16. Ан-Нал
1Тоа што Аллах го одредил, ќе се случи, затоа не избрзувајте го тоа! Возвишен нека е Тој и нека е многу високо над тие што Му ги здружуваат
2Тој ги испраќа мелеците со Објавата по Своја волја, на тие Свои робови на коишто сака: „Опоменувајте дека нема друг бог освен Мене и плашете се од Мене!“
3Тој небесатаи Земјата со Вистината ги создаде, Тој нека е многу високо над тие што Му ги здружуваат
4Тој го создава човекот од капка семе, а тој одеднаш – отворен противник
5И Тој добитокот за вас го создава; со него од студот се штитите, а и други користи имате, со него и најмногу се храните
6тој ви е украс кога од пасиштата го враќате и кога на пасиште го изведувате
7а ви ги носи и товарите на местата на кои без голема мака не би стигнале – Господарот ваш навистина е Благ и Милостив
8и коњите, мазгите и магарињата за да ги јавате и за украс, а ќе го создаде и тоа што не го знаете
9Аллахово е да укаже на Вистинскиот пат, а ги има и погрешни; а Тој да сака, сите би ве упатил
10Тој од небо ја спушта водата која ја пиете и со која се наводнуваат растенијата која стоката ги пасе
11Тој прави со нејзина помош да ви растат житото, маслинките, палмите, грозјето и разновидните плодови – тоа е навистина доказ за луѓето кои размислуваат
12Тој прави со ноќта и со денот да се користите и со Сонцето и Месечината, а ѕвездите се потчинети на Неговата волја – тоа се навистина докази за луѓето кои имаат памет
13и со сето тоа што на земјата разнобојно го создава – тоа е навистина доказ за луѓето кои примаат поука
14Тој прави со морето да се користите, од него свежо месо да јадете и да вадите накит со кој се украсувате. Ти ги гледаш бродовите како го сечат за нешто од неговото богатство да стекнете и за благодарни да бидете
15Тој по Земјата неподвижни планини расфрла затаа да невепотресува, а и реки и патишта за правилно да се насочувате
16и патокази, а и по ѕвездите тие се ориентираат
17Па дали е тогаш Тој што создава како тој што не создава?! Вразумете се
18Ако вие ги броите Аллаховите благодати, нема да ги наброите; Аллах навистина простува и Милостив е
19Аллах знае што криете, а што јавно покажувате
20А тие на коишто, наместо на Аллах, им се молат – ништо не создаваат; тие самите се создадени
21предмети се, не се живи и не знаат кога ќе бидат оживеани
22Вашиот Бог е еден Бог! Срцата на тие што во оној свет не веруваат, негираат, тие со вообразеноста се расфрлаат
23Нема сомнеж дека Аллах го знае тоа што тие го кријат, а и тоа што јавно го изнесуваат; Тој навистина не ги сака тие што се вообразуваат
24А кога некој ќе ги праша: „Што објавува вашиот Господар?“ – тие одговараат: „Измислици од древните народи“
25за на Судниот ден да го носат сиот товар свој и дел од товарот на тие кои несвесно во заблуда ги донеле. А грозно е тоа што тие ќе го носат
26И тие пред нив смислуваа интриги, па Аллах од темел нивните згради ги сруши, и покривот над нив се сруши – казната ги стигна од каде што не очекуваа
27А на Судниот ден Тој ќе ги засрами и ќе ги запраша: „Каде се тие кои Мене Ми ги здружувавте, тие за кои се спротивставувавте?“ Тие што знаат ќе речат: „Денеска срам и мака ќе ги стигнат неверниците
28на кои мелеците душите им ги земаа во моментот кога неправда си правеа. И тие ќесепокорат иќеречат: „Ние никакво зло не правевме!“ „Навистина, Аллах добро го знае тоа што го правевте
29затоа влегувајте на портите на џехеннемот, во него вечно ќе останете!“ О, колку грозно ќе им биде престојувалиштето на тие што беа вообразени
30А на тие што се плашеа од Аллах ќе им се рече: „Што објавувал Господарот ваш?“ „Добро!“ – ќе одговорат. Тие што прават добри дела уште на овој свет ќе имаат убава награда, а оној свет, сигурно е уште подобар. О, колку прекрасно ќе им биде живеалиштето на тие што се плашеа од Аллах
31Еденски долини во кои ќе влезат, низ кои реки ќе течат, и во кои сè што ќе посакаат ќе имаат. Така Аллах ќе ги награди тие што ќе се плашат од Него
32на тие на кои мелеците душите ќе им ги земат, а тие чисти, и на кои ќе им велат: „Мир со вас! Влезете во џеннетот поради тоа што го правевте!“
33Зарем многубошците чекаат да им дојдат мелеците, или да дојде казната од Господарот твој? Така постапија и тие пред нив; Аллах не беше неправеден кон нив, тие самите кон себеси беа неправедни
34и ги стигна казната за грозните дела што ги правеа, и од сите страни ги снајде тоа на што се потсмеваа
35Тие што Му припишуваат здруженици велат: „Да сакаше Аллах, ни ние ни предците наши, покрај Аллах, никого немаше да обожуваме и без Негова волја, ништо немаше да сметаме за забрането.“ Исто така и тие пред нив постапуваа. А зарем Пратениците беа должни нешто друго освен јасно да известат
36Ние насекој народ Пратеник муиспративме: „Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда. Затоа патувајте по светот за да видите како завршија тие што Пратениците за лага ги обвинуваа
37Ти колку и да сакаш тие да бидат на Вистинскиот пат, Аллах нема да му укаже на Вистинскиот пат на тој што го оставил во заблуда и на нив никој нема да им помогне
38Тие се колнат во Аллах, со најтешката заклетва: „Аллах нема да го оживее тој што ќе умре!“ А ќе го оживее, тоа е Неговото ветување кое навистина ќе се исполни, само што тоа повеќето луѓе не го знаат
39за да им објасни околу тоа за што не се согласуваа и за да сфатат тие што не веруваа дека биле лажливци
40Ако нешто сакаме, Ние само велиме: „Биди!“ – и тоа бива
41Тие што ќе се иселат само поради Аллах, откако биле угнетувани, Ние уште на овој свет на убаво место ќе ги сместиме, а наградата на оној свет ќе биде уште поголема, кога само би знаеле
42тие што ќе трпат и што на Господарот свој ќе се потпираат
43Ние и пред тебе, како Пратеници луѓе им праќавме и им објавуваме – прашајте ги следбениците на Книгата, ако не знаете
44јасни докази и книги. А тебе ти го објавуваме Куранот, за да им го објасниш на луѓето тоа што ти се објавува и за тие да размислат
45А зарем се сигурни тие кои лоши подмолности коваат, дека Аллах нема во земја да ги втера или дека нема, од каде што не можат ни да помислат, казната да им дојде
46или дека нема на патувањата нивни да ги казни, тие нема да избегаат
47или дека нема, додека се во страв, да ги казнува? Но Господарот ваш е навистина Благ и Милостив
48Зарем тие негледаат дека сетотоашто Аллах госоздал, сега десно, сега лево, ги пружа сенките свои, на Аллах послушно чинејќи му сеџда и дека и тоа е покорно
49На Аллах сосеџда Мусепоклонува сè живо инанебесатаина Земјата, и мелеците, а тие не се арогантни
50се плашат од Господарот свој, Кој е над нив, и го прават тоа што им се наредува
51Аллах вели: „Две божества не обожувајте!“ - само еден е Бог - „И само од Мене плашете се!“
52Сè што е на небесата и на Земјата Негово е, и Нему треба секогаш да Му се биде послушен. Зарем од некој друг, а не од Аллах, да се плашите
53Од Аллах е секоја благодат којашто ја уживате, а штом некоја неволја ве снајде, повторно од Него гласно помош барате
54И потоа, кога Тој неволјата ќе ви ја отстрани, некои од вас истиот момент Господарот свој со друг Го изедначуваат
55за да покажат неблагодарност кон тоа што Ние сме им го дале. Па уживајте, но навистина, ќе дознаете
56Многубошците на тие кои ништо не знаат им оставаат дел од храната која Ние им ја даваме. Се колнам во Аллах дека сигурно ќе бидете прашани за сето тоа што постојано го измислувате
57Тие на Аллах Му припишуваат ќерки – Возвишен и чист е Тој! – а на себе тоа што го посакуваат
58А кога на некој од нив ќе му се јави дека му се родила ќерка, лицето му потемнува и станува потиштен
59се крие од луѓето поради несреќата која му е јавена: дали вака презрен да ја задржи или во земја да ја закопа? Колку лошо просудуваат тие
60Тие што не веруваат во оној свет се со лоши особини, а Аллах има највозвишени својства: Тој е Силен и Мудар
61Кога Аллах би ги казнувал луѓето поради нивните гревови, ништо живо на Земјата не би оставил, но Тој до рокот одреден ги остава, и кога нивниот рок ќе помине, ниту за еден момент нема да можат да го одложат ниту да го забрзаат
62Тие на Аллах Му го припишуваат тоа за што и самите чувствуваат одвратност и нивните јазици говорат лаги дека нив ги чека најубавата награда; а нив, несомнено, оган ги чека, тие во него први ќе бидат потерани
63Се колнеме во Аллах, Ние и пред тебе на народите Пратеници им праќавме, но шејтанот нивните постапки убави им ги претстави, и тој сега е нивен другар, нив ги чека неиздржливо страдање
64Ние тебе ти објавуваме Книга, за да им го објасниш тоа околу што се раздвојуваат и за да им биде упатство и милост на верниците
65Аллах водата од небо ја спушта и со неа животот на мртвата земја ѝ го враќа! Тоа е доказ за луѓето што слушаат
66Навистина за вас има поука кај вашиот добиток: Ние ви даваме да го пиете тоа што се наоѓа во внатрешноста на нивните тела, а што настанува од доведувањето во врска со хранливата содржина во цревата и крвта, чисто млеко, лесно за голтање на тие што го пијат
67А од плодовите на палмата и лозата подготвувате пијалак и пријатна храна. Тоа е, навистина, доказ за тие што имаат памет
68Господарот твој ја вдахна пчелата: „Прави за себе домови по планините, по дрвјата и по тоа што го креваат луѓето
69потоа, храни се со разновидни плодови, па тогаш оди послушно по патеките на Господарот свој!“ Од утробите нивни излегува пијалак со различни бои, кој им е лек на луѓето. Тоа е доказ за луѓето што размислуваат
70Аллах ве создава и потоа душите ви ги зема; има од вас кои длабока старост доживувате, па брзо го заборавате тоа што ќе го дознаете. Аллах е, навистина, Сезнаен и Семоќен
71Снабдувајќи ве, Аллах на едните им дава повеќе отколку на другите. Но, тие на кои им е дадено повеќе не им даваат на тие кои се во нивна власт, а потребите им се еднакви. Па зарем Аллаховите благодати ги негираат
72Аллах за вас создава жени од вашиот вид, а од жените ваши ви дава синови и внуци; и вкусни јадења ви дава. Па зарем тие во лага веруваат, а Аллаховите благодати ги негираат
73И ги обожуваат, покрај Аллах, тие кои не се во состојба со ништо да ги снабдат, ни од небото ни од земјата, и кои ништо не можат
74Затоа не изнесувајте Му слични на Аллах! Аллах навистина знае, а вие не знаете
75Аллах дава пример за роб кој е во туѓо владение, кој нема ништо, и тој што Ние богато сме го обдариле и кој дава од тоа, и тајно и јавно, па зар тие се еднакви? Благодарноста Му припаѓа на Аллах! Но, повеќето од нив не знаат
76Аллах ви дава за пример двајца луѓе, од кои едниот е глувонем, кој нема ништо, и кој му е на товар на господарот свој - каде и да го испрати, никакво добро не донесува. Дали е тој еднаков со тој што бара праведно да се постапува, а и самиот е на Вистинскиот пат
77Аллах ги знае сите тајни на небесата и на Земјата! А крајот на светот како трепкање на окото ќе дојде, или уште побрзо, бидејќи Аллах е, навистина, Семоќен
78Аллах одстомаците навашите мајки ве изведува, вие ништо не знаете, и ви дава и слух и вид и разум, за да бидете благодарни
79Зарем тие не гледаат како птиците во небеските ширини без мака летаат, нив само Аллах ги држи. Тоа се навистина докази за луѓето кои веруваат
80Аллах ви дава во куќите ваши да живеете, и ви дава шатори од кожата надобитокот, коилесно ги носите когаодите напатикога преспивате, а од волната нивна, и од влакното нивно, и од крзното нивно ви дава простирки и корисни работи, сè до одреден рок
81Од тоа што го создал, Аллах ладовинка ви дава, и засолништа во ридовите ви дава, и облека која ве чува од жештината; ви дава и оклопи кои во борба ве штитат, и така ви ја надополнува благодатта Своја, за да бидете послушни
82А ако тие ги свртат главите, па ти си должен само јасно да објавуваш
83Тие признаваат дека благодатта е само од Аллах, па потоа ја негираат – повеќето од нив се неверници
84А на Денот кога од секој народ ќе донесеме по еден сведок, на неверниците нема да им биде дозволено, ниту од нив ќе се бара, да Му се умилкуваат на Аллах
85Кога тие што правеле насилство ќе го доживеат страдањето, тоа нема ниту да им се ублажи ниту да им се одложи
86Кога тие кои Му припишуваа здруженик ќе ги здогледаат божествата свои и кажат: „Господару наш, ова се божествата наши, ним им се молевме, а не Тебе!“ – божествата ќе им дофрлат: „Вие сте, навистина, лажливци!“
87И тие тој ден на Аллах ќе Му се покорат, и ќе им пропадне тоа што го клеветеа
88Тие што не веруваа и што од Аллаховиот пат одвраќаа, Ние со двојна казна ќе ги казниме, затоа што правеа неред
89И сети се на тој Ден кога против секој народ ќе донесеме по еден сведок, од него самиот, и тебе ќе те донесеме како сведок против овие!143 Ние тебе ти ја објавуваме Книгата како објаснување за сè и како упатство и милост и радосна вест за муслиманите
90Аллах бара да се почитува сечие право, да се прави добро, и на блиските да им се дава, а развратот и сè што е лошо и одвратно и насилството го забранува; да примите поука, Тој ве советува
91И исполнувајте ги обврските за кои сте се обврзале со Аллаховото име и не кршете ги заклетвите кога веќе цврсто сте ги дале, а Аллах за сведок сте Го зеле, бидејќи Аллах го знае тоа што го правите
92И не бидете како таа што својата преѓа ја расплела во ситни парчиња, кога веќе цврсто ја исплела, служејќи се со заклетвите свои за меѓусебно мамење, само затоа што едното племе е помногубројно од другото. Аллах со тоа само ве искушува, а на Судниот ден навистина ќе ви го објасни тоа околу што не сте се согласувале
93Да сака Аллах, Тој би ве направил следбеници на една вера, но Тој во заблуда остава кого сака, а на Вистинскиот пат му укажува на кого Тој сака; и вие навистина ќе одговарате за тоа што сте го правеле
94И не служете се со заклетвите свои само за да се измамувате едни со други, за да не се лизне ногата која стои цврсто, и за да не ја почувствувате несреќата за тоа што од Аллаховиот пат одвраќавте, а страдањето големо уште ве чека
95И не ја заменувајте обврската дадена на Аллах за нешто што малку вреди, тоа што е кај Аллах е подобро за вас, ако знаете
96Тоа што е кај вас, минливо е, а тоа што е кај Аллах, вечно е. Тие што трпеле Ние сигурно ќе ги наградиме според подоброто што го правеле
97На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле
98Кога сакаш да учиш Куран, побарај заштита кај Аллах од проклетиот шејтан
99тој навистина нема никаква власт над тие што веруваат и кои се потпираат на Господарот свој
100негова е власта единствено над тие што него за заштитник го земаат и кои на Аллах здруженици Му припишуваат
101Кога Ние заменуваме еден ајет со друг – а Аллах најдобро знае што објавува – тие велат: „Ти само измислуваш!“ А не е така, туку повеќето од нив не знаат
102Кажи: „Мелекот Џибрил со вистината го објавува од Господарот твој, за уште повеќе да ги зацврсти верниците во верувањето, и да биде патоказ и радосна вест за сите муслимани.“
103Ние добро знаеме дека тие велат: „Го подучува еден човек!“ Јазикот на тој поради кого тие погрешно говорат е јазик на туѓинец, а овој Куран е на јасен арапски јазик
104На тие штонесакаат да веруваат во Аллаховите докази, Аллах сигурно нема да им укаже на Вистинскиот пат, и нив ги чека неиздржливо страдање
105Се осудуваат лаги да измислуваат само тие кои во Аллаховите зборови не веруваат и тие се вистински лажливци
106Тој што ќе го негира Аллах откако поверувал во Него, освен ако на тоа биде принуден, а срцето му остане цврсто во верата, го чека Аллаховата казна. Тие на кои неверството им се допаѓало ќе ги стигне Аллаховиот гнев и нив ги чека неиздржливо страдање
107затоа што повеќе го сакаат животот на овој, а не на оној свет, а Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат народот кој не верува
108Тоа се тие чии срца и слух и вид, Аллах ги запечатил, и тие сенавистина немарни
109тие, без сомнеж, на оној свет ќе бидат изгубени
110Господарот твој на тие што ќе се иселат, откако биле злоставувани, па потоа ќе се борат и стрпливо сè ќе поднесуваат – Господарот твој навистина потоа, милостив ќе им биде
111на Денот во кој секој човек само за себе ќе се грижи, и во кој на секој човек заделатанегови полна награда или казна ќемусе даде, неправда нема да им се стори
112Аллах како пример наведува град, сигурен и спокоен, на кој во изобилствомудоаѓашехранаодситестрани,нокојбешенеблагодарен на Аллаховите благодати, па поради тоа што го правеше Аллах му даде да искуси и глад и страв
113И ним им дојде Пратеник, еден од нив, но тие лажливец го нарекоа, и нив ги стигна казна додека беа неправедни
114Хранете се со допуштени и убави јадења кои Аллах ви ги дарува и бидете Му благодарни на Аллах за Неговите благодати, ако само Него Го обожувате
115Toj ви забранува само мрша, крв и свинско месо и тоа што е заклано вонечие друго име, анево Аллаховото. Анатој штоќе биде принуден, но не од желба, туку само колку гладта да ја прекине, Господарот твој навистина ќе му прости и Милостив ќе биде
116И не зборувајте лаги со јазиците свои: „Ова е дозволено, а ова забрането“, за така да изнесувате лаги за Аллах. Тие што за Аллах говорат лаги, нема да успеат
117кратко ќе уживаат, и нив страшно страдање ќе ги чека
118На евреите им го забранивме тоа за коешто претходно ти кажувавме; Ние не бевме неправедни кон нив, тие самите на себеси неправда си нанесоа
119На тие што од незнаење ќе направат лошо дело, па потоа ќе се покајати ќе се поправат, Господарот твој по тоа сигурно ќе им прости и ќе биде Милостив
120Ибрахим навистина беше предводник, покорен на Аллах, вистински верник, на Аллах не Му припишуваше здруженици
121и беше благодарен на благодатите Негови; Тој него го избра и на Вистинскиот пат го упати
122И му дадовме добро на овој свет, а на оној свет навистина ќе биде меѓу добрите
123Потоа на тебе ти објавивме: „Следи ја верата на Ибрахим, тој имаше чиста вера, на Аллах не Му припишуваше здруженици!“
124Славењето на саботата пропишано им е на тие што имаа различни мислења за неа, и Господарот твој на Судниот ден на нив ќе им пресуди за тоа околу кое се подвоија
125На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин дискутирај! Господарот твој ги знае тие што заталкале од Неговиот пат и Тој ги знае тие што се на Вистинскиот пат
126Ако сакате да возвратите на неправдата, тогаш направете го тоа во толкава мерка колку што ви е направено; а ако се воздржите – тоа е навистина подобро за трпеливите
127Биди трпелив! Но, трпелив ќе бидеш само со Аллахова помош. И не тагувај по нив, и нека не ти е тешко поради интригите нивни
128Аллах е навистина на страната на тие што се плашат од Аллах и што се воздржуваат од гревовите и што прават добри дела
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath