Исламот
назад

14. Ибрахим

1Елиф-лам-ра. Ова е Книга која ти ја објавуваме за луѓето, со волјата на нивниот Господар, да ги изведеш од темнините на светлина, на патот на Силниот и за благодарност Достојниот

2Аллах, Кому Му припаѓа тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата. А тешко на неверниците од ужасното страдање

3кои животот на овој свет повеќе го сакаат од оној свет и кои од Аллаховиот пат одвраќаат и настојуваат да го прикажат како погрешен! Тие се во голема заблуда

4Ние не сме пратиле ниту еден Пратеник кој не зборувал на јазикот на народот свој, за да му објасни. А Аллах го остава во заблуда тој кого Тој сака и го упатува на Вистинскиот пат тој кого Тој сака; Тој е Силен и Мудар

5И Муса го испративме со доказите Наши: Изведи го народот свој од темнините на светлина и потсети го на Аллаховите денови! Тоа се, навистина, докази за секој што е трпелив и благодарен

6И кога Муса му рече на народот свој: „Сетете се на Аллаховата благодат кога ве спаси од фараоновите луѓе кои со најтешки маки ве мачеа, кои машките деца ви ги колеа, а женските во живот ги оставаа - тоа ви беше големо искушение од Господарот ваш

7ИкогавашиотГосподаробјави:„Акобидетеблагодарни,Јаснавистина уште повеќе ќе ви дадам; но ако бидете неблагодарни, казната Моја навистина ќе биде строга.“

8И Муса уште рече: „Ако бидете неблагодарни и вие и сите други на Земјата, па Аллах навистина не е зависен од никого и тој е Единиот достоен за благодарност.“

9Зарем до вас не дојде веста за тие пред вас, за народот на Нух, и за Ад, и за Семуд, и за тие по нив? – Само Аллах ги знае! Пратениците нивни им носеа докази, но тие рацете на устите ги ставаа, говорејќи: „Ние не веруваме во тоа што по вас се испраќа и ние многу се сомневаме во тоа во што нè повикувате!“

10Пратениците нивни говореа: „Зарем може да се сомнева во Аллах, Создателот на небесата и на Земјата? Тој ве повикува за да ви прости некои од вашите гревови и за да ве остави до одредениот рок.“ Тие одговорија: „Вие сте луѓе како и ние; сакате да нè одвратите од тие кои нашите предци ги обожувале, па донесете ни видливо чудо!“

11„Ние сме луѓе како вас,“ – им говореа Пратениците нивни, - „но, Аллах го дава пратеништвото само на тие Свои робови на коишто Тој сака; ние не можеме да ви донесеме чудо без Аллаховата волја, а верниците само на Аллах нека се потпираат

12Зошто да не се потпреме на Аллах кога Тој на патиштата по кои одиме нè упатил? Ние сосематрпеливо ќе ги поднесуваме маките накоиќе бидеме подложени, а тие што се потпираат, нека се потпрат само на Аллах!“

13Неверниците им говореа на Пратениците свои: „Или ќе бидете во нашата вера или ќе ве протераме од нашата земја!“ А на Пратениците Господарот нивен им објавуваше: „Ние неправедниците сигурно ќе ги уништиме

14и по нив на земјата вас ќе ве населиме. Тоа ќе биде за тие што од полагањето сметка пред Мене ќе се плашат и што од Мојата закана стравуваат.“

15И Пратениците помош бараа, па секој арогантен инаетчија настрада

16Пред него џехеннемот ќе биде и тој со одвратна течност полн ќе биде

17Ќе се мачи да ја проголта, но никако нема да може да ја проголта и смртта од сите страни ќе му приоѓа, но тој нема да умре; него тешко страдање ќе го чека

18Делата на неверниците кај Господарот нивен наликуваат на пепел кој виорот при ветровитиот ден горазнесува; нема да можат да очекуваат никаква награда за делата што ги правеле, тоа е тешка заблуда

19Зарем не гледаш дека Аллах небесата и Земјата мудро ги создаде. Ако сака, вас ќе ве отстрани и нови созданија ќе донесе

20Тоа на Аллах не Му е тешко

21И сè ќе излезе пред Аллах, па тие што биле измачувани ќе им речат на главешините свои: „Ние бевме ваши следбеници, можете ли барем малку Аллаховата казна да ни ја олесните?“ „Да нè упатеше Аллах нас,“ – ќе одговорат тие – „и ние ќе ве упатевме вас. Да се жалиме или да трпиме, сеедно ни е, нема да имаме повеќе спас.“

22Икогасèќебидерешено,шејтанотќерече:„Аллахвистинитоветување ви даде, а јас своите ветувања ги проневерив; но јас никаква власт над вас немав, само ве повикував и вие ми се одѕвивавте; затоа не корете ме мене, туку самите себе, ниту јас можам на вас да ви помогнам, ниту вие можете да ми помогнете на мене. Јас немам ништо со тоа што претходно ме изедначувавте со Него.“ Неправедните сигурно ги чека болно страдање

23А тие што веруваа и што правеа добри дела, ќе бидат внесени, со волјата на Господарот нивен, во џеннетските градини низ кои реки ќе течат и во нив вечно ќе останат, во нив ќе се поздравуваат со селам

24Зарем не гледаш како Аллах наведува пример – убавиот збор како убаво дрво: коренот му е цврсто во земјата, а гранките кон небото

25Тој плодот свој го дава со дозвола од Господарот свој, а Аллах на луѓето им ги наведува примерите за да земат поука

26А лошиот збор е како лошо дрво: на искорнатото дрво на површината на земјата му нема опстанок

27Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет, а неверниците во заблуда ги остава; Аллах прави што сака

28Зарем не ги гледаш тие што наместо со благодарност за Аллаховите благодати, со неблагодарност возвратија и својот народ во куќата на пропаста го донесоа

29во џехеннемот, во кој ќе горат, а тоа е ужасно престојувалиште

30и Му измислија на Аллах соперници, за да заведуваат од Неговиот пат? Кажи: „Уживајте, сигурно ќе завршите во огнот!“

31Кажи им на верниците, на робовите Мои, намазот (молитвата) да го извршуваат и да даваат и тајно и јавно дел од тоа што ние им го даруваме, пред да настапи Денот во кој нема да има трговија ни пријателства

32Аллах е Создателот на небесата и на Земјата; Тој го спушта дождот од небото и прави со негова помош да се раѓаат плодови со кои се храните; и ви дава да имате корист од бродовите коипловатпоморето со Негова волја, и ви дава да имате корист од реките

33и ви дава да имате корист од Сонцето и од Месечината, кои постојано се движат, и ви дава да имате корист од ноќта и денот

34и ви дава од сето тоа што од Него го барате, и кога би ги броеле Аллаховите благодати, не би можеле да ги наброите. Човекот е навистина неправеден и неблагодарен

35А кога Ибрахим рече: „Господару мој, направи го овој град безбеден и сочувај ме мене и синовите мои од тоа да обожуваме кипови

36Тие, Господару мој, многу луѓе на погрешен пат навеле. Тој што ќе ме следи мене е од мојата вера, а тој што ќе биде против мене, па Ти навистина простуваш и Милостив си

37Господару наш, јас некои мои потомци населив во котлина во која ништо не се сее, кај Твојот Свет Храм, Господару наш, намазот (молитвата) да го извршуваат; затоа стори срцата на некои луѓе да копнеат по нив и снабди ги со разни плодови за да бидат благодарни

38Господару наш, Ти навистина знаеш што криеме, а што во јавност покажуваме. На Аллах ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото

39„Благодарноста Му припаѓа на Аллах што на стари години ми ги подари Исмаил и Исхак; Господарот мој навистина ги прима молбите

40Господару мој, дај ми јас и потомците мои да го извршуваме намазот (молитвата); Господару мој, ти услишај ја молбата моја

41Господару наш, прости ми мене, и на родителите мои и на сите верници – на Денот кога ќе се полага сметка (за делата)!“

42А ти никако немој да мислиш дека Аллах не внимава на тоа што го прават насилниците! Тој само им попушта до Денот кога очите ќе им останат отворени

43и кога брзајќи со кренати глави, погледите ќе им бидат вкочанети, а срцата ќе им бидат празни

44Ти опоменувај ги луѓето со Денот кога казната ќе им дојде, кога тие што правеле насилство ќе велат: „Господару наш, остави нè уште само кратко време, ќе се одѕвиеме на Твојот повик и ќе ги следиме Пратениците!“ „А зарем претходно не се колневте дека нема да одите на оној свет

45Исенаселивте вокуќите на тие штоконсебеси си сторија насилство, а ви беше познато како постапивме со нив, и примери ви наведувавме.“

46И тие своите интриги ги подготвуваат, а Аллах знае за нивните интриги, само што нивните интриги не можат планини да покренат

47Немој ни да помислиш дека Аллах нема да го исполни ветувањето Свое кон Пратениците Свои – Аллах е навистина Силен и Строг

48На Денот кога Земјата ќе биде заменета со друга земја, а и небесата, и кога сите ќе излезат пред Аллах, Единиот и Семоќниот

49тој ден ќе ги видиш грешниците поврзани во заеднички окови

50Кошулите од катран ќе им бидат, а огнот нивните лица ќе ги обвиткува

51За Аллах секого според заслугата да го казни, Аллах навистина брзо сметките ќе ги израмни

52Ова е известување за луѓето, за со него да бидат опоменати и за да знаат дека е само Тој еден Бог, и за обдарените со разум да земат поука

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath