на синовите Израилови: „Вие навистина двапати на Земјата неред ќе правите и прекумерно арогантни ќе станете
5Кога ќе дојде времето на првиот од двата нереда, ќе ги испратиме против вас робовите Наши, силно моќни, тие домовите ваши ќе ги прегазат, и ветувањето за казната ќе го исполнат
6Потоа ќе ви дадеме победа против нив и ќе ви помогнеме со имотите и синовите ваши, и ќе ве направиме многубројни
7Па ако правите добро, за себе го правите, а ако правите зло, против себе го правите! А кога ќе дојде времето на другиот неред, на лицата ваши тага и јад да остави и во Храмот149 да влезат како што во него влегле и првиот пат, и до темел да срушат сè со што ќе завладеат
8И Господарот ваш, повторно ќе ви се смилува; ако се вратите ќе се вратиме и Ние. А џехеннемот го направивме затвор за неверниците
9Овој Куран води кон единиот исправен пат, и на верниците кои прават добри дела им носи радосна вест, дека ги чека награда голема
10а дека за тие што не веруваат во оној свет подготвивме болно страдање
11Човекот со својата молба проколнува и благословува; човекот навистина избрзува
12И Ние ноќта и денот како два знака ги направивме: знакот за ноќта го тргнавме, а знакот за денот видлив го направивме за да можете да ги барате благодатите од Господарот свој и за да го знаете бројот на годините и за да го пресметувате времето, и сè детално објаснивме
13И на секој човек околу врат ќе му го врземе тоа што ќе го направи, а на Судниот ден книгата отворена ќе му ја прикажеме
14„Читај ја книгата своја, доволно ти е денес тоа што сметка своја ќе полагаш!“
15Тој што оди по Вистинскиот пат, од тоа само тој ќе има корист, а тој што талка - на своја штета талка, и ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи! А Ние ниту еден народ не сме казниле, додека Пратеник не сме им испратиле
16Кога сакаме да уништиме некој народ, на тие кои во него се навикнале нараскош им наредуваме покорност, и тие наразвратот мусеоддаваат и така ја заслужуваат казната, па тогаш до темел го рушиме
17И колку само народи после Нух уништивме! А доволно е тоа што Господарот твој ги знае и ги гледа гревовите на робовите Свои
18На тој што го сака овој свет, Ние бргу му даваме што сакаме и на кого сакаме, но потоа џехеннемот ќе му го подготвиме, каде засрамен и отфрлен ќе се пече
19А тој што го сака оној свет и се труди да го заслужи, а верник е, трудот на таквите ценет ќе им биде
20На сите нив, и на едните и на другите, им ги даваме даровите од Господарот твој, а даровите на Господарот твој не му се забранети никому
21Гледај како на едните им даваме предност над другите; а на оној свет разликата во степените и предностите ќе биде поголема
22Не здружувај со Аллах некој друг бог, за да не заслужиш осуда и да не останеш без поддршка
23Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ - и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит
24Биди внимателен ипокорен кон нив, и кажи: „Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!“
25Господарот ваш добро знае што е во душите ваши: ако бидете послушни, па Аллах навистина ќе им прости на тие што се покајуваат
26Дај му го на роднината правото негово, и на сиромашниот, и на патникот, но не расфрлај се многу
27бидејќи расипниците се браќа на шејтанот, а шејтанот Му е неблагодарен на Господарот свој
28А ако мораш од нив да се свртиш, бидејки и самиот од Господарот свој милоста ја бараш и на неа се надеваш, тогаш барем некој убав збор кажи им
29Не држи ја раката своја стисната, а ни сосема отворена, за прекорот да не го заслужиш и без ништо да останеш
30Господарот твој му пружа обилно снабдување на тој што сака, а и ја ограничува, затоа што ги знае и ги гледа робовите Свои
31Не убивајте ги децата свои поради стравот од сиромаштво, и нив и вас Ние ве снабдуваме, бидејќи нивното убивање е навистина голем грев
32И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа
33И не убивајте некого, чие убивање Аллах го забранил, освен кога правдата тоа го изискува! А ако некој, ни крив ни должен е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт, но ни тој нека не ја пречекорува границата во убивањето, бидејќи тој, навистина, е помогнат
34И не доближувајте му се на имотот на сирачето, освен ако сакате да го зголемите, сè додека не стане полнолетно. И исполнете ја обврската, затоа што за обврската навистина ќе се одговара
35И наполнете ја вистинската мерка кога мерите со литар и точно мерете на кантарот! Тоа е подобро и последиците се поубави
36Не зборувај го тоа што не го знаеш! И слухот, и видот, и разумот – за сето тоа навистина ќе се одговара
37Не чекори горделиво по земјата, бидејќи земјата не можеш да ја пробиеш, ниту планините во висина да ги достигнеш
38сето тоа е лошо, кај Господарот твој омразено
39Тоа е мудроста која Господарот твој ти ја објавува. И не здружувај Му на Аллах друг бог, за да не бидеш фрлен во џехеннемот, прекорен и од милоста Негова оддалечен
40Зарем вашиот Господар вас со синови ве обдарил, а за Себе мелеците како ќерќи ги зел? Вие навистина изговарате крупни зборови
41Ние во овој Куран објаснуваме, за тие да извлечат поука, но тој само им ја зголемува одбивноста
42Кажи: „Ако покрај Него постојат други богови, како што велат тие, тогаш тие би го побарале патот до Сопственикот на Аршот.“
43Чист е Тој и со голема висина возвишен над тоа што тие го велат
44Него Го слават седумте небеса и Земјата, и тие на нив; и не постои ништо што не Го слави, фалејќи Го; но вие не го разбирате славењето нивно. Тој е навистина Благ и многу простува
45А кога го рецитираш Куранот, помеѓу тебе и тие што не веруваат во оној свет Ние невидлив вел ставаме
46а на срцата нивни прекривки за да не го разберат, и глуви ги правиме. И кога ти ќе го спомнеш Господарот свој во Куранот, Него Единиот, ги вртат грбовите од одбивноста кон него
47Ние најдобро знаеме што сакаат тие да чујат кога доаѓаат да те прислушкуваат, и за што шепотат кога насилниците велат: „Вие следите само опседнат човек!“
48Гледаш што зборуваат за тебе, потоа талкаат и не можат да го најдат Вистинскиот пат
49Тие велат: „Зарем кога во коски и прашина ќе се сториме, навистина како нови суштества ќе бидеме оживеани?“
50Кажи: „Ќе бидете, дури и да сте камења или железо
51или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ - Ти кажи: „Можеби набрзо.“
52Ќе биде во Денот кога Тој ќе ве повика, и вие благодарејќи Му, ќе се одѕвиете, и само уште малку време да останевте, ќе помислите
53Кажи им на робовите Мои да зборуваат само убави зборови, бидејќи шејтанот би можел да посее непријателство помеѓу нив, шејтанот е навистина човеков отворен непријател
54Господарот ваш најдобро ве познава: ако сака, Тој ќе ви се смилува или ако сака, на маки ќе ве стави. А Ние тебе не ти дадовме власт над нив
55Господарот твој најдобро ги познава тие на небесата и тие на Земјата; Ние едните веровесници над другите ги одликувавме, а на Давуд, Зебурот му го дадовме
56Кажи: „Молете им сена тие, коипокрај Него ги сметате забожества, па тие нема да можат одневолјата да веослободат, ниту да ја преусмерат.“
57Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува
58И не постои ниту една населба која Ние пред Судниот ден нема да ја уништиме или на тешка мака да ја изложиме; тоа е запишано во Книгата
59А да не праќаме чуда, нè задржува само тоа што ни древните народи во нив не поверуваа; на Семуд како видливо чудо камила му дадовме, но тие во неа не поверуваа. А чудата ги праќаме само за да заплашиме
60И кога ти рековме: „Сите луѓе Господарот твој ги опфаќа150, а сонот што ти го покажавме и проколнатото дрво151, во Куранот спомнато, искушение се за луѓето“, ние ги заплашуваме, но ним само им се зголемува и онака големото неверство
61И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем!“ – тие сите се поклонија, освен Иблис. „Зарем да му се поклонам на тој што Ти го создаде од глина?“ – рече
62„Кажи ми,“ - рече потоа - „еве ти го овој што над мене го воздигна: ако ме оставиш до Крајот на светот, сигурно над потомството негово ќе завладеам, освен над малкумина
63„Заминувај!“ – рече Тој. „На тие кои тебе ќе те следат, а и тебе, џехеннемската казна, ќе ви биде полна казна
64И заведувај со гласот свој кого можеш и тргни кон нив со својата коњаница и со својата пешадија, и биди им ортак во имотот, и во децата, и давај им ветувања, - а шејтанот само ги мами
65но ти, навистина, нема да имаш никаква власт над робовите Мои!“ А Господарот твој е доволен за заштитник
66Господарот ваш поради вас ги придвижува бродовите по морето, за да ги барате Неговите благодати, Тој е, навистина, милостив кон вас
67Когаќеве снајде неволја наморе, тогаш ги нема тие накоивообичаено им се молите, постои само Тој. А кога Тој на копното ќе ве спаси, вие се свртувате (од Него); човекот секогаш е неблагодарен
68Зарем сте сигурни дека Тој нема во земја да ве втера или дека против вас песочна бура нема да испрати, и дека тогаш нема да си најдете заштитник
69Или, зарем сте сигурни дека Тој нема по вторпат на море да ве изнесе, и бура на вас да испрати и да ве потопи поради тоа што сте биле неблагодарни? Тогаш не би нашле никого кој поради вас би нè повикал Нас на одговорност
70Ние навистина ги одликувавме синовите на Адем: им дадовме по копно и по море да патуваат, и ги снабдивме со вкусни јадења, и им дадовме големи предности над мноштвото кои сме ги создале
71А на Денот кога ќе ги повикаме сите луѓе со предводникот нивен, тие на кои ќе им се даде книгата нивна во десната рака, ќе ги читаат книгите свои и нема да им биде направена ниту тронка неправда
72тој што на овој свет бил слеп, ќе биде слеп и на оној и уште подалеку ќе заталка
73И за малку тие да те одвратат од тоа што Ние ти го објавуваме, за против Нас нешто друго да изнесеш, и тогаш тие би те сметале за пријател
74А да не те направивме цврст, за малку ќе им се приклонеше
75и тогаш навистина ќе ти дадевме да искусиш двојна мака во животот и двојно страдање по смртта; тогаш не би нашол никого кој против Нас би ти помогнал
76А за малку да те придвижат да излезеш од земјата152 за од неа да те избркаат, но тогаш ни тие не би останале долго по тебе
77бидејќи така беше со сите тие кои Пратениците ги протераа, кои пред тебе ги пративме, и ниту ти нема да наидеш на отстапување од Нашиот закон
78Извршувај го намазот (молитвата) кога Сонцето од половина небо ќе тргне, па до ноќната темнина, и намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина153 присуствуваат
79И помини дел од ноќта во намаз - тоа е само твоја должност; Господарот твој на оној свет ќе ти го подари местото достојно за благодарност
80И кажи: „Господару мој, воведи ме со воведот на Вистината и изведи ме со исходот на Вистината! И дарувај ми од Себе сила која ќе ми помогне!“
81И кажи: „Дојде вистината, а исчезна лагата; лагата навистина исчезнува!“
82Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста
83Кога на човекот некаква благодат му даруваме, тој се свртува и арогантно се оддалечува, а кога ќе го снајде злото, тогаш очајува
84Кажи: „Секој постапува според своето убедување, а само Господарот ваш знае кој е на Вистинскиот пат.“
85Те прашуваат за душата. Кажи: „Душата е нешто што само мојот Господар го знае, а вам ви е дадено само малку знаење.“
86А да сакаме, Ние би направиле да исчезне тоа што сме ти го објавиле, и ти, потоа, не би нашол никого, кој против Нас би ти помогнал
87но, Господарот твој е милостив кон тебе и Неговата добрина кон тебе, навистина е голема
88Кажи: „Кога сите луѓе и џинни би се здружиле да сочинат еден ваков Куран, тие, каков што е тој, не би сочиниле, па дури и взаемно да си помагаат
89Ние во овој Куран на луѓето им објаснуваме секакви примери, но мноштвото луѓе воопшто не сакаат да веруваат
90И велат: „Нема да ти веруваме сè додека од земјата извор со вода не ни изведеш
91или ако имаш градина од палми и лоза, и низ него од сите страни реки да изведеш
92или додека на нас небото во парчиња не го собориш, како што тврдиш, или сè додека Аллах и мелеците пред нас не ги донесеш
93или ако имаш куќа од злато или додека на небото не се искачиш, а нема ни да ти веруваме дека си се искачил сè додека не ни ја донесеш Книгата да ја читаме.“ Кажи: „Возвишен нека е Господарот мој! Зарем јас не сум само човек, Пратеник?“
94А луѓето, кога им доаѓала објавата, од верувањето ги одвраќало само тоа што говореле: „Зарем Аллах испратил човек како Пратеник?“
95Кажи: „Кога мелеците смирено би оделе на Земјата, Ние од небото за Пратеник би им испратиле мелек.“
96Кажи: „Аллах ни е доволен сведок и мене и вам, бидејќи Тој ги знае и ги гледа робовите Свои
97Тој, на кого Аллах ќе му укаже на Вистинскиот пат – на Вистинскиот пат е, а тој што во заблуда ќе го остави, нему, освен Него, нема да му најдеш заштитник. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде џехеннемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот
98Тоа ќе им биде казна бидејќи во Нашите докази не веруваа и велеа: „Зарем кога ќе станеме коски и прав, ќе бидеме оживеани како нови созданија?“
99Зарем тие не знаат дека Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, е способен да создаде слични на нив и дека веќе им го одредил Часот на оживувањето, во кој нема сомнеж? Но насилниците само негираат
100Кажи: „Кога вие би ги поседувале ризниците од милоста на Господарот мој, и тогаш би биле скржави од страв да не потрошите; човекот секогаш е скржав.“
101Ние на Муса девет јасни знаци му дадовме, па запрашај ги синовите Израилови кога тој на предците нивни им дојде и кога фараонот му рече: „Јас мислам, о, Муса, дека ти си навистина маѓепсан.“
102А Муса одговори: „Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци, и јас мислам дека ти, о, фараону, сигурно ќе настрадаш.“
103Фараонот одлучи да ги избрка од земјата, па ние го потопивме и него и тие што беа со него – сите
104и потоа им рековме на синовите Израилови: „Населете се на земјата, па кога Крајот на светот ќе дојде, ќе ве донесеме измешани.“
105Ние Куранот со Вистината го спуштаме, и тој со Вистината се симнува. А тебе те испративме со цел радосни вести да донесуваш и да опоменуваш
106И како Куран, сè дел по дел ти го објавуваме, за на луѓето малку по малку да им го кажуваш, и по потреба го објавуваме
107Кажи: „Верувале во него или не верувале, на тие на кои пред неговото објавување им е дадено знаење, паѓаат со лицата натлото, извршувајќи сеџда, кога тој им се чита
108и велат: „Возвишен нека е Господарот наш, ветувањето на Господарот наш се исполни!“
109и паѓаат со лицето на тлото, и тој им ја зголемува стравопочитта
110Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘, а како и да Го повикувате, Неговите имиња се најубави.“ Не изговарај го Куранот со сиот глас кога го извршуваш намазот (молитвата), а и не пригушувај го; барај ја средината во тоа
111И кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој нема дете и Кој во власта нема ортак, и на Кој не му треба заштитник поради немоќ – и величај Го со сета величественост
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath