Исламот
назад

15. Ал-Хиџр

1Елиф–лам–ра. Ова се ајети од Книгата, од Куранот јасен

2Неверниците честопати ќе зажалат што не станале муслимани

3Пушти ги нека јадат и нека се насладуваат, и нека ги мами надежта – ќе дознаат тие

4А ниту една населба не сме уништиле, а да не ѝ бил пропишан одреден рок

5Ниту еден народ не може да го забрза ниту да го успори својот крај

6Тие велат: „Еј ти, кому му се објавува Куранот, ти навистина си луд

7Зошто мелеци не ни донесеш, ако е вистина тоа што го велиш?“

8Ние мелеците ги испраќаме само со Вистината, и тогаш не би им се дало време да чекаат

9Ние го објавуваме Куранот и Ние над него ќе бдееме

10И пред тебе на поранешните народи Пратеници им испраќавме

11И ниту еден Пратеник не им дојде, а да не го исмејуваа

12Ете така Ние го внесуваме Куранот во срцата на престапниците

13Тие во него нема да веруваат, а веќе е применета законитоста на казнувањето врз дамнешните народи

14Кога на небото би отвориле порта поради нив и тие низ неа да се искачуваат

15тие повторно би рекле: „Само ни се причинува, ние сме маѓепсани луѓе.“

16Ние на небото големи ѕвезди создадовме и за тие што ги набљудуваат ги украсивме

17и ги чуваме од секој проклет шејтан

18А тој што скришно прислушкува ќе го стигне светилка видлива

19А Земјата ја распостеливме ипонеанеподвижни планини расфрлавме и направивме на неа сè со мерка да расте

20И од неа ви даваме храна, а и на тие што вие не ги храните

21И не постои ништо чиишто ризници не ги поседуваме, а од тоа Ние даваме само толку колку што е потребно

22Ние праќаме ветрови да оплодуваат, а од небото спуштаме дожд, па со него ве напојуваме – вие не можете да располагате со тоа

23И само Ние даваме живот и смрт, и само Ние сме вечни

24И само Ние ги знаеме тие што ви претходеа, и само Ние ги знаеме тие што подоцна ќе дојдат

25А Тој, Господарот твој, навистина ќе ги собере. Тој е Мудар и Зналец

26Ние го создадовме Адем од глина, од сува кал

27А уште претходно ги создадовме џинните од вжарен оган

28И кога Господарот твој им рече на мелеците: „Јас ќе го создадам човекот од глина, од сува кал

29И кога ќе му дадам лик и кога во него ќе вдахнам душа, вие поклонете му се со сеџда.“

30Сите мелеци, заедно, се поклонија

31освен Иблис; тој не сакаше со нив да се поклони

32„О, Иблис,“ – рече Тој – „зошто ти не сакаше да се поклониш?“

33„Не ми доликува да се поклонувам на човек кој си го создал од глина, од сува кал.“

34„Тогаш, излегувај од џеннетот!“ – рече Тој – „Биди проклет

35И проклетството нека се задржи на тебе сè до Судниот ден!“

36„Господару мој,“ - рече тој – „дај ми време до Денот кога тие ќе бидат оживеани!“

37„Ти се дава рок“ – рече Тој

38до Денот веќе одреден.“

39„Господару мој,“ – рече – „затоа што ме донесе во заблуда, јас на нив на Земјата пороците како убави ќе им ги претставувам и ќе се потрудам сите да ги заведам

40освен Твоите искрени робови меѓу нив“

41„Ова е Вистинскиот пат кон Мене.“ – рече Тој

42„Ти нема да имаш никаква власт над робовите Мои, освен над тие што ќе те следат, од тие заталканите.“

43За сите нив, местото на средбата, џехеннемот ќе биде

44тој седум порти ќе има и низ секоја одреден број од нив ќе мине

45Тие што се плашеле од Аллах и што се чувале од тоа што им е забрането, тие во џеннетските градини покрај изворите ќе бидат

46„Влезете во нив безбедни, од стравот ослободени!“

47И Ние злобата од нивните гради ќе ја отстраниме, тие како браќа на диваните едни спроти други ќе седат

48тука замор нема да чувствуваат, тие од таму никогаш нема да излезат

49Кажи им на робовите Мои дека Јас, навистина, Сум Тој што простува и дека Сум Милостив

50но и дека Мојата казна, навистина е болна казна

51И извести ги за гостите на Ибрахим

52когамувлегоа имурекоа: „Мир!“ Тој рече: „Ние сеисплашивме одвас.“

53„Не плаши се!“ – рекоа, ти носиме радосна вест, учен и мудар син ќе имаш

54„Ми носите радосна вест сега кога староста ме стигна?“ – рече тој – „Со што ме израдувавте?“

55„Ти носиме радосна вест, која навистина ќе се оствари,“ – рекоа тие – „затоа не губи надеж!“

56„Надеж во милоста на својот Господар можат да изгубат само тие што се во заблуда.“ – рече тој

57И запраша: „А што сакате вие, о, гласници?“

58„Ние сме му испратени на народот престапнички,“ - рекоа

59„само сите Лутови чеда ќе ги спасиме

60освен жената негова. Одлучивме дека таа ќе остане со останатите и казната ќе ја вкуси.“

61И кога гласниците му дојдоа на Лут

62тој рече: „Вие сте ми навистина непознати!“

63„Не!“ – рекоа тие. „Ние ти доаѓаме со тоа во што овие постојано се сомневаа

64ти доаѓаме со тоа што навистина ќе се случи, а ние вистината ја зборуваме

65Отпатувај со своето семејство во подоцнежниот дел од ноќта, а ти оди последен, и никој од вас нека не се врти назад, туку продолжете во правецот кој ви е нареден!“

66И Ние му го објавивме тоа што ќе се случи: дека тие, сите до последен, во мугрите уништени ќе бидат

67И дојдоа жителите на градот, весели

68„Ова се мои гости,“ – рече – „па не засрамувајте ме

69и плашете се од Аллах, и не понижувајте ме!“

70„А зарем не ти забранивме кого било да примаш?“ – повикаа тие

71„Ако веќе сакате нешто да сторите, ете ви ги ќерките мои!“ – рече тој

72Се колнам во животот твој, тие во пијанството свое талкаа

73И нив ги снајде страшен глас, кога Сонцето излегуваше

74и Ние сторивме тоа што беше горе да биде долу, и врз нив како дожд од камења од скаменета глина истуривме

75Тоа се навистина поуки, за тие што внимателно гледаат

76Тој е покрај патот, и сега постои

77Тоа е навистина поука за тие што веруваат

78А и жителите на Ејка беа неверници

79па ние ги казнивме, и двата се видливи покрај патот

80И жителите на Хиџр ги сметаа Пратениците за лажни

81а Ние Нашите докази им ги дадовме, но тие од нив главите ги свртеа

82Тие куќите во ридови ги делкаа, верувајќи дека се сигурни

83па и нив во мугри страшен глас ги снајде

84и од никаква корист не им беше тоа што го стекнаа

85Ние небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив, со Вистината го создадовме. Часот на оживување навистина ќе дојде, затоа ти великодушно прости

86Господарот твој создава сè и Тој е Сезнајниот

87Ние ти ги објавивме седумте ајети140 кои се повторуваат141 и Големиот Куран

88Не гледај допадливо кон тоа што Ние им го даваме за уживање на некои од нив и не биди тажен поради нив, а кон верниците биди благ

89и кажи: „Јас само јавно опоменувам“

90како што и следбениците на Книгата ги опоменавме

91тие што Куранот го сметаа за магија

92И се колнам во Господарот твој, сите нив на одговорност ќе ги повикаме

93поради тоа што го правеа

94Тијавноисповедајготоаштотисенаредуваиоставигимногубошците

95Ние ќе те заштитиме од тие што се исмејуваат

96што покрај Аллах друг бог земаат; и ќе знаат тие

97Ние добро знаеме дека ти е тешко во душата поради тоа што тие го зборуваат

98затоа слави Го Господарот свој изаблагодарувај Му, и извршувај сеџда

99и обожувај Го Господарот свој сè додека не ти дојде смртта

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath